Кралскиот Мароко

Кралскиот Мароко

цена од
1.090
EUR ,00
траење
15 дена
Пријави се Барање
Барање

Мароко, земја на контрасти: од песочни плажи кои ги заплискува Атлантскиот Океан, преку врвовите на планината Атлас покриени со снег, до пустината Сахара. Со Мароко владееле три берберски и три арапски династии, така што во оваа земја се говорат и двата јазици. Сместени сме во „Црвениот град“ - Маракеш, престолнина на сите династии. Овој град го основал во 11. век првиот крал Јусуф Ибн Тахфин од династијата Алморавида и околу градот подигнал 12 km долги бедеми со девет капии и изградил модерен систем на подземни канали. 

Внатре меѓу ѕидините се наоѓа Медина или Стариот град, со тесни улички преполни со сукови (пазари) каде можете да пазарите сѐ „од игла до локомотива“. Гужва, мириси, мотоциклисти кои се провлекуваат низ масата, туристи со фотоапарати кои сакаат сето тоа да го забележат, се секојдневна слика за Маракеш. Зачини, марами, кожни ташни, накит, кермаика, за секого по нешто.  


Рута
Белград
Истанбул
Маракеш
Рабат
Фес
Казабланка
Маракеш
Истанбул
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Африка, Мароко
Код на патување
MA1
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на групата на аеродромот “Никола Тесла“ во Белград два часа пред летот. Лет од Белград во 09:00ч (TK 1082) за Истанбул. Пристигнување во Истанбул во 12:45ч по локално време. Трансфер до хотелот. Слободно време во Истанбул.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Истанбул, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Orient Mintur *** 1 ноќ

Место

  • Белград
  • Истанбул

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Истанбул во 10:40ч (TK 619) за Маракеш. Пристигнување во “Земјата на боговите“. Трансфер до сместувањето. Слободно време.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Yaad City hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Одиме на факултативен излет - разгледување на Маракеш, прошетка низ Мела (еврејски кварт), каде се наоѓа најстарата синагога во градот, исто како и еврејските гробишта. Ја рагледуваме палатата El Bahia, поминуваме покрај палатата El Badi i Saadi кралската гробница. Ќе ја видиме најубавата порта во цел Маракеш – Bab Agnau. Патот не води до Koutoubia - најубавата џамија во Маракеш. За крај го оставаме најпрометниот пазар во цела Африка Jemaa el-fna, каде трговците ја изнесуваат робата, се жонглира со огнени топки, се игра, се свири на дресирани мајмуни и змии. Пиеме кафе и чај на тераса од рестораните со поглед на главниот пазар. Уживаме во берберските специјалитети.

Сместување

Yaad City hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативна излет на водопадите Ouzоud, најголемите водопади во овој дел на Африка(110м). Со локален водич ги разгледуваме околните села, градините со маслинки,се бањаме на водопадите...Се враќаме кон Маракеш. Излегуваме и имаме можност да го гледаме ноќниот спектакл на плоштадот Јemaa el-fna - жонглирање со огнени топки, акробации, вкусно јадење.

Сместување

Yaad City hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативна екскурзија во Esauirа, прекрасен град покрај брегот на Атлантикот. Прошетка во Медината и посета на многубројните уметнички галерии, пристаништа со сини бродчиња и големи песочни плажи со сурфери. Пиеме кафе во тајни пролази, се ценкаме со локалнте продавачи за цените на сувенирите. Поминуваме и на локации каде што е снимана познатата серија  „Game of Thrones’’. Враќање во Маракеш.

Сместување

Yaad City hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Утринско поаѓање за Рабат. Факултативен излет - разгледување на Рабат - прекрасниот Мавзолеј на Мухамед V и Стариот град. Рабат е главен град на Мароко и една од четирите кралски престолнини и хронолошки последна во низата официјални престолнини ( покрај Маракеш, Фес и Мекнес). Во него се наоѓа посебен дел на градот, опкружен со ѕидини кои ја прават Кралската палата заедно со својата администрација која ја опслужува. Слободно време.

Превоз

  • Трансфер од Маракеш до Рабат

Сместување

Hotel Ibis Rabat Agdal 3* 1 ноќ

Место

  • Рабат

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до Фес. Пристигнување во Фес, еден од четирите кралски градови на Мароко.

Превоз

  • Трансфер од Рабат до Фес

Сместување

Hotel Ibis Fes 3* 1 ноќ

Место

  • Фес

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет - разгледување на Фес. На овој факултативен излет имаме можност да ја посетиме медината, најголемата пешачка зона на Фес, златна врата, најстариот универзитет на светот и дел од градот кој е познат по штавење на кожа каде ќе имаме можност да видиме автентичен начин на преработка на кожа од старите марокански занаетчии.

Сместување

Hotel Ibis Fes 3* 1 ноќ

Место

  • Фес

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет до градот Шефшауен (Chefchaouen), прочуениот син град на Мароко кој се наоѓа на планината Риф. Правите неверојатни фотографии и купуваме оригинални рачно изработени сувенири. Враќање во Фес.

Сместување

Hotel Ibis Fes 3* 1 ноќ

Место

  • Фес

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет во градот Мекнес, град со илјада минариња, шестти по големина град во кралството Мароко, некогашна престолнина. Ја посетуваме Гранд Џамија, палатите Дал ел Макзен, ѕидините и капиите на градот. Факултативна посета на Волубилис, фасцинантен археолошки локалитет со римски рушевини. Враќање во Фес. Слободно време за купување на сувенири.

Сместување

Hotel Ibis Fes 3* 1 ноќ

Место

  • Фес

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден во Фес.

Сместување

Hotel Ibis Fes 3* 1 ноќ

Место

  • Фес

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето. Трансфер за Казабланка. Факултативен излет - обиколка на Казабланка. Имаме можност да ја посетиме џамијата Хасан II и прочуеното Рик кафе познато по холивудското остварување “Казабланка“ од 1942 година, медини - најстариот дел на градот со стуткани продавници. Слободно време.

Превоз

  • Трансфер од Фес до Казабланка

Сместување

Atlas Les Almohades 1 ноќ

Место

  • Казабланка

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето. Трансфер за Маракеш. Слободно време за уживање во Маракеш, прошетка и шопинг каков што можете да најдете само во арапските земји со нагодување околу цената и одмор со свежо цедени сокови. Препорачуваме посета на палатата Ел Бади, како и двете прекрасни градини - Мажорел и Менара, како и старата синагога во Мели. Вечерта можете да ја поминете на плоштадот Jemaa el-fna, затоа што навечер плоштадот добива ново лице. Штом зајде сонцето, на плоштадот се создава метеж. Туристи, продавачи, локалци, уметници, секој од нив зазема место и се подготвуваат за ноќ без крај. Тезгите со овошје се заменуваат со свежо месо кое е спремно да се фрли на скара. Илјадници луѓе уживаат во ноќните претстави со кобри и мајмуни, голтачи на оган, tattoo уметници, улични проповедачи кои на арапски проповедаат одамна заборавени приказни и бајки. Се впуштаме во авантура. Речиси за миг, денот ќе се замени со ноќ, но и ние ќе се враќаме на плоштадот одново и одново, до крајот на нашето магично и необично патување.

Превоз

  • Трансфер од Казабланка до Маракеш

Сместување

Yaad City hotel 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме сместувањето. Слободно време до трансферод за аеродром. Лет од Маракеш до Истанбул во 15:05ч (TK 620). Пристигнување во Истанбул во 22:10ч по локално време.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Маракеш - Истанбул, во економска класа

Место

  • Маракеш
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Конекција на лет. Лет за Белград во 08:15ч (TK 1083). Пристигнување во Белград во 08:05ч.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Белград, во економска класа

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Orient Mintur Пример 1 ноќ
Yaad City hotel Пример 5 ноќи
Hotel Ibis Rabat Agdal 3 Пример 1 ноќ
Hotel Ibis Fes 3 Пример 5 ноќи
Atlas Les Almohades Пример 1 ноќ

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Истанбул, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Маракеш до Рабат
  • Трансфер од Рабат до Фес
  • Трансфер од Фес до Казабланка
  • Трансфер од Казабланка до Маракеш
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Маракеш - Истанбул, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Истанбул - Белград, во економска класа

Храна

13 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мароко

Видео

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Маракеш City Tour

Маракеш City Tour
Цена: 35,00 EUR

Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.

Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според планот и програмата
  • влез во палатата Ел Бахи

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Водопади Узуд

Водопади Узуд
Цена: 50,00 EUR

Водопадите Оuzoud се највисоките водопади во Северна Африка и втори највисоки во цела Африка. Достигнуваат до 110 метри висина. Тие се пробиват низ области со антички маслинови градини кои се дом на мајмуни. Околу водопадите се населени домородните берберски племиња од планината Атлас. Поаѓањето за овој излет е рано наутро. По возењето доаѓаме до мало населено место во близина на водопадите. Се чувствува мирисот на вода, маслинки и свежи планински билки. Одиме до самиот врв на водопадот, додека крвта ни замрзнува од напливот на моќната вода. Со звукот на водопадите што се удираат во камењата слушаме и кршење на гранки. На дрвата над нас се качуваат мајмуни, се дофрлаат со храна и им приоѓаат на посетителите. Одиме по патеки низ маслинови градини уживајќи во мирисот и интересните приказни за локалниот живот. По кратката прошетка гледаме стара берберска куќа каде луѓето сè уште живеат. Се запознаваме со животот на Берберите и нивната богата традиција и разновидност. Стануваме свесни за неверојатната култура скриена од овие древни народи. Го учиме берберското писмо и зборови, но и како изгледа секојдневието. Продолжуваме со прошетка низ селото и повторно влегуваме во маслиновите градини. Почнуваме полека да се спуштаме до подножјето на водопадот по овој див терен. Старите жени поминуваат со магариња натоварени со маслинки, а љубопитните мајмуни ни приоѓаат со надеж дека ќе добијат нешто за грицкање. Локалниот водич ни кажува за мајмуните и ни објаснува како треба да се однесуваме во нивна близина. Се фотографираме со нив додека се качуваат околу нас. Стигнуваме до подножјето на водопадот и остануваме без здив. Силата на водопадот, мирисот и бучавата целосно нè обземаат. Се одмораме и го пиеме најдобриот сок од портокал. Се качуваме во чамците и се приближуваме многу блиску до водопадот. Луѓето се капат, пеат и се дружат. Правиме пауза и чекаме шанса да се појави виножито – најубавата глетка на овие водопади! Продолжуваме со прошетката по ридот преполнет со продавници и ресторани, учејќи за прекрасната моќ на локалните билки и чаеви. Ги оставаме мајмуните да шетаат низ природата, а ние се упатуваме во еден од рестораните. Уживаме во највкусниот таџин, кускус, ражничи, салата и најдобрите маслинки од околината на водопадот. По краткиот одмор се враќаме во сместувањето. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според програмата
  • влез за локалитет
  • возење со чамец

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Есауира (Esauirа)

Есауира (Esauirа)
Цена: 55,00 EUR

Есауира, синиот град на брегот на Атлантикот, со уметнички продавнички, галеби, сини чамци и шарени пазари, е еден од градовите што задолжително мора да го посетиме. Ќе јадеме таџита и пиеме црн чај со две коцки шеќер, како вистински Мароканци. Во поранешниот Могадор, снимана е една од најпопуларните серии денес - Game of Thrones.

Ден за уживање и опуштање! На пат кон океанот, ќе сретнеме и кози, кои стоејќи мирно на дрво, им пркосат на законите на физиката. Потоа, доаѓаме до автентична работилница за производство на масло од арган, каде слушаме приказни за неговите својства и употреба и го гледаме целиот процес на изработка, како и слободно време за купување. Се возиме низ традиционалните и живописни пејзажи до Есаура. Магичната Есауира со прекрасни рустикални кули и sидини и исклучително убавата плажа, каде Мароканците шетаат и играат фудбал на песокот. Ќе прошетаме кратко по познатото пристаниште, каде локалците постојано доаѓаат со своите сини чамци, ја растовараат целата риба и ги поправаат нивните мрежи. Потоа, одиме низ sидините, уживајќи во приказната за местото каде е сниман Game of Thrones. Купуваме сувенири и свежо овошје на главната улица, а потоа одиме на уникатно гастрономско уживање - свежа морска храна уловена истото утро! Пред нашите очи, локалците чистат различни видови на вкусни морски плодови и риби и си бираме што сакаме да јадеме и ги гледаме како брзо ја приготвуваат храната. По пријатниот ручек имаме слободно време за прошетка и купување сувенири, по што се враќаме во сместување. 

Во цената на излетот е вклучено: билет за кулите Скала ду Порт, локален водич, претставник од агенција, организиран превоз според планот и програмата. 

Цената на излетот не е вклучено: каде што е снимана серијата „Game of Thrones“ (10MAD), ручек.

Рабат

Рабат
Цена: 10,00 EUR

Разгледување на Рабат - Рабат е главен град на Мароко и една од четирите престолнини и хронолошки последна во низата официјални престолнини (покрај Маракеш, Фес и Мекнес). Во него е сместен посебен дел од градот, опкружен со sидови, што ја формира Кралската палата заедно со нејзината администрација. Го посетуваме мавзолејот на првиот марокански крал по независноста, Мухамед V, кој го наследува неговиот син Хасан Втори. По мавзолејот, ги посетуваме знаменитостите на стариот град во кој траен печат оставиле Мурите, бегалци од Андалузија. Во слободното време, уживаме во погледот на влевањето на реката Бу Регер во Атлантскиот океан.

Во цената на на излетот е вклучено: услуга од лиценциран водич на англиски јазик.

Fes City Tour

Fes City Tour
Цена: 50,00 EUR

Двајца владетели со исто име, освојувајќи ги огромните ширини на најзападните области на тогаш познатиот свет под зеленото знаме на исламот, ја подигнале првата мароканска престолнина на крајот на осмиот век. Идрис Први ја изградил Медината Фeс, a неговиот син Идрис Втори ја изградил населбата Ал Али. Градот Фес е создаден со спојување на овие населени места. Најдолго се сметал за главен град на Мароко. Речиси сите династии што владееле со огромни територии во северна Африка се бореле околу него затоа што тој бил на важен трговски пат. Денес, Фес е важен туристички, културен, историски и религиозен центар кој љубоморно ја чува турбулентната историја на Магреб, односно најзападното кралство на Исламот. Ја вклучуваме временската машина и се упатуваме кон стариот град.

Временската машина е побавна од вообичаеното затоа што трговците, магарињата, продавачите на кактуси и скутерите ни го попречуваат патот кон медината. Се пробиваме полека низ гужвата и правливите ходници на историјата.

Првата дестинација е Дар ал Макзен, резиденцијата на владетелите на династијата Алавита, од која потекнува сегашниот крал Мухамед VI. Недалеку од палатата, постои антички еврејски кварт наречен Мела. Оваа населба била изградена од неколку еврејски генерации. Темелите ги поставиле еврејските трговци уште на самиот почеток на историјата на градот. Надградбата ја продолжиле Евреите, кои бегајќи од шпанското освојување, пронашле прибежиште кај своите сонародници и пријателски настроените муслимани.

Мела, како да ни кажува што не чека во медината. Невообичаено тесни улички, дотраени фасади насликани во светло сина боја, деца со полу- искината топка и дресови на Кристијан Роналдо и Меси, сувенири и занаетчии... Се разбира, ова е само мала увертира за оваа античка населба, затоа што медината е скоро невозможно да се опише со зборови. По прошетката низ Мела и посетата на античката синагога која денес служи како музеј, се упатуваме кон медината. Толпата се зголемува, температурата се покачува онака како што и очекувавме. Пред нас е конечно Bab Bou Jeloud, односно Сината порта, која е главниот влез во медината. Sидовите околу медината биле изградени од владетели од династијата Алморавид кои владееле во XI век. Сепак, оваа порта е малку помодерна од другите порти во градот. Најзаслужен за нејзината изградба е францускиот генерал Ибер Лиот, командантот на Мароко од почетокот на XX век, кога Мароко бил под францускиот протекторат. Поминуваме низ портата и влегуваме во земјата на чудата. Целата медина останала непроменета од нејзиното создавање. Речиси е невозможно да се остане рамнодушен во овој лавиринт од тесни улици. Илјадници луѓе секој момент поминуваат низ уличките и стотици трговци, секој со посебна приказна, се обидуваат да ни го привлечат вниманието.

Ја посетуваме медресата на Каравија. Медресата е исламска верзија на универзитетите каде што се изучувале Куранот и другите религиозни текстови. Она што ја прави оваа медреса посебна е тоа што е постара од сите европски универзитети. Изградена е во средината на XI век и се смета за најстара во светот! Изградена е од страна на Фатима Ал Фихри, која била ќерка на богат трговец од денешен Тунис. Има и библиотека во која се зачувани над 4.000 ракописи од создавањето на оваа медреса и џамија со истото име.

Продолжуваме со прошетка низ суковите и тесните премини и се движиме кон античкиот мавзолеј каде се чуваат телата на основачите на Фес, Идрис Први и Идрис Втори. Навлегуваме подлабоко во медината и доаѓаме до една од најпознатите туристички атракции на Фес. Овде се работилниците во кои се штави кожа и ќе побараме од некој од локалните жители да не одведе на терасите за да го видиме процесот што не е сменет со векови. Непријатната миризба која се создава ќе ја ублажиме мирисајќи ливче од нане кое ќе ни го дадат локалците. Доколку некој сака може да си купи производ изработен од кожа, која многумина ја сметаат за најквалитетна во светот. Нашата авантура полека завршува, а на враќањето ќе посетиме продавница со производи од арган, плоштадот Сефарин на кој и денес се продаваат автентични метални производи, а недалеку од плоштадот се наоѓа и Музејот за дрвени ракотворби Нежарин. Во моментот кога ќе ја видиме Зелената порта е и крајот на нашата денешна авантура. Всушност ова е Сината порта од каде ја започнавме обиколката околу градот. Од внатрешната страна на медината Сината порта е зелена. Нека ова место биде како главна ориентациона точка за авантуристите кои би сакале да шетаат и истражуваат самостојно, за време на нашиот престој во овој град од „Илјада и една ноќ“. 

Не можете да бидете вистински жител на градот Фес, доколку не се изгубите барем еднаш! Бидете внимателни затоа што итрите жители на Медина и од тоа имаат направено бизнис. Ако се изгубите, ќе треба да платите за да ве извадат од медината. Доколку се најдете во ваква ситуација не паничете затоа што тоа е само игра за нив. По кратко ценкање околу цената, локалното население ќе ве однесе на вистинскиот пат. Излетот ќе започне во раните утрински часови, а ќе заврши во доцните попладневни часови. 

Во цената е вклучено: организиран превоз според планот и програмата. 

Шефшауен

Шефшауен
Цена: 60,00 EUR

Шефшауен е најпопуларната туристичка дестинација во Мароко. Градот постои од 1471 година и го добил името по планината Риф на која се наоѓа, поточно формата на планинските врвови над градот, потсетувајќи на два рогови од коза. Постојат две објаснувања зошто градот е син - првото вели дека локалците го обоиле во сино, за да им изгледа син како море на комарците во лето и да го заобиколуваат, а другото вели дека Евреите, кои порано живееле во Шефшауен во многу голем број, го обоиле градот во сино, бидејќи тоа била бојата на нивниот бог. Местото е познато и по одлични ракотворби, оригинални сувенири и волнени производи што може да се купат тука. Поаѓањето на излетот е во раните утрински часови и од Фес до Шефшауен не очекува возење од околу 4 до 4 и пол часа. Потоа, ќе прошетаме по тесните и скриени улици низ овој навидум нереален град, со неизбежно силна инспирација за фотографирање која ја црпиме од многуте нијанси на сината боја, различните животни, како и луѓето облечени во традиционални носии. Одбираме еден од рестораните, ручаме и го користиме слободното време за индивидуални активности, купуваме сувенири слушајќи ги звуците на традиционалната мароканска музика на улиците и пиеме ладни пијалоци во овој уникатен град. Враќање во Фес.

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз според планот и програмата

Во цената на излетот не е вклучено:

  • билети за локалитетот Казбу (Касбах) - стара тврдина во која има мал етнографски музеј и уметничка галерија (10МАД)
  • ручек

Мекнес и Волубилис

Мекнес и Волубилис
Цена: 50,00 EUR

Овој излет вклучува посета на уникатниот археолошки локалитет Волубилис, кој потекнува од римскиот период и тука некогаш бил сместен центарот на римската провинција. Остатокот од денот ќе го поминеме во разгледување на еден од четирите кралски градови – Мекнес. Поаѓаме наутро, започнуваме со посета на археолошкиот локалитет Волубилис (Volubilis). Местото за овој град било специјално избрано затоа што околното земјиште е погодно за одгледување маслинки, кои биле од исклучителна вредност за време на Римската империја. Археолошкиот локалитет е добро зачуван и ја посетуваме Триумфалната порта, куќа која го покажува целиот процес на цедење на маслиново масло, уживаме во сочуваните мозаици и ги посетуваме главните административни и религиозни градби. По посетата на археолошкиот локалитет, следува посета на мал музеј, а потоа го продолжуваме нашиот излет со возење кон Мекнес. Една од четирите кралски престолнини е позната по Мулај Исмаил, владетел од 17 и 18 век, кој во тоа време бил фасциниран од француската држава и толку смел, што дури и ја барал ќерката на францускиот крал за своја сопруга. Тој го издигнал Мекнес од пепел и го направил мегаломански град. Ги посетуваме познатите штали, каде што Мулај Исмаил чувал илјадници специјално избрани коњи, вештачко езеро кое порано го снабдувало градот со вода, потоа прекрасната порта на градот, која важи за една од најубавите и монументални порти во цело Мароко, фотографирање со слатки мајмуни на главниот градски плоштад и посета на традиционалната медреса. Вечераме тажин, кускус или друго традиционално јадење во еден од рестораните и по кратко слободно време се упатуваме назад кон Фес. 

Во цената излетот е вклучено:

  • организиран превоз според програмата

Во цената на излетот не е вклучено:

  • билет за Bou Inania во Мекнес (oколу 20 MAD)
  • билет за месноста Волубилис (oколу 75MAD)
  • ручек

Казабланка

Казабланка
Цена: 10,00 EUR

Разгледување на Казабланка - Градот е основан од страна на португалците во 1755 година, а не од страна на шпанците, како што многумина би помислиле врз основ на името. Денес Казабланка е најголем град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. За разлика од другите поголеми градови, како што се Маракеш и Фес, нема голема медина, туку во градот доминираат квартови со силен француски печат, наследство од колонијаниот период. На влезот во медината наидуваме на кафе Рик, причуениот пијано бар, кој не потсетува на култниот филм “Казабланка“ и најпознатиот филмски пар - Хемфри Богарт и Ингрид Бергман. Во градот се наоѓа и една од најголемите џамии на светот, џамијата Хасан II. 

Во цената на излетот е вклучено: услуга од лиценциран водич на англиски јазик. 

Во цената на излетот не е вклучено: влезница за џамијата Хасан II (140 MAD).

Сместување

Orient Mintur ***

Orient Mintur ***
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Orient Mintur *** е хотел со 3* по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Yaad City hotel

Yaad City hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Yaad City hotel 3* е хотел со три звездички по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Вебсајт https://www.yaadcityhotel.com/en/#0

Адреса Rue Ibn Aicha
Gueliz
40000 Marrakech
Morocco

Hotel Ibis Rabat Agdal 3*

Hotel Ibis Rabat Agdal 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Ibis Rabat Agdal е хотел со 3* по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба поседува TV и клима уред, а сместувачкиот објект располага со базен. Хотелот се наоѓа во близина на ѓелезничката станица во Фес. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Hotel Ibis Fes 3*

Hotel Ibis Fes 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Ibis Fes 3 е хотел со 3* по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба поседува TV и клима уред. Хотелот е оддалечен 3км од Националната библиотека на Кралство Мароко. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Atlas Les Almohades

Atlas Les Almohades
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Atlas Les Almohades е хотел со 4* по локална категоризација. Сместувачкиот објект располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба поседува клима уре, а сместувачкиот објект располага со спа центар. Хотелот е оддалечен 1.8км од џамијата Хасан II и 5км од плажа. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.hotelsatlas.com/

Останати поаѓања за Мароко

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Aranžman je pravljen na bazi letova low cost kompanija, stoga je cena aranžmana podložna promenama u skladu sa promenom cene avio karte. Cena je garantovana nakon uplate avansa i izdavanja avio karata.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)