Дали на Малдиви може да се патува преку цела година

Едно од најчесто поставуваните прашања во канцеларија ни е дали во некој период е добро да се патува на некоја дестинација. Од таа причина, решивме да пуштиме еден серијал на блогови во кои детално ќе ги елаборираме временските прилики на сите дестинации кои ги работиме. 

Првото нешто кое би сакале да Ви го кажеме е тоа дека нашата агенција ги работи скоро сите дестинации, 12 месеци во годината. Најчесто и по неколку групи месечно по дестинација... Бројот на групи кои ќе ги “одработиме“ во одредени месеци повеќе го поврзуваме со сезоната за патување во Македонија, отколку со сезоната за патување на дестинациите кои ги работиме. 

Одлуката дали некаде ќе патувате или не, направете ја повеќе според тоа кога Вам Ви одговара да патувате, отколку дали таму некаде е “сезона“ или не е. Зошто е тоа така...? Затоа што искуството ни покажало дека нема лоша сезона, никаде во светот.

Нормално, времето не е нешто кое што можеме да го гарантираме и 100% предвидиме, но можеме дополнително да ја објасниме целава оваа наша теза и увереност дека на сите дестинации кои ги работиме, може да се патува 10-12 месеци, без никаков проблем. 

Оваа серија на блогови за времето на дестинациите ја започнуваме со: Малдиви!

Дневните температури на Малдиви се движат меѓу 25-30°C преку целата година. Навечер истите знаат да паднат само по неколку степени. И така, секој месец, од Јануари, до Декември... Исто и со температурата на Океанот – околу 25°C преку целата година. После ова, веројатно можеме да заклучиме дека кога и да патуваме на Малдиви – ќе ни биде топло и ќе можеме да се бањаме колку што сакаме J

Добро, температурите се тие, ќе ни биде топло, во ред… Што правиме со дождови?

Ако го прашате Google, на Малдиви е “најдобро да се патува“ од Декември до Април. Ова се месеците во кои на Малдиви, хотелите се најскапи и месеците со кои се поврзува “суво време“. Дали е ова вистински така...? 

Според оваа табела, Декември и Април (највисока сезона) имаат скоро идентична “пресипитација на дожд“ со Мај, Јуни и Август - месеци кои спаѓаат во таканаречената “ниска сезона“. Истата се зголемува за само 30% во Јули, Септември, Октомври и Ноември.

Ајде да ја “скршиме“ оваа математика уште повеќе за овие месеци. 

Доколку одберете да одите на Малдиви во некој од овие месеци, најверојатно, 2 или 3 дена во текот на одморот ќе паѓа некаков дожд. Не си замислувајте дека ова е дожд кој трае цел ден, како во Македонија и дека нема да можете да искочите од соба/хотел. 

Дождовите на Малдиви се дождови кои доаѓаат буквално од “сино небо“, знаат да бидат силни, траат од 30 минути до 1 час максимум, а потоа, облаците поминуваат и ни се враќа истото сино небо од претходно. И ова само деновите кога “врне“. 

Следнава табела на пример, прикажува просечен број на сончеви часови секој ден во текот на месеците од годината.

 

Од оваа табела можеме да заклучиме дека без разлика кога решите да патувате на Малдиви, секој ден, просечно, би добивале од 7 до 10 часа сончево време. Тоа значи 7-10 часа дневно, сончање на плажа и уживање во океанот. Разликата меѓу Март и Април (висока сезона) споредено со Јуни или Октомври (ниска сезона) е само 1-2 часа “сонце“ помалку, во текот на денот. Тоа не е ништо, нели...? 

Ако се случи половина час или еден час да заврне во текот на одморот, најчесто влегуваме во океанот и уживаме додека пливаме на дожд, се качуваме до соба да одмориме од сонце, влегуваме во некое барче и ресторанче, пиеме кафе, играме карти и уживаме во тропската атмосфера околу нас... 

Можеме уште многу да зборуваме за времето на Малдиви и за тоа дека Малдиви во текот на целата година добиваат туристи кои поминуваат незаборавни “одмори“ на овие рајски острови. На пример, летниот период, од Јуни до Септември, кога генерално патува цела Европа и Америка, се месеците со најмногу летови према Малдиви во текот на годината. Тоа значи и многу туристи. Статистиката не би била таква доколку времето е навистина лошо во “ниската сезона“, нели?

Вакво е и нашето искуство со Малдиви и искуството на нашите патници, илјадници на број, кој од нашите канцеларии во Србија, Хрватска, Македонија и Босна, отпатуваа на Малдиви во текот на месеците кои официјално припаѓаат на “ниската сезона“. 

Доколку нас не прашувате, не чекајте, слободно резервирајте го терминот кој најмногу Ви одговара, капата на страна и одиме на Малдиви!:)