Африка

Африка

Колевка на човештвото, црниот континент, тропскиот континент и тн. се само некои од прекарите за континентот кој со Европа (Europe) и Азија (Asia) го сочинуваат стариот свет - единствената и неповторлива Африка (Africa)! 

Патувањето во Африка (Africa) на секој човек му остава длабок траг. Запознајте се со локалното население и племињата, запловете по реката Нил (Nile), искачете се на планината Атлас (Atlas), уживајте на сафари во некој од многубројните национални паркови, испијте Килиманџаро пиво на врвот на Килиманџаро (Kilimanjaro), дозволете ветрот да ве носи по дините на Сахара (Sahara) и пустината Набиб (Nabib). Научете сé за првата голема цивилизација на Африка - египетската цивилизација. Фотографирајте се пред пирамидите, јавајте камили, ценкајте се со локалните продавачи во лавиринтите на уличните медини на Мароко (Marocco) или Тунис (Tunis). Скокнете во водопадите Узуд (Ouzoud) , возете се со хеликоптер над Викториините водопади и пливајте во Devil’s pool. Напијте се кокосово млеко на некои од најубавите тиркизни плажи на Занзибар (Zanzibar), научете свахили или берберски јазик, запознајте се со горилите од Уганда (Uganda), заиграјте боси на песок со ритамот на африканската музика. Научете како се изработуваа традиционалниот африкански накит или фигури, играјте со разиграните африкански деца чиј поглед и насмевка нема никогаш да ги заборавите. Посетете ги светски познатите винарии на Јужноафриканската Република (The South African Republic) и дегустирајте ги најдобрите вина. Уживајте во најубавото зајдисонце на Маурициус (Mauritius) или на Сејшели (Seychelles)...

Кога еднаш ќе ја посетите Африка (Africa), ќе заклучите дека секогаш ќе сакате да се враќате одново и одново!

Поаѓања

Патувања

Дестинации