Сингапур City Tour
Совршена прилика да ги посетиме најзначајните локалитети во Сингапур.
Авантурата започнува во старата колонијална област во Сингапур -- Padang. Padang претставува комбинација на класична колонијална архитектура испреплетена со модерни облакодери. Тука ги посетуваме просториите на најстариот крикет клуб во Сингапур, парламентарните згради, врховниот суд и градското собрание.
Нашата авантура ја продолжуваме кон еден од најстарите урбани квартови во Сингапур -- Kampong Gelam. Населба длабоко вкоренета во историјата на Сингапур која ни нуди уникатно искуство во минатото, а и сегашноста на Сингапур. Се шетаме по шарени улици, декорирани со мозаици и мурали, пробуваме локални деликатеси и ја посетуваме славната Султан Џамија која е изградена во 1975 и е една од највпечатливите џамии во Сингапур.
Продолжуваме кон Кинескиот кварт, каде што ќе го посетиме Buddha Tooth Relic Temple, уникатен храм дизајниран во архитектонскиот стил на кинеската династија Танг, а потоа го посетуваме и кинескиот културен центар.
Денот го продолжуваме во квартот Little India, каде што продавачите на традиционална индиска облека, зачини и гатачи ни создаваат уникатна атмосфера која не транспортира во Индија. Шетаме низ впечатливите улици на оваа област се до една од најубавите џамии на цел свет - џамијата Abdul Gafoor.
Во цената е вклучено: претставник од агенција, стручен локален водич (на англиски јазик) и превоз по предвидениот план и програма.