Кој е за совршена авантура? Патување кое е комбинација на нашите две најпопуларни дестинации - Занзибар и Дубаи!
Нашата авантура ја започнуваме на Занзибар -- островот кој е синоним за рај и хедонизам! Најпрво се сместуваме во Паџе поради неговата неверојатна атмосфера која ќе ве остави без здив, неговите преубави ресторани во бохо стил кои не потсетуваат на Тулум и навидум бесконечната плажа со прашкаст бел песок и тиркизно море. Но, и поради неговата местоположба на островот, Паџе е блиску до сите најважни работи кои факултативно не смееме да ги пропуштиме. Деновите ни се исполнети со многу плажирање на различни егзотични плажи, песочни дини и пусти острови. Ви ветуваме дека Паџе и неговата незаборавна атмосфера ќе останат во вашите спомени доживотно. Патувањето го продолжуваме на северот на Занзибар во Кендва (Kendwa) - по сите стандарди и форуми, најубавата плажа на Занзибар - со бел прашкаст песок, палми и нереално тиркизна вода, каде плимата и осеката воопшто не се изразени, па преку цен ден можеме да уживаме и да се бањаме во ова парче рај. Плажа која се носи рамо до рамо со најдобрите плажи на Малдиви! Десетици барчиња и клубови на плажа, добра храна, ефтино пиво и Конаги - локална ракија од шекерна трска, еден од најпознатите производи на Танзанија. Хотелите кои ги работиме се на сама плажа. Нашите денови се исполнети со прекрасни плажи, адреналин и авантура!
Потоа продолжувам во Дубаи. Со својата смела архитектура и врвен стил, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Дубаи претставува град на невозможното и најдоброто!!! На кратко во Дубаи се е НАЈ!! — НАЈвисоката зграда, НАЈголемата рамка, НАЈголемиот аквариум, НАЈголемата фонтана, НАЈголемиот златен ланец, и може да редиме уште стотици други работи кои го прават Дубаи најдобар! Дубаи не само што ја исполнува својата репутација како најдобриот град на #целсвет туку и целосно ќе ги надмине вашите очекувања. Се сместуваме во совршен хотел со 4* и infinity pool од каде го гледаме хоризонтот на Downtown Dubai. Имаме слободен ден да ја посетиме највисоката зграда на #целсвет -- Burj Khalifa, да прошетаме во Downtown Dubai и Dubai Marina, да одиме на шопинг во најмодерниот шопинг центар на #целсвет -- Dubai Mall, и вечерта да излеземе на некоја журка или пак на романтична вечера во градот кој никогаш не спие!!
Звучи совршено нели?
- Код на патување
- TZ46
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија за Дубаи со Fly Dubai, пристигнување во Дубаи. Преседнување на лет за Занзибар. Авантурата може да започне!
Превоз
- Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
- Авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Скопје
- Софија
- Дубаи
Пристигнуваме на Занзибар (Zanzibar) во раните утрински часови и имаме трансфер до сместувањето во Паџе (Paje), туристичко место на источниот дел на островот. Паџе е живо, но сепак спокојно место, познато по својата неверојатна природна убавина, преубави ресторани во бохо стил и навидум бесокнечна плажа со прашкаст бел песок и тиркизни води. Пристигнуваме во Паџе од 8-9 часот наутро. Можност и за ран check-in (регуларен check-in е во 14:00 часот), доколку нашите соби се спремни и во нив нема туристи кои заминуваат истиот ден. Во меѓувреме одиме во Mr. Kahawa, lounge бар на самата плажа -- пиеме кафе и имаме информативен состанок со нашиот претставник од агенцијата кој ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.) Oстатокот од времето го поминуваме на лежалка, комплетно опуштени, уште во неверување каде се наоѓаме :) По check-in се освежуваме и започнуваме со нашиот прв излет -- Paje Village Tour. Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој иако не е толку развиен како северниот, има еден посебен шмек. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови со одлична храна и музика. Овој дел, многумина ги потсетува на Тулум, Мексико. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Подобро се запознаваме со нашиот "нов дом"
Вечерта излегуваме во некои од локалните клубови. Пазиме колку пиеме бидејќи веќе од следниот ден ни почнува незаборавна авантура, исполнета со многу плажа, пливање и нови искуства!
Превоз
- Авио билет со сите такси на релација Дубаи - Занзибар (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместувањето
Сместување
Hakuna Matata или Frangi'pwani 1 ноќ
Место
- Дубаи
- Паџе (Paje)
Факултативни излети
Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор... Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town се упатуваме со бродче кон островчето Bawe. Корален остров опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни шарени рипчиња. Јаготката на шлагот е Накупенда! Песочен насип од околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето во Паџе.
Сместување
Hakuna Matata или Frangi'pwani 1 ноќ
Место
- Паџе (Paje)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Овој ден одиме во посета на основно училиште на Занзибар каде ќе се запознаеме со нивниот образовен систем, ќе имаме шанса да се фотографираме со дечињата, но и да донираме работи кои секако ќе им бидат од огромно значење. Потоа продолжуваме со разгледување на “селцето", па имаме слободно време да се плажираме -- уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерта излегуваме во некои од beach баровите во Паџе, пиеме по некое Килиманџаро или коктел и уживаме на едно од најживите места на #целсвет!
Сместување
Hakuna Matata или Frangi'pwani 1 ноќ
Место
- Паџе (Paje)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Започнуваме со пливање во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлични шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа продолжуваме до ресторанот The Rock, кој се наоѓа на Michamwi Pinge плажата. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Уживаме во локалната кујна, морските плодови и секако, локалното вино, кое се служи овде. Од терасата гледаме во далечината, каде се шири Индискиот океан. Чист хедонизам. По ручекот и фотографирање со карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови, Kae Funk. Уживаме целото попладне во капење и пиење коктели на самиот брег. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме зајдисонцето во Донгве (Dongwe), кое е навистина магично на Занзибарскиот брег.
Сместување
Hakuna Matata или Frangi'pwani 1 ноќ
Место
- Паџе (Paje)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Се будиме рано наутро кога делфините се најактивни и кога имаме најголема шанса да ги видиме и да пливаме со нив! Се возиме до селото Кизимкази (Kizimkazi) -- во ова село има најголема шанса да забележиме делфини на цел остров (9/10 посети). Се дружиме со најмилите жители на океанот и продолжуваме кон плажата Мтенде на југоисточниот дел на островот - скриен залив со плажа на која може да се плива за време на плима и осека (во природни базени). Продолжуваме кон ресторанот Usumba Rock -- уникатен ресторан изграден од дрво на самата карпа. За време на плима овој ресторан е целосно опколен од океанот и можеме да стигнеме само преку мост од врвот на карпата, а за време на осека можеме и од самата плажа. Попатно, поминуваме низ „авенијата“ на познатите и уникатните баобабови дрвја. Продолжуваме во џунглата со зачини! Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини.
Нашата целодневна авантура ја завршуваме со трансфер до Кендва (Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободно време за уживање во Кендва и вечерно излегување во некој од локалните барови и ресторани.
Сместување
Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ
Место
- Паџе (Paje)
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите.
За оние кои се расположени за авантура, има можност за еднодневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.
Сместување
Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ
Место
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Денот ни започнува со нова авантура наречена Blue Safari. На овој факултативен и излет ги посетуваме најубавите плажи на островот и одиме на нуркање. Се возиме со традиционални едрилици кои се карактеристични за овој остров. Посетуваме песочни насипи кои исчезнуваат кога ќе си поиграат плимата и осеката.
Сместување
Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ
Место
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Танзанија е земја богата со преку 120 различни племиња, секое племе со свои цели, традиции и карактеристики. Го посетуваме културниот центар на најпознатото племе во Танзанија - Масаи (Maasai) . Учиме за нивната историја, традиции и нивниот специфичен начин на животот. Дознаваме кои се тие, како стануваат воини, што јадат, каква е распределбата на работните задачи во нивните полигамни семејства, и по што го прави нивното племе уникатно. Имаме можност да влеземе во нивните автентични куќи, кои се изградени од кал, дрво и кравји измет. Интересен факт е дека нивните куќи ги градат жените, по стапување во брак. Мажите од племето не учат како рачно да запалиме оган користејќи само дрво, имаме шанса да се облечеме во нивната традиционална облека - шука, а нивните воини ќе не учат да користиме лак и стрела. Нашата посета ја завршуваме со традиционален Масаи танц, на кој можеме да се придружиме и да се чувствуваме како дел од племето!
Сместување
Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ
Место
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Утрински трансфер до аеродромот во Stone Town и лет од Занзибар до Дубаи. Пристигнуваме во Дубаи во попладневните часови и трансфер до сместувањето.
Препорачуваме да го посетите Dubai Mall еден од најголемите шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еквивалентна на 200 стадиони. Дефинитивно не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот… Неизбежна е Burj Khalifa, највисоката зграда на #целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди. Fun fact: Burj Khalifa е толку висока што сонцето заоѓа 2-4 минути подоцна на повисоките спратови. Имате можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат. Каде имаме панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Кулминација се танцувачките фонтани! Највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Може да го посетите и Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот. Вечерта препорачуваме прошетка во Dubai Marina, коктел во некој руфтоп бар или некој од ноќните клубови во Дубаи!!
Превоз
- Трансфер од сместување до аеродром
- Авиобилет со сите такси на релација Занзибар – Дубаи (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од сместувањето до аеродром
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ
Место
- Кендва (Kendwa)
- Дубаи
Храна
- Континентален појадок × 1
Утрински трансфер од сместувањето до аеродром и лет од Дубаи до Софија. Пристигнуваме во Софија во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Авиобилет со сите такси на релација Дубаи - Софија (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.
Место
- Дубаи
- Софија
- Скопје
Храна
- Континентален појадок × 1
Поаѓања и цени
Што е вклучено
Сместување
Hakuna Matata Пример или Frangi'pwani Пример 4 ноќиMocco Beach Villas Пример или Sunset Kendwa Пример 4 ноќи
Al Khoory Courtyard Hotel Пример 1 ноќ
Превоз
- Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
- Авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
- Авио билет со сите такси на релација Дубаи - Занзибар (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместувањето
- Трансфер од сместување до аеродром
- Авиобилет со сите такси на релација Занзибар – Дубаи (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Авиобилет со сите такси на релација Дубаи - Софија (Fly Dubai), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.
Храна
9 × Континентален појадокОстанато
- Виза за влез во Дубаи
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)
- Еко такса за Занзибар која изнесува: 2$ (Hakuna Matata, Frangi'pwani) и 4$ (Jambo Beach Hotel, Mocco Beach Villa, Sunset Kendwa) дневно по лице.
- Туристичка такса за Дубаи која изнесува 4.08$ дневно по соба (или 2.04$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.
Галерија
Факултативни излети
Занзибар Beach Adventure - пакет излети
Посета на основно училиште на Занзибар
Островот Mnemba, пливање со делфини & Maasai Village
Сместување
Hakuna Matata Boutique Hotel
Frangi'pwani Boutique Hotel
Mocco Beach Villas ***
Sunset Kendwa
Al Khoory Courtyard Hotel
Останати поаѓања за Занзибар
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.