JUNGLE TRIBE ВРАБОТУВА -- 3 ПОЗИЦИИ

⚠️ Читај понатаму ако сакаш да дознаеш која е најкул работа на #ЦелСвет:

Jungle Tribe Macedonia ВРАБОТУВА ЗА 3 ПОЗИЦИИ

 

АПЛИЦИРАЈ ТУКА

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ПОЗИЦИИТЕ 👇

 

МЕНАЏЕР НА ДЕСТИНАЦИЈА

🤔 Што значи Jungle менаџер на дестинација?

📍 Креирање и организација на нови и постоечки Jungle авантури/пакет аранжмани.

💻 Менаџирање на поаѓања и групи

👨‍💻 Oперативна работа и завршување на индивидуални задачи потребни за реализација на патувањата

📲 Комуникација со бизнис партнери во странство

📧 Комуникација со претставници на дестинација

📯 Комуникација со колеги во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Словенија

🤓 Следење и анализа на пазарот и конкуренцијата во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Словенија

📝 Изработување на годишни планови

🖊️  Дневен, неделен и месечен reporting

🧳  Останати работи поврзани со работата по налог на непосредниот претпоставен и/или директор

 

👉 Профил на нашиот идеален кандидат?

⭕ Личност која и сама сака да патува, па до сега (приватно или службено) има посетено поголем број на држави (предност се патувања со Jungle Tribe, и/или патувања надвор од Европа)

⭕ Искуство во организација на патувања (приватно или службено)

⭕ Познавање на Англиски јазик во разговорна и пишана форма

⭕ За предност ќе се смета познавање на уште еден странски јазик (пр. Шпански)

⭕ Напредно познавање на Microsoft Excel и/или Google Sheets (основни и напредни формули и функции, conditional formatting, data validation итн.) Процесот на селекција вклучува и тест за познавање на Excel и/или Google Sheets

⭕ Потполна самостојност во работата, по воведната интерна обука

⭕ Луѓе кои брзо учат и се адаптираат на нови ситуации и нови средини

⭕ Висок степен на одговорност, посебно во деловите каде има стриктни рокови

⭕ Способност за Multitasking

⭕ Брза реакција во решавање на непредвидливи ситуации

⭕ Креативност и проактивност

 

ПРЕТСТАВНИК НА ДЕСТИНАЦИЈА!

🤔 Што значи Jungle претставник на дестинација?

📌 Практично живееш на дестинацијата

💃 Си имаш другари локалци, ги знаеш сите “комбинации“ и “трачеви“ во твое “маало“

🏖️ Работа ти е да се дружиш со луѓе, да излегуваш, да одиш на плажа, организираш забави и различни активности за насмеани луѓе дојдени за незаборавна авантура!

💡 Тука си за сите прашања и проблеми на нашите патници

🌟 Тука си да им го направиш одморот специјален и посебен на сите кои ни дале доверба и отпатувале некаде со нас...

 

👉 Профил на нашите идеални кандидати:

⭕ Снаодливи и комуникативни момци и девојки aвантуристи

⭕ Луѓе кои знаат да решаваат проблеми (луѓе кои не “паничат“) и знаат да се справуваат со “секакви ситуации“

⭕ Апсолутни екстроверти, луѓе кои сакаат да се дружат и да се забавуваат

⭕ Задолжително знаат Англиски, а втор странски јазик е предност!

⭕ Работно искуство во туризам и/или искуство во комуникација со луѓе е предност!

 

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА!

🤔 Што значи Jungle агент за продажба?

💬  Работа ти е да им ги презентираш нашите незаборавни авантури на сите потенцијални патници!

📧  Тука си да одговориш на сите прашања и проблеми на нашите патници по пат на мејл или телефон

📝 Креираш потребни документи за реализација на патување

📞  Си во постојана комуникација со нашите менаџери на дестинација и маркетинг тим за креирање или менаџирање на постоечките патувања.

 

👉 Профил на нашите идеални кандидати:

⭕ Одлични комуникациски вештини

⭕ Одлични организациски вештини

⭕ Амбиција за напредок во динамична средина!

⭕ Multitasking skills!

⭕ Fast-learners!

⭕ Punctual people

⭕ Out-of-the-box thinkers  

⭕ Желба за патување и авантури! Гоооооолем личен bucket-list за нови искуства

⭕ Познавање на Англиски и Српски јазик. Проаѓа и Кумановски место Српски  

⭕ Проактивен пристап кон работата и животот in general

⭕ Сака животни (We are a pet friendly office!)

 

АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ