ЈОРДАН - 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА!
ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
1. Малата Петра - Малата Петра е археолошки локалитет кој се состоии од неколку градби изградени во песочник. Се верува дека Малата Петра е изградена во првиот век од нашата ера, во златното доба на цивилизацијата на Набатејците. Археолозите веруваат дека тука живееле најуспешните Набатејски трговци.
2. Модерен Аман - Главниот град на Кралство Јордан. Во Аман живеат нешто повеќе од 4 милиони жители и го сметаат за најлиберален град во арапскиот свет. Богатото наследство и духот на истокот го привлекуваат вниманието на патниците ширум светот. Град кој е создаден за истражување и уживање во магијата на истокот. Овој ден некако не шета помеѓу Рим и Акропол додека чекориме по сокаците на пустинскиот град на истокот. Запознавањето со улиците на главниот град на Јордан го завршуваме со прошетка низ прочуената улица на виножитото.
3. Џамијата на кралот Абдула - Најголемата џамија во Јордан и една од ретките џамии во оваа држава која прима посетители од сите религии.
4. Тврдината во Аман - Ја посетуваме прочуената тврдина, сместена на еден од седумте ридови во Аман која нуди неверојатен поглед на самиот град.
5. Римскиот театар - Римскиот театар во Аман е изграден во 2 век од нашата ера и има капацитет од 6.000 седишта. Познат археолошки локалитет во јорданската престолнина од времето кога градот се викал Филаделфија.
6. Планината небо - Планината Небо е местото каде Мојсеј ја видел Ветената земја. Се наоѓа во близина со границата на Израел и кога времето е ведро може да се види територијата на Израел.
7. Мртвото море - Eзеро кое веќе со години привлекува илјадници туристи. Аристотел пишувал за неверојатните својства на неговата вода, а египетската кралица Клеопатра го добила како подарок од Маркo Антониј. Со длабочина од 416м под нивото на морето, преставува најниска точка на земјата. Има највисока концентрација на сол во водата, скоро осум пати повеќе од било кое море или океан на светот.
8. Мадаба - Мадаба е град во близина на планината Небо, уметнички центар на истокот. Веќе со векови го чува наследството од раните христијани и е симбол на почитувањето и разбирањето помеѓу народите.
9. Aqaba - City Tour и плажа - Ја истражуваме Акаба, единствениот крајбрежен град во Јордан. Ги посетуваме пазарите во Акаба и потоа одиме на плажа, каде пливаме, нуркаме и го истражуваме подводниот свет на Црвеното Море.
10. Местото каде е крстен Исус Христос (Ал-Магтас) - "Местото за крштавање" или исто така познато како Ал-Магтас е едно од петте УНЕСКО светски наследства во Јордан и се наоѓа на источниот брег на реката Јордан. Aрхеолошкиот локалитет се состои од два главни области: Ридот Џабал Мар-Елиас (познат како ридот на Илија) и областа на црквите на Свети Јован Крстител. Локалот се наоѓа обиколен од живописна природна околина. Се верува дека Ал-Магтас е локацијата каде што Исус Христос бил крстен од Јован Крстител. Има остатоци од римски и византиски цркви и капели, манастир, бедуински пештери и базени во кои се крстеле жителите. Овој локалитет претставува христијанско место за аџилак.
*Во излетот не е вклучена влезница влез во Ал-Магтас. Истата чини $15 и може да се обезбеди преку нашиот претставник на дестинација.