Куала Лумпур - City Tour
Ги посетуваме најзначајните локалитети во Куала Лумпур.
Нашата авантура ја започнуваме со Бату пештерите, пештери кои се стари 400 милиони години, а во нив се наоѓаат 6 будистички храмови. За да стигнеме до нив треба да искачиме 272 скали обоени во боите на виножитото. Продолжуваме кон центарот на градот и се упатуваме кон Кинескиот кварт -- еден од нашите омилени квартови во Куала Лумпур. Поминуваме низ раздвижени пазари, улични кујни и се восхитуваме на традиционалната архитектура на овој предел. Преку ден во овој кварт посетуваме традиционални храмови, додека преку ноќ улиците живнуваат со ноќни пазари и забави. Потоа продолжуваме до плоштадот на Независноста -- Мердека, каде е сместено највиското знаме на светот и каде што за првпат е провеано и знамето на независна Малезија. Ја посетуваме и познатата Султан Палата -- која била седиштето на британската колонијална администрација во Малезија. За крај, продолжуваме кон скапоцениот камен на Куала Лумпур -- кулите близначки Петронас. Високи се 451.9 метри и имаат 81 спрат. Кулите ја симболизираат храброста, генијалноста, самодоверба и оптимизмот на Малезиците.
Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенција, организиран превоз според предвидениот план и програма и стручен локален водич (на англиски јазик).