Време е за најновата Jungle авантура!!!! Во 2025 освојуваме уште една нова азиска земја и уште едно светско чудо -- за некои од вас и последното!!
Без разлика дали барате античка историја, модерни чуда, живописни пејзажи, нови културни искуства или превкусна храна, нашата експедиција во Кина е правиот избор за Вас!
Патување кое дефинитивно ќе го паметите доживотно!!
Првите денови од нашата авантура се сместуваме во Шангај (Shanghai) -- еден од најмодерните градови на #целсвет!! Опкружени сме со светкави облакодери, огромни булевари, прекрасни руфтоп барови и модерни архитектноски достигнувања!! За целосно да го доживееме овој град, мораме да почнеме со истражување на неговото минато! Започнуваме со стариот дел на градот (Old Shanghai). Каде ја посетуваме Градината Ју (Yu Garden), храмот Chenghuangmiao или попознат како храмот на Боговите, францускиот кварт и најпознатата уметничка улица Тијанзифанг (Tianzifang). За подобро да се запознаеме со долгата историја на оваа древна земја го посетуваме и Shanghai Museum -- еден од најпознатите музеии во Кина. Оттука започнуваме со истражување на модерните достигнувања на Шангај, односно една од најпознатите улици на овој град -- Xintiandi, The Bund и Nanjing.
Го посетуваме и еден од најпознатите водни градови во Кина -- Xitang, кој до ден, денес го има зачувано духот на древна Кина. Сведочиме на контрастот со лудиот и модерниот Шангај -- храмови, тесни улички, чајџилници, канали, црвени кинески фенери и традиционален начин на живот.
Оттука се упатуваме со брз воз во еден од најнаселените градови во светот.Политички, културен и образовен центар на државата односно во Пекинг (Beijing). Oвде го посетуваме еден од најголемите и најпознатите плоштади во државата Тјенанмен плоштад во непосредна близина на плоштадот се наоѓа и еден од царските дворци или познатито Забранет Град кој важи како најголема збирка на стари древни градби и е прогласен од УНЕСКО за светско културно наследстно. Прошетката ни продолжува на најпознатата street food улица каде ќе имате можност да пробате пекиншка гуска. А денот ни завршува со посетата на најпознатиот и најголемиот парк во Пекинг кој се смета за царски парк.
Стигнавме до највозбудливиот дел на ова патување, а тоа е освојувањето на уште едно светско чудо. Авантура која ќе ве остави без зборови и без здив.Се протега низ северната граница на Кина. А за да се изгради биле потребни дури 2.000 години.Го посетуваме единствениот парк во кој се спојуваат трите мориња во Кина и е лоцирано во срцето на градот.
Го поседуваме Небесниот Храм кој е комплекс од царски верски згради, сместен во југоисточниот дел од градиот.Во него се наоѓаат 12 внатрешни и 12 надворешни столбови, кои го симболизираат традиционалното кинеско сметање на времето.Станува збор за најголемиот и најширокиот храм на светот. Овох храм е проглазен од УНЕСКО за светско наследство.Ја посетуваме и летната палата која воедно и сужи како летна резиденција на кинескиот крал.
Кина претставува животна аваннтура за секој светски патник. Патување кое ке ве збогати со нови импресии и знаења за цел живот.
ВАЖНА НАПОМЕНА: Поаѓањето е отворено за пријави од 25.09.2024.
Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Кина.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Шангај (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Скопје
Истанбул
Пристигнуваме во најголемиот град во Кина. Град кој е еден сосема нов футуристички универзум со огромни облакодери, раздвижени улици, неонски знаци, електрични возила.... град кој не спие!! Град во кој живеат 25 милиони жители, но и град каде што се е средено до најситниот детал. Градот е доведен до совршенство, па во целиот тој совршен амбиент луѓето пронаоѓаат убавина, восхит и чудење во антонимот "организирана гужва". Имаме слободно време за уживање и запознавање со оваа чудесна утопија на иднината.
По појадок, овој ден го започнуваме со градините Ју Јуан (или само градините Ју - што во превод значи градините на задоволството) се едни од најубавите градини во цела Кина. Овие градини се наоѓаат во срцето на стариот дел на Шангај. Јујуан е област која е сокриена меѓу куп облакодери, област со мали традиционални куќички и бујно зеленило. Улиците се полни со луѓе, продавници и прекрасни кинески куќички. Градините Ју Јуан се изградени во 16тиот век и се отворени за јавноста во 1961 година. На површина од околу 20.000 квадратни метри се наоѓаат традиционални кинески павилјони, неколку езерца, егзотични карпи, стари дрвја и шарени цвеќиња. Градината е поделена на шест тематски зони. Еден од најпознатите делови на градините Ју Јуан е карпата Жад, која се наоѓа спроти обзерваторијата Јухуа од каде и всушност се набљудува оваа карпа. Станува збор за прекрасна карпа висока над три метри, која има 72 дупки. Посебната карактеристика на оваа карпа е што ако под неа запалите темјан, чадот магично ќе излезе од сите 72 дупки. Ако преку врвот се истури вода во карпата, таа ќе тече од сите дупки и ќе создаде прекрасна глетка. Ја посетуваме и улицата Ченгхуангмиао, како и округот Ксинтианди. Оттаму продолжууваме кон градот Тианзифанг, мини-град кој има само станбени згради и фабрики кои се претворени во уметнички инсталации, каде има хипстерски барови, кафулиња, продавници, дизајнерски студија, и галерии. Вечерно враќање во сместување. Ноќевање
По појадок, време е да се запознаеме со долгата историја на оваа древна земја. Нашиот ден го започнуваме со посета на Shanghai Museum -- еден од најпознатите музеии во Кина. Оттука започнуваме со истражување на модерните достигнувања на Шангај, односно некои од најпознатите улици на овој град -- Xintiandi, The Bund и Nanjing. Овој елегантен музеј, отворен во 1996 година, содржи единаесет најсовремени галерии во кои се сместени кинеските меѓународни стандардни експонати од бронзи, слики, скулптури, керамика, жад и мебел од династијата Минг и Кинг. Xintiandi e поранешна населба на стариот Шикумен и е реинкарнирана во блескава и современа област во Шангај со одлични ресторани, луксузни клубови и бутици. Потоа се уплатувамне кон познатнто пристаниште The Bund -- луксузно место, со ресторани и преубава глетка над Shanghai-waterfront. Нашата прошетка ја завршуваме со модерна, осветлена улица полна со продавници и ресторани, една од најскапите шопинг улици на светот која се носи рамо до рамо со познатата Takeshita (Harajuku) во Јапонија, Champs-Élysées во Франција и Oxford Street во Лондон -- Nanjing Road. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
По појадокот се упатуваме да го посетуваме и еден од најпознатите водни градови во Кина -- Xitang, кој до ден, денес го има зачувано духот на древна Кина. Сведочиме на контрастот со лудиот и модерниот Шангај -- храмови, тесни улички, чајџилници, канали, црвени кинески фенери и традиционален начин на живот. Сосема прекрасно искуство во овој древен воден град. Се возиме со брод, уживавме во вкусна храна и грицки, а исто така правиме незаборавни фотографии. Целодневно дружење и истражување во овој прекрасен мал град, но со богата историја. По посетата се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.
Го напуштаме нашето сместување во Шангај и тргнуваме за Пекинг во раните утрински часови. Се возиме со познатите брзи возови кои возат 600 км на час -- буквално летаме, ова се најбрзите возови на #целсвет: незаборавно искуство! По пристигнувањето во Пекинг имаме слободно време за да се запознаеме со главниот град на Кина. Град исполнет со многу приказни, традиции и историја. Потоа се упатуваме и правиме check-in во нашето сместување. Имаме слободно време за да одмориме или да излеземе во некои од локалните ресторани -- ии конечно да ја пробаме познатата Пекиншка патка. Ноќевање.
Рано наутро тргнуваме на целодневен факултативен излет во Пекинг. Започнуваме со плоштадот Тјенанмен - област во срцето на Пекинг, каде се наоѓа и мавзолејот на основачот на кинеската комунистичка партија, Мао Це Тунг, кој го заштитуваат познатите мермерни лавови. Ова е еден од најголемите и најпознатите плоштади на #целсвет!! Продолжуваме кон еден од најпознатите симболи на Кина, покрај Кинескиот ѕид -- Забранетиот град. Огромен комплекс од царски палати и будистички храмови. Забранетиот град бил гробница на двете најпознати кралски фамилии на кина -- Ming i Qing. Ги посетуваме палатите и гробниците на овие познати династии, истите се полни со богатства и уметнички дела кои ги посетувале овие династии. По забранетиот град продолжуваме кон најпознатиот парк во Кина, паркот Џингшан. Специфично за овој парк е што истиот е изграден на вештачки рид кој има незаборавен поглед над забранетиот град. Враќање во сместување. Ноќевање.
По појадокот се упатуваме кон една од најдобрите факултативни излети, излет кој дефинитивно ќе биде highlight на нашата авантура во Кина. Освојуваме уште едно светско чудо, односно познатиот Кинески ѕид. За неговата изградба биле потребни повеќе од 2000 години. Огромниот џиновски змеј се протега низ границата на северна Кина, оваа структура поминува низ планини, шуми и котлини. Градба која ја бранела Кина од армиите на Генгис Кан. Се искачуваме на ѕидот со жичара, потоа започнуваме со нашата авантура на врвот на ѕидот!! Се искачуваме на различни видоковци, се симнуваме во бунари и ги впечатуваме не-еднаквите скали на овој ѕид (некои од нив се високи само неколку сантиметри, а некои достигнуваат и до 1 или 2 метри) Ќе уживваме во прекрасната глетка додека слушаме за приказните и историјата на ова светско чудо. Дефинитивно испразнете го вашиот телефон поради тоа што на ѕидот ќе направиме илјадници слики. По нашата авантура на Кинескиот ѕид, време е за релаксација. Го посетуваме единствениот парк во кој се спојуваат трите мориња на Кина и кој се наоѓа во срцето на Пекинг. Имаме слободно време да одмориме во глетката, оттука продолжуваме кон една од главните кралски палати на Минг династијата -- Houhai Hutong. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Денот го започнуваме со посета на Небесниот Храм кој е комплекс од царски верски згради, сместен во југоисточниот дел од градот. Во него се наоѓаат 12 внатрешни и 12 надворешни столбови, кои го симболизираат традиционалното кинеско сметање на времето. Станува збор за најголемиот и најширокиот храм на светот. Овоj храм е прогласен од УНЕСКО за светско наследство. Ја посетуваме и летната палата која воедно служела како летна резиденција на кинескиот император. Летната палата. денес е најголемиот национален парк во Кина, со површина од 270 хектари. Оваа палата датира од 17 век, а со тек на времето неколку пати била доградувана. Последен пат овој храм бил реновиран во времето на царицата Ци Ши, кога било ископано вештачко езеро. Додатоците направени во времето на оваа царица се меѓу врвните достигнувања на кинеската архитектура и градба. По целодневниот излет се враќаме во нашето сместување. По летната палата ја посетуваме една од најфрекфентните улици во Пекинг, улицата Guijie -- каде всушност се наоѓа и еден од најголемите пазари Hongqiao. Купуваме разни сувенири, чај, зачини и се ценкаме со локалното население. Ноќевање.
Го напуштаме нашето сместување во Пекинг. Имаме слободно време за шетање, да докупиме сувенири, да јадеме од најфкусната храна и потоа се уплатуваме кон аеродромот.
Превоз
Трансфер од сместувањето до аеродром
Место
Пекинг (Beijing)
Храна
Континентален појадок ×
1
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Утрински лет од Истанбул за Скопје. . Крај на патувањето.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пекинг -Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул- Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Шангај (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер од аеродром до сместувањето
од Шангај до Пекинг
Трансфер од сместувањето до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пекинг -Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул- Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
8 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Виза за Народна Република Кина
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Yu Garden, Chenghuangmiao и Tianzifang.
Цена:
50,00 EUR
Започнуваме со градините Ју Јуан (или само градините Ју - што во превод значи градините на задоволството) се едни од најубавите градини во цела Кина. Овие градини се наоѓаат во срцето на стариот дел на Шангај. Јујуан е област која е сокриена меѓу куп облакодери, област со мали традиционални куќички и бујно зеленило. Улиците се полни со луѓе, продавници и прекрасни кинески куќички. Градините Ју Јуан се изградени во 16тиот век и се отворени за јавноста во 1961 година. На површина од околу 20.000 квадратни метри се наоѓаат традиционални кинески павилјони, неколку езерца, егзотични карпи, стари дрвја и шарени цвеќиња. Градината е поделена на шест тематски зони. Еден од најпознатите делови на градините Ју Јуан е карпата Жад, која се наоѓа спроти обзерваторијата Јухуа од каде и всушност се набљудува оваа карпа. Станува збор за прекрасна карпа висока над три метри, која има 72 дупки. Посебната карактеристика на оваа карпа е што ако под неа запалите темјан, чадот магично ќе излезе од сите 72 дупки. Ако преку врвот се истури вода во карпата, таа ќе тече од сите дупки и ќе создаде прекрасна глетка. Ја посетуваме и улицата Ченгхуангмиао, како и округот Ксинтианди. Оттаму продолжууваме кон градот Тианзифанг, мини-град кој има само станбени згради и фабрики кои се претворени во уметнички инсталации, каде има хипстерски барови, кафулиња, продавници, дизајнерски студија, и галерии.
Овој ден подобро се запознаваме со долгата историја на оваа древна земја, започнуваме со посета на Shanghai Museum -- еден од најпознатите музеии во Кина. Овој музеј, отворен во 1996 година, содржи единаесет најсовремени галерии во кои се сместени кинеските меѓународни експонати од бронза, слики, скулптури, керамика и скапоцени предмети од династијата Минг и Кинг. Продолжуваме со истражување на модерните достигнувања на Шангај, односно неговите најпознати улици -- Xintiandi, The Bund и Nanjing. Xintiandi e поранешна населба на стариот Шикумен и е реинкарнирана во блескава и современа област во Шангај со одлични ресторани, луксузни клубови и бутици. Потоа се упатуваме кон познатнто пристаниште The Bund -- луксузно место, со ресторани и преубава глетка над Shanghai-waterfront. Нашата прошетка ја завршуваме со модерна, осветлена улица полна со продавници и ресторани, една од најскапите шопинг улици на светот која се носи рамо до рамо со познатата Takeshita (Harajuku) во Јапонија, Champs-Élysées во Франција и Oxford Street во Лондон -- Nanjing Road.
Xitang Ancient City
Цена:
75,00 EUR
Го посетуваме и еден од најпознатите водни градови во Кина -- Xitang, кој до ден, денес го има зачувано духот на древна Кина. Сведочиме на контрастот со лудиот и модерниот Шангај -- храмови, тесни улички, чајџилници, канали, црвени кинески фенери и традиционален начин на живот. Сосема прекрасно искуство во овој древен воден град. Се возиме со брод, уживавме во вкусна храна и грицки, а исто така правиме незаборавни фотографии. Целодневно дружење и истражување во овој прекрасен мал град, но со богата историја
Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park
Цена:
65,00 EUR
Започнуваме со плоштадот Тјенанмен - област во срцето на Пекинг, каде се наоѓа и мавзолејот на основачот на кинеската комунистичка партија, Мао Це Тунг, кој го заштитуваат познатите мермерни лавови. Ова е еден од најголемите и најпознатите плоштади на #целсвет!! Продолжуваме кон еден од најпознатите симболи на Кина, покрај Кинескиот ѕид -- Забранетиот град. Огромен комплекс од царски палати и будистички храмови. Забранетиот град бил гробница на двете најпознати кралски фамилии на кина -- Ming i Qing. Ги посетуваме палатите и гробниците на овие познати династии, истите се полни со богатства и уметнички дела кои ги посетувале овие династии. По забранетиот град продолжуваме кон најпознатиот парк во Кина, паркот Џингшан. Специфично за овој парк е што истиот е изграден на вештачки рид кој има незаборавен поглед над забранетиот град.
Great Wall of China, Shichahai Park и Houhai Hutong
Цена:
85,00 EUR
Излет кој дефинитивно ќе биде highlight на нашата авантура во Кина. Освојуваме уште едно светско чудо, односно познатиот Кинески ѕид. За неговата изградба биле потребни повеќе од 2000 години. Огромниот џиновски змеј се протега низ границата на северна Кина, оваа структура поминува низ планини, шуми и котлини. Градба која ја бранела Кина од армиите на Генгис Кан. Се искачуваме на ѕидот со жичара, потоа започнуваме со нашата авантура на врвот на ѕидот!! Се искачуваме на различни видоковци, се симнуваме во бунари и ги впечатуваме не-еднаквите скали на овој ѕид (некои од нив се високи само неколку сантиметри, а некои достигнуваат и до 1 или 2 метри) Ќе уживваме во прекрасната глетка додека слушаме за приказните и историјата на ова светско чудо. Дефинитивно испразнете го вашиот телефон поради тоа што на ѕидот ќе направиме илјадници слики. По нашата авантура на Кинескиот ѕид, време е за релаксација. Го посетуваме единствениот парк во кој се спојуваат трите мориња на Кина и кој се наоѓа во срцето на Пекинг. Имаме слободно време да одмориме во глетката, оттука продолжуваме кон една од главните кралски палати на Минг династијата -- Houhai Hutong.
Небесниот Храм, Summer Palace и улицата Guijie
Цена:
60,00 EUR
Денот го започнуваме со посета на Небесниот Храм кој е комплекс од царски верски згради, сместен во југоисточниот дел од градот. Во него се наоѓаат 12 внатрешни и 12 надворешни столбови, кои го симболизираат традиционалното кинеско сметање на времето. Станува збор за најголемиот и најширокиот храм на светот. Овоj храм е прогласен од УНЕСКО за светско наследство. Ја посетуваме и летната палата која воедно служела како летна резиденција на кинескиот император. Летната палата. денес е најголемиот национален парк во Кина, со површина од 270 хектари. Оваа палата датира од 17 век, а со тек на времето неколку пати била доградувана. Последен пат овој храм бил реновиран во времето на царицата Ци Ши, кога било ископано вештачко езеро. Додатоците направени во времето на оваа царица се меѓу врвните достигнувања на кинеската архитектура и градба. По целодневниот излет се враќаме во нашето сместување. По летната палата ја посетуваме една од најфрекфентните улици во Пекинг, улицата Guijie -- каде всушност се наоѓа и еден од најголемите пазари Hongqiao. Купуваме разни сувенири, чај, зачини и се ценкаме со локалното население.
Сместување
Holiday Inn Express
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Holiday in express е модерен хотел со 3* по локална категоризација. Хотелот располага со ресторан. Собите се двокреветни со приватен тоалет, клима уред, сеф, телевизор и бесплатен Wi-Fi интернет. Се наоѓа на само 2минути од метро станицата од каде ни е достапен цел Шангај!
Адреса
Zhongshan North Road
Putuo District
Putuo
200063 Shanghai
China
JI Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Ji Hotel е модерен хотел со 3* по локална категоризација во Пекинг, Кина. Хотелот располага со ресторан и фитнесс центар. Собите се двокреветни или трокреветни со приватен тоалет, клима уред, сеф, фрижидерче, електричен kettle, фен за коса и бесплатен Wi-Fi интернет.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.