Насмеаното племе Ве води на патување во Малезија, своевидна мешавина на модернизам, што се истакнува со облакодери и висококатници, светски банки и малопродажни ланци, каде сè е “original copy’“.
Кулите Петронас, шопинг, паркot на птиците и познатата пештера Бату во која е сместен хинду-храм на само неколку километри од развиениот Куала Лумпур нудат одредено ниво на мистика што е едноставно видливо.
Куала Лумпур, или „нечист град“ како што го нарекол Жан Кокто, е модерен, автоматизиран и чист и во минатата деценија од мал и неразвиен јужноазиски град во џунгла, прераснал во метропола со незамисливи размери.
Град каде подеднакво се мешаат културите, религиите и влијанијата на кинезите, хиндуистите и малезијците. Мултиетничноста и мултикултурализмот имаат големо влијание врз политиката на земја во која исламот е уставно дефиниран како државна религија, иако слободата на вероисповед е загарантирана. Домашната култура на подрачјето ја создале домородните племиња во комбинација со индиската и кинеската култура кои имаат значително влијание врз целото општество по британското владеење и колонијализмот.
Мирисите и вкусовите кои ќе ве воодушеват додека ја газите бескрајната урбана џунгла каде се наоѓаат локални продавници, кинески и индиски населби, како и неверојатните полиња каде се одгледуваат разни видови чај, разновидна флора и фауна, и мислата дека зелената боја никогаш не била толку зелена.
Поаѓања
Патувања
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.