Сејшели Нова Година

Сејшели Нова Година

цена од
2.399
EUR ,00
сега од
1.999
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

Ја дочекуваме Новата 2025 на најегзотичните острови на #ЦЕЛСВЕТ!! Новогодишна авантура на Сејшели (Seychelles). Десет дена тропски рај каде ќе уживаме во најмекиот бел песок и во тиркизното пространство на Индискиот океан! Патувањето и доживувањето на Сејшели ќе го комплетираме со највкусните традиционални јадења и купување на рачни уметнички изработки и накит. 

Ќе го научиме традиционалниот танц Сега, ќе се препуштиме на ритамот и ќе уживаме во енергијата на островот.

Сместени сме на најголемиот остров, Махе (Mahe). 

Ќе го посетиме главниот град Викторија (Victoria) и ќе уживаме на најубавите и најфотогенични плажи на светот - Port Launay, Anse Major, Anse Lazio, Anse Source d'Argent, ќе уживаме во вкусот на најдобриот рум на светот во Такамака и ќе го посетиме Прале (Praslin), еден од најубавите острови на светот, а и La Dique, каде одблизу се запознаваме со неверојатната природа на овие гранитни и корални острови, џунглите, растителниот и животинскиот свет.

Посети вклучени во цената на аранжманот: 
1. Посета на главниот град Махе (Mahe) - Victoria City Tour 
2. Takamaka дестилеријата на рум 
3. Видиковецот Eden
4. Националниот парк Morne 
5. Плажата Port Launay 
6. Port Glaud Lagoon
7. Плажата Petite Anse
8. Плажата Anse Royale
9. Плажата Anse Soleil
10. Плажата Anse Intendance


Рута
Скопје
Истанбул
Сејшели
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка
Код на патување
SC11
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје 2 часа пред закажаното полетување за Истанбул. Лет за Истанбул во вечерните часови. Пристигнување во Истанбул.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Лет од Истанбул за Сејшели во утринските часови. Пристигнување на Сејшели во претпладневните часови. Добредојдовте во тропскиот рај! Организиран трансфер до сместувањето. Слободно време за одмор на плажа. Сејшели се сместени во Индиски океан, околу 1600 километри од источниот брег на Африка. Најголеми острови се Mahe, Praslin и La Digue. Поради положбата меѓу 4-тиот и 10-тиот степен на јужна географска ширина, островите се под тропска клима преку целата година. Прекрасни плажи, нереални бои и природа, тропски растенија и топли локалци.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Сејшели

Разгледување на островот Mahe - Главниот град Викторија, Дестилеријата Такамака, Видиковецот Еден и плажата Anse Royale. Го посетуваме главниот град Викторија, историскиот дел на градот. Шетајќи низ градот, уживаме во шареноликата слика која ја прават камените и дрвени куќи од раниот 20-ти век. Викторија има два главни центри - еден од нив е сместен околу “саат-кулата“ - реплика на Big Ben од Лондон која претствува симбол на Сејшелите. Вториот центар се карактеризира со пазарот Sir Selvin Selvin Clarke, кој е одалечен околу 5 минути пешкиод кулата со часовникот. Пазарот е изградено во 1840-та година, а го добива името по францускиот гувернер кој сам ги изградил штандовите за продажба на роба на локалните земјоделци и рибари. Овој пазар е навистина вреден за посета, поготово во сабота наутро, кога се нуди вистинската кошничка со производи - риба, зачини и егзотично овошје. Освен тоа, тука се наоѓа и кафич во кој можете да седннете и да ги впивате интензивните бои, звукови и мириси од пазарот, додека уживате во појадокот или ужинката. Едно од најпосетените места на Сејшелите и едно од омилените, посебно на фотографите, е шарениот хиндуистички храм кој се наоѓа во непосредна близина на пазарот. Оваа живописна градба во улицата Quincy Street е изградена во 1992-ра година и служи како место за молење на околу 5.000 Хиндуисти кои живеат во Викторија. Патниците кои сакаат, можат да ги соблечат патиките, да ги остават на влезот и да го посетат малиот храм. Следната станица ни е Видиковецот Еден од каде се отвора неверојатен поглед на Викторија. Продолжуваме до Дестилеријата Такамака, каде ќе се запознаеме со процесот на правење на најпознатиот Сејшелски рум. Остатокот од денот го поминуваме на една од рајските плажи на Сејшели - Anse Royale, каде ќе направиме супер фотографии. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ

Место

  • Сејшели

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го разгледуваме најголемиот национален парк на Сејшели - Морне, каде уживаме во локалната флора и фауна и одмараме на спектакуларните видиковци на островот. Потоа, продолжуваме со посета на некои од најубавите плажи на Махе - Port Glaud Lagoon и Port Launay каде ќе уживаме во зајдисонцето. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ

Место

  • Сејшели

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за капење и сончање на најубавите плажи  на Сејшели! Првата станица ни е плажата Petite Anse, потоа Anse Soleil, па Anse Intendance. Се сончаме, бањаме и уживаме во локалните јадења и коктели во beach баровите. Се враќаме во сместувањето. Слободно време и припрема за Новогодишната ноќ. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Неизбежно е да не си посакаме секоја наредна Нова Година да ја дочекаме на вакво магично место!!!

Сместување

Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ

Место

  • Сејшели

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров - Praslin, втор по големина на Сејшели каде прво ќе го посетиме Valle de Mai. 

Valle de Mai е “срцето на Praslin” и остаток од првобитните џунгли со палми на Сејшели. Често е опишуван како “рајска градина” благодарение на својата изолирана и мистична природа. Паркот е ставен под заштита уште во далечната 1966 година со преку 1400 стебла од уникатната палма Coco de Mer заради својата локација и уникатност. Во оваа недопрена џунгла, непроменета милиони години може да се пронајдат сите шест ендемски видови на палми од кои најпозната е Coco de Mer. Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови.  Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг. – најголемиот и најтежок плод на светот. Палмата Coco de Mer е денес загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Valle de Mai е исто така дом на реткиот вид на папагал – црн папагал. Иако го носи тоа име, не е во потполност црн, туку повеќе кафеаво-сив. Многу се срамежливи и најчесто може само да се слушнат. 

По разгледувањето на Praslin, се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, со прекрасни плажи, каде ќе бидете во допир со локалниот живот, La Digue е совршено место за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродроми, и со само мал број патни возила, ова е исклучително лежерно место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. Плажите на La Digue се нешто што не треба да се пропушти. Без разлика дали ги сакате долгите сводови на беспрекорен бел песок или убавото крајбрежје, врамено од масивни гранитни карпи, овие плажи го одземаат здивот. На југот на градот, во рамките на L'Union Estate, се наоѓа Anse Source D'Argent - најпознатата плажа на Сејшели. На оваа плажа има и парк каде можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Уникатниот спој на кристално чиста вода, бел песок и импресивни гранитни карпи носат вистинско уживање, кое сите долго ќе го паметат. Покрај тоа, тука ќе имаме можност да возиме традиционално камионче и да уживаме во вкусна креолска кујна. 

Во цената е вклучено: трансфери според предвидениот план и програм, ручек, локален водич на англиски јазик, влезница во Vallee de Mai.

Сместување

Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ

Место

  • Сејшели

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден или факултативен излет на плажата Anse Major, една од најубавите плажи на Махе. По излетот, враќање во сместувањето и слободно време. Ноќевање. 

Сместување

Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ

Место

  • Сејшели

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање и одмор. Можност за организација на факултативен излет во St. Anne Marine националниот парк кој претставува преубав мал архипелаг од кој некој од помалите острови се поврзани со песочни спрудови, па може од еден до друг да се помине и пешки. Плажите се подиви и зрачат со неверојатна убавина. Враќање во сместувањето. Ноеќвање.

Сместување

Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ

Место

  • Сејшели

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на собите во претпладневните часови и слободно време до поаѓање. Трансфер до аеродромот во Махе. Лет за Истанбул.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Сејшели

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул. Трансфер на лет за Скопје. Лет за Скопје. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Coral Strand Smart Choice Hotel 4 Пример или Divers Lodge Guest House Seychelles Пример 7 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × Континентален појадок

Останато

  • Пакет од 10 факултативи/активности на Сејшели

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Авторизација за влез на Сејшели (10 ЕУР)
  • Туристичка такса за Сејшели која изнесува 5€ (за Divers Lodge) или 7€ (за Coral Strand Hotel) од ноќевање/по лице.
  • Задолжителна новогодишна гала вечера во хотел која изнесува 180€ за возрасен/90€ за деца (0-11.99 години)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

СЕЈШЕЛИ - 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА

СЕЈШЕЛИ - 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА

  • Посета на главниот град Махе (Mahe) - Victoria City Tour 
  • ПОСЕТА НА ТАКАМАКА - ДЕСТИЛЕРИЈАТА ЗА РУМ
  • ВИДИКОВЕЦОТ ЕДЕН
  • НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МОРНЕ
  • Port Glaud Лагуната
  • Плажата Port Launay
  • Плажата Petite Anse
  • Плажата Anse Royale
  • Плажата Anse Soleil
  • Плажата Anse Intendance

Praslin и La Digue

Praslin и La Digue
Цена: 195,00 EUR

Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров Праслин (Praslin), втор по големина на Сејшели, каде ќе имаме можност да видиме Коко де Мер, едно од најголемите овошја во светот и симбол на Сејшелите! Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови.  Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг! Палмата Coco de Mer е денес загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Ja посетуваме и Anse Lazio, една од најпознатите плажи на Сејшели!

Потоа се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, недопрена природа и прекрасни плажи, La Digue е совршено место за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродром и само неколку возила, ова е многу опуштено место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. На југот на островот, во рамките на комплексот L'Union Estate, се наоѓа Anse Source D'Argent - најпознатата плажа на Сејшели, а и на #Цел Свет. На оваа плажа има и парк каде што можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Тиркизната вода и бел прашкаст песок со препознатливите и впечатливи гранитни карпи ќе направат никогаш да не го заборавите ова место кое буквално потсетува на рај! Ќе имаме можност да се возиме во традиционално камионче, но и во проѕирен кајак и да уживаме во вкусната креолска кујна!

Во цената на излетот е вклучено: трансфери според предвидениот план и програма, ручек (без дегустација на пијалоци), преставник од агенцијата, влезница на плажата Anse Source D'Argent

Плажата Anse Major

Плажата Anse Major
Цена: 65,00 EUR

Anse Major е една од најубавите плажи на Махе. Залив на северот на островот со две прекрасни бели корални плажи и слатководна лагуна. Плажата е мала, но прекрасна, со неколку палми и многу вегетација. Во водата може да влезете било каде долж песочната плажа, а гребенот во близина на плажата е погоден за нуркање. Овде може да видите најразлични видови риби кои се вбројуваат во најживописните видови кои живеат околу Махе. Факултативниот излет ќе се организира во попладневните часови. 

Цената на излетот вклучува: трансфер по предвидениот план и програма и ручек.

ST. ANNE MARINE NATIONAL PARK

ST. ANNE MARINE NATIONAL PARK
Цена: 85,00 EUR

Преубав мал архипелаг кој се наоѓа источно од Махе. Некои од овие острови се поврзани со песочни спрудови кои за време на осеката даваат посебна убавина и можност пешки да шетаме од остров до остров. Плажите се подиви, а локалците ни подготвуваат храна, со што дополнително ни ги “доловуваат“ убавините на овој архипелаг. Ќе имаме прилика да се сретнеме со разноврсен подводен свет, а ќе уживаме и во панорамска разгледување од самиот брод.

Цената на излетот вклучува: трансфер со брод со проѕирно дно, ручек, влезница во националниот парк, сноркелинг (на две места) и локален водич.

Сместување

Divers Lodge Guest House Seychelles

Divers Lodge Guest House Seychelles
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Divers Lodge Guest House е приватен мал Хотел/Guesthouse на Северниот брег на Островот Махе на Сејшели. Централно е лоциран на неколку метри од познатата плажа Beau Vallon Beach. Имотот е опколен со тропска атмосфера, а генерално сите соби имаат поглед кон океанот и имаат балкон. Собите се двокреветни и располагаат со приватен тоалет, клима уред, фрижидерче, електричен kettle, ТВ со локални канали и бесплатен Wi-Fi. 

Услугата е на база ноќевање со појадок!

Вебсајт https://www.diverslodgeseychelles.com/

Адреса Beau Vallon
Mare Anglaise
Mahe
Seychelles

Coral Strand Smart Choice Hotel 4*

Coral Strand Smart Choice Hotel 4*
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Coral Strand Smart Choice Hotel е сместувачки објект на Сејшели со **** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок, полу-пансион или полн пансион.

Вебсајт https://coralstrand.com/

Адреса Beau Vallon Bay
Beau Vallon
Seychelles

Останати поаѓања за Африка

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.