Сингапур, Бали и Куала Лумпур од Скопје

Сингапур, Бали и Куала Лумпур од Скопје

цена од
2.099
EUR ,00
сега од
1.749
EUR ,00
траење
13 дена
Пријави се Барање
Барање

Патување во три прекрасни Азиски земји - модерната утопија Сингапур (Singapore) и плажите на магичниот Бали (Bali), до специфичната Малезија (Malaysia) односно нејзиниот главен град Куала Лумпур (Kuala Lumpur). Необично патување кое е комбинација на модерните архитектонски достигнувања на Сингапур (Singapore) и Малезија (Malaysia), а потоа магични денови на егзотичниот остров -- Бали (Bali). Денови исполнети со плажи, бранови, сурфање, морски специјалитети, традиционални храмови, живописни џунгли, лулашки, chill и одмор...


Рута
Скопје
Истанбул
Сингапур
Бали
Убуд
Легијан
Семињак
Куала Лумпур
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Бали, Малезија, Сингапур
Код на патување
MIS3
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines, со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Сингапур (Singapore). Пристигнување во Сингапур (Singapore). Трансфер до сместувањето. Добредојдовте во чудната и модерна утопија на 21 век. Место каде сѐ e средено до најситните можни детали. Сингапур е друга димензија, модерен, иновативен, футуристички, чист, уреден, организиран, интерактивен и безбеден. Градот е доведен до совршенство, па во целиот тој совршен амбиент луѓето пронаоѓаат убавина, восхит и чудење за овој контраст на гужвата и хаотичноста на Азија. Нашата авантура започнува со посета на Gardens by the Bay, магичните градини од иднината, потоа продолжуваме кон познатиот хотел Marina Bay Sands и се восхитуваме на танцувачките фонтани пред хотелот. Од таму продолжуваме кон Merlion Statue -- најпознатиот симбол и маскотата на Сингапур. Овој ден го завршуваме со посета на познатата улица Clarke Quay.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Сингапур (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Value Hotel Thompson B 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Сингапур

Се будиме и по појдокот започнуваме со факултативен излет, истражување и авантура во оваа урбана џунгла! Го посетуваме квартот Padang - комбинација на стари колонијални згради испреплетени со модернизмот на Сингапур. Потоа продолжуваме кон Kampong Gelam - населбата каде стари традиции и модерниот начин на живот се испреплетени во една совршена мешавина. Го посетуваме и најголемиот будистички храм во Сингапур - Buddha Tooth Relic Temple и на крај ја посетуваме населбата - Little India и една од најубавите џамии во Сингапур - Gafoor Mosque. Вечерен лет кон Бали (Denpasar). Трансфер од аеродром до нашиот хотел во Убуд. Добредојдовте во градот на уметноста и на неверојатни галерии, пазари, луѓе и на енергија. Ноќевање

Превоз

  • Локален лет Сингапур - Денпасар (Бали) во економска класа со вклучен 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

MaxOne Hotel at Ubud 1 ноќ

Место

  • Сингапур
  • Бали

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се разбудивте во Убуд - уметничка колонија и преубаво место кое изобилува со уметнички дела од културата на Бали. Некогаш спокојна хипи дестинација за вљубениците во јога, здрава храна и свеж воздух, книгата на Елизабет Гилберт „Јади, моли се, уживај” ја става на туристичкиот радар, а по истоимениот филм прерасна во една од најпопуларните дестинации на Бали. Недалеку од центарот на Убуд се наоѓа голем природен резерват во кој живеат долгоопашести мајмунчиња Макаки. Оваа неверојатно голема шума која е целата обрасната во мов, крие остатоци на стари храмови, а во неа живеат преку 600 мајмуни. Се дружиме со разиграните весели макаки мајмунчиња во нивното природно опкружување во големата шума. Нашата авантура ја продолжуваме во Elephant Cave (Goa Gajah) храмот чиј влез е во облик на глава од слон, од каде што потекнува и неговото име. Се претпоставува дека влезот на храмот го симболизира влезот во подземниот свет. Почетоците на храмот датираат од XI век, а посветен е на божицата која се смета за заштитничка на децата, раѓањето и за исцелителка на жените. Се верува дека овој храм е ископан од хинду монсаи само со нивните раце, а неговите мистерии до ден денес ги фасцинираат историчарите. Сега сме веќе спремни да нурнеме во водопадот Канто Лампо, оаза на спокојство сместена среде бујните пејзажи на Бали. Време е да се предадеме на симфонијата на каскадните води додека сме на ова патување на истражување и подмладување. Овие тивки базени опкружени со високи карпи кои се обвиткани со смарагдно зеленило ќе ги паметите уште долго.Ииии.... дали сте спремни зa едно од најубавите искуства на Бали? Продолжуваме во најпознатиот денски клуб на #целсвет -- Cretya Ubud!! Буквално во Cretya има сѐ што ќе помислите за едно совршено искуство на Бали. Уживаме во неверојатниот поглед над зелените оризови полиња, а потоа и се шетаме низ нив. Го порачуваме нашиот омилен коктел (ние препорачуваме Arrack Attack) и пливаме во еден од трите базени на спрат!! А се разбира секое искуство на Бали не би било комплетно доколку не посетиме Bali Swing, a во Cretya има 4 - Angel Swing, Swing Bed, Extreme Swing и Super-extreme Swing. Можеби сте фан на малку по-адреналински активности, за сите вас во Cretya има и 3 различни zip-lines. Еден совршен ден на Бали!!!! 

Сместување

MaxOne Hotel at Ubud 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Храмот Besakih е дел од големиот комплекс составен од 22 хиндуистички храмови. Комплексот се наоѓа на падините на планината Агунг, се простира на три квадратни километри, а според локалните верувања овде почиваат предците на денешните жители на Бали. Храмот Besakih го нарекуваат и „мајка на сите храмови”, се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсвето место за хиндусите кои живеат на Бали. Ја посетуваме прочуената палата Тирта Ганга чие име во превод значи „Светата вода од Ганг” , а која претставува најдобар пример на вистинска кралска водена палата. Самиот комплекс се состои од свети извори, базени со студена вода и од неколку мали езерца, а во центарот на самата палата се наоѓа импозантна фонтана на 11 катови. Уживаме во вистинска балинезиска култура. За крај на излетот одиме на плажа – популарната Virgin Beach, каде што ќе лежиме на песокот и ќе се одмараме после целодневното истражување. 

Сместување

MaxOne Hotel at Ubud 1 ноќ

Место

  • Убуд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Правиме check-out од нашето сместување во Убуд. Спремни за авантура?! Нашиот целодневен излет го започнуваме во едно од најуникатните места на Бали -- голем природен резерват во кој живеат долгоопашести мајмунчиња Макаки. Оваа неверојатно голема шума која е целата обрасната во мов, крие остатоци на стари храмови, а во неа живеат преку 600 мајмуни. Се дружиме со разиграните весели макаки мајмунчиња во нивното природно опкружување во големата шума. Продолжуваме кон познатиот Парк на птиците, вторите најпопуларни домородци на Бали. Се дружиме со голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет кои живеат овде. Се разбира ни една Jungle аванура не би била целосна без посета на традиционално село -- селото Батуан. Ја истражуваме бамбусовата шума што го опколува ова село, посетуваме традиционални храмови и учиме за локалната култура. Нашиот ден го завршуваме со еден од најавантуристичките излети на Бали -- се симнуваме по 300 скалила сé до реката, а потоа се спуштаме со чамци по брзаците и уживаме во неверојатната природа и во зеленилото. По нашиот излет продолжуваме кон Легијан, правиме check-in во хотел и имаме слободна вечер да излеземе на некоја пијачка во некои од локалните барови!

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден во кој го запознаваме Бали! Храмот Tanah Lot е најпрепозатливата атракција и симболот на Бали. Изграден е на карпа во морето, на само 100 метри од брегот, а потекнува од XVI век. Слушаме интересни приказни и уживаме во неверојатната глетка. Патот понатаму не води кон оризовите полиња каде се опуштаме гледајќи во неверојатните пејсажи и во бескрајното зеленило на терасите со ориз. Одиме кон внатрешноста на островот, каде на висина од 1000 метри се наоѓа храмот Ulun Danu Bratan. Преубавиот храм се наоѓа покрај брегот на езерото за чија вода локалците веруваат дека е света, а неговата слика стои и на националната валута. Потоа продолжуваме во еден од најпознатите beach барови на #целсвет -- Finns. Го порачуваме нашиот омилен коктел и уживаме на плажа во егзотиката на Бали!!

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за посета на најпознатиот остров во близина на Бали - незаборавниот Нуса Пенида (Nusa Penida). Се возиме со катамаран по тиркизното море до овој рајски остров. Го посетуваме природниот базен Angel Billabong, формација од карпи на кој претставува вистинско чудо на природата и фасцинира со тиркизниот контраст на океанот и зелени пејсажи. 5 минути пешки е плажата Broken beach, уште една светски позната атракција која остава без здив! Ручаме во локален ресторан, а потоа продолжуваме до плажата Kelingking, чии карпи потсетуваат на диносаурус кој пие морска вода :). Се одмараме на плажите и уживаме во природата на овој . Враќање на Бали во попладневните часови. Ноќевање.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за запознавање со јужниот дел на островот. Одиме на познатата плажа Паданг Паданг, позната по филмот „Јади, моли се, уживај” (Eat, Pray, Love). Додека се спуштате по скалите кои не носат до оваа плажа, здивот ни го одзема панорамата пред нас - тиркизниот Индиски океан, опколен со високи варовнички карпи и густа зелена џунгла. Уживаме на оваа егзотична плажа, се дружиме со локалните макаки мајмуни и јадеме во еден од локалните ресторани (warungs). Потоа нашата авантура ја продолжуваме на едно од најубавите места за зајдисонце на островот, а тоа е храмот Uluwatu. Еден од 11-те храмови кои се наоѓаат на самиот раб на Бали, а изградени се за заштита на островот од злите сили. Храмот е природно живеалиште на долгоопашести макаки, ​​а се наоѓа на самата карпа во која удираат моќни бранови на Индискиот океан. Потоа уживаме во традиционалниот танц Кечак, кој ја прикажува целата приказна за познатиот еп Рамајана. Враќање во сместување.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето, трансфер до аеродром и лет за Куала Лумпур. Трансфер до сместувањето и слободно време за истражување на градот. Куала Лумпур е град кој во претходната деценија прераснал од мал и неразвиен јужноазиски град во џунгла до метропола од незамисливи размери. Град во кој подеднакво се мешаат културите, религиите и влијанието на Кинезите, Хиндусите и Малезијците. Нашата авантура во Куала Лумпур ја започнуваме со прошетка по познатиот дистрикт Bukit Bintang. Го посетуваме познатиот ноќен пазар Jalan Alor - најпознатата кулинарска дестинација во Куала Лумпур. Некои од најдобрите кулинарски задоволства во Малезија не се наоѓаат во прескапите ресторани, туку токму на тротоарите и тезгите на овој пазар. Пробуваме Индиска, Тајландска, Малезиска или Кинеска традиционална храна.

Превоз

  • Локален лет Денпасар (Бали) - Куала Лумпур со вклучен 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Swiss-Garden Hotel Bukit Bintang Kuala Lumpur 1 ноќ

Место

  • Семињак
  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Авантурата започнува со пештерите Бату, големо хинду светилиште сместено во пештера, а потоа продолжуваме до Националната Палата, Споменикот на независноста, Плоштадот Мердекa на кој се наоѓа едно од најголемите знамиња на светот, место на кое за прв пат било развиено знамето на независна Малезија, Кинескиот кварт, Kuala KL и ги посетуваме кулите Петронас - славните кули близначки, познати ширум светот.

Сместување

Swiss-Garden Hotel Bukit Bintang Kuala Lumpur 1 ноќ

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Купуваме сувенири, уживаме и се збогуваме со оваа фасцинантна земја. Вечерен трансфер до аеродром. Лет до Скопје со преседнување во Истанбул.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје во 07:25 часот (TK1003). Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализација на патувањето (пр. Сингапур - Бали и Бали - Куала Лумпур). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противвредност) се нерефундабилни!

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Value Hotel Thompson B Пример 1 ноќ
MaxOne Hotel at Ubud Пример 3 ноќи
Fairfield by Marriott Bali Legian Пример 4 ноќи
Swiss-Garden Hotel Bukit Bintang Kuala Lumpur Пример 2 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Сингапур (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален лет Сингапур - Денпасар (Бали) во економска класа со вклучен 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален лет Денпасар (Бали) - Куала Лумпур со вклучен 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

10 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Туристичка такса за Куала Лумпур која изнесува 10RM дневно по соба (околу 2.30$) и истата се плаќа во хотелот на рецепција.
  • Виза за влез во Индонезија - 130€
  • Туристичка такса за Бали, која изнесува околу 9€ (еднократно) и истата се плаќа онлајн на https://lovebali.baliprov.go.id/

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Сингапур City Tour

Сингапур City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 35,00 USD

Совршена прилика да ги посетиме најзначајните локалитети во Сингапур. 

Авантурата започнува во старата колонијална област во Сингапур -- Padang. Padang претставува комбинација на класична колонијална архитектура испреплетена со модерни облакодери. Тука ги посетуваме просториите на најстариот крикет клуб во Сингапур, парламентарните згради, врховниот суд и градското собрание. 

Нашата авантура ја продолжуваме кон еден од најстарите урбани квартови во Сингапур -- Kampong Gelam. Населба длабоко вкоренета во историјата на Сингапур која ни нуди уникатно искуство во минатото, а и сегашноста на Сингапур. Се шетаме по шарени улици, декорирани со мозаици и мурали, пробуваме локални деликатеси и ја посетуваме славната Султан Џамија која е изградена во 1975 и е една од највпечатливите џамии во Сингапур. 

Продолжуваме кон Кинескиот кварт, каде што ќе го посетиме Buddha Tooth Relic Temple, уникатен храм дизајниран во архитектонскиот стил на кинеската династија Танг, а потоа го посетуваме и кинескиот културен центар. 
Денот го продолжуваме во квартот Little India, каде што продавачите на традиционална индиска облека, зачини и гатачи ни создаваат уникатна атмосфера која не транспортира во Индија. Шетаме низ впечатливите улици на оваа област се до една од најубавите џамии на цел свет - џамијата Abdul Gafoor.

Во цената е вклучено: претставник од агенција, стручен локален водич (на англиски јазик) и превоз по предвидениот план и програма.

Храмот Goa Gajah, Канто Лампо Водопадите и Cretya Убуд!

Храмот Goa Gajah, Канто Лампо Водопадите и Cretya Убуд!
Цена: 40,00 USD

Нашата авантура ја започнуваме со Elephant Cave (Goa Gajah) храмот чиј влез е во облик на глава од слон, од каде што потекнува и неговото име. Се претпоставува дека влезот на храмот го симболизира влезот во подземниот свет. Почетоците на храмот датираат од XI век, а посветен е на божицата која се смета за заштитничка на децата, раѓањето и за исцелителка на жените. Се верува дека овој храм е ископан од хинду монсаи само со нивните раце, а неговите мистерии до ден денес ги фасцинираат историчарите. Чекориме во светот на античките чуда и ги истражуваме сложено врежаните пештери како и светите базени на овој храм. Сега сме веќе спремни да нурнеме во водопадот Канто Лампо, оаза на спокојство сместена среде бујните џунгли на Бали. Време е да се предадеме на симфонијата на каскадните води додека сме на ова патување на истражување и подмладување. Овие тивки базени опкружени со високи карпи кои се обвиткани со зеленило ќе ги паметите уште долго. Ииии.... дали сте спремни зa едно од најубавите искуства на Бали? Продолжуваме во најпознатиот денски клуб на #целсвет -- Cretya Ubud!! Буквално во Cretya има сѐ што ќе помислите за едно совршено искуство на Бали. Уживаме во неверојатниот поглед над зелените оризови полиња, а потоа и се шетаме низ нив. Го порачуваме нашиот омилен коктел (ние препорачуваме Arrack Attack) и пливаме во еден од трите базени на спрат!! А се разбира секое искуство на Бали не би било комплетно доколку не посетиме Bali Swing, a во Cretya има 4 - Angel Swing, Swing Bed, Extreme Swing и Super-extreme Swing. Kаде добивате впечаток дека летате над прашумите и оризовите полиња на Бали. Можеби сте фан на малку по-адреналински активности, за зависници од адреналин во Cretya има и 3 различни zip-lines. Кога претходно рековме дека во Cretya има сѐ, навистина мислевме сѐ! Еден совршен ден на Бали!!!! 

Напомена: доколку излетот се одржува во петок или сабота има дополата за користење на базенот од 6 ЕУР (или 100,000IDR) 

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach
Цена: 40,00 USD

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin Beach – Целодневен излет на кој се посетуваат храмови, но и се ужива на една од најубавите, прикриени и мирни плажи на Бали. Бесаки храмот се наоѓа подножјето на вулканот Agung кој последен пат еруптирал во Ноември 2017 година. Се вика и “храмот на сите храмови” или “мајката на храмовите”. Се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсветото место за целокупната хиндуистичка популација на Бали. Тиртаганга, или “водена палата” – воодушевува со своите градини и базен, низ кој има камена стаза, по која може да се шета. Во водата живеат портокалови шарани кои можете да ги храните. Оваа вода се смета за света, па кој сака, може и да се избања во неа. 

Во цената на излетот е вклучено: 

  • Организиран превоз по предвидениот план и програма
  • Сите влезници во наведените локалитети
  • Стручен локален водич на англиски јазик.

Селото Батуан, Monkey Forest, Bird Park и River rafting

Селото Батуан, Monkey Forest, Bird Park и River rafting
Цена: 65,00 USD

Спремни за авантура?! Нашиот целодневен излет го започнуваме во едно од најуникатните места на Бали -- голем природен резерват во кој живеат долгоопашести мајмунчиња Макаки. Оваа неверојатно голема шума која е целата обрасната во мов, крие остатоци на стари храмови, а во неа живеат преку 600 мајмуни. Се дружиме со разиграните весели макаки мајмунчиња во нивното природно опкружување во големата шума. Продолжуваме кон познатиот Парк на птиците, вторите најпопуларни домородци на Бали. Се дружиме со голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет кои живеат овде. Се разбира ни една Jungle аванура не би била целосна без посета на традиционално село, го посетуваме селото Батуан. Ја истражуваме бамбусовата шума што го опколува ова село, посетуваме традиционални храмови и учиме за локалната култура. Нашиот ден го завршуваме со еден од најавантуристичките излети на Бали -- се симнуваме по 300 скалила сé до реката, а потоа се спуштаме со чамци по брзаците и уживаме во неверојатната природа и во зеленилото.

Храмот Tanah Lot, градина со зачини и Finns Beach Club

Храмот Tanah Lot, градина со зачини и Finns Beach Club
Цена: 40,00 USD

Посета на необичен храм и опуштање во еден од најпопуларните beach клубови на #целсвет!! Нашата авантура ја започнуваме со храмот Tanah Lot – највпечатливата атракција на Бали, храм на вода од 16-тиот век. Поточно, храмот се наоѓа на карпа во сред море (100 метри од копно). Се верува дека овој храм е изграден од познатиот монах Dang Hyang Nirarthа и е посветен на богот на морето. Специфично за овој храм е што за време на плима ни делува како да лебди над сините бои на Индискиот океан! На овој излет ќе ја имате уникатна можност да го пиете најнеобичното и најскапото кафе на светот - Kopi Luwak! Шетајќи низ градината се запознаваме со бројни билки и зачини, но и со малите животинки кои сезаслужни за произведување на споменатото кафе. Во типичен Jungle стил нашиот ден го продолжуваме на една од најубавите плажи на Бали и тоа во еден од најпознатите beach барови на #целсвет!!! Добредојдовте во Finns Beach Bar. Бар на самата плажа со неколку базени и изграден целосно од бамбус. Време е за вашата омилена пијачка и целосно опуштање со Jungle екипата. 

Нуса Пенида (Nusa Penida)

Нуса Пенида (Nusa Penida)
Цена: од 70,00 USD до 80,00 USD

Одиме на факултативен излет и посета на драгоцениот бисер на Бали! Нашата авантура ја започнуваме од пристаништето во Санур, отприлика 20 км. од Нуса Дуа од каде ќе запловиме кон островот Нуса Пенида. Пловењето со брз брод трае околу 45 минути. Го посетуваме природниот базен Angel Billabong, формација од карпи на кој претставува вистинско чудо на природата и фасцинира со тиркизниот контраст на океанот и зелени пејсажи. 5 минути пешки е плажата Broken beach, уште една светски позната атракција која остава без здив! Ручаме во локален ресторан, а потоа продолжуваме до плажата Kelingking, чии карпи потсетуваат на диносаурус кој пие морска вода :). Оттука го посетуваме Crystal Bay, 200 метри долга песочна плажа со кристално чиста тиркизна вода и уживаме во остатокот на денот.

Плажата Padang Padang, Храмот Uluwatu и Кечак танц.

Плажата Padang Padang, Храмот Uluwatu и Кечак танц.
Цена: 40,00 USD

Ден за запознавање со јужниот дел на островот. Одиме на познатата плажа Паданг Паданг, позната по филмот „Јади, моли се, уживај” (Eat, Pray, Love). Додека се спуштате по скалите кои не носат до оваа плажа, здивот ни го одзема панорамата пред нас - тиркизниот Индиски океан, опколен со високи варовнички карпи и густа зелена џунгла. Уживаме на оваа егзотична плажа, се дружиме со локалните макаки мајмуни и јадеме во еден од локалните ресторани (warungs). Потоа нашата авантура ја продолжуваме на едно од најубавите места за зајдисонце на островот, а тоа е храмот Uluwatu. Еден од 11-те храмови кои се наоѓаат на самиот раб на Бали, а изградени се за заштита на островот од злите сили. Храмот е природно живеалиште на долгоопашести макаки, ​​а се наоѓа на самата карпа во која удираат моќни бранови на Индискиот океан. Потоа уживаме во традиционалниот танц Кечак, кој ја прикажува целата приказна за познатиот еп Рамајана. Доживејте го хипнотизирачкиот Кечак танц, каде древните приказни оживуваат преку ритмички пеења и динамични движења. Се претпоуваме во сировата енергија и богатата традиција на оваа волшебна балиска изведба, носејќи Ве во царството на митот и магијата. Враќање во сместување.

Куала Лумпур - City Tour

Куала Лумпур - City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 35,00 USD

Ги посетуваме најзначајните локалитети во Куала Лумпур. 

Нашата авантура ја започнуваме со Бату пештерите, пештери кои се стари 400 милиони години, а во нив се наоѓаат 6 будистички храмови. За да стигнеме до нив треба да искачиме 272 скали обоени во боите на виножитото. Продолжуваме кон центарот на градот и се упатуваме кон Кинескиот кварт -- еден од нашите омилени квартови во Куала Лумпур. Поминуваме низ раздвижени пазари, улични кујни и се восхитуваме на традиционалната архитектура на овој предел. Преку ден во овој кварт посетуваме традиционални храмови, додека преку ноќ улиците живнуваат со ноќни пазари и забави. Потоа продолжуваме до плоштадот на Независноста -- Мердека, каде е сместено највиското знаме на светот и каде што за првпат е провеано и знамето на независна Малезија. Ја посетуваме и познатата Султан Палата -- која била седиштето на британската колонијална администрација во Малезија. За крај, продолжуваме кон скапоцениот камен на Куала Лумпур -- кулите близначки Петронас. Високи се 451.9 метри и имаат 81 спрат. Кулите ја симболизираат храброста, генијалноста, самодоверба и оптимизмот на Малезиците. 

Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенција, организиран превоз според предвидениот план и програма и стручен локален водич (на англиски јазик).

Сместување

Value Hotel Thompson B

Value Hotel Thompson B
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Value Hotel Thompson е модерен хотел со 3* по локална категоризација во Сингапур. Хотелот располага со ресторан, руфтоп базен и фитнесс центар. Собите се двокреветни или трокреветни со приватен тоалет, клима уред, сеф, фрижидерче, електричен kettle, фен за коса и бесплатен Wi-Fi интернет. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.wwhotels.com/value-hotel/

Адреса 592 Balestier Rd
#01-02
Singapore 329901

MaxOne Hotel at Ubud

MaxOne Hotel at Ubud
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Max One Hotel е модерен хотел со 3* по локална категоризација во Убуд. Хотелот располага со ресторан, руфтоп базен и фитнес центар. Собите се двокреветни со приватен тоалет, клима уред, сеф, телевизор и бесплатен Wi-Fi интернет. Се наоѓа на само 700 метри од фантастичната шума со мајмуни, и на 1.7 км од најпознатиот „Убудски пазар“. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

 

ВАЖНА НАПОМЕНА: На поаѓањата во продолжение, сместувањето во Убуд е во следните хотели (со иста категоризација): 

16.07.2024. - CHAMPLUNG SARI HOTEL & SPA
30.07.2024. - EVITEL HOTEL 
13.08.2024. - BAKUNG RESORT
23.08.2024. - CHAMPLUNG SARI HOTEL & SPA
17.09.2024. - EVITEL HOTEL

Вебсајт https://maxoneubud.com/

Адреса Jl. Raya Pengosekan Ubud No. 108
80571 Ubud
Indonesia

Fairfield by Marriott Bali Legian

Fairfield by Marriott Bali Legian
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Fairfield by Marriott Bali Legian 4* (по локална категоризација) е сместувачки објект кој се наоѓа во областа Legian на Бали. Хотелот има сопствена градина, тераса, внатрешен и надворешен базен, ресторан, бар и фитнес центар. Располага со двокреветни соби со сопствено купатило. Сите соби се климатизирани, имаат телевизор со сателитски канали и бесплатен интернет. Сместувањето е на база ноќевање со континентален појадок.

Вебсајт https://www.marriott.com/en-us/hotels/dpsfi-fairfield-by-marriott-bali-legian/

Адреса Jalan Sri Rama 8 C
Legian
80361 Legian
Indonesia

Swiss-Garden Hotel Bukit Bintang Kuala Lumpur

Swiss-Garden Hotel Bukit Bintang Kuala Lumpur
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Овој модерен хотел се наоѓа во самиот центар. Помеѓу раздвижениот Chinatown и познатиот Bukit Bintang Центар, Swiss-Garden Hotel е елегантен и современ хотел со 4* по локална категоризација во Куала Лумпур.

Хотелот е лесно достапен од станицата Imbi Monorail која се наоѓа на 400 метри, истиот располага со фитнес центар, бесплатен Wi-Fi интернет, надворешен базен за употреба и 24 часовна рецепција. 

Собите се опремени со фрижидер и сателитска ТВ , сопствена бања, пегла, фен, сеф и електричен kettle.

 

Вебсајт https://www.swissgarden.com/kuala-lumpur/

Адреса 117 Jalan Pudu
Bukit Bintang
55100 Kuala Lumpur
Malaysia

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез во Сингапур, Малезија и Индонезија (Бали) НЕ СЕ ПОТРЕБНИ вакцини против ковид-19!

ВИЗА
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во Индонезија (Бали), додека за Сингапур и Малезија виза не е потребно. Нашата агенција има посредничка и консултативна улога во процесот на визирање и може да извади виза во име на патникот. Потребна документација за виза е скен во боја од вашиот пасош (првите две страни, како и предната страна), слика во боја на бела позадина со димензии 3x4cm . Документите е потребно да бидат испратени во PDF или JPEG формат.

Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќање од патувањето и да содржи најмалку две празни страници, слободни за нови печати.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За влез во Сингапур, Индонезија или Малезија не е потребен доказ за вакцинација. Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат во Сингапур, Индонезија и Малезија. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.

СТРУЈА
За Малезија е потребен приклучок тип G. Тип G е приклучокот кој има три правоаголни влеза во триаголен образец како што се користи во Велика Британија. Додека во Сингапур и Индонезија (Бали) се користи ист приклучок како тој што се користи во Македонија. 

ВРЕМЕНСКА ЗОНА

GMT+8, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Сингапур, Индонезија и Малезија е 7 часа, а во текот на летното сметање на времето е 6 часа, затоа што овие три држави не преминуваат на летно сметање на времето.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.