Јапонија - пакет излети
1. Tokyo City Tour Part #1 - Токио е главен и најголем град во Јапонија, ама не само таму, туку и во целиот свет! Ако го погледнеме поширокото подрачје на градот, Токио е најнаселената агломерација на светот со околу 38 милиони жители! Старото име на градот бил Едо, а во 19 век е сменето името во Токио што значи Источна престолнина. На ова место во 15 век имало мала рибарска населба, а градот почнал забрзано да се развива кога царот Меиџи го преселил кралството од Кјото во Токио. Градот официјално, под ова име, има статус на град од 1899 година. Во 20 век, овој град има претрпено големи катастрофи, некои природни, а некои како последица на војна. На почетокот на 20 век бил погоден од катастрофален земјотрес, во кој што животот го изгубиле над 140.000 луѓе, а исто така има претрпено и големи штети за време на Првата и Втората Светска војна. Меѓутоа, после војната, градот започнал забрзано да се развива и целата земја го добива епитетот Економско чудо, затоа што веќе кон средината на шеесетите години на минатиот век, била втора најразвиена економија на светот.
Започнуваме во прекрасниот живописен дел од градот наречен Асакса (Asakusa), место во кое може сеуште да се почувствува атмосферата и духот на старата Јапонија. Тука ќе посетиме еден од најважните храмови на Еdo периодот, Сенсо-џи (Sensō-ji) или Asakusa Kanon. Овој храм претставува оаза на духовноста, сместена помеѓу реките Sumide и Tokio Sky Tree, во дистриктот Асакса. Посветен е на божицата на милоста. На ова место ќе се запознаеме со приказната за двата големи системи на мислата, Шинтоизмот и Будизмот. Првите податоци за храмот потекнуваат од 645 година, што го прави најстар храм во Токио. Во непосредна близина се наоѓа и улицата Накамисе (Nakamise), позната по нејзините автентични продавници за сувенири и начичкани тезги каде имаме прилика да пробаме превкусни традиционални јапонски слатки. Продолжуваме во Ueno паркот каде го наоѓаме нашиот зен и уживаме во мирот и спокојот опколени со илјадници јапонски цреши!! Уено паркот е облечен во најубавото руво и тој е една од најголемите атракции на градот кои дефинитивно морате да ги видите. За да можеме подобро да го разбереме јапонскиот политички систем и нивната верност и послушност кон Царот, ќе го посетиме Империјал паркот кој е обиколен со средновековен канал. Доколку ни се создаде можност, ќе прошетаме низ Источната градина, а треба да се има во предвид дека Кралскиот Дворец е отворен за посетители само на два датуми, на 23.02. кога е роден Царот и за Нова Година. Царот Меиџи успеал да ја доближи земјата до западниот свет за многу краток период. Далекусежните и темелни промени и дале на Јапонија нов изглед, а царот добил нов храм во Токио. Потоа следува посета на Мetropolitan Government (Tochō), третата највисока зграда во Токио, каде ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед на овој неверојатен град. Во попладневните часови одиме во областа Шинџуку (Shinjuku), позната како област која „не спие“.
2. Tokyo City Tour Part #2 - Нашата авантура во Токио продолжува и следниот ден со посета на квартот Цукиџи (Tsukiji), јапонскиот „град на храната“ каде ќе наидеме на секаков вид традиционална јапонска храна. Уживаме во вкусот на оригиналното јапонско суши и други специјалитети од свежа риба. По ручек, ја продолжуваме нашата авантура кон Гинза, најстариот и најпознат шопинг кварт во Токио. Посетуваме традиционален Кабуки (Kabuki) театар. Кабуки претставува традиционална јапонска форма на театар чии корени датираат од Едо периодот. Продолжуваме во Шибуја, една од најживописните во Токио, област позната по шопинг и вообичаениот метеж на најпознатата раскрница на #целсвет!! Уживаме во шопинг во една од стотиците стоковни куќи и трговски центри во оваа област. Fun fact: во оваа област се започнати многу познати јапонски модни трендови! Како дел од нашата посета на Шибуја, ќе ја посетиме и областа Харајуку (Harajuku), која го претставува срцето на јапонската младинска култура и Омотесандо (Omotesandō), најскапиот кварт во Токио. Вечерта продолжуваме на пијачка во некои од локалните барови во Шибуја!
3. Osaka City Tour – Шетајќи низ Осака, носиме заклучок дека ова е еден одлично уреден град со 9 милиони жители. Ручаме во Дотонбори кварт во градот, која е гастрономски центар во Јапонија поради големиот број на ресторани. Тука се наоѓа Кани Дораку, познатиот “краба знак” – покрај кој секој турист се фотографира. Не пропуштајте да ги пробате такојаки куглите и окономијаки палачинките. Градот изгледа футуристички. Тука настанал првиот робот на светот, а ние ќе запознаеме уште една димензија на Осака. Ќе ја посетиме внатрешноста на дворецот во Осака, која е сега музеј од времето на самураите. Во прашање е исклучителна градба од 17-тиот век. За дворецот е заслужен шогунот Хидејоши Тојотоми, итар владетел кој повеќе од се’, сакал жени и чај. Како таков бил и запамтен – необичен хедонист, што од него наследиле и сегашните жители на Осака, кои ги бие ист глас. Специфично за замокот е што тој монументално се издигнува над сакура крошните.
4. Kyoto City Tour – Овој град од 794 година, па се’ до 19-тиот век бил престолнина на Јапонија и кралски град. Се враќаме во минатото, во традиционална Јапонија, а контрастот помеѓу футиристичкиот Токио и Осака навистина ќе не остави без здив! Кјото е еден од ретките градови каде што можете сеуште да видите Јапонски традиционални куќи. Еден од многубројните highlights во Кјото ќе ви биде храмот Кинкауџи -- Златниот павилион, храм кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство. Специфично за овој храм е тоа што покривот на овој храм е прекриен со златни лисја. Првобитно е изграден како вила на шогунот Јошимичуа. По неговата смрт, станал зен храм, а денес зен градина го опкружува овој блескав павиљон кој во себе крие необични приказни за сопственото совршенство. Неколку пати е запален до темел, дури два пати во Онинската војна во 15-ти век, но и во неодамнешната историја. Имено, во 1950 година, еден монах фанатик го запалил храмот и пробал да се самоубие. Храмот е обновен во 1955 година. Уживаме во средни дрвца, езерце и бесконечно зеленило кое нѐ транспортира во едно поинакво време. Продолжуваме во познатата бамбусова шума -- Арашијама, едно од најзелените и најфотогенични места во целата земја. Во Арашијама, се шетаме по тесните патеки помеѓу високите бамбуси и полниме батерии. Смирување, опуштање и будење на истражувачкиот дух во нас! Продолжуваме кон една од наjпознатите населби во Кјото -- Гион, која се наоѓа покрај реката Ширакава, а во оваа населба и ден денес постојат гејшите. Овие слатки Јапонки ги забавуваат своите гости со танц, игра, интересни разговори, служење чај и свирење на шамисену. Гејшите не се благонаклонети кон блицовите на туристите, бидејќи рестораните во Гион претставуваат нивни работни места.
5. Nara & Fushimi Inari - Фушими Инари е една од најфотографираните туристички атракции во Азија. Во прашање е главното светилиште на богот Инари, кој е заштитник на оризот. Ова место претставува вистинска рапсодија на портокалови бои во шумско зеленило. Се проценува дека тука се наоѓаат околу 10.000 тори, односно “капии” кои водат до храмот. Потоа со воз продолжуваме до поранешната престолнина на Јапонија -- Нара (Nara). Nara е позната по тоа што таму најпрвин почнува да се проповеда будизмот во Јапонија и оттаму се шири низ целата држава. Нашата авантура ја започнуваме со прошетка низ Паркот на елените -- каде имаме прилика да се дружиме со жителите на овој уникатен парк! Стигнуваме до храмот Тодаиџи (Tōdai-ji), будистички храм изграден во 8 век за заштита на земјата и просперитетот на нацијата (уникатен храмот кој има триесетина павилјони изградени во различни периоди и стилови).
6. Hiroshima City Tour – Градот Хирошима, кој се наоѓа на некои 300 километри од Кјото, денес е модерен и новоизграден град што ве остава без зборови, заради фактот што на 06.08.1945 експлодирала првата атомска бомба! Оваа трагедија и нејзините последици ќе ги видиме во Музејот на мирот, посветен на повеќе од 100.000 настрадани луѓе во немил овој настан. Ќе шетаме низ Меморијалниот парк, замислено ќе стоиме пред оганот на мирот и ќе слушнеме една многу тажна приказна за едно девојче. Се возиме со траект до островот Мијаџима. Покрај најсвежите остриги, можеме да направиме и фотографија за памтење покрај познатите пловечки тори врати.
Во цената на пакет излетите е вклучено: превоз (трансфери со локални и брзи возови), влезници за локалитетите по планот и програмата на излетот, како и претставник од агенција!