Мароко Авантура

Мароко Авантура

цена од
1.299
EUR ,00
сега од
1.069
EUR ,00
траење
9 дена
Пријави се Барање
Барање

Кога ќе спомнеме магична авантура, дефинитивно помислуваме за Мароко!

Jungle авантура во земјата на контрасти, авантура на песочните плажи на Атланскиот океан, снежните врвови на Атлас планините, до бесконечната Сахара, авантура парфимирана со мирисите на шафран и цимет. Мислиме дека зборот “магична” не ја доловува целосно нашата авантура во Мороко!

Започнуваме во “Црвениот град“ - Маракеш, престолнината на сите кралски фамилии. Истражуваме кралски палати, раздвижени медини, пространи пустини, се капеме во ладните води на водопадите Оузуд (Ouzud) и уживаме на незаборавните плажи на Есауира (Essaouira). Се ценкаме и купуваме стотици сувенири на шарени пазари, пешачиме низ стари замоци (касбах), а потоа продолжуваме кон шармантната Казабланка (Casablanca). Посетуваме холивудски кафулиња и места од познатата серија Игра на Троновите. Истражуваме градови кои зрачат незаборавна енергија, гостопримливи локалци, прекрасни медини и шарени пазари! 

 Патување и авантура која ќе ја паметите цел живот!!


Рута
Скопје
Истанбул
Маракеш
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Мароко
Код на патување
MA12
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Собирање на патниците во вечерните часови на Меѓународниот аеродромот во Скопје. Лет од Скопје до Истанбул. Преседнување на лет за Мороко во Истанбул.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Лет од Истанбул до Маракеш. Пристигнуваме во Маракеш. Трансфер од аеродром до сместување. Имаме слободно време да го истражиме Маракеш, седнуваме во некои од локалните ресторанчиња и јадеме традиционална храна и пиеме чај.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hotel Imperial Plaza & Spa 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Маракеш

Овој ден ја доживуваме заедно магијата на Маракеш! Се потопуваме заедно во ритмичкото чукање на срцето на Маракеш додека го започнуваме денот со истражување на градот кој што не е само обична разгледница, тоа е целосна фиеста со живописни вибрации и неочекувани задоволства. Започнуваме со Мела (еврејскиот кварт), каде ја посетуваме најстарата синагога во градот. Посетуваме и две прекрасни палати -- палатата El Bahia, палатата El Badi и кралските гробници Saadi. Ветуваат моменти кои што ќе Ви направат да останете вчудоневидени и му пркосат во секоја смисла на времето и временската машина. Поминуваме заедно низ историската капија Bab Agnau каде минатото се среќава со сегашноста. Ја посетуваме и прекрасната џамија Кутубија, засолниште на спокојство среде раздвижениот град. Крешендото нѐ очекува во Jemaa el-Fna, сензорна експлозија на пазарен хаос, музика, шармери со змии и мајмуни, а во позадина на сето тоа се појавуваат величенствените планини Атлас. Одмараме со традиционални чаеви со нане и берберски специјалитети, уживаме во секој вкус посебно како дел од оваа авантура. Танцуваме во ритамот на Маракеш. По нашата авантура се враќаме во нашето сместување. 

Сместување

Hotel Imperial Plaza & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок се упатуваме кон најголемите водопади во северна Африка (110м). Попатно посетуваме и традиционални марокански села. Се потпуваме во автентичниот ритам на берберската традиција талкајќи низ раздвижените пазари исполнети со примамливи ароми на егзотични зачини и волшебна мелодија на детската смеа. Посетуваме и прекрасни градини со маслинки се додека не пристигниме до прекрасните водопади Узуд (Ouzoud). Опколени со живописна природа се разладуваме во нивните води... Во околната џунгла имаме и прилика да се дружиме со итрите мајмуни кои ги нарекуваат водопадите нивниот дом. Се враќаме кон Маракеш. Излегуваме и имаме можност да го гледаме ноќниот спектакл на плоштадот Јemaa el-fna - жонглирање со огнени топки, акробатици,....Ноќевање.

Сместување

Hotel Imperial Plaza & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок се упатуваме кон Есаура -- прекрасен град покрај брегот на Атлантикот. Ја откриваме душата на овој историски пристанишен град, кој претставува комбинација на богатата историја на Мороко со лежерните вибрации на прекрасните плажи со кристално чисти води и бујна вегетација. Нашата прошетка ја започнуваме во медината (стариот град), каде што секоја уличка раскажува приказни за морските авантури како и уметничките чуда. Продолжуваме во фабриката за арганово масло. Дознаваме повеќе за ова течно злато кое локалните жители го произведуваат, во фабрикате имаме прилика да купиме оригинално масло од арган. Ја продолжуваме авантурата во раздвиженото пристаниште на Есауира. Се наоѓаме во живописна пазарна гужва, купуваме свежа риба и уживаме во јадењето директно од океан. Авантурата почнува да се развива со доза на фантазија. Спремете се за најпосетуваната локација во Есауира. Место каде што е снимана серијата „Game of Thrones“. Поминете низ лавиринтските улици на оваа медина, пристигаме до Скала Де Ла Вил, токму тука оживеа иконската ТВ серија. Се претпоуваме во средновековниот шарм, замислувајќи змејови кои се издигнуваат низ небото и иконската сцена од третата сезона на серијата. Нашиот ден го завршуваме на плажа. Го чуствуваме песокот под нашите стапала, ветарот во нашата коса и вибрациите на сонцето што ја прават Есауира неодоливо крајбрежно засолниште. Како што пешачиме низ крајбрежните пејзажи, забележуваме волшебната глетка -- козите кои што се имаат искачено на секое второ дрво. Вие сте сведоци на овој уникатен спектакл кој е вистински каприц на мароканската глетка. И додека денот благодатно се претвора во вечер, уживајте во блажениот амбиент на магијата покрај плажата на Есауира. Свет кој што е далеку од раздвижениот градски пејзаж. По нашата незаборавна авантура, се враќаме во нашето сместување во Маракеш.

Сместување

Hotel Imperial Plaza & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Нашата следна дестинација е се наоѓа на Атлас планините. Оваа прекрасна долина се наоѓа недалеку од Маракеш, населена е од Бербери -- домородци на планините Атлас. Областа е богата со бујна вегетација, имаме можност да уживаме во мирна прошетка покрај реката додека во позади го слушаме жубуркањето на водопадите во околината. Правиме кратка пауза за ручек во едно од многуте шарени кафулиња кои се наоѓаат покрај брегот на реката. Имаме слободно време да го истражиме ова прекрасно планинско градче. Од традиционални берберски продавници можеме да купиме уникатни изработки од керамика и килими кои се уникатни за овој регион. По нашата авантура се враќаме во Маракеш. По враќањето од факултативниот излет, слободното време може да го потрошиме на плоштадот Jemaa el-Fna, бидејќи плоштадот ноќно време добива сосема нов изглед. Штом зајде сонцето, на плоштадот се создава гужва. Туристи, продавачи, локалци, уметници - секој завзема своја позиција и се подготвува за бескрајната ноќ. Тезги со овошје и тезги со месо кое е спремно да се пече на скара. Илјадници луѓе уживаат во ноќната претстава на скротувачите на кобри, tattoo уметниците, проголтувачите на оган, улични наратори кои говорат на арапски и раскажуваат древни приказни. Се впуштаме во авантура. За миг ден ќе ја замени ноќта, но на плоштадот ќе се навраќаме од ново и од ново, до крајот на вошебното и необично патување.

Сместување

Hotel Imperial Plaza & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок, продолжуваме кон прочуената Казабланка. Ја посетуваме џамијата на Хасан II -- најголемата џамија во Африка и една од најпрепознатливите на #целсвет! Продолжуваме кон познатото кафуле -- Rick's café (каде е сниман филмот „Казабланка“ во 1942 год.). Ја посетуваме и медината - најстариот дел на градот, се движиме по стари арапски улици и пазари. Потоа тргнуваме кон главниот град на Мороко -- Рабат. Рабат е водено и еден од четирите кралски престолнини и хронолошки последен во низата на официјални престолнини (заедно со Маракеш, Фез и Мекнес). Започнуваме со Мавзолејот на Мухамед V -- една од најубавите градби во Мороко, мавзолејот е изграден во традиционален морокански стил, во чест на еден од најсаканите кралеви на Мороко. Во мавзолејот погребан е кралот и неговите двајца синови. Продолжуваме во стариот дел на градот. Шетаме низ шарената медина која е преполна со стотици шарени тезги со зачини, традиционални арапски матерјали, парфеми и фенери. Завршуваме во кралската палата -- посебен дел од градот, опкружен со ѕидини кои ја заштитуваат Кралската палата заедно со целата управа што му служи на кралот. Имаме слободно време да прошетаме низ најголемиот град во Мороко. Поручек се враќаме во Маракеш. Ноќевање.

Сместување

Hotel Imperial Plaza & Spa 1 ноќ

Место

  • Маракеш

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Во претпладневните часови правиме check-out од нашето сместување. Имаме слободно време да се поздравиме со нашиот нов омилен град -- Маракеш. Во пополадневните часови имаме трансфер до аеродромот во Маракеш. Лет од Мароко за Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје во раниите утрински часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Маракеш - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Маракеш
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Утрински лет од Истанбул за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Што е вклучено

Сместување

Hotel Imperial Plaza & Spa Пример 6 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Маракеш (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Маракеш - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

6 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мароко

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Маракеш City Tour

Маракеш City Tour
Цена: 35,00 EUR

Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.

Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според планот и програмата
  • влез во палатата Ел Бахи

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Водопадите Ouzoud

Водопадите Ouzoud
Цена: 50,00 EUR

Водопадите Оuzoud се највисоките водопади во Северна Африка и втори највисоки во цела Африка. Достигнуваат до 110 метри висина. Тие се пробиват низ области со антички маслинови градини кои се дом на мајмуни. Околу водопадите се населени домородните берберски племиња од планината Атлас. Поаѓањето за овој излет е рано наутро. По возењето доаѓаме до мало населено место во близина на водопадите. Се чувствува мирисот на вода, маслинки и свежи планински билки. Одиме до самиот врв на водопадот, додека крвта ни замрзнува од напливот на моќната вода. Со звукот на водопадите што се удираат во камењата слушаме и кршење на гранки. На дрвата над нас се качуваат мајмуни, се дофрлаат со храна и им приоѓаат на посетителите. Одиме по патеки низ маслинови градини уживајќи во мирисот и интересните приказни за локалниот живот. По кратката прошетка гледаме стара берберска куќа каде луѓето сè уште живеат. Се запознаваме со животот на Берберите и нивната богата традиција и разновидност. Стануваме свесни за неверојатната култура скриена од овие древни народи. Го учиме берберското писмо и зборови, но и како изгледа секојдневието. Продолжуваме со прошетка низ селото и повторно влегуваме во маслиновите градини. Почнуваме полека да се спуштаме до подножјето на водопадот по овој див терен. Старите жени поминуваат со магариња натоварени со маслинки, а љубопитните мајмуни ни приоѓаат со надеж дека ќе добијат нешто за грицкање. Локалниот водич ни кажува за мајмуните и ни објаснува како треба да се однесуваме во нивна близина. Се фотографираме со нив додека се качуваат околу нас. Стигнуваме до подножјето на водопадот и остануваме без здив. Силата на водопадот, мирисот и бучавата целосно нè обземаат. Се одмораме и го пиеме најдобриот сок од портокал. Се качуваме во чамците и се приближуваме многу блиску до водопадот. Луѓето се капат, пеат и се дружат. Правиме пауза и чекаме шанса да се појави виножито – најубавата глетка на овие водопади! Продолжуваме со прошетката по ридот преполнет со продавници и ресторани, учејќи за прекрасната моќ на локалните билки и чаеви. Ги оставаме мајмуните да шетаат низ природата, а ние се упатуваме во еден од рестораните. Уживаме во највкусниот таџин, кускус, ражничи, салата и најдобрите маслинки од околината на водопадот. По краткиот одмор се враќаме во сместувањето. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • професионален лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз според програмата
  • влез за локалитет
  • возење со чамец

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек

Есауира (Esauirа)

Есауира (Esauirа)
Цена: 55,00 EUR

Есауира, синиот град на брегот на Атлантикот, со уметнички продавнички, галеби, сини чамци и шарени пазари, е еден од градовите што задолжително мора да го посетиме. Ќе јадеме таџита и пиеме црн чај со две коцки шеќер, како вистински Мароканци. Во поранешниот Могадор, снимана е една од најпопуларните серии денес - Game of Thrones.

Ден за уживање и опуштање! На пат кон океанот, ќе сретнеме и кози, кои стоејќи мирно на дрво, им пркосат на законите на физиката. Потоа, доаѓаме до автентична работилница за производство на масло од арган, каде слушаме приказни за неговите својства и употреба и го гледаме целиот процес на изработка, како и слободно време за купување. Се возиме низ традиционалните и живописни пејзажи до Есаура. Магичната Есауира со прекрасни рустикални кули и sидини и исклучително убавата плажа, каде Мароканците шетаат и играат фудбал на песокот. Ќе прошетаме кратко по познатото пристаниште, каде локалците постојано доаѓаат со своите сини чамци, ја растовараат целата риба и ги поправаат нивните мрежи. Потоа, одиме низ sидините, уживајќи во приказната за местото каде е сниман Game of Thrones. Купуваме сувенири и свежо овошје на главната улица, а потоа одиме на уникатно гастрономско уживање - свежа морска храна уловена истото утро! Пред нашите очи, локалците чистат различни видови на вкусни морски плодови и риби и си бираме што сакаме да јадеме и ги гледаме како брзо ја приготвуваат храната. По пријатниот ручек имаме слободно време за прошетка и купување сувенири, по што се враќаме во сместување. 

Во цената на излетот е вклучено: билет за кулите Скала ду Порт, локален водич, претставник од агенција, организиран превоз според планот и програмата. 

Цената на излетот не е вклучено: каде што е снимана серијата „Game of Thrones“ (10MAD), ручек.

Ourika Valley

Ourika Valley
Цена: 40,00 EUR

Оурика, прекрасното село во планината Атлас кое се наоѓа недалеку од Маракеш и се смета за една од најпривлечните дестинации за домашни и странски туристи поради своите величенствени пејзажи. И покрај тоа што е толку блиску до Маракеш, оваа прекрасна зелена долина е една од најдобро сочуваните во Мароко. Она што е уште поимпресивно за овој крај е и фактот дека оваа област сеуште е населена од Бербери, кои живеат традиционален начин на живот кој може да се смета за “недопрен“. Излетот во сликовитата долина Оурика ќе ви овозможи да ги искусите убавините на северноафриканските села и да го впиете секојдневниот живот на овие локални жители. Сите оние кои имаат авантуристички дух можат со малку труд да се искачат пеш до водопадите (понесете удобни обувки). Додека се движиме низ ридовите, уживаме во погледот на прекрасните пејзажи полни со живи бои. Ова е одлично место и за правење на воодушевувачки панорамски фотографии. Мал одмор за ручек ќе направиме во едно од многубројните шарени кафулиња кои се наоѓаат на самиот брег на рекичката. Слободното време ќе го поминеме во дружење со камили и во купување на уникатна грнчарија и теписи од овој крај.

Во цената на излетот е вклучено:

  • стручен лиценциран водич на англиски јазик
  • организиран превоз по предвидениот план и програма

Во цената на излетот не е вклучено:

  • ручек
  • дружење со камили (5 – 7 EUR во зависност од бројот на заинтересирани патници)

Casablanca City Tour & Rabat City Tour

Casablanca City Tour & Rabat City Tour
Цена: 65,00 EUR

Пристигнување во Казабланка - белиот град, како што посочува и самото име. Градот е основан од Португалците во 1755 година, а не од страна на Шпанците, како што многумина би помислиле заради името. Денес, Казабланка е најголемиот град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. Старата медина е препознатлива по својот лавиринтски стил, па губењето во истата е несомнено лесно и со одредена претпазливост ги откриваме убавините, доживувајќи го ритамот на секојдневниот живот, каде што децата трчаат по тесните улички и луѓето седат во кафулињата. Ќе се упатиме кон Кралската палата и џамијата на Хасан Втори се наоѓа во населбата La Corniche, шеталиште што се протега долж брегот на Казабланка. Се запознаваме со една од најимпресивните џамии и се смета дека има најголемо минаре во светот. Изградена е над Атлантскиот Океан, а морското дно е видливо од стаклениот под во големата сала. Претставува верски и културен комплекс и целата приказна започнала во средината на 1980-тите години кога кралот на Мароко, Хасан Втори, го признал значителниот недостаток на архитектонски и историски локалитети во Казабланка. Продолжуваме со познатиот Риков кафе - ресторан, бар и кафуле отворено во 2004 година со желба да потсеќа на Хамфри Богарт и Ингрид Бергман и филмскиот класик Казабланка. Сместен е во стар дворец, изграден по критериумите на старата Медина во Казабланка. Исполнет е со архитектонски и украсни детали кои потсетуваат на филмот - заоблени лакови, скулпторски бар, балкони и автентично Pleyel Пијано од 1930-тите години. 

По нашата авантура во Казабланка продолжуваме во Рабат -- главниот град на Мароко. Модерен главен град со крал, кој избрал да ја основа владата токму овде кога земјата станала независна во 1956 година. Во Рабат има посебен дел од градот, опкружен со sидови, кој ја формираат Кралската палата заедно со нејзината администрација. Го посетуваме мавзолејот на првиот марокански крал -- Мухамед V. Дизајнот и декорацијата на мавзолејот се неверојатен. Ова ремек дело на традиционалната мароканска уметност е препознатливо по своите бели ѕидови и зелениот покрив. Потоа, ќе се упатиме кон кулата на Хасан Втори, изградена од Алмохад. Недовршената Хасанска кула е дело на владетелот на Yaqub al-Mansura и требало да биде минаре според неговата визија за голема џамија на ова место. Се разбира, кога сме во Рабат, дефинитивно не треба да пропуштиме и старата медина. Се карактеризира со Андалузиски стил затоа што поголемиот дел од архитектурата потекнува од 17 век, кога пристигнале муслиманите од шпанскиот регион на Андалузија. Авантурата ја продолжуваме кон средновековниот град кој се наоѓа во срцето на Рабат - Челах. Урнатините на Челах се потпираат на римски град наречен Сала. На местото ќе видиме остатоци од римски мермерни столбови и статуи, често со латински натписи, како и остатоци од камени аквадукти кои функционирале со векови.

Во цената на излетот е вклучено:

  • стручен и лиценциран водич на англиски јазик
  • претставник од агенција
  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • влезница за џамијата Хасан II

Сместување

Hotel Imperial Plaza & Spa

Hotel Imperial Plaza & Spa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Imperial Plaza & Spa е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) во Маракеш, Мороко. Хотелот располага со руфтоп базен, ресторан, бар, фитнес и спа центар и летна тераса. Сите соби се пространи и располагаат сo сопствено купатило, минибар, фен за коса, телевизор со сателитски канали и сеф. 

Вебсајт https://www.hotel-imperialplaza.com/

Адреса Avenue Abdelkrime El Khatabi
40000 Marrakech
Morocco

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.