Одиме на Занзибар, Hakuna Matata!
Авантура која дефинитивно ќе ја паметите доживотно – време е за Занзибар Beach Adventure!!!
На оваа програма, првите денови се сместуваме во Паџе – најживото место на Занзибар со многу барови, ресторани и бутик хотелчиња по должината на целата плажа. Паџе е центарот на истокот и најразвиеното место на овој дел на островот. Но зошто се сместуваме на Паџе?
Најпрво се сместуваме во Паџе поради неговата неверојатна атмосфера која ќе ве остави без здив, неговите преубави ресторани во бохо стил кои не потсетуваат на Тулум и навидум бесконечната плажа со прашкаст бел песок и тиркизно море. Но, и поради неговата местоположба на островот, Паџе е блиску до сите најважни работи кои факултативно не смееме да ги пропуштиме. Деновите ни се исполнети со многу плажирање на различни егзотични плажи, песочни дини и пусти острови. Ви ветуваме дека Паџе и неговата незаборавна атмосфера ќе останат во вашите спомени доживотно.
Од Паџе го посетуваме Stone Town -- главниот град на Занзибар. Град кој никогаш не спие, каде сé е различно, забрзано, живо, шарено и фасцинантно. Stone Town е мешавина на повеќе култури – европејска, арапска, индиска и персиска. Се шетаме по тесни улички, со раскошни палати, британски вили, арапски продавнички, сé едно со друго, збиено со брегот на Индискиот океан. Дали знаевте дека познатиот фронтмен на бендот Queen - Фреди Меркјури е роден во Stone Town? Ја посетуваме и неговата куќа која е денес претворена во музеј. Од Stone Town продолжуваме на Накупенда - пуст остров (песочна дина) која од градот е одалечена само 25 минути возење со бродче. Гарантираме дека Накупенда ќе ви биде highlight на цело патување. Како на цртан филм, бел прашкаст песок, опколен со корален гребен и тиркизна лагуна - најегзотичната “плажа“ која ја имате видено во животот. Од Паџе одиме и во џунгла со зачини каде дознаваме за главната состојка на парфемот Channel no. 5 и во посета на селото Матенде (Mtende).
Во слободно време уживаме на лежалка или пиеме пијачка во некои од најдобрите бохо барови на Паџе. Можеби сте прочитале дека плажата во Паџе доживува промени во плимата и осеката. За време на осека (која трае помеѓу 4-6 часа) одиме на нашите факултативни излети, се шетаме по бесконечната плажа со бел песок (песок кој не се затоплува), играме одбојка, слушаме музика, пиеме пиво и комплетно се опуштаме. Додека за време на плима имаме на располагање огромна плажа со палми, кокоси и бесконечниот Индиски океан.
Ноќите ни се исполнети со вечери и уживање во некој од одличните ресторанчиња на ова место, но и безброј журки на самата плажа. Гарантираме дека после 4 дена и вие ќе бидете комплетно заљубени во Паџе и Занзибар!
Патувањето го продолжуваме на северот на Занзибар во Кендва (Kendwa) - по сите стандарди и форуми, најубавата плажа на Занзибар - со бел прашкаст песок, палми и нереално тиркизна вода, каде плимата и осеката воопшто не се изразени, па преку цен ден можеме да уживаме и да се бањаме во ова парче рај. Плажа која се носи рамо до рамо со најдобрите плажи на Малдиви! Десетици барчиња и клубови на плажа, добра храна, ефтино пиво и Конаги - локална ракија од шекерна трска, еден од најпознатите производи на Танзанија. Хотелите кои ги работиме се на сама плажа. Навечер, лежалките се повлекуваат, а во песок се ставаат маси и столчиња, се палат свеќи и оган и се вечера под отворено небо, додека свири Афричка музика. Од Кендва одиме на Blue Safari - пловиме со традиционалните “dhow” чамци со кои Занзибарците пловат веќе стотици години и уживаме во бистрата тиркизна вода, тропското сонце, егзотичното овошје и магичните мали островчиња од Занзибарскиот архипелаг.
Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?
- Превоз
- Авион, Локален трансфер
- Сместување
- Хотел, Вила
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
- Дестинации
- Африка, Занзибар, Танзанија
- Видови патувања
- Зимски поаѓања 2024
- Код на патување
- TZ44
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Занзибар (Zanzibar).
Превоз
- Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Скопје
- Истанбул
Пристигнуваме на Занзибар (Zanzibar) во раните утрински часови и имаме трансфер до сместувањето во Паџе (Paje), туристичко место на источниот дел на островот. Паџе е живо, но сепак спокојно место, познато по својата неверојатна природна убавина, преубави ресторани во бохо стил и навидум бесокнечна плажа со прашкаст бел песок и тиркизни води. Пристигнуваме во Паџе од 4-9 часот наутро, во зависоност од нашата авиокомпанија. Можност и за ран check-in (регуларен check-in е во 14:00 часот), доколку нашите соби се спремни и во нив нема туристи кои заминуваат истиот ден. Во меѓувреме одиме во Mr. Kahawa, lounge бар на самата плажа -- пиеме кафе и имаме информативен состанок со нашиот претставник од агенцијата кој ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.) Oстатокот од времето го поминуваме на лежалка, комплетно опуштени, уште во неверување каде се наоѓаме :) По check-in се освежуваме и започнуваме со нашиот прв излет -- Paje Village Tour. Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој иако не е толку развиен како северниот, има еден посебен шмек. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови со одлична храна и музика. Овој дел, многумина ги потсетува на Тулум, Мексико. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Подобро се запознаваме со нашиот "нов дом"
Вечерта излегуваме во некои од локалните клубови. Пазиме колку пиеме бидејќи веќе од следниот ден ни почнува незаборавна авантура, исполнета со многу плажа, пливање и нови искуства!
Превоз
- Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Занзибар (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместувањето
Сместување
Jambo Beach Hotel Paje 1 ноќ
Место
- Истанбул
- Паџе (Paje)
Факултативни излети
Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор... Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town се упатуваме со бродче кон островчето Bawe. Корален остров опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни шарени рипчиња. Јаготката на шлагот е Накупенда! Песочен насип од околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето во Паџе.
Сместување
Jambo Beach Hotel Paje 1 ноќ
Место
- Паџе (Paje)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Овој ден одиме во посета на основно училиште на Занзибар каде ќе се запознаеме со нивниот образовен систем, ќе имаме шанса да се фотографираме со дечињата, но и да донираме работи кои секако ќе им бидат од огромно значење. Потоа продолжуваме со разгледување на “селцето", па имаме слободно време да се плажираме -- уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерта излегуваме во некои од beach баровите во Паџе, пиеме по некое Килиманџаро или коктел и уживаме на едно од најживите места на #целсвет!
Сместување
Jambo Beach Hotel Paje 1 ноќ
Место
- Паџе (Paje)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Започнуваме со пливање во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлични шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа продолжуваме до ресторанот The Rock, кој се наоѓа на Michamwi Pinge плажата. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Уживаме во локалната кујна, морските плодови и секако, локалното вино, кое се служи овде. Од терасата гледаме во далечината, каде се шири Индискиот океан. Чист хедонизам. По ручекот и фотографирање со карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови, Kae Funk. Уживаме целото попладне во капење и пиење коктели на самиот брег. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме зајдисонцето во Донгве (Dongwe), кое е навистина магично на Занзибарскиот брег.
Сместување
Jambo Beach Hotel Paje 1 ноќ
Место
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
По појадок тргнуваме кон едно од најуникатните места и дефинитивно must-see место на Занзибар -- Мтенде. Попатно, поминуваме низ „авенијата“ на познатите баобабови дрвја. Пристигнуваме до селото Мтенде -- традиционално село на Занзибар, каде се запознаваме со секојдневниот живот на локалци. Гостопримливите локалци не покануваат на дружба во нивните домови, каде нѐ учат за нивниот начин на живот -- дали знаете како од влакното на кокос може да направиме јаже? Потоа имаме краток час по готвење -- каде учиме како да направиме некои од највкусните Занзибарски специјалитети. Нашата авантура продолжува до една од најегзотичните плажи на Занзибар -- плажата Мтенде, скриен залив со плажа на која може да се плива за време на плима и осека (во природни базени). Продолжуваме во џунглата со зачини! Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини.
Нашата целодневна авантура ја завршуваме со трансфер до Кендва (Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободно време за уживање во Кендва и вечерно излегување во некој од локалните барови и ресторани.
Сместување
Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ
Место
- Паџе (Paje)
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите.
За оние кои се расположени за авантура, има можност за еднодневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.
Сместување
Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ
Место
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Денот ни започнува со нова авантура наречена Blue Safari. На овој факултативен и излет ги посетуваме најубавите плажи на островот и одиме на нуркање. Се возиме со традиционални едрилици кои се карактеристични за овој остров. Посетуваме песочни насипи кои исчезнуваат кога ќе си поиграат плимата и осеката.
Превоз
- Трансфер од Stone Town до Kendwa
Сместување
Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ
Место
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
По појадокот, одиме на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Одиме во авантура на која ќе го истражуваме најинтересниот подводен свет на Занзибар. Потоа продолжуваме на едно уникатно искуство -- посетуваме село на Масаи. Танзанија е земја богата со преку 120 различни племиња, секое племе со свои цели, традиции и карактеристики. Го посетуваме културниот центар на најпознатото племе во Танзанија - Масаи (Maasai) . Учиме за нивната историја, традиции и нивниот специфичен начин на животот. Дознаваме кои се тие, како стануваат воини, што јадат, каква е распределбата на работните задачи во нивните полигамни семејства, и по што го прави нивното племе уникатно. Имаме можност да влеземе во нивните автентични куќи, кои се изградени од кал, дрво и кравји измет. Интересен факт е дека нивните куќи ги градат жените, по стапување во брак. Мажите од племето не учат како рачно да запалиме оган користејќи само дрво, имаме шанса да се облечеме во нивната традиционална облека - шука, а нивните воини ќе не учат да користиме лак и стрела. Нашата посета ја завршуваме со традиционален Масаи танц, на кој можеме да се придружиме и да се чувствуваме како дел од племето!
Сместување
Mocco Beach Villas *** или Sunset Kendwa 1 ноќ
Место
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Се будиме наутро. Појадуваме. Околку пладне, ги напуштаме собите и куферите ги оставаме на рецепција. Во зависност од расположливоста на соби во хотелот, добиваме една соба за сите патници, каде ги оставаме куферите и која можеме да ја користиме за пресоблекување/туширање во текот на денот. Исто така, според расположливоста на соби, патниците можат индивидуално да се информираат на рецепција за можноста (со доплата) да се чуваат собите до полноќ. Последниот ден имаме слободно време да се поздравиме со нашиот нов омилен остров. Ја впиваме енергијата на Занзибар, уживаме на некоја од тропските плажи, пиеме уште по некој Килиманџаро или Конаги и докупуваме сувенири за дома... Ова е нашиот последен ден на Занзибар. Вечерен трансфер до аеродром. На Аеродромот во Stone Town пристигнуваме околу 2 часа пред летот.
Превоз
- Трансфер од сместување до аеродром.
- Авиобилет со сите такси на релација Занзибар – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Кендва (Kendwa)
Храна
- Континентален појадок × 1
Пристигнување во Истанбул, преседнување на лет за Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Авиобилет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Занзибар
- Истанбул
- Скопје
Поаѓања и цени
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Што е вклучено
Сместување
Jambo Beach Hotel Paje Пример 4 ноќиMocco Beach Villas Пример или Sunset Kendwa Пример 4 ноќи
Превоз
- Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Занзибар (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместувањето
- Трансфер од Stone Town до Kendwa
- Трансфер од сместување до аеродром.
- Авиобилет со сите такси на релација Занзибар – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Авиобилет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
8 × Континентален појадокНе е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)
- Еко такса за Занзибар која изнесува: 2$ (Hakuna Matata, Frangi'pwani) и 4$ (Jambo Beach Hotel, Mocco Beach Villa, Sunset Kendwa) дневно по лице.
- Задолжително осигурување кое се вади онлајн на https://visitzanzibar.go.tz/ и истото изнесува $44.
Галерија
Факултативни излети
Занзибар Beach Adventure - пакет излети
Посета на основно училиште на Занзибар
Островот Mnemba, пливање со делфини & Maasai Village
Сместување
Jambo Beach Hotel Paje
Mocco Beach Villas ***
Sunset Kendwa
Останати поаѓања за Занзибар
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.