Кој е за перфектно избалансирано патување? Необично патување кое е комбинација на модерните архитектонски достигнувања на Дубаи и Абу Даби и уживање на најубавите плажи на #целсвет на Малдиви! Звучи совршено нели?
Нашата авантура ја започнуваме во Дубаи. Со својата смела архитектура и врвен стил, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Дубаи претставува град на невозможното и најдоброто!!! На кратко во Дубаи се е НАЈ!! — НАЈвисоката зграда, НАЈголемата рамка, НАЈголемиот аквариум, НАЈголемата фонтана, НАЈголемиот златен ланец, и може да редиме уште стотици други работи кои го прават Дубаи најдобар! Дубаи не само што ја исполнува својата репутација како најдобриот град на #целсвет туку и целосно ќе ги надмине вашите очекувања. Се сместуваме во совршен хотел со 4* и infinity pool од каде го гледаме хоризонтот на Downtown Dubai. Се искачуваме на највисоката зграда на #целсвет, го посетуваме најмодерниот шопинг центар -- Dubai Mall, музејот на иднината и ја посетуваме најголемата златна рамка на #целсвет -- Dubai Frame!
Кога ќе кажеме одмор од соништа дефинитивно помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок и шаренолик подводен свет е само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Со сигурност може да кажеме дека е домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот!
Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви - Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви... Замислете си и Хотел со 4* - Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да пливаме со подводни желки и делфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!
За љубителите на малку поавантуристички патувања, "стандардниот" одмор на Малдиви знае да биде малку пасивен. На која плажа и да се наоѓаш, десет дена само лежење на плажа знае да биде малку монотоно. Затоа одлучивме патувањата на Малдиви да ги организираме на малку поавантуристички начин во Jungle стил, впрочем како и сите други наши патувања. Така најмногу може да се види нашата експертиза и по тоа сме познати!
Спремни за незаборавна авантура?
- Превоз
- Авион, Локален трансфер
- Сместување
- Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
- Дестинации
- Азија, Дубаи, Малдиви
- Видови патувања
- Зимски поаѓања 2024
- Код на патување
- MV104
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанок на патниците и организиран трансфер до Аеродромот во Тирана. Попладневен лет од Тирана и пристигнување во Абу Даби во вечерните часови. Трансфер до сместувањето во Дубаи. Авантурата може да започне!
Превоз
- Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен кабински багаж (Wizz Priority)
- Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ
Место
- Скопје
- Тирана
- Абу Даби
- Дубаи
Факултативни излети
По појадокот имаме слободно време за да уживаме на плажа. Тука одржуваме краток информативен состанок за подобро да се запознаеме, а и да ви ги раскажеме незаборавните авантурите кои следат во наредните денови! Во попладневните часови одиме во Dubai Mall еден од најголемите шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еквивалентна на 200 стадиони. Имаме слободно време за шопинг и разгледување. Дефинитивно не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот… Продолжуваме кон Burj Khalifa, највисоката зграда на #целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди. Fun fact: Burj Khalifa е толку висока што сонцето заоѓа 2-4 минути подоцна на повисоките спратови. Имате можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат. Каде имаме панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Потоа одиме да се восхитуваме на танцувачките фонтани. Ќе бидеме сведоци на највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Имаме слободно време во Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот. Враќање во сместувањето околу во вечерните часови. Слободно време за посетување на некои од нашите омилени руфтоп барови и ноќни клубови во Дубаи!!
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ
Место
- Дубаи
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
По појадокот се одјавуваме од хотелот и имаме трансфер до Абу Даби. Лет од Абу Даби до Мале. Пристигнуваме во Мале во попладневните часови. Трансфер со брз брод до нашиот остров на Малдиви – Мафуши. Правиме check-in во собите, a потоа имаме организиран Traditional Tea Ceremony за добредојде на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед. Островот Мафуши е еден од поголемите населени острови на Малдиви со околу 2.500 жители. Мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!
Превоз
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби - Мале, во економска класа со вклучен кабински багаж (Wizz Priority)
- Трансфер со брз брод од аеродром до сместување
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
- Дубаи
- Абу Даби
- Мале
- Маафуши (Maafushi)
Храна
- Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
По појадокот земаме пешкири и опрема за нуркање од рецепција и одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Нè чека speed boat на локалното пристаниште и заминуваме на една вистинска тиркизна авантура! Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
- Маафуши (Maafushi)
Храна
- Континентален појадок × 1
- Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
Првиот дел од денот го започнуваме со нуркање на локалниот корален гребен на островот Мафуши. Тие што не се веќе заразени со нуркање, после патувањето на Малдиви, сигурно ќе бидат. Убавините на подводниот свет на Малдиви се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода. Вториот дел од денот е планиран за Факултативниот излет - Sunset Fishing. Време е за дружење со Jungle екипата на зајдисонце опкружени со сината боја на Индискиот океан. По зајдисонцето искусете ноќен рибилов во малдивски стил, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви. А потоа нашиот кувар ни го спрема се тоа што сме уловиле за време на излетот, незаборавна вечера на плажа!!
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
- Маафуши (Maafushi)
Храна
- Континентален појадок × 1
- Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
Овој ден е можеби највозбудливиот, најочекуваниот и омилениот ден на повеќето наши патници! Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Но, и покрај тоа што не се опасни, адреналинот кој се чувствува додека влегуваме во вода само се зголемува кога се нурнуваме да пливаме меѓу нив. Буквално соочување со ајкула очи во очи. Веруваме дека тоа ќе биде најчесто прераскажувано искуство кое сте го доживеале. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Овој пат одиме на уште помал песочен насип кој изгледа буквално како нафрлен куп песок од неколку метри во ширина и должина сред отворен океан. Враќање во сместувањето на Мафуши.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
- Маафуши (Maafushi)
Храна
- Континентален појадок × 1
- Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
Овој ден ќе го искористиме за многубројни активности во кои можете да се “пробате“ за време на нашиот престој на Малдиви. Се впуштаме во авантура, возење со кајаци или со SUP даски. Потоа одиме на нуркање на локалниот корален гребен на островот Мафуши. Тие што не се веќе заразени со нуркање, после патувањето на Малдиви, сигурно ќе бидат. Убавините на подводниот свет на Малдиви се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
- Маафуши (Maafushi)
Храна
- Континентален појадок × 1
- Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
Овој ден го посетуваме островот Gulhi. Тоа е населен остров, многу помал од Мафуши, каде што туризмот сè уште не е развиен воопшто и каде што ја имаме целата плажа само за нас. Пред поаѓање не заборавајте да си земете опрема за нуркање од хотел, зашто и на овој остров, како и на сите други, коралниот гребен е прекрасен и сигурно ќе сакате да го истражите малку повеќе. Уживање во магијата на овој прекрасен остров и неговите најубави плажи!
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
- Маафуши (Maafushi)
Храна
- Континентален појадок × 1
- Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
Следи уште еден ден за интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во слатното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга - вклучен ручек и пијачки за време на престојот.
Напомена: Услугата (All Inclusive) во различните ресорти кои може да се посетат е секогаш различна. Истата ќе биде искомуницирана од водичот на лице место, кога ќе го знаеме името на ресортот кој би можеле да го посетиме како "day visitors". Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
- Маафуши (Maafushi)
Храна
- Континентален појадок × 1
- Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
По појадок правиме check-out од нашиот хотел и уживаме на плажа, шетаме по нашиот остров, уживаме на плажа и пиеме уште по некое свеж сок. Пополека се збогуваме со магичниот остров! Трансфер со брод до аеродромот во Мале. Вечерен лет од Мале за Абу Даби. По пристигнување во Абу Даби имаме трансфер до нашето сместување. Ноќевање.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Абу Даби, во економска класа со вклучен кабински багаж (Wizz Priority)
Сместување
Хотел со 3*/4* во Абу Даби 1 ноќ
Место
- Маафуши (Maafushi)
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме во посета на Sheikh Zayed Grand Mosque. Sheikh Zayed. Џамијата Шејк Зајед е една од најголемите џамии на #целсвет, нејзината уникатна архитектура е создадена од испреплетеноста на повеќе исламски архитектонски школи. Има 82 куполи, повеќе од 1.000 столбови, позлатени лустери од 24-каратно злато и најголемиот рачно изработен тепих во светот. А еден интересен факт е дека дел од мермерот кој е користен во градбата на оваа џамија потекнува од Прилеп. Лет од Абу Даби до Тирана. Пристигнување во Тирана во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
- Локален трансфер од сместување до аеродром.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен кабински багаж (Wizz Priority)
Место
- Абу Даби
- Тирана
- Скопје
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Поаѓања и цени
Што е вклучено
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel Пример 2 ноќиArena Beach Hotel, Maafushi Пример 7 ноќи
Хотел со 3/4 во Абу Даби Пример 1 ноќ
Превоз
- Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен кабински багаж (Wizz Priority)
- Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби - Мале, во економска класа со вклучен кабински багаж (Wizz Priority)
- Трансфер со брз брод од аеродром до сместување
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Абу Даби, во економска класа со вклучен кабински багаж (Wizz Priority)
- Локален трансфер од сместување до аеродром.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен кабински багаж (Wizz Priority)
Храна
9 × Континентален појадок , 7 × Вечера (услуга полу-пансион)Останато
- Виза за влез во Дубаи
- Wizz Priority за сите 4 летови -- вклучен рачен багаж (40x30 x20) и еден кабински куфер од 10kg (55x40x23)
Не е вклучено
- Опционална доплата од 80 ЕУР по лице за SEAVIEW ROOM – соби од повисока категорија со поглед на океан.
- Туристичка такса за Дубаи која изнесува 4.08$ дневно по соба (или 2.04$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.
Факултативни излети
Dubai Highlights!
Sunset Fishing
Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип
Островот Gulhi
Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort).
Photo Stop на Sheikh Zayed Grand Mosque, Abu Dhabi
Сместување
Al Khoory Courtyard Hotel
Arena Beach Hotel, Maafushi
Хотел со 3*/4* во Абу Даби /
Останати поаѓања за Малдиви
Малдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеКорисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.