Занзибар Beach Adventure и Дубаи

Занзибар Beach Adventure и Дубаи

цена од
1.549
EUR ,00
сега од
1.249
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

Кој е за совршена авантура? Патување кое е комбинација на нашите две најпопуларни дестинации - Занзибар и Дубаи! 

Нашата авантура ја започнуваме на Занзибар -- островот кој е синоним за рај и хедонизам! Најпрво се сместуваме во Паџе поради неговата неверојатна атмосфера која ќе ве остави без здив, неговите преубави ресторани во бохо стил кои не потсетуваат на Тулум и навидум бесконечната плажа со прашкаст бел песок и тиркизно море. Но, и поради неговата местоположба на островот, Паџе е блиску до сите најважни работи кои факултативно не смееме да ги пропуштиме. Деновите ни се исполнети со многу плажирање на различни егзотични плажи, песочни дини и пусти острови. Ви ветуваме дека Паџе и неговата незаборавна атмосфера ќе останат во вашите спомени доживотно. Патувањето го продолжуваме на северот на Занзибар во Кендва (Kendwa) - по сите стандарди и форуми, најубавата плажа на Занзибар - со бел прашкаст песок, палми и нереално тиркизна вода, каде плимата и осеката воопшто не се изразени, па преку цен ден можеме да уживаме и да се бањаме во ова парче рај. Плажа која се носи рамо до рамо со најдобрите плажи на Малдиви! Десетици барчиња и клубови на плажа, добра храна, ефтино пиво и Конаги - локална ракија од шекерна трска, еден од најпознатите производи на Танзанија. Хотелите кои ги работиме се на сама плажа. Нашите денови се исполнети со прекрасни плажи, адреналин и авантура! 

Потоа продолжувам во Дубаи. Со својата смела архитектура и врвен стил, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Дубаи претставува град на невозможното и најдоброто!!! На кратко во Дубаи се е НАЈ!! — НАЈвисоката зграда, НАЈголемата рамка, НАЈголемиот аквариум, НАЈголемата фонтана, НАЈголемиот златен ланец, и може да редиме уште стотици други работи кои го прават Дубаи најдобар! Дубаи не само што ја исполнува својата репутација како најдобриот град на #целсвет туку и целосно ќе ги надмине вашите очекувања. Се сместуваме во совршен хотел со 4* и infinity pool од каде го гледаме хоризонтот на Downtown Dubai. Имаме слободен ден да ја посетиме највисоката зграда на #целсвет -- Burj Khalifa, да прошетаме во Downtown Dubai и Dubai Marina, да одиме на шопинг во најмодерниот шопинг центар на #целсвет -- Dubai Mall, и вечерта да излеземе на некоја журка или пак на романтична вечера во градот кој никогаш не спие!!

Звучи совршено нели? 


Рута
Скопје
Софија
Дубаи
Паџе (Paje)
Кендва (Kendwa)
Дубаи
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Вила
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Дубаи, Занзибар, Танзанија
Код на патување
TZ46
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија за Дубаи со Fly Dubai, пристигнување во Дубаи. Преседнување на лет за Занзибар. Авантурата може да започне! 

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
  • Авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Дубаи

Пристигнуваме на Занзибар (Zanzibar) во раните утрински часови и имаме трансфер до сместувањето во Паџе (Paje), туристичко место на источниот дел на островот. Паџе е живо, но сепак спокојно место, познато по својата неверојатна природна убавина, преубави ресторани во бохо стил и навидум бесокнечна плажа со прашкаст бел песок и тиркизни води. Пристигнуваме во Паџе од 8-9 часот наутро. Можност и за ран check-in (регуларен check-in е во 14:00 часот), доколку нашите соби се спремни и во нив нема туристи кои заминуваат истиот ден. Во меѓувреме одиме во Mr. Kahawa, lounge бар на самата плажа -- пиеме кафе и имаме информативен состанок со нашиот претставник од агенцијата кој ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.) Oстатокот од времето го поминуваме на лежалка, комплетно опуштени, уште во неверување каде се наоѓаме :) По check-in се освежуваме и започнуваме со нашиот прв излет -- Paje Village Tour. Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој иако не е толку развиен како северниот, има еден посебен шмек. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови со одлична храна и музика. Овој дел, многумина ги потсетува на Тулум, Мексико. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Подобро се запознаваме со нашиот "нов дом" 

Вечерта излегуваме во некои од локалните клубови. Пазиме колку пиеме бидејќи веќе од следниот ден ни почнува незаборавна авантура, исполнета со многу плажа, пливање и нови искуства!

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Дубаи - Занзибар (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hakuna Matata или Frangi'pwani 1 ноќ

Место

  • Дубаи
  • Паџе (Paje)

Факултативни излети

Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор... Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town се упатуваме со бродче кон островчето Bawe. Корален остров опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни шарени рипчиња. Јаготката на шлагот е Накупенда! Песочен насип од околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето во Паџе.

Сместување

Hakuna Matata или Frangi'pwani 1 ноќ

Место

  • Паџе (Paje)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Започнуваме со пливање во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлични шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа продолжуваме до ресторанот The Rock, кој се наоѓа на Michamwi Pinge плажата. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Уживаме во локалната кујна, морските плодови и секако, локалното вино, кое се служи овде. Од терасата гледаме во далечината, каде се шири Индискиот океан. Чист хедонизам. По ручекот и фотографирање со карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови, Kae Funk. Уживаме целото попладне во капење и пиење коктели на самиот брег. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме зајдисонцето во Донгве (Dongwe), кое е навистина магично на Занзибарскиот брег.

Сместување

Hakuna Matata или Frangi'pwani 1 ноќ

Место

  • Паџе (Paje)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се будиме рано наутро кога делфините се најактивни и кога имаме најголема шанса да ги видиме и да пливаме со нив! Се возиме до селото Кизимкази (Kizimkazi) -- во ова село има најголема шанса да забележиме делфини на цел остров (9/10 посети). Се дружиме со најмилите жители на океанот и продолжуваме кон плажата Мтенде на југоисточниот дел на островот - скриен залив со плажа на која може да се плива за време на плима и осека (во природни базени). Продолжуваме кон ресторанот Usumba Rock -- уникатен ресторан изграден од дрво на самата карпа. За време на плима овој ресторан е целосно опколен од океанот и можеме да стигнеме само преку мост од врвот на карпата, а за време на осека можеме и од самата плажа. Попатно, поминуваме низ „авенијата“ на познатите и уникатните баобабови дрвја. Продолжуваме во џунглата со зачини! Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини.  

Нашата целодневна авантура ја завршуваме со трансфер до Кендва (Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободно време за уживање во Кендва и вечерно излегување во некој од локалните барови и ресторани. 

Сместување

Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ

Место

  • Паџе (Paje)
  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите. 

За оние кои се расположени за авантура, има можност за еднодневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.

Сместување

Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Денот ни започнува со нова авантура наречена Blue Safari. На овој факултативен и излет ги посетуваме најубавите плажи на островот и одиме на нуркање. Се возиме со традиционални едрилици кои се карактеристични за овој остров. Посетуваме песочни насипи кои исчезнуваат кога ќе си поиграат плимата и осеката. 

Сместување

Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Танзанија е земја богата со преку 120 различни племиња, секое племе со свои цели, традиции и карактеристики. Го посетуваме културниот центар на најпознатото племе во Танзанија - Масаи (Maasai) . Учиме за нивната историја, традиции и нивниот специфичен начин на животот. Дознаваме кои се тие, како стануваат воини, што јадат, каква е распределбата на работните задачи во нивните полигамни семејства, и по што го прави нивното племе уникатно. Имаме можност да влеземе во нивните автентични куќи, кои се изградени од кал, дрво и кравји измет. Интересен факт е дека нивните куќи ги градат жените, по стапување во брак. Мажите од племето не учат како рачно да запалиме оган користејќи само дрво, имаме шанса да се облечеме во нивната традиционална облека - шука, а нивните воини ќе не учат да користиме лак и стрела. Нашата посета ја завршуваме со традиционален Масаи танц, на кој можеме да се придружиме и да се чувствуваме како дел од племето!

Сместување

Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Утрински трансфер до аеродромот во Stone Town и лет од Занзибар до Дубаи. Пристигнуваме во Дубаи во попладневните часови и трансфер до сместувањето.

Препорачуваме да го посетите Dubai Mall еден од најголемите шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еквивалентна на 200 стадиони. Дефинитивно не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот… Неизбежна е Burj Khalifa, највисоката зграда на #целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди. Fun fact: Burj Khalifa е толку висока што сонцето заоѓа 2-4 минути подоцна на повисоките спратови. Имате можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат. Каде имаме панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Кулминација се танцувачките фонтани! Највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Може да го посетите и Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот. Вечерта препорачуваме прошетка во Dubai Marina, коктел во некој руфтоп бар или некој од ноќните клубови во Дубаи!!

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Занзибар – Дубаи (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од сместувањето до аеродром

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)
  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Утрински трансфер од сместувањето до аеродром и лет од Дубаи до Софија. Пристигнуваме во Софија во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Дубаи - Софија (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.

Место

  • Дубаи
  • Софија
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hakuna Matata Пример или Frangi'pwani Пример 3 ноќи
Mocco Beach Villas Пример или Sunset Kendwa Пример 4 ноќи
Al Khoory Courtyard Hotel Пример 1 ноќ

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
  • Авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Дубаи - Занзибар (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Занзибар – Дубаи (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Дубаи - Софија (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.

Храна

8 × Континентален појадок

Останато

  • Виза за влез во Дубаи

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)
  • Еко такса за Занзибар која изнесува: 2$ (Hakuna Matata, Frangi'pwani) и 4$ (Jambo Beach Hotel, Mocco Beach Villa, Sunset Kendwa) дневно по лице.
  • Туристичка такса за Дубаи која изнесува 4.08$ дневно по соба (или 2.04$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Паџе Village Tour

Паџе Village Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

*** ИЗЛЕТОТ Е ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ ***

Паџе е неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој има еден посебен шмек. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови со одлична храна и музика. Овој дел, многумина ги потсетува на Тулум, Мексико.  Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарското небо, уште помагично. Подобро се запознаваме со нашиот "нов дом", а вечерта завршуваме на пијачка во еден од нашите омилени барови на Паџе!

Занзибар Beach Adventure - пакет излети

Занзибар Beach Adventure - пакет излети
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 250,00 USD

1. Stone Town - City Tour, Bawe Island Snorkeling и Накупенда

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Веднаш до тврдината се наоѓа и ја гледаме “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ќе ја видиме и една од најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. Имаме време за шопинг на суверини и уживање во овој интересен Африкански град!

По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон островчето Bawe. Корален остров опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни шарени рипчиња. Одиме во авантура на која ќе го истражуваме најинтересниот подводен свет на Занзибар.

За крај на нашата авантура е Накупенда! Песочен насип од околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено Овој ден, постои можност да правиме “скара“ на Накупенда и да ручаме морски плодови и највкусен органски “помфрит“. Ручекот го договараме со нашиот претставник на дестинацијата. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Забораваме на сите проблеми. Совршен ден на Занзибар!

Вклучено е: локален водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.

Вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма, овошје, вода и “сокчиња“ на Накупенда.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 65$ 

_____________________________________________________________________________________________________________

2. Селото Мтенде, плажата Мтенде и Џунгла со зачини.

По појадок тргнуваме кон една од најуникатните места и дефинитивно must-see место на Занзибар -- Мтенде. Попатно, поминуваме низ „авенијата“ на познатите баобабови дрвја. Пристигнуваме до селото Мтенде -- традиционално село на Занзибар, каде се запознаваме со секојдневниот живот на локалци. Гостопримливите локалци не покануваат на дружба во нивните домови, каде нѐ учат за нивниот начин на живот -- дали знаете како од влакното на кокос може да направиме јаже? Потоа имаме краток час по готвење -- каде учиме како да направиме некои од највкусните Занзибарски специјалитети. Нашата авантура продолжува до една од најегзотичните плажи на Занзибар -- плажата Мтенде, скриен залив со плажа на која може да се плива за време на плима и осека (во природни базени). А на оваа плажа се наоѓа и ресторанот Usumba Rock -- уникатен ресторан изграден од дрво на самата карпа. За време на плима овој ресторан е целосно опколен од океанот и можеме да стигнеме само преку мост од врвот на карпата, а за време на осека можеме и од самата плажа. Нашата следна авантура е џунглата со зачини. Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видиме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 75$ 

_____________________________________________________________________________________________________________

3. Blue сафари

Зборот сафари на свахили значи патување, а во останатиот дел од светот е збор кој симболизира патување за кое вреди да се живее. На излетот Blue safari одиме на авантура низ бескрајното синило на Занзибарските плажи и спрудови, познати по кристално белиот и ситен песок. Над нас е синото небо, а околу нас индискиот океан со целата своја величенственост. Пловиме со традиционалните “dhow” чамци со кои Занзибарците пловат веќе стотици години и уживаме во бистрата тиркизна вода, тропското сонце, егзотичното овошје и магичните мали островчиња од Занзибарскиот архипелаг. Од Паџе се упатуваме кон полуостровот Фумба, каде што нѐ чекаат нашиот чамец, капетан и опрема за снорклинг. Се качуваме на чамците и поаѓаме. По кратко време сите го наоѓаме нашиот зен на чамците и потонуваме во мир и тивкиот хедонизам на “хакуна матата” животот. Набрзо пристигнуваме до песочен насип, кој за време на плимата, станува пуст остров, од сите страни опкружен со вода, идеален за сончање и пливање во нереално сината вода која сите нас нѐ мами. Нашите насмеани локалци, кои не придружуваат на ова патување, нѐ послужуваат со тропско овошје како освежување и подготовка за ручекот кој нѐ очекува. По капењето и уживањето на оваа плажа, се враќаме во нашиот чамец и се упатуваме кон отворено море, каде што го истражуваме подводниот свет на Занзибар. Време е за снорклинг! Разнобојни тропски рипчиња (како Немо) и корали, го прават овој дел од нашиот излет посебен. По снорклингот, се возиме со чамецот до најголемиот остров кој ќе го посетиме овој ден – Kwale. Островот е дом на едно од најнеобичните и најстарите баобаб стебла на Занзибар. На островот Кwale уживаме во локален ручек кој се состои од разновидни морски плодови, ориз и помфрит. По ручекот, посетуваме две лагуни. Првата се наоѓа на другата страна на островот Kwale, а втората, на околу 20 минути одалеченост од овој остров. Во прашање е отворена лагуна со мала плажа, која е воглавно напуштена – како од рајот. Тука уште малку уживаме на плажа, се сончаме и правиме незаборавни фотографии, по што се враќаме на местото на поаѓање. Овој пат патуваме низ ветерот и ги отвараме нашите едра! Патуваме како што морнарите патувале со векови – само со помош на ветерот, дрвата и платната. Сега, кога сѐ што се слуша е водата под налетот на нашиот чамец и местимичното затегање на јажињата, дозволуваме новонастанатиот мир да нѐ хипнотизира и тивко испрати до нашето пристаниште, каде што нашата авантура завршува. 

Вклучено е: превоз до местото на поаѓање на излетот и назад, возење со чамец, опрема за снорклинг (маска со цевка и пераи), дегустација на овошје, ручек и безалкохолни пијалоци (вода и газирани сокови), услуги од локален водич и нашиот претставник од агенцијата.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 65$

_____________________________________________________________________________________________________________

4. Blue Lagoon, Ресторан The Rock, Kae Funk 

Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Одиме на авантура каде пливаме во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа одиме до ресторанот The Rock каде имаме доволно време да се сликаме, па продолжуваме до “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;)

Вклучено: водич на англиски јазик, сите влезници и организиран превоз по предвидениот план и програма.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 60$

_____________________________________________________________________________________________________________

ЦЕНА НА СИТЕ ИЗЛЕТИ ЗАЕДНО ВО ПАКЕТ: 250$

Островот Mnemba, пливање со делфини & Maasai Village

Островот Mnemba, пливање со делфини & Maasai Village
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 60,00 USD

*** ИЗЛЕТОТ Е БЕСПЛАТЕН ЗА СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ ЌЕ УПЛАТАТ ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ***

Добредојдовте на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Главната цел на овој излет е пливањето со делфини, кое никогаш нема да го заборавиме. Продолжуваме кон Танзанија е земја богата со преку 120 различни племиња, секое племе со свои цели, традиции и карактеристики. Го посетуваме културниот центар на најпознатото племе во Танзанија - Масаи (Maasai). Учиме за нивната историја, традиции и нивниот специфичен начин на животот. Дознаваме кои се тие, како стануваат воини, што јадат, каква е распределбата на работните задачи во нивните полигамни семејства, и по што го прави нивното племе уникатно. Имаме можност да влеземе во нивните автентични куќи, кои се изградени од кал, дрво и кравји измет. Интересен факт е дека нивните куќи ги градат жените, по стапување во брак. Мажите од племето не учат како рачно да запалиме оган користејќи само дрво, имаме шанса да се облечеме во нивната традиционална облека - шука, а нивните воини ќе не учат да користиме лак и стрела. Нашата посета ја завршуваме со традиционален Масаи танц, на кој можеме да се придружиме и да се чувствуваме како дел од племето!

Сместување

Hakuna Matata Boutique Hotel

Hakuna Matata
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hakuna Matata е boutique хотел кој се наоѓа на неколку чекори од плажа и на само 5 минути од центарот на Паџе. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, балкон, фрижидер и клима уред/вентилатор. Собите се чисти и едноставно уредени. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Вебсајт https://www.hakunamatatapaje.com/

Адреса Paje Beach
Paje
Tanzania

Frangi'pwani Boutique Hotel

Frangi'pwani
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Frangi'pwani е boutique хотел во Паџе, Занзибар. Се наоѓа на само неколку чекори од плажата во Паџе и е централно лоциран до сите најдобри барови и ресторани. Хотелот располага со сопствен базен, лежалки, градина, ресторан, pool бар и спа. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Секоја соба има клима уред, TV и телефон. Хотелот располага со базен, ресторан и roof-top тераса.

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.frangipwani.com/

Адреса Paje Beach Road Paje TZ
00000
Tanzania

Mocco Beach Villas ***

Mocco Beach Villas ***
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Одличната локација на Mocco Beach Villa и познатата релаксирана атмосфера го прават идеално место за одмор. Без разлика дали ќе уживате на плажа или ќе нурнете во длабочините на Индискиот Океан, Mocco Beach Villa претставува неописливо бегство од островот. Mocco Beach Villa има приватен дел на плажа, а објекти за спортови на вода и изнајмување велосипеди се достапни на лице место. Вилата располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://moccobeachvilla.co.tz/

Адреса 67WQ+259
Kendwa
Tanzania

Sunset Kendwa

Sunset Kendwa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Sunset Kendwa 4* по локална категоризација е хотел со кој соработуваме преку 10 години и од кој не сме имале незадоволен патник. Вредноста која ја добивате тука е огромна! Sunset Kendwa е лоциран на најубавиот дел од најубавата плажа на Занзибар - Kendwa. Плимата и осеката во овој дел на Занзибар скоро и да не се изразени, па можеме да уживаме во белиот песок и тиркизно синиот океан преку целиот ден! Сите гости имаат на располагање и приватни лежалки. Во склоп на хотелот има бар, ресторан и базен, на самата плажа. Собите се двокреветни или трокреветни со приватен тоалет, клима уред, сеф, фрижидерче, балкон, фен за коса и бесплатен Wi-Fi интернет. 

Вебсајт https://www.sunsetkendwa.com/

Адреса Kendwa Beach
3546 Kendwa
Zanzibar Tanzania

Al Khoory Courtyard Hotel

Al Khoory Courtyard Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Al Khoory Courtyard Hotel се наоѓа во Al Qouz областа во Дубаи. Хотелот се наоѓа на совршена местоположба -- на само 15 минути со такси од Downtown Dubai и Dubai Marina (најживите и најважните области во Дубаи). Имајте на ум дека такси превозот во Дубаи е многу евтин -- од 2-5 евра од човек во еден правец. Дополнително, Al Qouz е област позната по живописни уметнички и културни центри, уметнички галерии, безброј ресторани и хипстерски кафулиња. А доколку сте фанови на уметност во слободно време дефинитивно прошетајте по една од најпознатите авении во Дубаи — Alserkal, која е домот на 13 меѓународни уметнички галерии и безброј уникатни кафулиња!

Хотелот располага со прекрасна руфтоп тераса и infinity базен со панорамски поглед на Дубаи, два ресторани, комплетно опремен фитнес центар, велнес и спа центри идеални за вашата релаксација.

Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Дополнително сите соби имаат и мини-бар, електричен kettle и сеф. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://alkhooryhotels.com/courtyard/

Адреса Al Waha St - Al Quoz - Al Quoz 3 - Dubai - United Arab Emirates

Останати поаѓања за Занзибар

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.