Кога мислиме на авантура дефинитивно мислиме нa нејзиното височество - Кралицата Индија (India)!
Добредојдовте во еден поинаков свет кој што се состои од микс на различни култури, од микс на луѓе и животни кои слободно шетаат по улиците.
Затворете ги очите и помирисајте. Добредојдовте во Индија! Земја која што ќе ви го сопре дишењето, земја која што не се опишува со зборови, туку се доживува!
Патувањето го започнуваме во Њу Делхи (New Delhi), а авантурата почнува во најголемата чаршија која нема да ве остави рамнодушни додека се запознаваме со секојвневието на локалците. Исполнета со мириси, вкусови, традиционалното ароматично кари, кокосово млеко, ѓумбир и други индиски зачини. Огномет, разиграни Индијци, сијалички на сите страни се само дел од она што ќе ви го привлече вниманието додека ги посетуваме храмот Лаксминрајан, еден од најголемите хиндуистички храмови во Делхи како и „Порта Индија“, гробот на Махатма Ганди и Храмот на лотусот.
Оттука, патувањето го продолжуваме кон Пушкар (Pushkar), еден од најхипи градовите во светот кој што секој Хиндус барем еднаш во животот го посетува. Од Пушкар одиме во најголемата пустина во Индија, пустината Тар, каде што сте на вистинско сафари со камили. Чекориме по стапките на махараџите, посетуваме номадски села, а денот го завршуваме со логорски оган и традиционален индиски танц во бедуински камп, се смееме гласно, но и пееме уште погласно!
Дали некогаш помисливте дека постои розов град во светот? Џајпур (Jaipur), во буквална смисла на зборот. Ве водиме во Раџастан, најголемата и најшарената држава во Индија, каде што не треба да ве зачуди ако на улица ве пресретне некоја камила или некој слон! Вистинска фантазија се случува додека сме во музејот Алберт Хол, но и кога се искачуваме до највисоките кровови за најдобриот поглед кон зајдисонце. Летаме земјови, баш како во детството и каде ако не во Џајпур, градот на ветровите!
Ве носиме во Амбер Форт, фасцинантна килибарна тврдина како и во прочуената Водена Палата, но и во Палатата на ветрот таму каде што живееле девојките на махараџата кои никој никогаш не ги видел сем тој. Продолжуваме кон Jantar Mantra најдоброто место за астрономско набљудување, но и во Храмот на мајмуните, каде додека вие го гледате целиот град, тие ве гледаат токму вас!
Таџ Махал (Taj Mahal)? Ви звучи познато?
Освојуваме уште едно светско чудо, можеби и најубавото! Симболот на Индија и љубовта! Таџ наутро е розевкаст, навечер е млечно бел, а златен е кога Месечината сјае ноќе. Ова не се замислува, ова се доживува! Одиме и во Агра (Agra), каде што започнуваме со посета на храмот Gurudwara Guru Ka Tall – најпрочуениот храм на Сиките изграден во 16-ти век, а потоа продолжуваме кон храмот Soami Bagh – посветен нa спиритуалниот лидер Radha Soami но и кон мавзолејот Itmad ud Daulah, могулска градба изградена од принцезата Nur Jahan кој се смета за нацрт на Таџ Махал.
Се враќаме во Делхи каде што ве водиме на индиски шопинг!! Се ценкаме, мирисаме, гледаме бои, слушаме звукови, но и впиваме неверојатна енергија уживајќи со најдобрите момоси на светот! Го посетуваме храмот Akshardham изграден од злато, полудраги и драги камења кој од птијча преспектива налкува на лотус. Со сигурност Индијците за него велат дека е најголемата конкуренција на Таџ!
Се возиме и со локален индиски воз, дали некогаш мислевте дека сериите знаат да станат реалност?
Патување на животот за вистински авантуристи!
Рута
Скопје
Истанбул
Њу Делхи (New Delhi)
Пушкар (Pushkar)
Џајпур (Jaipur)
Агра
Њу Делхи (New Delhi)
Истанбул
Скопје
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер
- Сместување
-
Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје,
Македонија
- Видови патувања
-
Експедиции
- Дестинации
-
Индија
- Код на патување
- IN15
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Не