Кога ќе кажеме одмор од соништа дефинитивно помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок и шаренолик подводен свет е само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Со сигурност може да кажеме дека е домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот!
За љубителите на малку поавантуристички патувања, "стандардниот" одмор на Малдиви знае да биде малку пасивен. На која плажа и да се наоѓаш, десет дена само лежење на плажа знае да биде малку монотоно. Затоа одлучивме патувањата на Малдиви да ги организираме на малку поавантуристички начин во Jungle стил, впрочем како и сите други наши патувања. Така најмногу може да се види нашата експертиза и по тоа сме познати!
Спремни за авантура?
Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви - Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви... Замислете си и Хотел со 4* - Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Најважно од сé? Во цената на нашиот аранжман имате вклучени активности/излети кои прават перфектен баланс на одморот на Малдиви. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да пливаме со подводни желки иделфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!
* ЗА ВРЕМЕ НА ИЗЛЕТИТЕ, НАШИТЕ ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРИ НОСАТ GOPRO И ЦЕЛО ВРЕМЕ НИ ПРАВАТ НЕВЕРОЈАТНИ ФОТКИ И ВИДЕО КЛИПОВИ. НА КРАЈ НА ДЕН, ИСТИТЕ СИ ГИ ПРЕВЗЕМАМЕ ОД РЕЦЕПЦИЈА.
Секој ден различна активност преку која ќе ги запознаете Малдиви на малку поинаков начин и комплетно ќе се заљубите во нив! Ако природата на самите острови воодушевува, подводниот свет ќе ве остави без зборови. Освен на факултативните излети, нуркањето ќе ви стане навика и кога ќе имате слободно време за плажирање.
Планот и програмата важи за следните поаѓања 13. 1. 202523. 1. 202527. 1. 202513. 2. 202517. 2. 2025
Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје за Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Мале, Малдиви. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
Место
Скопје
Истанбул
Пристигнуваме во Мале. Трансфер со брод до нашиот остров на Малдиви – Мафуши. Имаме организиран Traditional Tea Ceremony за добредојде на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед и прекрасното зајдисонце. Тука одржуваме краток информативен состанок за подобро да се запознаеме, а и да ви ги раскажеме авантурите кои следат во наредните денови, да ве запознаеме со островот и да ви ја откриеме неговата магија! Попладневен check-in во собите. Островот Мафуши е еден од поголемите населени острови на Малдиви со околу 2.500 жители. Мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
По појадокот земаме пешкири и опрема за нуркање од рецепција и одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Нè чека speed boat на локалното пристаниште и заминуваме на една вистинска тиркизна авантура! Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце.
Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во златното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга - вклучен ручек и пијачки за време на престојот. Се враќаме во нашето сместување. По зајдисонцето искусете ноќен рибилов во малдивски начин, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви. А потоа нашиот кувар ни го спрема се тоа што сме уловиле за време на излетот, незаборавна вечера на плажа!!
Напомена: Услугата (All Inclusive) во различните ресорти кои може да се посетат е секогаш различна. Истата ќе биде искомуницирана од водичот на лице место, кога ќе го знаеме името на ресортот кој би можеле да го посетиме како "day visitors". Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.
Овој ден е можеби највозбудливиот, најочекуваниот и омилениот ден на повеќето наши патници! Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Но, и покрај тоа што не се опасни, адреналинот кој се чувствува додека влегуваме во вода само се зголемува кога се нурнуваме да пливаме меѓу нив. Буквално соочување со ајкула очи во очи. Веруваме дека тоа ќе биде најчесто прераскажувано искуство кое сте го доживеале. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Овој пат одиме на уште помал песочен насип кој изгледа буквално како нафрлен куп песок од неколку метри во ширина и должина сред отворен океан. Враќање во сместувањето на Мафуши.
Ден резервиран за незаборавна авантура!!! Со брз-брод се упатуваме кон Vaavu атолот!! Започнуваме со нуркањето околу полупотонатиот брод познат како „REAL BREAK“. Бродот е опкружен со прекрасни рипчиња и шарени корали кои со текот на времето создале корален гребен околу потонатиот брод и внатре во него. По нуркањето, одиме на магичниот локален остров Thinadoo опкружен со тиркизната боја на Индискиот океан и нереална природа! Уживаме на плажата, пиеме кокос и одмараме под палмите. Пред враќање во хотел, имаме ручек на нашиот брод среде океанот.
Овој ден ќе го искористиме за многубројни активности во кои можете да се “пробате“ за време на нашиот престој на Малдиви. Се впуштаме во авантура, возење со кајаци или со SUP даски. Потоа одиме на нуркање на локалниот корален гребен на островот Мафуши. Тие што не се веќе заразени со нуркање, после патувањето на Малдиви, сигурно ќе бидат. Убавините на подводниот свет на Малдиви се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода. Вечерта ни е наменета за романтична вечера на плажа. Ѕвезди, свеќи на песок, тивка музика и убаво друштво.
Овој ден го посетуваме островот Gulhi. Тоа е населен остров, многу помал од Мафуши, каде што туризмот сè уште не е развиен воопшто и каде што ја имаме целата плажа само за нас. Пред поаѓање не заборавајте да си земете опрема за нуркање од хотел, зашто и на овој остров, како и на сите други, коралниот гребен е прекрасен и сигурно ќе сакате да го истражите малку повеќе. Уживање во магијата на овој прекрасен остров и неговите најубави плажи!
По појадок, го напуштаме сместувањето, Се збогуваме со магичниот остров и имаме трансфер со брз брод до аеродромот во Мале. Утрински лет од Мале за Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Крај на нашата незаборавна авантура.
Превоз
Трансфер со брз брод од сместувањето до аеродромот
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
МАЛДИВИ - ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА!
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ
ПОСЕТА НА SANDBANK (ПЕСОЧЕН НАСИП) ПРЕКУ ДЕН – НАЈЕГЗОТИЧНАТА “ПЛАЖА“ ШТО НЕКОГАШ СТЕ ЈА ВИДЕЛЕ!
НАБЉУДУВАЊЕ НА ДЕЛФИНИ!
НУРКАЊЕ НА КОРАЛНИОТ ГРЕБЕН BIYADHOO – ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НА МАЛДИВИ!
НУРКАЊЕ СО ПОДВОДНИ ЖЕЛКИ
ВОЗЕЊЕ СО КАЈАЦИ / SUP ДАСКИ
НУРКАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОРАЛЕН ГРЕБЕН (МАФУШИ)
РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА НА ПЛАЖА (ПАТНИЦИТЕ СО ПОЈАДОК ДОПЛАЌААТ 14$ ПО ЛИЦЕ ЗА ВЕЧЕРАТА)
НАБЉУДУВАЊЕ МАНТА-РАЖИ!
ТРАДИЦИОНАЛЕН TEA CEREMONY!
Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort).
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
од
100,00 USD
до
120,00 USD
Еднодневна посета на еден од најубавите приватни острови на Малдиви каде ќе уживате на белата песочна плажа опкружена со кристално чистата тиркизна вода и богата зелена вегетација. Ќе ја почувствувате магијата која овој прекрасен ресорт ја нуди на своите гости. Во цената на излетот е вклучено: oрганизиран превоз по предвидениот план и програма, влез на островот, лежалка, ручек (шведска маса) и безалкохолни и алкохолни пијалоци.
Напомена: Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.
Sunset Fishing
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
40,00 USD
Искусете ноќен рибилов во малдивски стил, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви.
Во цената на излетот е вклучено: претставник на агенцијата, организиран превоз по предвидениот план и програма, опрема за ловење, вечера од тоа што сме го уловиле послужена со ориз и салата.
Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
60,00 USD
За многумина ова е омилениот и најубав излет на Малдиви, па никако не треба да се пропушти. Oдиме да се дружиме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме ги видиме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз според предвидената програма, овошје, опрема за нуркање, локален водич и претставник од агенцијата.
Shipwreck Snorkeling & Island Getaway
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
75,00 USD
Време е за авантура!!! Со брз-брод се упатуваме кон Vaavu атолот!! Започнуваме со нуркањето околу полупотонатиот брод познат како „REAL BREAK“. Бродот е опкружен со прекрасни рипчиња и шарени корали кои со текот на времето создале корален гребен околу потонатиот брод и внатре во него. По нуркањето, одиме на магичниот локален остров Thinadoo опкружен со тиркизната боја на Индискиот океан и нереална природа! Пред враќање во хотел, имаме ручек на нашиот брод среде океанот.
Островот Gulhi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
20,00 USD
Посетуваме локален остров недалеку од Маафуши со прекрасна плажа, прашкаст бел песок и незаборавен малдивски тиркиз. Плажа во која навистина ќе се заљубите! Уживаме во глетката, се качуваме на познатата водена лулашка и правиме совршени фотографии. За љубителите на морскиот живот, постои можност за нуркање и истражување на коралниот гребен!
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Arena Beach е дефинитивно најдобриот хотел на Мафуши, Малдиви. Сместувачки објект кој располага со двокреветни и трокреветни соби. Хотелот се наоѓа на прекрасна плажа со бел песок и тиркизна вода на океанот, сопствени лежалки - бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот нуди и бесплатна опрема за нуркање и пешкири за плажа, достапни секој ден, за секој гостин на хотелот. На кровот на хотелот има и infinity pool достапен за гостите. Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок или појадок и вечера (полупансион).
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Сите патници мораат да пополнат и Health Travel Authorization форма на https://imuga.immigration.gov.mv/. Оваа форма се принта и се носи со Вас на аеродром.
Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.