Индија Дивали Фестивал

Индија Дивали Фестивал

цена од
1.390
EUR ,00
сега од
1.290
EUR ,00
траење
16 дена
Пријави се Барање
Барање

Кога мислиме на авантура дефинитивно мислиме на Индија (India)! Ве водиме на фестивалот на светлината, патуваме заедно во нејзиното височество - Кралицата Индија (India)! 

Дивали (Diwali) е фестивал на светлината кој што се слави три дена при крајот на октомври или почетокот на ноември. Со вас одиме на авантура која што ќе ви го промени животот!

Добредојдовте во еден поинаков свет кој што се состои од микс на различни култури, од микс на луѓе и животни кои слободно шетаат по улиците.

Затворете ги очите и помирисајте. Добредојдовте во Индија! Земја која што ќе ви го сопре дишењето, земја која што не се опишува со зборови, туку се доживува!

Патувањето го започнуваме во Њу Делхи (New Delhi), а авантурата почнува во најголемата чаршија која нема да ве остави рамнодушни додека се запознаваме со секојвневието на локалците. Исполнета со мириси, вкусови, традиционалното ароматично кари, кокосово млеко, ѓумбир и други индиски зачини. Огномет, разиграни Индијци, сијалички на сите страни се само дел од она што ќе ви го привлече вниманието додека ги посетуваме храмот Лаксминрајан, еден од најголемите хиндуистички храмови во Делхи како и „Порта Индија“, гробот на Махатма Ганди и Храмот на лотусот. 

Оттука, патувањето го продолжуваме кон Пушкар (Pushkar), еден од најхипи градовите во светот кој што секој Хиндус барем еднаш во животот го посетува. Од Пушкар одиме во најголемата пустина во Индија, пустината Тар, каде што сте на вистинско сафари со камили. Чекориме по стапките на махараџите, посетуваме номадски села, а денот го завршуваме со логорски оган и традиционален индиски танц во бедуински камп, се смееме гласно, но и пееме уште погласно! 

Дали некогаш помисливте дека постои розов град во светот? Џајпур (Jaipur), во буквална смисла на зборот. Ве водиме во Раџастан, најголемата и најшарената држава во Индија, каде што не треба да ве зачуди ако на улица ве пресретне некоја камила или некој слон! Вистинска фантазија се случува додека сме во музејот Алберт Хол, но и кога се искачуваме до највисоките кровови за најдобриот поглед кон зајдисонце. Летаме земјови, баш како во детството и каде ако не во Џајпур, градот на ветровите!

Ве носиме во Амбер Форт, фасцинантна килибарна тврдина како и во прочуената Водена Палата, но и во Палатата на ветрот таму каде што живееле девојките на махараџата кои никој никогаш не ги видел сем тој. Продолжуваме кон Jantar Mantra најдоброто место за астрономско набљудување, но и во Храмот на мајмуните, каде додека вие го гледате целиот град, тие ве гледаат токму вас! 

Таџ Махал (Taj Mahal)? Ви звучи познато?

Освојуваме уште едно светско чудо, можеби и најубавото! Симболот на Индија и љубовта! Таџ наутро е розевкаст, навечер е млечно бел, а златен е кога Месечината сјае ноќе. Ова не се замислува, ова се доживува! Одиме и во Агра (Agra), каде што започнуваме со посета на храмот Gurudwara Guru Ka Tall – најпрочуениот храм на Сиките изграден во 16-ти век, а потоа продолжуваме кон храмот Soami Bagh – посветен нa спиритуалниот лидер Radha Soami но и кон мавзолејот Itmad ud Daulah, могулска градба изградена од принцезата Nur Jahan кој се смета за нацрт на Таџ Махал. 

Се враќаме во Делхи каде што ве водиме на индиски шопинг!! Се ценкаме, мирисаме, гледаме бои, слушаме звукови, но и впиваме неверојатна енергија уживајќи со најдобрите момоси на светот! Го посетуваме храмот Akshardham изграден од злато, полудраги и драги камења кој од птијча преспектива налкува на лотус. Со сигурност Индијците за него велат дека е најголемата конкуренција на Таџ!

Се возиме и со локален индиски воз, дали некогаш мислевте дека сериите знаат да станат реалност?

Патување на животот за вистински авантуристи!


Рута
Белград
Доха
Њу Делхи (New Delhi)
Пушкар (Pushkar)
Џајпур (Jaipur)
Ришикеш (Rishikesh)
Њу Делхи (New Delhi)
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Индија
Код на патување
IN2
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на аеродромот "Никола Тесла" два часа и половина пред летот. Лет од Белград до Њу Делхи со преседнување (лет QR 232, Белград 11:40 – Доха 18:30).

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха – Делхи, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Белград
  • Доха

Лет до Делхи (лет QR 570, Доха 02:20 – Делхи 08:25) и пристигнување во Индија, земјата на интензивните доживувања. Трансфер до сместувањето. Добредојдовте во Њу Делхи (New Delhi) - главниот град на Индија. Слободно време за препуштање на енергијата и хаосот на милионскиот град. Слободно време за индивидуални активности и посета на некои од локалитетите (Lodhi Garden, Paharganj, пазари и паркови...)

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативен излет - разгледување на Њу Делхи. India Gate, Lotus Temple, Хумајуновата гробница, Jama Masjid... Совршена прилика да го видите сé она што го чини овој град посебен и магичен, прилика да се запознаете со хиндуизмот, будизмот, исламот, модерната историја на Индија, боите, вкусовите и мирисите на овој град. Слободно време.

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и поаѓање за Пушкар во раните утрински часови. Пристигнување во Пушкар (Pushkar). Слободно време за запознавање на овој хипи град со мирна и пријатна атмосфера и голем број хинду храмови поредени околу светото езеро. Chill кафулиња, интересна и вкусна храна, локални ракотворби и дружење на врелото сонце!

Превоз

  • Трансфер од Њу Делхи до Пушкар

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Го славиме Diwali - фестивал на светлоста кој го претставува почетокот на Новата Година и се слави ширум Индија.

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Факултативен излет до пустината Тар, сафари со камили, номадски села и пустински танц додека заоѓа сонцето. 

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и поаѓање кон Џајпур во претпладневните часови. Џајпур (Jaipur) - розевиот град. Раџастан во своето најдобро светло. Најголемата и најшарената држава во Индија. Престолнината на Раџпут, кралското семејство и големите борци. Мешавина на традиционалното и модерното. Уживање во богатата вегетаријанска кујна, сизлери, тали, бирјани и зачини. Сетилата ни се преплавени и со насмевка на лицето спремни сме за еден од најубавите градови на Индија!

Превоз

  • Трансфер од Пушкар до Џајпур

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Факултативен излет - посета на Amber Fort - фасцинантната тврдина која го бранела и штитела градот од навалата на Могулите. Одличен микс на Хинду и Арапска култура. Ја посетуваме и Jal Mahal водената палата (Water Palace) - летната резиденција на Махараџата. Разгледување на City Palace и прошетка околу Палатата на ветровите изградена така што убавиците од харемот може да ја гледаат улицата, но нив никој не може да ги види освен очите на богатиот Махараџа, разгледување на Jantar Mantar познатата опсерваторија од XVII век, која ги мери со поголема прецизност астролошките појави отколку најмодерните опсерватории. Враќање во сместувањето и слободно време.

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето. Мажи со големи бркови завиени во чаршафи и шпицасти чевли и жени во шарени сари, со тетоважи по целото тело и обетки на ушите и носот. Топло и егзотично. На улица возможен е судар и средба со камила или слон. Индија како од фантазиите. Уживање по локалние пазари, купување ракотворби од кожа и друга ткаенина. Слободен ден во Џајпур до поаѓањето за Ришикеш во вечерните часови. 

Превоз

  • Трансфер од Џајпур до Ришикеш

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Пристигнување во Ришикеш, град на брегот на реката Ганг. Свети крави, мистични скитници, мајмуни на сите страни. Идилично место во подножјето на Хималаите каде Ганг слегува од планините и е брз, бучен и чист за капење. Голем број на баба, хинду свештеници. Посета на Лакс Ман Јуле (Lax Man Yule), градот на јогата и воедно место на кое Битлси своевремено вежбале јога. 

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Ришикеш (Rishikesh)

Со локален автобус се упатуваме до Харидвар. Престојуваме во градот кој е домаќин на еден од најголемите фестивали Кумамела, десетици милиони луѓе на едно место. Слободно време. Враќање во Ришикеш.

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Ришикеш (Rishikesh)

Факултативни излети

Слободен ден во градот на северот, на брегот на светата река. Уживаме во прошетките и свежиот воздух. Другата страна на Индија, чиста, мирна и тивка. Го чекаме зајдисонцето додека пиеме чај на брегот.

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Ришикеш (Rishikesh)

Напуштање на сместувањето и раноутринско поаѓање за Делхи. Пристигнување во Делхи, трансфер до сместувањето и слободно време.

Превоз

  • Трансфер од Ришикеш до Њу Делхи

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативен излет во Агра. Ја посетуваме најспектакуларната градба на светот која рано наутро светка и ја прекршува светлината на изгрејсонцето, Таџ Махал. Симболот на Индија и на љубовта. Посета на Црвената тврдина (Red Fort) во попладневните часови. Уште една огромна градба на Раџапутите, војничката каста во Индија. Враќање во Делхи.

Сместување

Хотел *** 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативни излети

Слободно време за купување сувенири и прошетка низ Делхи. Во вечерните часови го напуштаме сместувањето и трансфер до аеродром.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Лет до Белград со преседнување (лет QR 579, Делхи 03:40 часот – Доха 05:45 часот и QR 231, Доха 07:00 часот – Белгад 11:40 часот ). Пристигнување во Белград

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Њу Делхи – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Доха
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел Пример 11 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха – Делхи, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Њу Делхи до Пушкар
  • Трансфер од Пушкар до Џајпур
  • Трансфер од Џајпур до Ришикеш
  • Трансфер од Ришикеш до Њу Делхи
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Њу Делхи – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Индија

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разгледување на Њу Делхи

Разгледување на Њу Делхи
Цена: 35,00 EUR

Го запознаваме Њу Делхи, авантура во овој хаотичен град со неверојатен дух, бои, мириси и прекрасна енергија! Го посетуваме стариот дел на градот каде што се наоѓаат познатата џамија Јама Масјид и Црвената тврдина (Red Fort). Џамијата е изградена од познатиот Шах Џахан и е најголема во Индија. Духот на стариот град ќе ве воодушеви целосно... Енергијата во движењето, бучавата и луѓето ќе ги активираат сите наши сетила! Ќе ја посетиме и Црвената тврдина која датира од 17 век. Влегувањето внатре не е предвидено затоа што ќе ја посетиме во рамките на излетот во Агра. Ја продолжуваме нашата авантура уживајќи во убавината на градбата која била инспирација при креирањето на Таџ Махал. Тоа е гробот на Хамајун, владетел могул во 16-тиот век, чија изградба ја била на барање на неговата прва сопруга и тој симбол на љубовта е пренесен, преку архитектурата, до самиот Таџ Махал. Го завршуваме излетот под познатата “Порта Индија”, посветена на сите војници убиени за време на Првата светска војна. Враќање во сместувањето и слободно време.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети во гробниот комплекс Хумајун, услуга на претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локални водичи и возачи, индивидуални трошоци.

* Со оглед на непредвидливиот сообраќаен метеж, можно е да се смени редоследот на турата.

Сафари на камили во Пушкар – полудневен излет

Сафари на камили во Пушкар – полудневен излет
Цена: 30,00 EUR

Пред зајдисонце, тргнуваме полека на камилите, како вистинските Махараџа и Махарани, кон моќната пустина Тар. Расеани села низ пустината, поила за животните, вегетација, диви коњи се само дел од она што нè опкружува во оваа позната хипи заедница. А тогаш, по заоѓањето на сонцето, се пали оган во сред пустина и доаѓаат свирачи во придружба на најубавите Индијки кои хипнотизираат со својот танц и разнобојни носии, натоварени со накит, огледала, школки, пари, исцртани со к’на од нозете до вратот. Залезот на Сонцето се прелева во најубавите бои, лежиме на топлиот песок, ги впиваме звуците, мирисите... По зајдисонцето се враќаме во Пушкар. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, јавање на камила, пијалок и танц, услуга на претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци 

Целодневен факултативен излет во Џајпур

Целодневен факултативен излет во Џајпур
Цена: 40,00 EUR

Го запознаваме Џаипур, авантура во овој неверојатен град кој се наоѓа во срцето на Раџастан, најшарената држава во Индија. Боите и енергијата кулминираат, сè е живописно, брковите на луѓето се поголеми, потопло е, слоновите се насекаде околу нас дури и на улиците, кобрите се виткаат со звуците на свирачите и храната е повкусна! Започнуваме со посета на Тврдината Амбер, прекрасна градба со исклучително значење и архитектура, симбол на моќта и силата на поранешното кралство. Изграден е на крајот на 16 век и денес е под заштита на УНЕСКО. Уживаме додека поминуваме низ раскошните одаи, просторијата со огледала, дворот, монументалните порти, фонтани, мермер и полускапоцени и скапоцени камења! По враќањето во Џаипур и попатното застанување да ја видиме Палатата на вода, пристигнуваме во централниот дел на градот. Ја посетуваме Градската палата чија зграда датира од 18тиот век и која ќе не воодушеви со нејзината убавина! Потомците на Махараџата и ден денес живеат во еден дел од палатата. Ќе поминеме низ бројни капии, дворови, галерии сè до прочуените врати на Градската палата кои се наоѓаат на насловните страни на сите популарни книги и списанија за Индија - вистинско ремек-дело!

Се упатуваме кон опсерваторијата „Јантар Мантар“. Монументалните инструменти од 18тиот век ќе ве воодушеват целосно. Локалниот водич ќе се обиде да ви ја објасни важноста на секој инструмент посебно, но сепак вашата имагинација ќе ве доведе до конечните заклучоци. Авантурата завршува со поглед на Хава Махал или Палатата на ветровите, што се наоѓа во центарот на Розевиот град. Зграда што личи на црвена чипка направена од црвен песочник, камен и мермер со безброј прозорци кои ќе ви помогнат да го замислите животот на жените во минатото. Враќање во сместувањето и слободно време.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, превоз, билети до Тврдината Амбер, Градската палата, Јантар Мантар и услуга претставник на агенцијата.

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

*Земајќи го во обзир сообраќајниот метеж како и гужвата околу самите знаменитости, можно е да се промени редоследот на посетите.

Факултативен излет во Харидвар

Факултативен излет во Харидвар
Цена: 30,00 EUR

Харидвар - полудневен факултативен излет. Градот кој е домаќин на еден од најголемите спиритуални фестивали на светот Кумбамела, кој се одржува во 4 градови. Кога боговите се бореле околу урните на бесмртноста, богот чувар Вишну успеал да ја земе урната и со своето превозно средство Гаруди да ја однесе на сигурно. Додека летала Гарудата, 4 капки, паднале на 4 места - тоа се сега свети градови во кои фестивалот се одржува - Харидвар, Ујаин, Нашик и Алахбад и од тогаш тука се собираат садуите. Садуи се свети луѓе - скитници, кои се имаат одречено од сé што е материјално и се собираат за време на "Кумбамела" на брегот на реката Ганг, за спиритуално чистење, односно капење во Ганг. Има околу 20 милиони вакви луѓе секоја година. Харидвар се смета за капијата на Хималаите, а ние пристигнуваме точно на време да го гледаме зајдисонцето, на главниот "gath" - место за обреди, Харки пури и учествуваме во "Ganga aarti". "Ganga aarti" е молитва посветена на Ганг, на сите богови - сонцето и месецот, денот и ноќта. Со пеење на бадјана, гласна музика, ѕвона, обреден оган, пуштаме корпи со подароци низ реката, врзуваме црвени конци околу рацете, примаме "прасад" и лични молитви за секој од нас. Илјадници хиндуисти на едно од најсветите места на светот за секој индијец. Влегуваме во самата срж на хиндуизамот, верата, обичаите, ги будиме сите сетила, впиваме позитивна енергија и сведочиме на една неверојатна вера и посветеност на локалното население. Се враќаме во Ришикеш во вечерните часови. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, услуги од претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи и индивидуални трошоци.

Агра

Агра
Цена: 80,00 EUR

Посета на Таџ Махал, најспектакуларната градба на светот која сјае и ја рефлектира светлината кога сонцето е во својот зенит или на полна месечина. Симболот на Индија и симболот на љубовта. Приказната за Шах Џахан и убавата Мумтаз започнува на познатиот пазар, на местото каде што е сега моќниот Таџ. Мумтаз продавала сол во кристали, а Шах бил принц кој сакал да плати за кристалната сол како за вредност на дијаманти. Тоа било љубов на прв поглед, која траела бесконечно, како во бајка. За 18-те години заеднички живот Мутаз му родила на својот принц 14 деца, но на последното породување починала. Споменикот на вечната љубов била нејзина желба. Изградбата на нејзината мермерната гробница, на која работеле 20.000 луѓе, илјадници слонови и камили, траела цели 22 години. Жад, корал, тиркиз, сафир, оникс, 28 видови на полудрагоцени и драгоцени камења се само дел од величественоста по која е познат Таџ. Овој подвиг го оставил Шах без кралство како и без живот. Откако неговиот син го превземал престолот во 1685 година, го затворил својот татко во Црвената тврдина од кој што можел да го гледа Таџ Махал како потсетник на вечната љубов и банкротот на кралството. Последните денови од животот ги поминал таму се до неговата смрт. Red Fort (Црвената тврдина) во Агра е големо здание во Раџапут, воена каста на Индија, направена за одбрана на кралството и која до ден денес е во функција, а само 20% од зградата е отворена за јавноста и посетителите. Одбранбени тунели, натпреварувачки простории, кралски одаи, прв природно климатизиран простор и телефонија се само дел од она што ќе го видиме од најубавиот стар затвор на светот. Враќање во Делхи во вечерните часови. Пауза за појадок на патот кон Таџ Махал, а паузата за ручек по посетата на двата локалитети или по првиот, во зависност од временските услови. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, превоз, билети до Таџ Махал и Црвена тврдина, услуги од претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните возачи и водичи и индивидуални трошоци.

Сместување

Хотел ***

Хотел ***
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање. Името на хотелот ќе биде потврден по формирање на групата, а најдоцна две недели пред патувањето.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез во земјата не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против Ковид-19.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.