Оваа есен освојуваме уште еден локален остров на Малдиви!!!
Се сместуваме на островот Fehendhu, кој e вториот најмалку населен остров на Малдиви, со вкупно 198 жители.
Оваа програма е вистинскиот избор за сите кои сакаат да заборават на своите проблеми на егзотичен тропски остров. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 10 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Вашето совршено тропско бегство!
Хотелот Isla Retreat се наоѓа на самата плажа, има сопствени лежалки, прекрасен руфтоп ресторан со панорамски поглед над островот и бесконечниот индиски океан, сопствена градина со живопсина вегетација и шарен корален гребен со стотици немо рипчиња во непосредна близина.
Нашите денови се исполнети со уживање на најубавата плажа на #целсвет, масажи, романтични вечери, кокоси и дружба со нашата екипа!
- Превоз
- Авион, Локален трансфер
- Сместување
- Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
- Дестинации
- Малдиви
- Код на патување
- MV212
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје за Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Мале, Малдиви. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
Место
- Скопје
- Истанбул
По слетувањето на аеродромот во Мале потребено е да се упатите кон шалтерот на Royal Island Resort каде ќе добиете инструкции за трансферот до Dharavandhoo. Во зависност од времето на слетување во Мале времето на чекање за брзиот брод може да биде од 1 до 4 саати. За времето на чекање може да уживате на еден од најуникатните аеродроми на цел свет кој е отворен од сите страни, да си земете кафе, да се стационирите на некоја од терасите со најубав поглед кон Индискиот океан и да дозволите да ви „летне„ времето на чекање. До Фехенду патуваме со брз брод, трасн кој трае околку 2 часа. Се сместуваме во нашиот хотел и започнуваме со истражување на овој рај!
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Локален лет од аеродромот во Malé до Dharavandhoo.
- Трансфер со брз брод од аеродром до сместување.
Сместување
Isla Retreat 1 ноќ
Место
- Мале
- Фехенду (Fehendhoo)
Храна
- Полн-пансион (Ручек и Вечера) × 1
Денови резервирани за потполно уживање на овој егзотичен остров! Шетаме по плажата со бел песок, читаме книга, пиеме коктел и уживаме во тропскиот рај! Целосно се опуштаме и полниме батерии! Овие денови се посветени на нас и уживањето!!
Сместување
Isla Retreat 6 ноќи
Место
- Фехенду (Fehendhoo)
Храна
- Полн-пансион (Појадок, Ручек и Вечера) × 6
По појадок, правиме check-out од нашите соби. Имаме слободно време да уживаме на плажа и да се поздравиме со островот! Пиеме уште една пијачка и имаме трансфер со брз брод до аеродромот во Мале. Лет од Мале за Скопје, со преседнување во Истанбул.
Превоз
- Трансфер со брз брод од сместување до аеродром.
- Локален лет од Dharavandhoo до Male.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Фехенду (Fehendhoo)
- Мале
Храна
- Полн-пансион (Појадок) × 1
Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Истанбул
- Скопје
Поаѓања и цени
Што е вклучено
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Локален лет од аеродромот во Malé до Dharavandhoo.
- Трансфер со брз брод од аеродром до сместување.
- Трансфер со брз брод од сместување до аеродром.
- Локален лет од Dharavandhoo до Male.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
1 × Полн-пансион (Ручек и Вечера) , 6 × Полн-пансион (Појадок, Ручек и Вечера) , 1 × Полн-пансион (Појадок)Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Сместување
Останати поаѓања за Малдиви
Малдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеКорисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.