Патувањето го започнуваме со посета на еден од најмодерните градови на #ЦелСвет - Шангај. Градот симболизира спој на традицијата и модерното време а воедно е и најголемиот успех на модерната кинеска цивилизација. Овој глобален финансиски центар и културна метропола привлекува огромен број на посетители со своите високи облакодери, историски квартови и живописни културолошки сцени.
Продолжуваме кон Ченгду, град во провинцијата Сечуан позната по својата богата историја, култура и природни богатства. Токму тука се наоѓа најголемиот резерват за панди каде што ќе имаме можност да ги видиме овие мечки во нивното природно живеалиште како и да научиме за како се спасени овие животни од изумирање. Покрај резерватот ќе имаме шанса да ја посетиме најголемата статуа на Буда во #ЦелСвет во местото Лешан, која е под заштита на УНЕСКО.
Од таму, со познатата највисока железница на светот, се упатуваме кон Тибет и Ласа. Ги обиколуваме манастирите Сера и Дрепунг, Потала палатата и присуствуваме на будистички молитви на 3500 метри надморска височина.
Остануваме на покривот на светот и продолжуваме кон Непал, домот на боговите, за да се ослободиме од сè материјално и да доживееме катарза. Ги запознаваме будизмот и културата на овој народ кој живее во хармонија со природата. Шарените будистички храмови чуваат приказни на древни цивилизации, а патувањето во Непал ни останува во сеќавањата за цел живот. Everest Base Camp во Непал е дефинитивно сон на секој авантурист. Оваа спектакуларна авантура нуди не само незаборавен поглед на највисокиот врв на светот, туку и можност да се почувствува духот на вистинскиот истражувач. Поминуваме низ прекрасните хималајски пејзажи, преминуваме преку висечки мостови и престојуваме во традиционални планински села додека полека се искачуваме кон базниот камп на Еверест.
На самиот крај, одиме во Њу Делхи – главниот град на Индија, сместен покрај реката Јамуна, на преминот од долината Инд кон долината Ганга. Од таму, одиме во обиколка на најпознатите одбележја, меѓу кои се Портата на Индија – подигната во 1931 година во знак на сеќавање на војниците загинати во Втората светска војна, потоа Лотосовиот храм – отворен за сите религии и претставува место за медитација, мир и спокој, како и гробницата на Хумајун – прекрасен пример на могулска архитектура која послужила како инспирација за Таџ Махал!
Ова патување низ Азија е не носи низ некои од најинтересните дестинации во светот. Ги дожувуваме азиските гиганти како никогаш досега и се соочуваме со култури стари илјадници години. Постојано скокаме од модерното кон традиционалното додека духот на овие народи ќе ни остави впечаток кој никогаш нема да го заборавиме. Без разлика дали сте љубител на културата, авантурата или природата, оваа рута ветува дека ќе ги исполни сите ваши очекувања. Подгответе се за незаборавна авантура која ќе ја раскажувате долго по нејзиниот крај. Ве очекуваме!
Состанок на аеродромот во Белград, два и пол часа пред летот. Лет од Белград за Доха на пладне. Пристигнување во Доха во вечерните часови и преседнување лет за Шангај.
Превоз
Авио карта со сите такси, со преседнување, на релација Белград – Шангај, во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж.
Место
Белград
Доха
Конекција на летот за Шангај во текот на ноќта. Пристигнување во попладневните часови и се сместуваме. Конечно сме во Шангај – еден од најголемите градови на Кина а воедно и морско пристаниште на устието на реката Хуангпу во реката Јангце. Овој град е најголем е сообраќаен, трговски и индустриски центар на Кина со бројност од 25 милиони жители. Духот на Кина е пред нас а Шангај не чека со отворени раце. Транфер до сместувањето и уживаме во слободното време. Ноќевање.
Појадуваме и ја започнуваме нашата авантура во Кина. Прво ги посетуваме градините Ју Јуан (или попознати како градини на задоволството), едни од најубавите во Кина. Сместени во центарот на стариот дел на Шангај, овие градини се оаза на мирот и убавина. Потоа го истражуваме квартот Јујуан, скриен меѓу облакодерите, кој се обидува да го задржи својот автентичен дух. Улиците се полни со луѓе, продавници и прекрасни кинески куќи со впечатлива архитектура.
Градините Ју Јуан, создадени во 16 век, се отворени за јавноста од 1961 година. На површина од 20.000 м² се наоѓаат традиционални павилјони, езера, рибници, егзотични карпи, вековно дрвје и цвеќиња. Градините се поделени на шест тематски зони. Една од најпознатите атракции е карпата од жад, висока три метри со 72 дупки. Ако запалите свеќа под неа, димот магично ќе излегува низ сите дупки, а ако се налие вода, таа ќе се слее низ нив, создавајќи волшебен призор.
Исто така, ја посетуваме улицата Ченгхуангмијао и квартот Синтијанди, кои го дополнуваат искуството.
По појадокот имаме го напуштаме сместувањето и уживаме во слободното време до летот за Ченгду. Пристигнување во Ченгду, главниот и најголемиот град на провинцијата Сечуан. Транфер до сместувањето. Ноќевање.
Превоз
Локален трансфер од сместување до аеродром
Авио карта со сите такси, на релација Шангај – Ченгду, во економска класа, со 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
Наутро тргнуваме на бесплатен излет до местото Лешан (Leshan), каде што ќе ја посетиме најголемата статуа на Буда во #ЦелСвет – Лешанскиот гигантски Буда, која се наоѓа на списокот на УНЕСКО за светско наследство. Статуата е висока 71 метри, а нејзината изградба започнала во 713 година, а завршена е во времето на династијата Танг. Најпрво го обиколуваме храмот Линиун, а потоа одиме и со бродче од каде ќе имаме убав поглед на самата статуа. Враќање во сместувањето во Ченгду. Ноќевање.
По доручек, одиме кон резерватот за панди. Го истражуваме животот на овие мистериозни животни и дознаваме некој детал повеќе за работата на резерватот. Во попладневните часови се враќаме од резерватот и го посетуваме храмот Чингианг а подоцна заминуваме до улицата Џинли, каде што ќе имаме можност да ја пробаме автентичната кинеска кујна. Потоа заминуваме на железничката станица и тргнуваме со воз до Тибет. Се возиме со воз цела вечер.
Сместени сме во удобни вагони за спиење и уживаме во погледот. Пред нас гледаме неверојатни висорамнини, големи градови кои никогаш не сте знаеле дека постојат и села кои нè потсетуваат на некое друго време . Ова значи возење на највисоката железница на #ЦелСвет. Се возиме со воз цела ноќ.
Превоз
Возење со воз од Кина до Тибет
Пристигнуваме во Ласа во претпладневните часови. Пред нас е Тибет во полн сјај со својата величественост. Трансфер до сместувањето и слободно време да се аклиматизираме на големата надморска височина. Ноќевање.
Превоз
Локален трансфер од железничката станица до сместувањето
Се будиме во неверојатниот Тибет! Пред нас е градот Ласа, главниот град на автономната област Тибет во Народна Република Кина. Градот се наоѓа на северниот брег на реката Ки, притока на Брамапутра во Трансхималаите. Надморската височина на Ласа е 3490 метри, што го прави еден од највисоките градови во светот. Се протега на повеќе од 10 километри во правец исток-запад. Обиколката ја започнуваме од Потала палатата, која била резиденција на Далај Лама до 1959 година, кога четиринаесеттиот Далај Лама побегнал во Индија. Палатата е висока 117 метри, долга 360 метри и има 13 спрата. Се состои од два дела – Белата палата, која има световна намена, и Црвената палата, која има религиозна намена. Денес палатата е под заштита на УНЕСКО. Потоа ги посетуваме Јокханг палатата, Музејот на Тибет и улицата Баркор. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
По доручекот се упатуваме кон манастирите Дрепунг и Сера, кои се сместени во подножјето на планината Гефел. Дрепунг е најголемиот и најпознатиот манастир во Тибет, центарот на духовниот живот во оваа неверојатна земја. Останува уште да ја посетиме и познатата фабрика за тибетански теписи, која вработува преку 300 Тибетанци, а теписите од оваа фабрика се извезуваат ширум светот. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
По појадокот, се упатуваме кон железничката станица и тргнуваме за Шигаце. Се возиме преку преминот Гампала (4790 м) за да го видиме езерото Јамдрок-цо кое се наоѓа на неверојатни 4400 м надморска височина. Езерото Јамдрок е опкружено со бројни планини покриени со снег, а во далечината можеме да имаме спектакуларен поглед на Светата планина Нјенчен Кангсар (7191 м), највисоката планина во близина на Ласа. Продолжуваме да ја истражуваме обалата на езерото од различни точки, се запознаваме локалните жители и нивните обичаи а притоа минуваме покрај глечерот Корола кој е патем најголемиот глечер на Тибет. Неговата големина и величестеност ќе не натера да ја почувствуваме вистинската моќ на природата.
Продолжуваме со патувањето до Џијантсе. На патот ќе застанеме на планинскиот премин Симила, каде што можеме да обесиме молитвени знамиња и да се помолиме за мир во светот и здравје на вашата фамилија. По пристигнувањето во Џијантсе, поминуваме некое време фотографирајќи го овој древен град. Од Џијантсе до Шигатсе, ќе поминеме покрај зелените (лете) и златните (есен) тибетански полиња со јачмен и безбројни фарми. Конечно, пристигнуваме во Шигатсе, вториот најголем град на Тибет. Откако ќе се пријавиме во хотелот, можеме да се одмориме и да се подготвиме за следниот дневен излет кон Монт Еверест. Ноќевање.
По доручек продолжуваме понатаму, најпрво низ преминот Ѓатсола (5280 м). На видиковецот Ѓатсола, за прв пат ќе го видиме Монт Еверест. Скриен зад планинскиот ланец, Еверест наликува на цвет од лотос, нудејќи впечатлив поглед покрај патот. Набргу по влегувањето во Националниот резерват на природата Монт Еверест, ќе уживаме во панорамски поглед на Хималаите на преминот Гавула (5198 м). На овој видиковец не дочекуваат петте највисоки врвови на Хималаите, вклучувајќи го и Еверест на чело. Ова е нашиот втор поглед на Еверест.
Потоа возиме по новиот цик-цак пат до базниот камп на Еверест (5200 м). Како што се приближуваме до базниот камп, величествениот Еверест постепено се открива пред нас, приближувајќи се со секој свиок. Ова го означува нашиот трет поглед на Еверест. Кога ќе стигнеме до базниот камп на Еверест, пред нас се издигнува колосалниот бел пирамидален врв на Монт Еверест. Додека денот преминува во приквечер, гледаме како златните нијанси на сонцето фрлаат топла светлина на северното лице на Еверест – нашиот четврти поглед. Како што паѓа ноќта, светкавиот Млечен Пат и снежно белиот врв на Монт Еверест го откриваат нашето петто и последно среќавање со Еверест. Ноќевање во гестхаус.
Денес стигнуваме до границата кај Гиронг, сведоци сме на пејзажи кои ќе ги памтиме засекогаш а нас не очекува голема промена на надморската височина, од 5200 метри на 2800 метри. Наутро, пред да тргнеме од кампот, ќе го посетиме манастирот Ронгбук, највисокиот манастир на светот, каде монахињите и монасите живеат заедно на 5154 метри надморска височина. Потоа ќе ги преминеме Хималаите и ќе се возиме до Џиронг на кинеско-непалската граница. Не очекува пат од 380 километри, од снежни врвови кои се издигнуваат над 5000 метри се симнуваме кон бујни шуми и погледи на кањон на околу 2800 метри надморска височина.
Додека минуваме покрај планината Шишабангма (8027 метри), една од највисоките планини на светот над 8000 метри, ќе уживаме во блискиот поглед на трите главни врва на Шишабангма, како и во златниот сјај на езерото Пелку Цо под врвовите. Потоа, надморската височина драматично се намалува. Опколени сме од шуми, водопади и кањони без дно додека влегуваме на работ на Хималаите. Кога ќе стигнеме во долината Џиронг, не пречекува густа шума и снежни врвови над шумите. Овде ќе се збогуваме со Тибет. Ноќевање.
Ја преминуваме границата со Непал и уживаме во возењето до Катманду. Добредојдовте во вистинска Азија – полни улици, мириси од храмови, зеленило и насмеани луѓе! Градот Катманду е историско и културно срце на Непал и претставува неверојатна мешавина на хиндуизам, тибетански будизам и западни влијанија. Се запознаваме со градот и се сместуваме. Ноќевање.
Спремни ли сте за Катманду? Пред нас е авантура во самиот град. Започнуваме со посета на плоштадот Дарбар, кој претставува срце на стариот град во религиозна и духовна смисла. Целиот комплекс на плоштадот Дарбар е под строга заштита на УНЕСКО. Патем, исто така, ги посетуваме храмот на живата божица Кумари Бахал, Старата кралска палата, Градините на соништата и храмот Кастамандап, кој е најстариот во долината. Потоа следи храмот Пашупатинат, еден од најважните хиндуистички храмови кој претставува едно од најголемите светилишта на Шива на индискиот потконтинент. Се состои од низа храмови, ашрами, слики и натписи кои низ вековите се изградени покрај бреговите на светата река Багмати, која е пандан на Ганг во Индија. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат и гатовите на Катманду, каде се изведуваат церемонии на погребување, ритуално капење и молитви. Обиколката ја завршуваме кај ступата Буданат, најголемата ступа во долината на Катманду (40 метри), која претставува најзначајна будистичка ступа во светот. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Појадуваме и го напуштаме сместувањето во Катманду. Имаме трансфер до аеродромот на Катманду и одиме кон следната наша авантура, шарената Индија! Лет до Њу Делхи (New Delhi) – главниот град на Индија. Се сместуваме во Хотелот, пиеме масала чај и одиме во прошетка на Њу Делхи – Храмот Лакшми Нарајан, Портата на Индија, гробот на Махатма Ганди, Лотосовиот храм, Гробницата на Хумајун – претходник на Таџ Махал. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Превоз
Локален трансфер од сместување до аеродромот во Катманду
Авио карта со сите такси, на релација Катманду – Њу Делхи, во економска класа, со 20kg чекиран и 7kg рачен багаж
Рано наутро тргнуваме во посета на Таџ Махал, најспектакуларната градба на светот која сјае и ја рефлектира светлината кога Сонцето е во својот зенит или на полна Месечина. Симболот на Индија и симболот на љубовта. Приказната за Шахот Џахан и убавата Мумтаз започнува на познатиот пазар, на местото каде што е сега моќниот Таџ. Мумтаз продавала сол во кристали, а Џахан бил принц кој сакал да плати за кристалната сол како за дијаманти. Тоа било љубов на прв поглед која траела бесконечно, како во бајка. За 18-те години заеднички живот Мутаз му родила на својот принц 14 деца, но на последното породување починала. Споменикот на вечната љубов била нејзина желба. Изградбата на мермерната гробница, на која работеле 20.000 луѓе, илјадници слонови и камили, траела цели 22 години. Жад, корал, тиркиз, сафир, оникс, 28 видови на полудрагоцени и драгоцени камења се само дел од величественоста по која е познат Таџ. Овој подвиг го оставил Шахот Џахан без кралство како и без живот. Откако неговиот син го преземал престолот во 1685 година, го затворил својот татко во Црвената тврдина од која што Џахан можел да го гледа Таџ Махал како потсетник на вечната љубов, но и на банкротот на кралството. Последните денови од животот ги поминал таму се до неговата смртИсто така, го обиколуваме и Црвениот форт (Red Fort) во попладневните часови, уште една прекрасна градба на Раџапутите. Враќање во Њу Делхи. Трансфер до аеродромот.
Се приближува крајот на нашата авантура во Азија. Го напуштаме сместувањето. Овој ден имаме слобоно време да го прошетаме Њу Делхи, да докупиме по некој сувенир, да видиме уште по некој храм или да уживаме во локалната храна. Летот за Доха е во 16:50 часот, пристигнуваме во 18:25 часот. Ноќеваме во Доха.
Превоз
Локален трансфер од сместување до аеродром
Авио карта со сите такси, со преседнување, на релација Њу Делхи – Белград, во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Авио карта со сите такси, со преседнување, на релација Белград – Шангај, во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж.
Локален трансфер од аеродром до сместувањето
Локален трансфер од сместување до аеродром
Авио карта со сите такси, на релација Шангај – Ченгду, во економска класа, со 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
Трансфер од аеродромот во Ченгду до хотелот.
Ноќен воз од Ченгду до Ласа
Возење со воз од Кина до Тибет
Локален трансфер од железничката станица до сместувањето
Трансфер од Ласа до Шигаце
Трансфер од Шигацу до Џиронг
Трансфер од Џиронг до Катманду
Локален трансфер од сместување до аеродромот во Катманду
Авио карта со сите такси, на релација Катманду – Њу Делхи, во економска класа, со 20kg чекиран и 7kg рачен багаж
Локален трансфер од аеродром до сместувањето
Локален трансфер од сместување до аеродром
Авио карта со сите такси, со преседнување, на релација Њу Делхи – Белград, во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж
Авио карта со сите такси на релација Доха – Белград, во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж
Храна
13 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Виза за Непал
Виза за Индија
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Шангај City Tour
Цена:
50,00 EUR
Најпрво одиме до дворците на Ју Јуан (или едноставно Ју дворец – што во превод значи градини на задоволството), кои се едни од најубавите дворци во цела Кина. Прекрасните градини се сместени во центарот на стариот дел на Шангај. Неизбежен ни е и Јујуан, кварт кој се крие меѓу бројни облакодери и се обидува да остане каков што е бил. Улиците се преполни со луѓе, продавници, прекрасни кинески куќи чија архитектура мора да ве восхитува. Вртовите Ју Јуан потекнуваат од 16 век, а за јавноста се отворени од 1961 година. На површина од околу 20.000 квадратни метри се сместени традиционални кинески павилјони, бројни езера и рибници, егзотични карпи, старо дрвје и прекрасни цвеќиња. Павиљонот е поделен на шест тематски зони. Еден од најпознатите делови на дворецот Ју Јуан е карпата од жад, сместена спроти салата Јухуа (салата е изградена како место од каде можете да ја набљудувате карпата). Станува збор за прекрасна карпа висока над три метри, која има 72 дупки. Посебноста на оваа карпа е што ако запалите свеќа под неа, димот магично ќе излегува низ сите 72 дупки. Доколку се налие вода врз карпата, истата ќе излезе низ сите дупки создавајќи прекрасен амбиент. Ја шетаме улицата Ченгхуангмијао, како и квартот Синтијанди.
Kathmandu City Tour
Цена:
45,00 EUR
Факултативно разгледување на Катманду - Нашата авантура започнува со посета на Буданат ступа, најголемата ступа во долината Катманду (40м) и најзначајната будистичка ступа во светот. Во близина има тибетски манастир, како и бројни занаетчиски продавници и галерии во кои се учи традиционалната техника на сликарство, сликање со втискување на златна во боите на платно - занает што бара долгогодишно искуство. Го посетуваме постхумниот храм Pashupatinat, еден од најважните хиндуистички храмови кој претставува едно од најголемите светилишта на Шива. Се состои од низа храмови, ашрами, слики и натписи создадени низ вековите, долж брегот на светата река Багмати која е еднаква на Ганг во Индија. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат и места каде се вршат погребни церемонии, ритуално капење и молитва за починатиот. Го посетуваме и плоштадот Дарбар, кој го претставува срцето на стариот град во религиозна и духовна смисла. Плоштадот Дарбар и околината се под заштита на УНЕСКО. Го посетуваме и храмот на живата божица Кумари Бахал, старата кралска палата, градините од соништата и храмот Кастамандап кој е најстар во долината. Шетаме низ шарените улици каде се продава буквално сè, од кашмир и метален прибор, зачини, сушена риба, па сè до употребувана опрема за пешачење. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за Буданат Ступа, плоштад Дарбар, Пашупатинат, Храмот на Божица Кумари, услуги од претставник на агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.
Њу Делхи City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
45,00 EUR
Главниот град на Индија и еден од најинтензивните градови во светот! Ќе посетиме некои од најпознатите атракции во овој град, а нашата авантура ја започнуваме со India Gate - изградена во 1931 година во спомен на индиските војници загинати во Првата светска војна. Спектакуларна порта која е често ставена на исто рамниште со Триумфалната капија во Париз. Потоа продолжуваме кон Храмот на Лотусот во Делхи - неспоредливо архитектонско уметничко дело и еден од најубавите храмови на цел свет. Храмот e изграден од бел мермер во форма на лотус цвеќе и е отворен за сите религии, нашето совршено место за медитација, мир и спокојство во бучниот Делхи. Го посетуваме и еден од најважните храмови кој благодарение на Ганди е отворен за сите касти и религии, а е посветен на божицата на успехот - Birla Mandir; Потоа ја посетуваме гробницата на Хумајун – прекрасен пример на архитектурата на Могулите - мавзолеј изграден во 16тиот век и e претходник на Таџ Махал. Нашата авантура продолжува кон местото каде Ганди ги поминал последните денови од својот живот и каде што денес се наоѓа неговиот меморијал и гробница - Raj Ghat. Со ова место раководи фондација која своите темели ги базира на филозофијата, идеалите, учењата, животот и службата на Ганди - „Таткото на Индија“.
Цената на екскурзијата вклучува: трансфер до локацијата, влезници, услуги на локален водич на англиски јазик, претставник од агенција.
Таџ Махал (Taj Mahal) и Црвената тврдина (Red Fort)
Цена:
80,00 EUR
Посета на Таџ Махал, најспектакуларната градба на светот која сјае и ја рефлектира светлината кога Сонцето е во својот зенит или на полна Месечина. Симболот на Индија и симболот на љубовта. Приказната за Шахот Џахан и убавата Мумтаз започнува на познатиот пазар, на местото каде што е сега моќниот Таџ. Мумтаз продавала сол во кристали, а Џахан бил принц кој сакал да плати за кристалната сол како за дијаманти. Тоа било љубов на прв поглед која траела бесконечно, како во бајка. За 18-те години заеднички живот Мутаз му родила на својот принц 14 деца, но на последното породување починала. Споменикот на вечната љубов била нејзина желба. Изградбата на мермерната гробница, на која работеле 20.000 луѓе, илјадници слонови и камили, траела цели 22 години. Жад, корал, тиркиз, сафир, оникс, 28 видови на полудрагоцени и драгоцени камења се само дел од величественоста по која е познат Таџ. Овој подвиг го оставил Шахот Џахан без кралство како и без живот. Откако неговиот син го преземал престолот во 1685 година, го затворил својот татко во Црвената тврдина од која што Џахан можел да го гледа Таџ Махал како потсетник на вечната љубов, но и на банкротот на кралството. Последните денови од животот ги поминал таму се до неговата смрт. Red Fort (Црвената тврдина) во Агра е големо здание на припадниците на Раџпут (Rajput) - воена каста во Индија. Направена е за одбрана на кралството и до ден денес е во функција, но само 20% од зградата е отворена за јавноста и посетителите. Одбранбени тунели, натпреварувачки простории, кралски одаи, прв природно климатизиран простор и телефонија, најубавиот стар затвор на светот се само дел од она што ќе го видиме во Red Fort. Враќање во Делхи во вечерните часови. Пауза за појадок на патот кон Таџ Махал, а паузата за ручек е по посетата на двата локалитети или по првиот, во зависност од временските услови.
Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за Таџ Махал и Црвена тврдина, услуги од претставник на агенцијата.
Сместување
Хотел со 3* во Шангај
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелско сместување со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби. Сите соби имаат сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со доручек (континентален доручек).
Хотел со 3* во Ченгду
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелско сместување со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби. Сите соби имаат сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со доручек (континентален доручек).
Хотел со 3* во Ласа
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелско сместување со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби. Сите соби имаат сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со доручек (континентален доручек).
Хотел со 3* во Шигаце
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелско сместување со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби. Сите соби имаат сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со доручек (континентален доручек).
Guest house
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Сместувачки објект типичен за подрачјето на Азија. Собите се едноставни, во главно малку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.
Хотел со 3* во Катманду
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелско сместување со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби. Сите соби имаат сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со доручек (континентален доручек).
Хотел со 3* во Њу Делхи
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелско сместување со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби. Сите соби имаат сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со доручек (континентален доручек).
The Royal Riviera Hotel
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелот The Royal Riviera Hotel 4* е хотел со четири ѕвезди според локалната категоризација. Располага со двокреветни и трокреветни соби. Наоѓа се во центарот на Доха, на 20 минути возење од аеродромот Хамад. Услугата е на база на ноќевање.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA стандардот.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:
А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај:
Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување: 1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и 2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување.
Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште.
Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.
(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)