Индија и Непал

Индија и Непал

цена од
1.350
EUR ,00
траење
20 дена
Пријави се Барање
Барање

Голема авантура низ Јужна Азија. Патиштата на хиндуизмот, Раџастан, индиски возови, будизам, храмови, природа и планини! Индија е невозможно да се опише со зборови. Земјата која никого не остава рамнодушен, земја која секако мора да се види и доживее. Калеидоскопско патување кое ќе ги оптерети сите ваши сетила и ќе Ви го измени погледот на светот. Непал е место каде што ледените врвови на Хималаите се сретнуваат со жештината на индиските рамнини. Моќните Хималаи ја чуваат оваа мала земја од разни негативни влијанија на западниот свет. Се запознаваме со будизамот и културата на овој народ кој живее во хармонија со природата. Шарени будистички храмови ги чуваат приказните на древните цивилизации. На ова патување не чекаат Њу Делхи, Џаипур, Пушкар, Катманду и Покара.


Рута
Белград
Њу Делхи (New Delhi)
Џајпур (Jaipur)
Пушкар (Pushkar)
Њу Делхи (New Delhi)
Катманду
Покхара
Катманду
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер, Воз
Сместување
Guesthouse, Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Експедиции
Дестинации
Индија
Код на патување
INNP1
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на групата аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Лет кон Њу Делхи со преседнување.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Делхи, во економска класа

Место

  • Белград

Пристигнуваме во Њу Делхи рано наутро по локално време. Зачудувањеод различноста - добредојдовте во Новиот свет! Трансфер до хотел. Факултативна екскурзија – тура низ Делхи: Храмот Берла, меморијалот на Ганди, Гробницата Хумајун, портата Индија... Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување во Њу Делхи

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативни излети

Факултативна екскурзија до Агра. Посета на Таџ Махал, најспектакуларната зграда во светот, која сјае рано наутро и ја рефлектира светлината на изгрејсонцето. Симбол на Индија и на љубовта. Посета на Црвената тврдина (Red Fort) попладне, уште едно огромно издание во Раџапут, воената каста на Индија. Враќање во хотел. Ноќевање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативни излети

Продолжуваме со факултативно разгледување на градот. Гостуваме во Минарето Кутуб, паркот Лоди, Храмот Сик (Sikh Temple). Слободно време. Поаѓање за Џаипур во вечерните часови. Ноќно возење.

Превоз

  • Трансфер од Њу Делхи до Џаипур

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)

Факултативни излети

Џаипур (Розов град). Ќе го видиме Раџастан во своето најдобро светло. Најголемата и најшарената држава во Индија. Главниот град Раџпут, кралското семејство и големите војсководци. Мешавина на традиционалнотосо модерното. Уживаме во богатата вегетаријанска кујна, sizzler-и, thali, леќа, пиво, кои ќе ни ги презаситат сетилата и усреќат. Факултативен излет- обиколка на опсерваторијата „Јантар Мантар“ (Jantar Mantar) и други знаменитости на градот: тврдината Амбер, Палатата на ветровите (Hawa Mahal) изградена на начин што харемските убавици можат да ја гледаат улицата а нив нико никој да не може да ги види освен очите на пребогатиот Махараџа а на крај ќе ја посетиме ипалатата на вода. Ноќевање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Факултативни излети

Тура низ чаршијата која е преполна и разнобојна. Мажи со мустаќи завиткани во чаршави и шпицасти кондури. Жените се облечени во шарени сари, со тетоважи по цело тело и дупнати уши и носеви. По желба купуваме локални производи од кожа и ракотворби. Ноќевање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Џајпур (Jaipur)

Слободно време до поаѓање за Пушкар - оаза во пустината. Град со голем број на хинду-храмови, поставени околу светото езеро. Хипи град со мирна и пријатна атмосфера каде има голем број на chill-out кафе барови, интересни друштва на луѓе, локални ракотворби. Се дружиме на жешкото сонце.

Превоз

  • Трансфер од Џаипур до Пушкар

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Факултативен излетдо пустината Тар, сафари со камили, јавање со балдехини, номадски села и танцување на зајдисонце. Ноќевање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Факултативни излети

Слободен ден во Пушкар. Време е да се одморите на пристаништето, да го посетиме единствениот храм на Брама, да уживаме во чај или кафе на една од терасите со поглед на езерото, да пазариме во живите чаршии, пазари и разнобојните продавници, да ги наполниме батериите на брегот на езерото прекуспуштањето на жешкото пустинско сонце. Цел ден на истражување на магијата во легендарниот град. Ноќевање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Пушкар (Pushkar)

Слободно време до поаѓање за Делхи. 

Превоз

  • Трансфер од Пушкар до Њу Делхи (ноќно возење)

Пристигнување до Делхи во раните утрински часови. Слободно време до попладневното поаѓање за аеродромот. Лет кон Непал. Пристигнување на аеродромот Катманду. Градот Катманду е историско и културно срце на Непал и е неверојатна мешавина на хиндуизам, тибетски будизам и западни влијанија. Трансфер во сместувањето. Ноќевање.

Превоз

  • Локален авионски билет со сите такси на релација Делхи - Катманду, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето во Катманду

Сместување

Хотел 2*/3* 1 ноќ

Место

  • Њу Делхи (New Delhi)
  • Катманду

Факултативен излет – тура низ најинтересните населби на Катманду. Започнуваме со разгледување на плоштадот Дарбар, кој го претставува срцето на стариот град во религиозен и духовен поим. Целиот комплекс на плоштадот Дабар е строго заштитен од УНЕСКО. Попатно го посетуваме и храмот на живата божица Кумари Бахал, старата кралска палата, градините од соништата и храмот Кастамандап, кој е најстар во оваа долина. Ни следува факултативна екскурзија во храмот Пашупатинат (Pashupatinath Temple), еден од најважните хинду храмови и еден од најголемите светилишта на Шива на индискиот континент. Се состои од низа храмови, слики и натписи што биле подигнати низ вековите долж бреговите на светата река Багмати, која е пандан на реката Ганг во Индија. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат и духовите на Катманду, каде се вршат обреди за погребување, ритуално капење и молитвени церемонии. Турата завршува со посета на ступата/гробницата Буданат, најголемата ступа во долината Катманду (40м) која е и најзначајната будистичка ступа во светот. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Хотел 2*/3* 1 ноќ

Место

  • Катманду

Факултативни излети

Факултативна екскурзија – обиколка на Патан (Lalitpur), еден од трите кралски градови во долината Катманду. Како центар на будистичка и хинду култура заедно, во него има над 1200 споменици. Во Патан се чувствувате како целиот град да е отворен музеј со изобилство на палати, статуи на богови и божици, пагода со еротски прикази изработени во релјеф ... Ајде прво да одиме во Кришна Мандир, камен храм со неверојатен фриз од 16 век, а потоа да го видиме храмот Махабуда, Златниот храм како и многу други свети места. По можност можеме да ја посетиме фабриката за етно ракотворби по која Патан е познат. При крај ја посетуваме ступата/гробницата Свајамбунат (Swayambhunath), храм од 5 век сместен на еден рид над долината, нудејќи уникатен поглед на Катманду. Се нарекува и храм на мајмуните, ќе ви откриеме и зошто. Враќање во хотел. Ноќевање.

Сместување

Хотел 2*/3* 1 ноќ

Место

  • Катманду

Факултативни излети

Факултативно патување во храмот Чанги Нарајан (Changy Narayan). Храмот се наоѓа на врвот на еден рид, над локално село и нуди прекрасен поглед на Катманду од едната страна и врвовите на Хималаите од друга страна. По кратко возење до селото, нè чека прошетка до храмот Чанги Нарајан. Храмот е еден од најстарите во Непал и се верува дека бил подигнат како светилиште на хинду-богот Вишну во 4 век. Следува факултативна екскурзија низ прекрасниот град Бактапур, поранешниот главен град на Непал и за многумина, најубавиот град во регионот. Градот е основан во 9 век и е единственото место во Непал кое е недопрено од раката на западниот свет. Ќе ги видиме и Портата Лаваља, Златната капија, Галеријата на уметностите и храмот Нијатапола. Враќање во Катманду во вечерните часови. Ноќевање.

Сместување

Хотел 2*/3* 1 ноќ

Место

  • Катманду

Факултативни излети

Утрото се пакуваме и се упатуваме кон Покхара, град 200 км оддалечен од Катманду. Имаме можност за факултативна екскурзија – организиран рафтинг на реката Трисули во истоимениот национален парк. Дел од групата што не оди рафтинг ќе може да се опушти покрај реката и да ужива во нејзината природна убавина. Продолжуваме на патувањето и пристигнување во градот на езерото Фева. Покхара ќе ве воодушеви со прекрасни пејсажи, врвови покриени со снег и целата нејзина вонземна убавина. Ова место е познато по своите езера (Фева, Бегнас и Рупа). Сместување. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Катманду до Покхара

Сместување

Хотел 2*/3* 1 ноќ

Место

  • Покхара

Факултативни излети

Следното утро поаѓаме на факултатувна екскурзија, прват наша станица е ступата/гробница Светскиот мир,поставена на рид над езеро, од каде на изгрејсонце ќе имаме можност да видиме романтичен пејсаж на езерото Фева, како и ќе бидеме одушевени од величенствениот поглед на врвот Анапурна (Fish Tail), кој се рефлектира од површината на мирната езерска вода. Краток одмор за уживање и фотографирање за слики кои ќе ги погледнуваме цел живот! Полека се спуштаме кон езерото и со брод се враѓаме кон центарот на градот. Слободно време. Ноќевање.

Сместување

Хотел 2*/3* 1 ноќ

Место

  • Покхара

Факултативни излети

Факултативен излет – рано-утрински трекинг низ селата Нудара до Сарангота - 3 часовна прошетка од Покхара. Сместен е на надморска височина од 1592m и е највисоката точка на долината Покхара. Оттука можете да ја видите целата речна долина и планинскиот венец Анапурн. Во Сарангота ќе направиме пауза за да се одмориме и да уживаме во сценографијата, а ако сакате, можете да платите за параглајдерство и да се вратите во градот по воздушен пат. Во близина на Сарангота е првата станица за сериозен трекинг на Анапурнаа ние полека се враќаме во Покхара. Имаме слободно време да се прошетаме и запознаеме со локалното население, да научиме по некој нивен обичај, начинот на живот, да јадеме автентична локална храна. Препорачуваме да го посетите Тибетскиот камп за бегалци и водопадите лоцирани во самиот град. Ноќевање.

Сместување

Хотел 2*/3* 1 ноќ

Место

  • Покхара

Факултативни излети

Се враќаме назад кон долината Катманду со целодневно возење до градот. Сместување и слободно време. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Покхара до Катманду

Сместување

Хотел 2*/3* 1 ноќ

Место

  • Катманду

Напуштање на сместувањето. Уште малку време за шопинг и простување од Катманду. Доцно вечерен трансфер до аеродром.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродромот во Катманду

Место

  • Катманду

Лет Катманду - Белград со преседнување. Пристигнување во Белград. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Катманду - Белград, во економска класа

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Guest house Пример 7 ноќи
Хотел 2/3 Пример 8 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Делхи, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместување во Њу Делхи
  • Трансфер од Њу Делхи до Џаипур
  • Трансфер од Џаипур до Пушкар
  • Трансфер од Пушкар до Њу Делхи (ноќно возење)
  • Локален авионски билет со сите такси на релација Делхи - Катманду, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето во Катманду
  • Трансфер од Катманду до Покхара
  • Трансфер од Покхара до Катманду
  • Трансфер од сместувањето до аеродромот во Катманду
  • Авионски билет со сите такси на релација Катманду - Белград, во економска класа

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Непал
  • Виза за Индија

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разгледување на Њу Делхи

Разгледување на Њу Делхи
Цена: 35,00 EUR

Го запознаваме Њу Делхи, авантура во овој хаотичен град со неверојатен дух, бои, мириси и прекрасна енергија! Го посетуваме стариот дел на градот каде што се наоѓаат познатата џамија Јама Масјид и Црвената тврдина (Red Fort). Џамијата е изградена од познатиот Шах Џахан и е најголема во Индија. Духот на стариот град ќе ве воодушеви целосно... Енергијата во движењето, бучавата и луѓето ќе ги активираат сите наши сетила! Ќе ја посетиме и Црвената тврдина која датира од 17 век. Влегувањето внатре не е предвидено затоа што ќе ја посетиме во рамките на излетот во Агра. Ја продолжуваме нашата авантура уживајќи во убавината на градбата која била инспирација при креирањето на Таџ Махал. Тоа е гробот на Хамајун, владетел могул во 16-тиот век, чија изградба ја била на барање на неговата прва сопруга и тој симбол на љубовта е пренесен, преку архитектурата, до самиот Таџ Махал. Го завршуваме излетот под познатата “Порта Индија”, посветена на сите војници убиени за време на Првата светска војна. Враќање во сместувањето и слободно време.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети во гробниот комплекс Хумајун, услуга на претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локални водичи и возачи, индивидуални трошоци.

* Со оглед на непредвидливиот сообраќаен метеж, можно е да се смени редоследот на турата.

Таџ Махал (Taj Mahal) и Црвената тврдина (Red Fort)

Таџ Махал (Taj Mahal) и Црвената тврдина (Red Fort)
Цена: 80,00 EUR

Посета на Таџ Махал, најспектакуларната градба на светот која сјае и ја рефлектира светлината кога Сонцето е во својот зенит или на полна Месечина. Симболот на Индија и симболот на љубовта. Приказната за Шахот Џахан и убавата Мумтаз започнува на познатиот пазар, на местото каде што е сега моќниот Таџ. Мумтаз продавала сол во кристали, а Џахан бил принц кој сакал да плати за кристалната сол како за дијаманти. Тоа било љубов на прв поглед која траела бесконечно, како во бајка. За 18-те години заеднички живот Мутаз му родила на својот принц 14 деца, но на последното породување починала. Споменикот на вечната љубов била нејзина желба. Изградбата на мермерната гробница, на која работеле 20.000 луѓе, илјадници слонови и камили, траела цели 22 години. Жад, корал, тиркиз, сафир, оникс, 28 видови на полудрагоцени и драгоцени камења се само дел од величественоста по која е познат Таџ. Овој подвиг го оставил Шахот Џахан без кралство како и без живот. Откако неговиот син го преземал престолот во 1685 година, го затворил својот татко во Црвената тврдина од која што Џахан можел да го гледа Таџ Махал како потсетник на вечната љубов, но и на банкротот на кралството. Последните денови од животот ги поминал таму се до неговата смрт. Red Fort (Црвената тврдина) во Агра е големо здание на припадниците на Раџпут (Rajput) - воена каста во Индија. Направена е за одбрана на кралството и до ден денес е во функција, но само 20% од зградата е отворена за јавноста и посетителите. Одбранбени тунели, натпреварувачки простории, кралски одаи, прв природно климатизиран простор и телефонија, најубавиот стар затвор на светот се само дел од она што ќе го видиме во Red Fort. Враќање во Делхи во вечерните часови. Пауза за појадок на патот кон Таџ Махал, а паузата за ручек е по посетата на двата локалитети или по првиот, во зависност од временските услови. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за Таџ Махал и Црвена тврдина, услуги од претставник на агенцијата. 

Целодневен факултативен излет во Џајпур

Целодневен факултативен излет во Џајпур
Цена: 40,00 EUR

Го запознаваме Џаипур, авантура во овој неверојатен град кој се наоѓа во срцето на Раџастан, најшарената држава во Индија. Боите и енергијата кулминираат, сè е живописно, брковите на луѓето се поголеми, потопло е, слоновите се насекаде околу нас дури и на улиците, кобрите се виткаат со звуците на свирачите и храната е повкусна! Започнуваме со посета на Тврдината Амбер, прекрасна градба со исклучително значење и архитектура, симбол на моќта и силата на поранешното кралство. Изграден е на крајот на 16 век и денес е под заштита на УНЕСКО. Уживаме додека поминуваме низ раскошните одаи, просторијата со огледала, дворот, монументалните порти, фонтани, мермер и полускапоцени и скапоцени камења! По враќањето во Џаипур и попатното застанување да ја видиме Палатата на вода, пристигнуваме во централниот дел на градот. Ја посетуваме Градската палата чија зграда датира од 18тиот век и која ќе не воодушеви со нејзината убавина! Потомците на Махараџата и ден денес живеат во еден дел од палатата. Ќе поминеме низ бројни капии, дворови, галерии сè до прочуените врати на Градската палата кои се наоѓаат на насловните страни на сите популарни книги и списанија за Индија - вистинско ремек-дело!

Се упатуваме кон опсерваторијата „Јантар Мантар“. Монументалните инструменти од 18тиот век ќе ве воодушеват целосно. Локалниот водич ќе се обиде да ви ја објасни важноста на секој инструмент посебно, но сепак вашата имагинација ќе ве доведе до конечните заклучоци. Авантурата завршува со поглед на Хава Махал или Палатата на ветровите, што се наоѓа во центарот на Розевиот град. Зграда што личи на црвена чипка направена од црвен песочник, камен и мермер со безброј прозорци кои ќе ви помогнат да го замислите животот на жените во минатото. Враќање во сместувањето и слободно време.

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, превоз, билети до Тврдината Амбер, Градската палата, Јантар Мантар и услуга претставник на агенцијата.

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

*Земајќи го во обзир сообраќајниот метеж како и гужвата околу самите знаменитости, можно е да се промени редоследот на посетите.

Сафари на камили во Пушкар – полудневен излет

Сафари на камили во Пушкар – полудневен излет
Цена: 30,00 EUR

Пред зајдисонце, тргнуваме полека на камилите, како вистинските Махараџа и Махарани, кон моќната пустина Тар. Расеани села низ пустината, поила за животните, вегетација, диви коњи се само дел од она што нè опкружува во оваа позната хипи заедница. А тогаш, по заоѓањето на сонцето, се пали оган во сред пустина и доаѓаат свирачи во придружба на најубавите Индијки кои хипнотизираат со својот танц и разнобојни носии, натоварени со накит, огледала, школки, пари, исцртани со к’на од нозете до вратот. Залезот на Сонцето се прелева во најубавите бои, лежиме на топлиот песок, ги впиваме звуците, мирисите... По зајдисонцето се враќаме во Пушкар. 

Во цената на излетот е вклучено: локален водич за англиски јазик, јавање на камила, пијалок и танц, услуга на претставник на агенцијата. 

Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци 

Катманду Долина

Катманду Долина
Цена: 40,00 EUR

Факултативно разгледување на Катманду - Нашата авантура започнува со посета на Буданат ступа, најголемата ступа во долината Катманду (40м) и најзначајната будистичка ступа во светот. Во близина има тибетски манастир, како и бројни занаетчиски продавници и галерии во кои се учи традиционалната техника на сликарство, сликање со втискување на златна во боите на платно - занает што бара долгогодишно искуство. Го посетуваме постхумниот храм Pashupatinat, еден од најважните хиндуистички храмови кој претставува едно од најголемите светилишта на Шива. Се состои од низа храмови, ашрами, слики и натписи создадени низ вековите, долж брегот на светата река Багмати која е еднаква на Ганг во Индија. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат и места каде се вршат погребни церемонии, ритуално капење и молитва за починатиот. Го посетуваме и плоштадот Дарбар, кој го претставува срцето на стариот град во религиозна и духовна смисла. Плоштадот Дарбар и околината се под заштита на УНЕСКО. Го посетуваме и храмот на живата божица Кумари Бахал, старата кралска палата, градините од соништата и храмот Кастамандап кој е најстар во долината. Шетаме низ шарените улици каде се продава буквално сè, од кашмир и метален прибор, зачини, сушена риба, па сè до употребувана опрема за пешачење. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за Буданат Ступа, плоштад Дарбар, Пашупатинат, Храмот на Божица Кумари, услуги од претставник на агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци. 

Факултативно разгледување на Патан (Лалитпур) - еден од трите кралски градови во долината Катманду и центар на будистичката и хиндуистичката култура заедно. Ја посетуваме Свајамбунатушката ступа, храм од 5 век сместен на рид над долината, од каде има прекрасен и уникатен поглед на Катманду. Исто така се нарекува и "Храмот на мајмуни" затоа што во комплексот има повеќе од сто мајмуни. Одиме до Кришна Мандир, неверојатен камен фриз од 16 век и го посетуваме Златниот храм. Во Патан се чувствувате како во музеј на отворено. Изобилува со палати, статуи на богови и божици, пагода со еротски приказни извајани во релјефот итн. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, билети за наведените локации, услуги од претставник на агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Факултативен излет до храмот Чанги Нараџан - Храмот се наоѓа на ридот од кој има прекрасен поглед на Катманду од едната и Хималајските врвови од друга страна. Храмот е еден од најстарите во Непал и се верува дека бил подигнат како светилиште на хинду-богот Вишну во 4 век. Го посетуваме кралскиот град Бактапур, поранешниот главен град на Непал и еден од најубавите кралски градови во регионот. Ќе ги видиме Лавовата порта, Златната порта, уметничката галерија и храмот Нијатаполе. Во цената на излетот е вклучено: локален англиски водич, превоз, билети за храмот Чанги Нарајан и Бактапур, услуги од претставник на агенцијата. Во цената не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локални водичи и возачи, индивидуални трошоци.

  • Забелешка: Цената на билетот од 5600 рупии се плаќа на локацијата
  • Износот во рупии е подложен на промени во случај да дојде до промена на цените во одредени локалитети

Рафтинг на реката Трисули

Рафтинг на реката Трисули
Цена: 30,00 EUR

Излетот е организиранан истиот ден кога е планиран трансферот помеѓу Катманду и Покхара. Дел од групата што не оди на рафтинг, со организиран превоз може да се релаксира покрај реката и да ужива во природната убавина. Групата која оди на рафтинг ја започнува авантурата со чамци на една од најпознатите реки во Непал. Следи освежување, пливање, истражување и уживање во убавините на оваа земја од малку поинаков агол. Во цената на излетот е вклучено: рафтинг на реката Трисули со овластен скипер и потребна опрема, услуги на преставник од агенцијата.. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Регион Покхара

Регион Покхара
Цена: 40,00 EUR

Факултативен трекинг – World Peace Stupa – Ступа на ридот над езерото Фева од каде за време на изгрејсонцето ќе имаме можност да засведочиме романтичен пејсаж. Доколку е ведро небото, ќе се воодушевиме и од погледот на врвот Апапурна (Fish Tail) кој се рефлектира на огледалната површина на мирната езерска вода. Правиме кратка пауза за појадок или кафе и чај и продолжуваме низ шумски патеки до езерото и со чамец се враќаме до центарот на градот. Во цената на излетот е вклучено: локален водич на англиски јазик, превоз, возење со чамец,  услуги на преставник од агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалок, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Факултативен утрински трекинг од Нудара до Сарангота – заминуваме на прошетка низ села кои се наоѓаат на 3 часа одење од Покхара и тоа на надморска височина од 1592 метри, што претставува највисоката точка во долината Покхара, од каде може да ја видиме цела речна долина и планинскиот венец Анапурна. Во Сарагота ќе направиме пауза за одмор. Ќе имаме време да го запознаеме локалното население, да научиме за нивните обичаи, начинот на живот и да пробаме автентична храна. Во цената на излетот е вклучено: трекинг, локален водич на англиски јазик, транспорт, услуги на преставник од агенцијата. Во цената на излетот не е вклучено: оброци и пијалоци, бакшиш за локалните водичи и возачи, индивидуални трошоци.

Сместување

Guest house

Guest house
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект типичен за подрачјето на Јужна и Југоисточна Азија. Собите се во главно малку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Хотел 2*/3* /

Хотел 2*/3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел 2*/3* е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)