Ако се прашувавте дали постои рај на земјата, да за среќа постои и се вика Малдиви!! Бела песочна плажа со прашкаст песок, чиста тиркизна вода, а вие седитесо кокос во рака под сенкaта на високите и бујни палми! Звучи филмски нели? Да патуваш на Малдиви е навистина прекрасна комбинација на нови искуства и неверојатни чувства. Како да ти се разбудиле некои сетила кои дотогаш ги немаше!
Малдиви (Maldives) се наоѓаат во Индискиот Океан, одалечени околу 700км од брегот на Шри Ланка (Sri Lanka) и околу 300км од брегот на Индија (India). Се состојат од 1.200 мали и големи острови, од кои само 200 острови се населени! Малдиви се најмалата Азиска земја, како по површина, така и по бројот на жители. Главниот и најголем град е Мале, со преку сто илјади жители.
Туризам на Малдиви се работи на два начини! Па избери што тебе најмногу ти одговара:
1. Сместување на населен остров т.е нашата Малдиви Авантура програма за која гордо можеме да кажеме дека бевме пионери во ваквиот начин на туризам за сега да имаме преку 7000 пресреќни патници за кој Малдиви беше остварување на сите желби!
Во нашата прва програма за Малдиви се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви - Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви... Замислете си и Хотел со 4* - Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Најважно од сé? Во цената на нашиот аранжман имате вклучено 9 активности/излети кои прават перфектен баланс на одморот на Малдиви. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - 3 пати во текот на одморот се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да нуркаме со ајкули, подводни желки, делфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!
Вториот начин да патуваш на Малдиви е:
Сместување во ресорт или во нашиот, двата најпознати ресорти на Малдиви – Villa Park Sun Island 5* и Malahini Kuda Bandos 4*.
Концептот на овие острови е секој ресорт е остров сам за себе. Ресортот Park Villa Sun Island се наоѓа на островот Nalaguraidhoo и е најголемиот ресорт остров на Малдиви! Островот е долг околу 1600 метри, широк околу 440 метри и може да го истражите пеш или со велосипед. Додека ресортот Malahini се наоѓа на островот Kuda Bandos -- мал остров, незаборавна природа, прашкаст бел песок и најтиркизниот Индиски океан. Вистинска хедонистичка приказна!
Знаеме дека веќе се замисливте на Малдиви и сте нетрпеливи да отпатувате! Одиме?
_____________________________________________________________________________________________________________________________________
ИЗБЕРИ ГО ТВОЈОТ ОСТРОВ:
🌴 ARENA BEACH HOTEL 4* - MAAFUSHI
🥂 VILLA PARK SUN ISLAND - 5* Resort
👑 MALAHINI KUDA BANDOS- 5* RESORT
Поаѓања
Малдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеПатувања
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.