Насмеаното племе Jungle ве носи на Сејшели (Seychelles). Десет дена тропски рај каде ќе уживаме во најмекиот бел песок и во тиркизното пространство на Индискиот океан! Патувањето и доживувањето на Сејшели ќе го комплетираме со највкусните традиционални јадења и купување на рачни уметнички изработки и накит.
Ќе го научиме традиционалниот танц Сега, ќе се препуштиме на ритамот и ќе уживаме во енергијата на островот.
Сместени сме на најголемиот остров, Махе (Mahe).
Ќе го посетиме главниот град Викторија (Victoria) и ќе уживаме на најубавите и најфотогенични плажи на светот - Port Launay, Anse Major, Anse Lazio, Anse Source d'Argent, ќе уживаме во вкусот на најдобриот рум на светот во Такамака и ќе го посетиме Прале (Praslin), еден од најубавите острови на светот, а и La Dique, каде одблизу се запознаваме со неверојатната природа на овие гранитни и корални острови, џунглите, растителниот и животинскиот свет.
👉 Одберете го вашето совршено сместување:
Divers Lodge Guest House – Доколку сакате добра локација, комфорно сместување на сама плажа и да ги доживеете Сејшели на автентичен начин ова е вистинското сместување за Вас
Coral Strand 4* Hotel – Овој хотел е за сите кои сакаат поголем комфор збогатен со beach bar и базен.
Savoy Seychelles 5* Resort & Spa – Ова сместување е вистинскиот избор за сите кои уживаат во луксуз –ресорт кој што е најдобар меѓу најдобрите
10 посети вклучени во цената на аранжманот без разлика на хотелот што ќе го одберете!
- Код на патување
- SC3
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје 2 часа пред закажаното полетување за Истанбул. Лет за Истанбул во вечерните часови. Пристигнување во Истанбул.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Скопје
- Истанбул
Лет од Истанбул за Сејшели во утринските часови. Пристигнување на Сејшели во претпладневните часови. Добредојдовте во тропскиот рај! Организиран трансфер до сместувањето. Слободно време за одмор на плажа. Сејшели се сместени во Индиски океан, околу 1600 километри од источниот брег на Африка. Најголеми острови се Mahe, Praslin и La Digue. Поради положбата меѓу 4-тиот и 10-тиот степен на јужна географска ширина, островите се под тропска клима преку целата година. Прекрасни плажи, нереални бои и природа, тропски растенија и топли локалци.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Savoy Resort & Spa 5* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Истанбул
- Сејшели
Ден резервиран за капење и сончање на најубавите плажи на Сејшели! Првата станица ни е плажата Petite Anse, потоа Anse Soleil, па Anse Intendance. Се сончаме, бањаме и уживаме во локалните јадења и коктели во beach баровите. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Savoy Resort & Spa 5* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Го разгледуваме најголемиот национален парк на Сејшели - Морне, каде уживаме во локалната флора и фауна и одмараме на спектакуларните видиковци на островот. Потоа, продолжуваме со посета на некои од најубавите плажи на Махе - Port Glaud Lagoon и Port Launay каде ќе уживаме во зајдисонцето. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Savoy Resort & Spa 5* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Слободен ден или факултативен излет на плажата Anse Major, една од најубавите плажи на Махе. По излетот, враќање во сместувањето и слободно време. Ноќевање.
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Savoy Resort & Spa 5* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров - Praslin, втор по големина на Сејшели каде прво ќе го посетиме Valle de Mai.
Valle de Mai е “срцето на Praslin” и остаток од првобитните џунгли со палми на Сејшели. Често е опишуван како “рајска градина” благодарение на својата изолирана и мистична природа. Паркот е ставен под заштита уште во далечната 1966 година со преку 1400 стебла од уникатната палма Coco de Mer заради својата локација и уникатност. Во оваа недопрена џунгла, непроменета милиони години може да се пронајдат сите шест ендемски видови на палми од кои најпозната е Coco de Mer. Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови. Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг. – најголемиот и најтежок плод на светот. Палмата Coco de Mer е денес загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Valle de Mai е исто така дом на реткиот вид на папагал – црн папагал. Иако го носи тоа име, не е во потполност црн, туку повеќе кафеаво-сив. Многу се срамежливи и најчесто може само да се слушнат.
По разгледувањето на Praslin, се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, со прекрасни плажи, каде ќе бидете во допир со локалниот живот, La Digue е совршено место за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродроми, и со само мал број патни возила, ова е исклучително лежерно место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. Плажите на La Digue се нешто што не треба да се пропушти. Без разлика дали ги сакате долгите сводови на беспрекорен бел песок или убавото крајбрежје, врамено од масивни гранитни карпи, овие плажи го одземаат здивот. На југот на градот, во рамките на L'Union Estate, се наоѓа Anse Source D'Argent - најпознатата плажа на Сејшели. На оваа плажа има и парк каде можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Уникатниот спој на кристално чиста вода, бел песок и импресивни гранитни карпи носат вистинско уживање, кое сите долго ќе го паметат. Покрај тоа, тука ќе имаме можност да возиме традиционално камионче и да уживаме во вкусна креолска кујна.
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Savoy Resort & Spa 5* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Напуштање на собите во претпладневните часови и слободно време до поаѓање. Трансфер до аеродромот во Махе. Лет за Истанбул.
Превоз
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Пристигнување во Истанбул. Трансфер на лет за Скопје. Лет за Скопје. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Истанбул
- Скопје
Поаѓања и цени
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Што е вклучено
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4 Пример или Savoy Resort & Spa 5 Пример или Divers Lodge Guest House Seychelles Пример 5 ноќиПревоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
5 × Континентален појадокОстанато
- Пакет од 10 факултативи/активности на Сејшели
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Авторизација за влез на Сејшели (10 ЕУР)
- Туристичка такса за Сејшели која изнесува 5€ (за Divers Lodge) или 7€ (за Coral Strand Hotel/Savoy) од ноќевање/по лице.
Факултативни излети
Плажата Anse Major
Praslin и La Digue
Сместување
Savoy Resort & Spa 5*
Divers Lodge Guest House Seychelles
Coral Strand Smart Choice Hotel 4*
Останати поаѓања за Сејшели
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Корисни информации поврзани со услови за патување и влез во државата
Сите патници мораат да пополнат и Health Travel Authorization форма на https://seychelles.govtas.com/. Добивање на авторизацијата може да потрае до 9 часа, па патниците треба пополнувањето на оваа форма добро да го испланираат со времето на поаѓање. Таксата за авторизација се плаќа онлајн и истата чини 10 ЕУР по лице. Добиената авторизација се принта и се носи со вас на аеродром.
Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.