Кенија

Кенија

Испразнетете ги своите телефони и камери, затоа што бројот на величествени призори кои ќе сакате да ги забележите на нашето патување во Кенија (Kenya) е бесконечен.

Првата помисла на оваа земја е секако сафари, меѓутоа, во неа се кријат уште безброј богатства кои го одземаат здивот. Златните тревни рамнини на Масаи Мара, снежниот врв на планините на Кенија (Kenya), блескавите езера Накуру, коралните гребени, плажи со бел песок, плантажи со чај... Може да се пофали и со голем број на светски познати национални паркови и природни резервати, во кои животните слободно се движат во своето природно опкружување, на само неколку метри од нас.

Ќе имаме можност да го видиме единствениот природен феномен кој е заштитен знак на овој дел од светот, и не може да се види никаде на друго место - годишната миграција на милиони гнуа, зебри и други животни во природниот резерват Серенгети (поголемиот дел се наоѓа во Танзанија (Tanzania), а помал дел во Кенија (Kenya) - резерватот Масаи Мара (Masai Mara)). Ќе ги набљудуваме стадата гнуа како ја преминуваат реката Мара, зебрите во потрага за вода и храна и предатори кои ја чекаат својата шанса. Пред нас се одигрува борбата за опстанок и спектакл кој може да се види еднаш во животот.

Во главниот град Најроби (Nairobi) ги храниме младите слончиња, пиеме кафе додека ги храниме жирафите уживаме во улична храна, од печено месо на скара до рибни специјалитети, а ќе се засладиме со превкусните десерти, мандази (крофна) и матоке (варена банана).

Го посетуваме селото Масаи (Masai village) и уживаме во танцот на племето Масаи, традиционалните носии и различниот начин на живот. Најсиромашната населба во земјата, Кибера, ќе не “спушти на земја“ и ќе не потсети дека најважното богатство е она кое го носиме во себе.

Единствена култура, егзотични пазари, тропска клима, села кои живеат со стари обичаи и звучна мелодија на дивината... подготвени сме за африканската приказна!

Патувања

Видео