Маракеш City Tour
Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.
Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови.
Во цената на излетот е вклучено:
- професионален лиценциран водич на англиски јазик
- организиран превоз според планот и програмата
- влез во палатата Ел Бахи
Во цената на излетот не е вклучено:
- ручек