Јордан

Јордан

Можеби ќе отидете во Јордан за да ја видите магичната Петра, но ќе се заљубите во Јордан од стотици различни причини.

Јордан е древна и егзотична земја со неверојатна историја. Полна со легенди и традиции, богато културно наследство, архитектонски атракции, прекрасни плажи на Црвеното Море и на Мртвото Море. Јордан зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.

Подгответе се да се воодушевите на древните римски урнатини во Џераш, модерните кафулиња во Аман, ѕвезденото небо над легендарната пустина Вади Рум, историските богатства на Мадаба, коралите на црвеното море, лековитите води на Мртвото море и рачно издлабените фасади на фасцинантната Петра!!

На крај ќе заминете од Јордан со стотици незаборавни искуства кои ќе ги паметите цел живот!!

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

Додека медиумите прикажуваат напнатост на целиот Блиски Исток, знајте дека Јордан (Jordan) е многу сигурна земја, Познат е уште и како оаза на мирот на Блиски Исток. По извештајот на светскиот економски форум, посигурен е дури и од Германија или Велика Британија. Можете да приметите силно сигурносно присуство и детектори за метал во хотелите и јавните згради, туристичка полиција на поголемите локации и војни контролни пунктови околу граничните зони. Како резултат на тоа, патниците можат релаксирано да ја истражуваат земјата. Единствена работа која може да Ви засмета е недостатокот на цени во продавниците, па како ќе Ве процени трговецот, таква цена ќе добиете.


За државјаните на Македонија за влез во Јордан (Jordan) е потребна виза. Истата е вклучена во цената на аранжманот и ја посредуваме ние за сите нашите патници!


Zain е мобилен оператор на Блиски Исток. СИМ картички можете да купите во продавниците на Zain, но не постои можност истите да се купат на аеродром или во обични продавници како во некои држави. Додека цените на СИМ картичките се високи, WiFi е лесно достапен.


Најмногу на гардеробата, односно да задолжително бидете покриени за време на излетите. Ова се однесува на долги ногавици пред сé.


Се препорачува жените да се облекуваат дискретно, ради почит кон религијата и културата во Јордан (Jordan), за време на посета на религиските објекти и Планината Небо.


Алкохолот е прилично скап заради преовладувањето на Исламот. Најефтин е во Акаба (Aqaba) како посебна зона. Во Вади Муса (Wadi Musa) популарна е вечерната посета на Петра (Petra) и Cave Bar кој се наоѓа на самиот влез во локалитетот. Во Аман (Aman) клубовите и баровите се често во рамките на хотелите.


Целиот стар дел на градот во Аман (Aman) е голем базар одличен за купување ракотворби.

Можете да си купите марама "Јорданка" која кај нас е попозната како марама "Палестинка", британски изум да направи разлика помеѓу сродните народи на Палестина и Јордан. Јорданската марама е црвено-бела, додека палестинската е црно-бела. 

Магнети најповолно е да се купат во Петра (Petra), а за дамите посебно препорачуваме козметика за кожа од Мртво море.


Најдобро време за посета е од март до мај. Снег во Аман (Aman) може да падне во јануари и февруари. Ако се одлучите за нуркање во Акаба (Aqaba) најдобро време за посета е од септември до почетокот на ноември. Посета на Јордан (Jordan) генерално препорачуваме во текот на целата година.


Јордан (Jordan) излегува на море само кај Акаба (Aqaba). Во центарот на градот има плажа која може да ја посетите. Сепак, најинтересна е долгата плажа на пат према границата со Саудиска Арабија. Тука можете да нуркате со потонат тенк, авион и бродови и корали што е навистина уникатно искуство!


Трошењето е индивидуална работа и секако зависи од вашите потреби и планови за шопинг. Просечните цени на храна во рестораните се од 7 до 15 евра. За патување од 10 дена во Јордан (Jordan) препорачуваме да носите околу 400 евра.


Арапската храна е исклучителна. Од храна се издвојува:

Хумус - едно од најпознатите јадења во овој дел од светот. Станува збор за макало или паста, која се прави од леблеби и тахини. Обично се јаде со лед, а покрај врвниот вкус, се истакнува со огромната хранлива вредност.

Шаварма - Се прави од месо исечено на тенки кришки. Оргинално за негово подготвување се користи јагнешко или овчо месо, додека денес може да се најде и од пилешко, мисиркино, говедско или телешко.

Манакиш - познат и како манакеш, е исто така доста популарно јадење. Првенствено се состои од тесто, премачкано со мачина душица, сирење, или мелено месо. Може да се преклопи или сече како италијанска пица. Се служи за појадок или ручек.

Фалафел – Пржени топчиња од леблеби, кои се служат во ресторани, но и како брза храна. Можат да бидат и полнети, како пита. Тогаш во нив се додаваат разни салати и хумус. Покрај тоа, фалафел може да се послужи и со салата или некој поголем оброк.

Мутабал - макало од домат. Покрај излупениот, печен домат, се става и лук, јогурт, тахини и сок од лимон/

Мансаф - традиционално јадење направено од јагнешко. Јагнешкото се готви во ферментиран јогурт, а потоа се послужува со ориз или житарици.

Зарб - претставува б едуински начин на подготвување на месо, ориз и пилешко. Јадењето се состои од јагнешко или пилешко месо, понекогаш зачини и зеленчук, а се подготвува така што лонец со јадењето се стави на врел ќумур, а потоа се закопува во песок.

Кнафе - традиционално јадење направено од тесто. Ова тесто се попопува во благ сируп, кој потоа се надоградува со сирење и други состојќи како на пример ореви.


  1. Секоја локација во пустината Вади Рум (Wadi Rum) е магична и изгледа дека секоја фотографија има совршен кадар.
  2. Преминот Сик накај Трезорот во Петра
  3. Тепихот на карпата карши Трезорот во Петра
  4. Тенкот под вода во Акапскиот залив или лебдење во Мртво Море
  5. Кафулето со поглед на Манастирот во Петра

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Јордан

Општи информации:

Блискоисточна земја со неверојатна и турбулентна историја и целосно отворени и пријатни луѓе. Граничи со Сирија, Ирак, Саудиска Арабија и Израел. Пустините, реките, планините се протегаат низ целата земја, а во центарот е градот од камен - Петра, место заштитено од УНЕСКО. Исто така, на оваа територија се наоѓа и најсоленото море во светот - Мртво море.

Главен град: Аман

Површина: 89.342км²

Број на население: 10.2 милиони жители

Население: Арапи 98%, останати 2%

Јазик: арапски и англиски

Вероисповед: муслимани 97%, христијани 2%, останати (будисти, хиндуси, евреи) 1%

Независност: 1946 година

Валута: јордански динари

За тргување во Јордан морате секогаш со себе да имате од локалната валута

Платежни картички и банкомати: Банкомати постојат, но не може да се потпрете на нив. Картички не секогаш може да се користат и се препорачува плаќање во готовина. За повеќе детали посоветувајте се со вашата банка и задолжително пријавете го заминувањето во странство, за да не дојде до случајно блокирање на вашите картички.

Временска зона: GMT +3

Клима: Климата во Јордан е типично пустинска клима, со високи дневни и ниски ноќни температури. Во текот на денот температурата се движи помеѓу 20 и 32˚C, додека ноќните можат да се спуштат околу 10˚C. Па за време на пакувањето имајте го ова во предвид.

Храна и пијалаци: Традиционалната исхрана опфаќа, пилешко, јагнешко, приготвени на повеќе начини, леб, салати и јадења кои се карактеристични за Блискиот Исток, како што се фалафел и хумус. Тука се и слатките како слатко сирење, баклави... Задолжително пробајте чај и кафе. Алкохолот е прилично скап. Исто така, во рестораните каде што претежно се исхранува муслиманското население, алкохол не се нуди. Овошјето премијте го со флаширана вода или излупете го. Цените за храната се прифатливи, што не е случај за алкохолните пијалаци.

Здравје: За влез на територијата на Јордан, законски не е потребно да се прими вакцина, но Ве советуваме да се консултирате со вашиот лекар. Се препорачува консумирање на флаширана вода. Од лекови со себе понесете ги лековите за вашата редовна терапија доколку ја примате, пробиотици, лекови за снижување на телесна температура, поротив болки, односно лековите кои генерално ги понесувате со себе на секое патување. Неопходно е со себе да понесете и крема за сончање.

Осигурување: Препорака е да се има здравствено осигурување.

Сигурност, безбедност и правила на однесување: Градовите и местата кои ги посетуваме на турите се релативно безбедни, но секако советуваме да бидете претпазливи и внимателни кога се во прашање вашите лични работи (како и во било кој друг град). Немојте сами да одите да шетате или истражувате, а во вечерните и ноќните часови советуваме да не се одвојувате од групата. Немојте да одите во северните делови на Јордан, пограничните премини према Сирија и Израел. Во секој случај избегнувајте теми поврзани со политичката ситуација во регионот, особено разговори за Израел. Водете сметка додека фотографирате, бидејќи доколку сакате да фотографирате некого, голема е веројатноста дека ќе побараат за истото да им биде платено. Бакшиш и ценкање се дел од традицијата.

Облека: Ве молиме да обрнете внимание на начинот на кој се облекувате. Кратки панталони и сукњи над колена, како и голи рамена и блузи со длабоки деколтеа се забранети при посета на верски објекти. Наведениот начин за облекување во верските објекти важи и за секојденвните прошетки. Одберете секојдневна гардероба, но со оглед на тоа дека ве очекуваат температури помеѓу 20 и 30 степени, истата гледајте да биде од полесен материјал. Задолжително понесете и нешто со долги ракави и ногавици што ќе служи за време на ноќите и за време на летот. Понесете удобна облека за истражување на Петра, како и марама (за припадничките на женскиот пол) која ке Ви биде од корист при шетање на сонце и додека посетувате верски објекти. Мажи не смеат да шетаат без маица.

Комуникација: Нашите мрежи работат на териториите на Јордан. Скоро сите угостителски објекти имаат wi-fi

Струја: Што се однесува до електричната енергија , напонот е ист како кај нас и не се потребни дополнителни адаптери за приклучување.

Сувенири: Од сувенири ги препорачуваме традиционалните облеки и материјали, накит,  зачини, чаеви, кафе, керамика, производи од Мртвото море, марами... Забрането е изнесување школки, корали и други предмети од природата.