Дали сте спремни за автентичната Африканска авантура? Jungle племето ве носи во Намибија (Namibia), домот на племињата Бушмани, Дамари и Мамаци. Оваа земја со недопрена природа е светски извор на дијаманти, но и разни други руди.
На нашата необична авантура, една од главните бази за истражување ќе ни биде Свакопмунд (Swakopmund), каде ќе имаме прилика да ја истражиме и најстарата пустина на светот - Намиб. Оваа пустина ја раздвојува висорамнина во која лежи главниот град. Од пустината продолжуваме на преубавите плажи на Свакопмунд (Swakopmund) и уживаме во вистинска тропска атмосфера, а полниме и батерии за патувањето во Валвис Беј (Walvis bay), каде не чекаат разни адреналински активности.
Ја продолжуваме приказната на север, каде ќе имаме прилика да ја запознаеме и го доживееме автентичното секојдневие на веселите жители на Химбу племето, а потоа да уживаме во неверојатното сафари во Националниот Парк Етоша - некогашниот најголем резерват на животни во светот.
Дали сте спремни за животна авантура? На ова патување пристигнуваме како туристи, а заминуваме како светски патници.
Поаѓања
Патувања
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.