Јордан Нова Година

Јордан Нова Година

цена од
1.399
EUR ,00
сега од
949
EUR ,00
траење
8 дена
Пријави се Барање
Барање

Новогодишна авантура во кралството на Блискиот Исток, Јордан (Jordan) -- земја во која се наоѓа најневеројатното чудо на античкиот свет, уникатната Петра (Petra)!

Јордан е древна егзотична земја со неверојатна историја. Полна со легенди и традиции, богато културно наследство, архитектонски атракции, прекрасни плажи на Црвеното Море и лековити води на Мртвото Море. Таа зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.

Легендарната пустина Вади Рум со доживувањата на Лоренс од Арабија, егзотичниот брег на Црвеното Море каде имаме совршена прилика и за нуркање и пливање во првиот подводен воен музеј каде на морското дно има потонати тенкови, бродови и авиони.. Бурното минато и сегашноста на Кралството, и како врв на доживувањето – Петра.

Петра позната уште како “град црвен како роза и стар колку што е стар светот”, престолнината на Набатејците - избран како едно од новите седум Светски чуда е можеби најсмелото место во светот. Фасцинантна е способноста на древните цивилизации пред многу векови да изградат град во карпа!

Не очекува планински рај и неверојатни погледи на долината и Мртвото море. Според традицијата, Мојсеј, од Планината Небо во Јордан ја видeл Ветената земја. 

Пливаме во Мртвото море каде концентрацијата на сол во водата е највисока во светот, а заради соленоста, невозможно е да се потоне во него! Го посетуваме Аман (Amman), главниот град на Јордан, за кој се вели дека е најлибералниот град во арапскиот свет.

Пустината Вади Рум или како што ја нарекуваат „Долина на месечината“ се наоѓа недалеку од границата со Саудиска Арабија. Во Вади Рум се менуваат пејзажите како тесни клисури, природни сводови, пустинска вегетација и пештери. Топол црвен песок под нас, црвени карпи околу нас и црвено сонце над нас, а пустина не сме ја доживеале како што треба, ако не пиеме чај со бедуини.

Јордан е и домот на археолошкиот локалитет Ал-Магтас (Al-Maghtas) каде што е крстен Исус од Назарет од Јован Крстител.


Посети вклучени во цената на пакетот: посета на Малата Петра, посета на Аман, посета на џамијата на кралот Абдула, посета на тврдината во Аман, посета на Римскиот театар, посета на планината Небо, посета на Мртвото Море, посета на Мадаба, Акаба City Tour, посета на местото каде што е крстен Исус Христос (Ал-Магтас). 


Рута
Скопје
Софија
Акаба
Вади Муса
Петра
Вади Муса
Петра
Аман
Акаба
Вади Рум
Акаба
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Јордан
Код на патување
JO14
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија. Утрински лет од Софија со Ryan Air и пристигнување во Акаба. Трансфер од аеродром до сместувањето. Нашата авантура ја започнуваме со истражување на Акаба, овој град на Црвеното Море е дефинитивно еден од најубавите во Јордан, ги посетуваме неговите прочуени пазари, тврдини и плоштади. 

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Аеродромот во Софија
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Акаба, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm

Сместување

Jordan Season Aqaba 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Акаба

Храна

  • Полупансион (вечера) × 1

Факултативни излети

Во утринските часови го напуштаме сместувањето и заминуваме за Вади Муса. Се сместуваме и ја завршуваме нашата година со освојување на уште едно светско чудо -- Магичната Петра. Го разгледуваме градот во карпата, кралските гробници и ризници во пештерите. Патуваме низ кањонот Сик, бројни пештерски светилишта, театар, познатите гробници на кралското семејство, врежани во карпа... Денес е на листата на културно наследство на УНЕСКО и привлекува патници од целиот свет. Се враќаме во сместувањето каде имаме гала вечера. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

Сместување

Oscar Hotel Petra 1 ноќ

Место

  • Акаба
  • Вади Муса
  • Петра

Храна

  • Полупансион (појадок и вечера) × 1

Факултативни излети

Утрото ја продолжуваме нашата авантура во Петра. Петра е еден од ретките археолошки локалитети кои не е возможно да се искусат само во еден ден. Поради тоа овој ден продолжуваме со нашиот факултативен излет во Петра. Уживаме во привлечноста на Блискиот Исток, древната архитектура на Набатејците и ги откриваме тајните на овој древен град. Се враќаме во хотел, вечерта имаме шанса уште еднаш да ја посетиме магичната Петра, верувајте ноќта носи поинаква магија и убавина на овој древен град!

Сместување

Oscar Hotel Petra 1 ноќ

Место

  • Вади Муса
  • Петра

Храна

  • Полупансион (појадок и вечера) × 1

Факултативни излети

Во утринските часови го напуштаме сместувањето и заминуваме за Аман. Ја посетуваме планината Небо, местото од каде Мојсеј за прв пат ја видел ветената земја. Ја продолжуваме нашата авантура на Мртвото Море, најнеобичното езеро во светот, кое со години привлекува илјадници туристи од целиот свет. Аристотел пишувал за извонредните својства на нејзината вода, а египетската кралица Клеопатра го добила како подарок од Марко Антониј. Со длабочина од 416 метри под нивото на морето, Мртвото море е најниската точка на земјата. Концентрацијата на сол во водата е најголема во светот со околу 30%, речиси осум пати повеќе од соленоста на другите мориња и океани. Своето име го добива поради тоа што во неговите води не можат да опстојат живи организими (како растенија и животни). Продолжуваме кон Мадаба, антички град во Јордан, југозападно од главниот град Аман. Познат е по својата мозаична карта на Светата земја. Нашата авантура не носи кон местото на крштавањето на Исус Христос (Ал-Магтас). Познато археолошко светско наследство - недалеку од селото Бетавара, на источниот брег на реката Јордан, посетуваме неколку цркви изградени од Јован Крстител, бедуински пештери и базени во кои се крстело локалното население. Продолжуваме кон Аман каде што се сместуваме. Имаме слободно време да ги истражиме убавините на овој град.

Сместување

Signature Hotel Amman 1 ноќ

Место

  • Петра
  • Аман

Храна

  • Полупансион (појадок и вечера) × 1

Факултативни излети

По појадок го истражуваме главниот град на Кралство Јордан -- Аман. Во Аман живеат нешто повеќе од 4 милиони жители и го сметаат за најлиберален град во арапскиот свет. Богатото наследство и духот на истокот го привлекуваат вниманието на патниците ширум светот. Град кој е создаден за истражување и уживање во магијата на истокот. Ја посетуваме прочуената тврдина, сместена на еден од седумте ридови во Аман која нуди неверојатен поглед на самиот град. Потоа продолжуваме кон Римскиот театар во Аман. Театар кој е изграден во 2 век од нашата ера и има капацитет од 6.000 седишта. Познат археолошки локалитет во јорданската престолнина од времето кога градот се викал Филаделфија. Нашата авантура продолжува до џамијата на кралот Абдула. Најголемата џамија во Јордан и една од ретките џамии во оваа држава која прима посетители од сите религии. Овој ден некако не шета помеѓу Рим и Акропол додека чекориме по сокаците на пустинскиот град на истокот. Запознавањето со улиците на главниот град на Јордан го завршуваме со прошетка низ прочуената улица на виножитото. Продолжуваме со факултативен излет -- Џераш. Џераш е едно од најпосетуваните места во Јордан, по Петра и пустината Вади Рум. Антички град кој крие траги од население од пред 6,500 години. Златното доба на градот било за време на владеењето на Римјаните, па и денес е еден од најдобро зачуваните провинциски градови на антички Рим. Ова исклучително вредно наследство, спој на влијанијата на античка Грција, Рим, Медитеранот и Ориентот, е откриено пред 70 години и е место на вековно преплетување на Истокот и Западот. Денес е модерен град со околу 50.000 жители, главно Арапи, Палестинци, Курди и Ерменци. Како и сите други градови во Јордан, тоа е неверојатно место каде што можете да уживате во хармонијата и мешавината на култури и народи на истокот. 

Сместување

Signature Hotel Amman 1 ноќ

Место

  • Аман

Храна

  • Полупансион (појадок и вечера) × 1

Факултативни излети

Во утринските часови се упатуваме кон Акаба, каде се сместуваме. Вистинските хедонисти и авантуристи имаат можност својата авантура да ја продолжат во Вади Рум. Пустина речиси недопрена од човечка рака. Уживаме во нереалните пејзажи на песочна и камена пустина, планинариме, јаваме камили и се возиме со џипови. Додека кинофилите ќе видат некои од локациите каде што се снимени некои од најголемите блокбастери, како The Martian, Star Wars, Dune, Aladdin и многу други. Нашиот ден го завршуваме восхитувајќи се на нереалното ѕвездено небо над самата пустина.

Напомена: Сите кои одат на факултативниот излет - Вади Рум се сместени во самата пустина.

Превоз

  • Трансфер од сметување до Акба.

Сместување

Jordan Season Aqaba 1 ноќ

Место

  • Акаба
  • Вади Рум

Храна

  • Полупансион (појадок и вечера) × 1

Факултативни излети

За нас, хедонистите и авантуристите кои заминавме на дводневен факултативен излет во Вади Рум, по изгрејсонцето во пустината, пиеме чај и се упатуваме кон Акаба, каде се состануваме со останатите од групата кои не се пријавиле за овој излет (доколку има такви) и се сместуваме во Акаба. Продолжуваме со нашето истражување на Акаба и споделуваме импресии од магичната Вади Рум!!!

Сместување

Jordan Season Aqaba 1 ноќ

Место

  • Вади Рум
  • Акаба

Храна

  • Полупансион (појадок и вечера) × 1

Напуштање на сместувањето, трансфер до аеродром. Утрински лет од Акаба до Софија. Пристигнување на Аеродромот во Софија и трансфер до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Акаба - Софија, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
  • Трансфер од Аеродромот во Софија до Скопје

Место

  • Акаба
  • Софија
  • Скопје

Храна

  • Полупансион (појадок) × 1

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Jordan Season Aqaba Пример 3 ноќи
Oscar Hotel Petra Пример 2 ноќи
Signature Hotel Amman Пример 2 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Аеродромот во Софија
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Акаба, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
  • Трансфер од сметување до Акба.
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Акаба - Софија, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
  • Трансфер од Аеродромот во Софија до Скопје

Храна

1 × Полупансион (вечера) , 6 × Полупансион (појадок и вечера) , 1 × Полупансион (појадок)

Останато

  • Виза за влез во Јордан

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

ЈОРДАН - 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА!

ЈОРДАН - 10 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА!

ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:

1. Малата Петра - Малата Петра е археолошки локалитет кој се состоии од неколку градби изградени во песочник. Се верува дека Малата Петра е изградена во првиот век од нашата ера, во златното доба на цивилизацијата на Набатејците. Археолозите веруваат дека тука живееле најуспешните Набатејски трговци.

2. Модерен Аман - Главниот град на Кралство Јордан. Во Аман живеат нешто повеќе од 4 милиони жители и го сметаат за најлиберален град во арапскиот свет. Богатото наследство и духот на истокот го привлекуваат вниманието на патниците ширум светот. Град кој е создаден за истражување и уживање во магијата на истокот.  Овој ден некако не шета помеѓу Рим и Акропол додека чекориме по сокаците на пустинскиот град на истокот. Запознавањето со улиците на главниот град на Јордан го завршуваме со прошетка низ прочуената улица на виножитото. 

3. Џамијата на кралот Абдула - Најголемата џамија во Јордан и една од ретките џамии во оваа држава која прима посетители од сите религии.

4. Тврдината во Аман - Ја посетуваме прочуената тврдина, сместена на еден од седумте ридови во Аман која нуди неверојатен поглед на самиот град.

5. Римскиот театар - Римскиот театар во Аман е изграден во 2 век од нашата ера и има капацитет од 6.000 седишта. Познат археолошки локалитет во јорданската престолнина од времето кога градот се викал Филаделфија.

6. Планината небо - Планината Небо е местото каде Мојсеј ја видел Ветената земја. Се наоѓа во близина со границата на Израел и кога времето е ведро може да се види територијата на Израел.

7. Мртвото море - Eзеро кое веќе со години привлекува илјадници туристи. Аристотел пишувал за неверојатните својства на неговата вода, а египетската кралица Клеопатра го добила како подарок од Маркo Антониј. Со длабочина од 416м под нивото на морето, преставува најниска точка на земјата. Има највисока концентрација на сол во водата, скоро осум пати повеќе од било кое море или океан на светот. 

8. Мадаба - Мадаба е град во близина на планината Небо, уметнички центар на истокот. Веќе со векови го чува наследството од раните христијани и е симбол на почитувањето и разбирањето помеѓу народите.

9. Aqaba - City Tour и плажа - Ја истражуваме Акаба, единствениот крајбрежен град во Јордан. Ги посетуваме пазарите во Акаба и потоа одиме на плажа, каде пливаме, нуркаме и го истражуваме подводниот свет на Црвеното Море.

10. Местото каде е крстен Исус Христос (Ал-Магтас) - "Местото за крштавање" или исто така познато како Ал-Магтас е едно од петте УНЕСКО светски наследства во Јордан и се наоѓа на источниот брег на реката Јордан. Aрхеолошкиот локалитет се состои од два главни области: Ридот Џабал Мар-Елиас (познат како ридот на Илија) и областа на црквите на Свети Јован Крстител. Локалот се наоѓа обиколен од живописна природна околина. Се верува дека Ал-Магтас е локацијата каде што Исус Христос бил крстен од Јован Крстител. Има остатоци од римски и византиски цркви и капели, манастир, бедуински пештери и базени во кои се крстеле жителите. Овој локалитет претставува христијанско место за аџилак.

*Во излетот не е вклучена влезница влез во Ал-Магтас. Истата чини $15 и може да се обезбеди преку нашиот претставник на дестинација.

Дводневен факултативен излет во Петра

Дводневен факултативен излет во Петра
Цена: 115,00 EUR

Сместена помеѓу Црвеното и Мртвото Море и населена од праисториските времиња се до VII век; главен град на Набатејците врежан во карпа; во хеленистичко и римско време, главен караван - центар за темјан од Арабија, свила од Кина и зачини од Индија; раскрсница меѓу Арабија, Египет и Сирија - Магичната Петра.

Петра е полу-изградена, полу-врежана во камен и е опкружена со планини преполни со премини и клисури. Генијалиот систем на управувањето со вода овозможил суштински да се реши населувањето на ова суво подрачје во времето на владеење на Набетејците, Римскиот и Византискиот период.
Таа е една од најбогатите и најголемите археолошки места во светот поставена во доминантно песочен пејсаж. Извонредноста на Петра се наоѓа во архитектурата на гробниците и храмовите; остатоците од канали, тунели и брани за пренасочување на вода, кои се комбинираат со огромна мрежа тенкови и резервоари што собираат сезонски дождови; како и другите археолошки остатоци - храмови, цркви итн.

Мешавината на хеленистичките архитектонски фасади со традиционалните изрезбани храмови и гробници во камен на Набатејците - вклучувајќи ги гробницата Урн, Коринтиската гробница и Деир („манастирот“) - се уникатни уметнички достигнувања и извонредна архитектонска целина од првите векови п.н.е. Различните археолошки остатоци и спомениците на архитектурата од праисториските времиња до средновековниот период носат извонредно сведоштво за сега изгубените цивилизации што наследиле еден на друг на ова место. 

Времетраењето на излетот е 2 дена. 

Во цената на излетот е вклучено: трансфери, локален водич и билети.

Џераш (Jerash)

Џераш (Jerash)
Цена: 70,00 EUR

Еден од најпосетените локалитети во Јордан после Петра и Wadi Rum пустината. Антички град кој крие трагови на население од пред 6500 год. Златното време на градот било во време на владеењето на Римјаните па се до денес и е еден од најдобро сочуваните провинциски градови на стариот Рим. Ова скапоцено наследство, комбинација на влијанието на старата Грција, Рим, Медитеранот и Ориентот е откриено пред 70 години и е место на вековно зближување на истокот и западот. Денес е модерен град со околу 50.000 жители, од кој поголемиот дел се Арапи, Палестинци, Курди и Ерменци. Како и сите други градови во Јордан, неверојатно место каде може да уживате во складноста и мешавината на културата и народот на истокот.

Факултативен излет во пустината Вади Рум.

Факултативен излет во пустината Вади Рум.
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 130,00 EUR

Вади Рум или како што ја нарекуваат „Долина на месечината“ се наоѓа недалеку од границата со Саудиска Арабија. Во Вади Рум се менуваат пејзажите како тесни клисури, природни сводови, пустинска вегетација и пештери. Некаде песокот е жолт, некаде светло портокалов и некаде земјата е покриена со мали камења. Името Вади Рум значи долина, а највисоката точка во пустината е планината Ум Дами која е висока 1800 метри. 

Времетраењето на излетот е 2 дена/1 ноќевање.

Во цената е вклучено: превоз, локален водич, влезници, ноќевање во кампот, вечера, појадок, јавање камили и возење џип.

Сместување

Jordan Season Aqaba

Jordan Season Aqaba
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Jordan Seasons е сместувачки објект со 3 (по локална категоризација) во Акаба, Јордан. Располага со базен и сопствена тераса со панорамски поглед на градот. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет и тераса. Услугата е на база ноќевање со полупансион (појадок и вечера)

Вебсајт https://www.joseasonshotel.com/

Адреса Pr. Mohammad St.
Aqaba
Jordan

Oscar Hotel Petra

Oscar Hotel Petra
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Oscar Hotel Petra е сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Петра, Јордан. Располага со сопствена градина, тераса, ресторан и бар. Собите се двокреветни, климатизирани и имаат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со полу пансион (појадок и вечера). 

Адреса Petra - Jordan Wadi Mousa - Petra
11965 Wadi Musa
Jordan

Signature Hotel Amman

Signature Hotel Amman
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Signature Hotel Amman е сместувачки објект во Аман, Јордан со **** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби, со сопствен тоалет, бесплатен интернет и телевизор. Услугата е на база ноќевање со полу-пансион. 

Вебсајт https://thesignaturehotel.com-amman.com/

Адреса Nemr Al-Edwan St. 17
Amman
Jordan

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез во Јордан не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против Ковид-19.

Сите патници мораат да пополнат и Declaration Form на https://www.gateway2jordan.gov.jo/index.html. По пополнување на формата добивате QR код кој може да го зачувате на вашиот телефон или да го имате во принтана форма.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.