Кенија Сафари

Кенија Сафари

цена од
1.849
EUR ,00
сега од
1.699
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Сафари во Кенија е искуство кое се наоѓа на bucket листата на секој светски патник. Патуваме во срцето на Африка, во земја каде што границите на активните и динамичните градови се влеваат во огромните савани. 

Нашата авантура ја започнуваме во Најроби (Nairobi) главниот град на Кенија. Се движиме по бучни шарени улици, чиј заштитен знак се матату -- градски автобуси со колоритен дизајн. Најроби е можеби единствениот главен град во светот кој се граничи со национален парк, кој е дом на зебри, жирафи и други животни. Во Најроби имаме и прилика да се дружиме и да храниме жирафи во посебен центар кој се грижи за овие фасцинантни животни. 

Авантурата ја продолжуваме на сафари во еден од најпознатите национални паркови во Кенија и #целсвет -- Tsavo East. Со нашите камери ја "ловиме" големата петорка на Африка - лав, слон, бивол, леопард и носорог. Се дружиме со автентични африкански племиња и го набљудуваме суровиот синџир на исхрана во дивината на африканската савана -- буквално како да сме во емисија на National Geographic! 

Нашата незаборавна авантура ја зачинуваме со најубавата плажа во Африка -- Diani Beach. Засолнети од сенката на кокосовите палми ги сумираме впечатоците од досегашната авантура... Авантура која многу малку луѓе имаат прилика да ја доживеат!!

Мама Африка Ве повикува!!

 

САФАРИ ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

Дводневно сафари во Националниот парк Цаво Исток -- еден од најдобрите Национални паркови во Африка! Според многу сафари експерти најдоброто место на #целсвет за сафари. Каде се снимаат документарците што ги гледаме на National Geographic. Природно живеалиште на илјадници животни како лавови, леопарди, нилски коњи, слонови, жирафи и разни видови на шарени птици.


Рута
Скопје
Софија
Доха
Најроби
Цаво Исток
Диани
Момбаса
Најроби
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер, Воз
Сместување
Хотел, Камп, Вила
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Кенија
Код на патување
KE4
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 5. 9. 202522. 9. 2025

Состанок на патниците и трансфер до аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија за Најроби со преседнување во Доха (Qatar Airlines). Авантурата може да започне! 

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
  • Авио билет со сите такси на релација Софија - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Софија

Пристигнување во Најроби во утринските часови. Трансфер до сместување. Hello Mama Africa! Најроби е главен град на Кенија, кој се наоѓа во срцето на Кенија. Модерен, урбан град, кој во своето јадро има интересна историја и богата традиција на африканскиот народ. Град кој се чини дека никогаш не спие, полн со енергија и комбинација на различни култури. Слободно време да се одмориме и да го разгледаме градот!

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Доха - Најроби (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Ibis Styles Westlands Nairobi 1 ноќ

Место

  • Доха
  • Најроби

По појадокот одиме на факултативен излет и авантура низ Најроби! Ќе ја посетиме зградата на Парламентот, популарниот пазар Масаи и модерниот дел од градот, како и поглед на градот Најроби! Авантурата ја завршуваме со посета на Центарот за жирафи. Центар во кој можете да ги храните и галите жирафите. Koj е за селфи со жирафа :)?

Сместување

Ibis Styles Westlands Nairobi 1 ноќ

Место

  • Најроби

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го започнуваме сo утрински трансфер до Националниот парк Цаво. Од железничката станица во Наироби се качуваме на воз и тргнуваме кон НП Цаво Исток. Долго очекуваната животна авантура започнува! Се сместуваме во нашиот камп започнува првото сафари возење! Цаво е познат по најголемата концентрација на диви животни - зебри, слонови, носорози, големи мачки, како лавови и леопарди. Ќе имаме можност да го запознаеме животинскиот свет на Африка. Ќе имаме прилика да ја запознаеме африканската дивина којашто сме ја замислувале целиот живот, вистинската савана по која непречено и гордо шетаат слонови, лавови, гепарди, биволи, жирафи, носорози, нилски коњи, леопарди, крокодили, антилопи, дик-дик елени и многу други животни.

Превоз

  • Локален трансфер од сместување до железничка станица
  • Трансфер со воз од Наjроби до НП Цаво

Сместување

Lion Hill Lodge 1 ноќ

Место

  • Најроби
  • Цаво Исток

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

Факултативни излети

По напуштање на сместувањето ја продолжуваме нашата авантура со уште еден сафари излет. Пробуваме да забележиме уште некое егзотично животно или да се сликаме со по некоја газела. Се поздравуваме со кралот на џунглата и продолжуваме кон легендарните плажи на Диани. За време на трансферот се возиме низ живописната природа, пејсажи како документарец од National Geographic!  Пристигнуваме во Дијани и се сместуваме. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од НП Цаво до Diani Beach со воз

Сместување

Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ

Место

  • Цаво Исток
  • Диани

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во магијата на најдобра плажа во Африка! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите.

Сместување

Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ

Место

  • Диани

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот одиме во еден од највпечатливите градови во Кенија, Момбаса. Градот е втор по големина во Кенија и најголемото пристаниште, т.е. остров поврзан со копното преку мостови. Момбаса е секогаш интересна за посетителите поради нејзината секојдневна врева и весела атмосфера и поради своите културни и етнички разлики кои совршено градат хармонична целина. Градот со векови бил населен со народи од Блискиот исток и индуси, и поради тоа мнозинството од населението и припаѓа на исламската религија. Близината на националните паркови и руралните заедници му дава на овој град посебен шарм. Придружувани од локален водич, ќе ја посетиме фабриката за резба на дрва Акамба, како и Исусовата тврдина - Fort Jesus, изграденa во 16 век. Денес, зад овој вреден историски музеј, има еден прекрасен парк со поглед на океанот, каде што можете да слушнете интересни приказни од староседелците, под сенката на палмите. Попладнето се враќаме во сместувањето. Ноќевање. 

Сместување

Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ

Место

  • Диани

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Дали сте спремни да одиме на островска авантура? Тргнуваме со брод од плажата Диани и се упатуваме кон песочната идила на островот Робинсон. Овој остров е тотално ненаселен а пред нас не очекува преубава недопрена природа и плажи. Го поминуваме времето во мирните и топли води на Иднискиот океан и уживаме на коралните плажи. Нуркаме во светот на коралите, морските сунгери а во меѓувреме не опкружуваат безброј егзотични риби. Ја завршуваме нашата морска авантура и се враќаме во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ

Место

  • Диани

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Авантурите низ осторвите во Африка не застануваат. По појадокот се упатуваме кон следниот идиличен остров Wasini Island. Тоа е мал остров во Индискиот океан, скоро на границата со Танзанија. До островот одиме со брод а по пат може да не пресретнат и поздрават неколку јата делфини. На овој остров нема никакви возила освен велосипеди а главната занимација на жителите е лов на риби и ракчиња. Нуркаме во прекрасните корални води и уживаме на плажите од корален песок. Се опуштаме во рајот на земјата. 

Сместување

Bahari Dhow Beach Villas 1 ноќ

Место

  • Диани

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме нашето сместување и имаме трансфер до железничката станица во Момбаса. Не очекува неверојатно патување со воз низ Африка. Во Момбаса се качуваме на воз и се упатуваме кон Наjроби, главниот град на Кенија. Денот го поминуваме патувајќи со воз низ светот на кралот лав. Пристигнуваме во Најроби и имаме трансфер до аеродромот. 

Превоз

  • Локален трансфер од сместувањето до железничката станица во Момбаса
  • Трансфер со воз од Момбаса до Наjроби
  • Локален трансфер од железничката станица во Наjроби до аеродромот

Место

  • Диани
  • Момбаса
  • Најроби

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет до Софија, со преседнување во Доха. Пристигаме во Софија и имаме трансфер до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Најроби - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.

Место

  • Најроби
  • Софија
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Ibis Styles Westlands Nairobi Пример 2 ноќи
Lion Hill Lodge Пример 1 ноќ
Bahari Dhow Beach Villas Пример 5 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
  • Авио билет со сите такси на релација Софија - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Доха - Најроби (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Локален трансфер од сместување до железничка станица
  • Трансфер со воз од Наjроби до НП Цаво
  • Трансфер од НП Цаво до Diani Beach со воз
  • Локален трансфер од сместувањето до железничката станица во Момбаса
  • Трансфер со воз од Момбаса до Наjроби
  • Локален трансфер од железничката станица во Наjроби до аеродромот
  • Авиобилет со сите такси на релација Најроби - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.

Храна

7 × Континентален појадок , 1 × Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера)

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Виза за Кенија

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Nairobi City Tour & Giraffe center

Nairobi City Tour & Giraffe center
Цена: 50,00 USD

Најроби го претставува модерниот и урбанизиран центар на Кенија, попознат како зелен град на сонце. Со основањето на железницата во 1899 година, градот почнал да се шири и да цвета. Во моментов е најважниот центар на бизнис и култура во Источна Африка. Во текот на 19 век, градот бил од интерес за ловците на крупен дивеч, токму поради фактот што во близина на самиот град има пространства населени со недофатливи и диви животински видови.

Урбаниот центар на Најроби ни дава впечаток дека не сме во Африка, туку дека шетаме во модерен западен град. Посетуваме познати знаменитости како што се Парламентот, меѓународниот центар во Кенија и главниот плоштад. Националното малцинство кое живее во Најроби е племето Масаи, кое на градот му дава посебно културно влијание. Затоа ќе имаме можност да го посетиме пазарот Масаи, каде што ќе уживаме во миксот на боите, уметноста и културата на овој народ. Ќе можеме да купиме африкански слики, дрвени фигури, рачно изработен накит и чанти. За да ја разбереме големината на самиот град, одиме на палубата за набљудување, каде што можеме да ги видиме некои од најпознатите облакодери на градот, зеленилото што го опкружува, како и планинските врвови.

Авантурата ја завршуваме со Центарот за жирафи! Посетата на Центарот за жирафи го поддржува зачувувањето на загрозениот вид жирафи Ротшилд и е одличен начин одблиску да се запознаете со највисокиот цицач во Африка!

Цената на излетот вклучува: организиран превоз според планот и програмата, локален водич на англиски јазик, влезници во Жирафа центарот и услуги на претставник на нашата агенција.

Дводневен излет во НП Цаво - Исток

Дводневен излет во НП Цаво - Исток

За вистински авантуристи и оние кои сакаат малку повеќе да уживаат во убавините на Африка, подготвивме дводневно сафари. Првиот ден, ја започнуваме нашата авантура рано наутро и се упатуваме во националниот парк. Целиот ден ќе ги гледаме дивите животни, со пауза за ручек. По попладневното сафари заминуваме во сместувањето. Следниот ден стануваме рано и со волшебно изгрејсонце го продолжуваме нашето сафари за да го засведочиме будењето на дивиот свет. По паузата за појадок, одиме на уште едно возење во саваната и продолжуваме со истражувањето. Ручаме во локалниот ресторан и се упатуваме кон сместувањето во Момбаса. Во цената на излетот е вклучено: превоз, билет, сафари, ручек и вечера во локален ресторан на првиот ден, ноќевање на кампот, појадок и ручек на вториот ден. Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за инструкторите, вода, сокови.

Момбаса City Tour

Момбаса City Tour
Цена: 50,00 USD

Момбаса е втор град по големина во Кенија и најголемото пристаниште, т.е. остров поврзан со копното преку мостови. Момбаса е секогаш интересна за посетителите поради нејзината секојдневна врева и весела атмосфера и поради своите културни и етнички разлики кои совршено градат хармонична целина. Градот со векови бил населен со народи од Блискиот исток и индуси, и поради тоа мнозинството од населението и припаѓа на исламската религија. Близината на националните паркови и руралните заедници му дава на овој град посебен шарм. Придружувани од локален водич, ќе ја посетиме фабриката за резба на дрва Акамба, како и Исусовата тврдина - Fort Jesus, изграденa во 16 век. Денес, зад овој вреден историски музеј, има еден прекрасен парк со поглед на океанот, каде што можете да слушнете интересни приказни од староседелците, под сенката на палмите. Стариот град привлекува внимание, полн со продавници за сувенири и рачни изработки, преполн со жители кои исчезнуваат во лавиринтот на типичните африкански улици. Ќе се сретнеме со автентични арапски и индиски домаќинства во традиционален стил. Исто така, во стариот град се наоѓа Белата куќа, првиот американски конзулат и Старата пошта, изградена од индусите, кои испраќале вести и пари дома преку железницата. Улицата Биашара нуди разновидност на кениски ткаенини, хармонично измешани бои, а тука е и симболот на градот. Ќе посетиме и пазар за зачини и локална храна. Исто така, ќе имаме можност да го видиме и старото пристаниште каде што сеуште функционираат траекти од 1937 година, со кои кенијските робови со векови се транспортирале до Линик и до копното. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за локалитетите, локален водич и претставник од нашата агенција.
Во цената на излетот не е вклучено: бакшиш за локалниот водич.

Robinson Sandbank

Robinson Sandbank
Цена: 35,00 USD

Песочниот гребен Робинсон е ненаселен остров во Индискиот океан кој изобилува со недопрена морска природа. Убавините на подводниот свет на гребенот Робинсон се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода. За време на нашиот трансфер кон гребенот се поздравуваме со јата делфини кои скокаат од водата да не поздрават. Легнуваме да се плажираме, нуркаме и го бараме Немо :). Уживаме во песочните корални плажи и се препуштаме на мирот и спокојот во оваа островска идила. Се враќаме кон Диани со брод и ги поздравуваме делифните за последен пат. По нашата авантура се враќаме во сместувањето.

 

Wasini Island

Wasini Island
Цена: 80,00 USD

Го откриваме островот Wasini! Мал бисер во Индискиот океан, островот Wasini ви припрема незаборавно доживување. Одиме на авантура која дефинитивно не сте имале шанса да ја доживеете до сега. Ќе нуркаме во тиркизната вода и ги истражуваме коралните гребени на нашата нова омилена плажа. Ги бараме делфините во морето и ги истражуваме пештерите каде што во минатото луѓето се криеле од пиратите. Самиот остров има локалци кои ја готват највкусната морска храна која е тукушто уловена во океанот. Јадеме во уникатна атмосфера со вкусови кои долго ќе ги памтиме. 

Сместување

Ibis Styles Westlands Nairobi

Ibis Styles Westlands Nairobi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Ibis Styles Westlands Nairobi е сместување со 3* по локална категоризација. Сместувањето располага со двокреветни соби, сопствен тоалет, телевизија и брз интернет. Услугата е на база, ноќевање со појадок . Дополнително, хотелот се наоѓа на само 20 минути од аеродромот. 

Вебсајт https://www.ibisstylesnairobi.com/

Адреса Rhapta Road P.O.Box 14746 Westlands
00800 Nairobi Kenya

Lion Hill Lodge

Lion Hill Lodge
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Дали некогаш сте замислувале дека ќе престојувате во светот на Симба и Муфаса? Токму тоа ви го нуди Lion Hill Lodge, камп сместен кај познатиот лавовски рид „Mlima ya Simba“ во центарот на дивиот свет на Кенија. Кампот се наоѓа во непосредна близина на светски познатиот национален парк Цаво Исток (Tsavo East). Уживаме во магичен поглед на афричката савана и дивиот свет на легендарниот национален парк. Нашето сместување е близу до главните патеки за истражување на саваната. Секое утро се будиме со поглед на живеалиштето на кралот лав. Lion Hill Lodge, располага со традиционална архитектура, покриви од макути и дрвени трупци. Кампот се состои од 8 луксузни соби, 4 луксузни шатори, бар и трпезарија со традиционална и континентална кујна по највисоки стандарди. Уживаме во удобностите на кампот а притоа одиме на незаборавна авантура во дивиот свет на Африка! 

Вебсајт https://www.lionhilllodge.com/

Адреса Zomeni Lion Hill Lodge Ltd. Voi Gate Tsavo East P. O. Box 249
Voi. Kenya

Bahari Dhow Beach Villas

Bahari Dhow Beach Villas
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Bahari Dhow Beach Villas е хотелско сместување со 4* по локална категоризација. Хотелот е сместен непосредно пред најубавите плажи во Африка. Само што ќе излеземе од соба се наоѓаме на плажа. Сместувањето располага со двокреветни соби а секоја соба има сопствен тоалет, интернет и климатизација. Дополнително, хотелот располага со голем отворен базен. Буквално се наоѓаме во тропска идила со сите удобости на модерниот живот. Јадеме превкусна рана во ресторанот или уживаме во барот кој е дел од хотелското сместување.

Вебсајт https://baharidhow.com/

Адреса Diani Beach Road
80400 Diani Beach
Kenya Excellent location — rated 9/10!(score from 731 reviews) Real guests • Real stays • Real opinions

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.