Сингапур и Малезија

Сингапур и Малезија

цена од
1.899
EUR ,00
сега од
1.699
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Необично патување кое е комбинација на модерните архитектонски достигнувања на Сингапур (Singapore) и Куала Лумпур (Kuala Lumpur), древна историја и неверојатни храмови како и денови исполнети со уживање на едни од најпознатите острови во Малезија - Лангкави (Langkawi) или Пулау Перхентиан (Pulau Perhentian) со едни од најубавите плажи на светот.


Рута
Скопје
Истанбул
Сингапур
Pulau Perhentian
Куала Лумпур
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Малезија, Сингапур
Видови патувања
Експедиции
Код на патување
MY4
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Вечерен лет од Скопје со Turkish Airlines (ТК1006), со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне! 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Синагпур (Singapore). Пристигнување во Сингапур (Singpore) во попладневните часови. Трансфер до сместувањето. Добредојдовте во чудната и модерна утопија на 21 век. Место каде се' e средено до најситните можни детали. Сингапур е друга димензија, модерен, иновативен, футуристички, чист, уреден, организиран, интерактивен и безбеден. Градот е доведен до совршенство, па во целиот тој совршен амбиент луѓето пронаоѓаат убавина, восхит и чудење за овој контраст на гужвата и хаотичноста на Азија. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Сингапур (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

BENCOOLEN Hotel, Singapore 1 ноќ

Место

  • Сингапур

Се будиме и по појдокот започнуваме со факултативен излет, истражување и авантура во оваа урбана џунгла! Хотел Фулертон, комплексот Марина Беј, Еспланада, статуата Мерлион, поглед на еден од најпознатите хотели во светот - Марина Беј и уживање во зеленилото на неверојатниот Gardens by the Bay.

Сместување

BENCOOLEN Hotel, Singapore 1 ноќ

Место

  • Сингапур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Трансфер до аеродромот и лет за Пулау Перхентиан (Pulau Perhentian). По пристигнувањето, трансфер до сместувањето на островчето Pulau Perhentian. Пулау Перхентиан е еден од најпознатите острови во Малезија. Капењето, масажите, преубавите плажи, белиот песок, тиркизното топло море, феноменалните зајдисонца и островите кои се во непосредна близина, ќе направат да се чувствувате како во рајот. Време резервирано исклучиво за уживање! 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сингапур - Кота Бхару, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Tuna Bay Island Resort 1 ноќ

Место

  • Сингапур
  • Pulau Perhentian

Храна

  • Континентален појадок × 1

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, пливање, масажи, овошје и волшебни зајдисонца..

Сместување

Tuna Bay Island Resort 4 ноќи

Место

  • Pulau Perhentian

Храна

  • Континентален појадок × 4

Го напуштаме сместувањето, трансфер до аеродром и лет за Куала Лумпур. Трансфер до сместувањето и слободно време за истражување на градот.. Куала Лумпур е град кој во претходната деценија прераснал од мал и неразвиен јужноазиски град во џунгла до метропола од незамисливи размери. Град во кој подеднакво се мешаат културите, религиите и влијанието на Кинезите, Хиндусите и Малезијците. Слободна вечер за истражување на ноќните маркети и неверојатни ресторани во кои се мешаат вкусовите на Индија, Кина, Тајланд и самите Малејзици. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Кота Бхару - Куала Лумпур, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts 1 ноќ

Место

  • Pulau Perhentian
  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Авантурата започнува со пештерите Бату, големо хинду светилиште сместено во пештера, а потоа продолжуваме до Националната Палата, Споменикот на Независноста, Плоштадот Мердекa на кој се наоѓа едно од најголемите знамиња на светот, место на кое за прв пат било развиорено знамето на независна Малезија, Кинескиот кварт, Кулата КЛ и ги посетуваме кулите Петронас - славните кули близначки, познати ширум светот. 

Сместување

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts 1 ноќ

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Купуваме сувенири, уживаме и се збогуваме со оваа фасцинантна земеја. Вечерен трансфер до аеродром. Лет до Скопје со преседнување.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Куала Лумпур – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул во 04:50h. по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 07:25 часот (TK1003). Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

BENCOOLEN Hotel, Singapore Пример 2 ноќи
Tuna Bay Island Resort Пример 5 ноќи
AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts Пример 2 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Сингапур (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сингапур - Кота Бхару, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Кота Бхару - Куала Лумпур, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Куала Лумпур – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Туристичка такса за Куала Лумпур која изнесува 10RM дневно по соба (околу 2.30$) и истата се плаќа во хотелот на рецепција.
  • Влезна такса за Перхентските острови која изнесува 5RM (околу 1.15$) и ја плаќа секој патник посебно.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Сингапур City Tour

Сингапур City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 35,00 USD

Совршена прилика да ги посетиме најзначајните локалитети во Сингапур. 

Авантурата започнува во старата колонијална област во Сингапур -- Padang. Padang претставува комбинација на класична колонијална архитектура испреплетена со модерни облакодери. Тука ги посетуваме просториите на најстариот крикет клуб во Сингапур, парламентарните згради, врховниот суд и градското собрание. 

Нашата авантура ја продолжуваме кон еден од најстарите урбани квартови во Сингапур -- Kampong Gelam. Населба длабоко вкоренета во историјата на Сингапур која ни нуди уникатно искуство во минатото, а и сегашноста на Сингапур. Се шетаме по шарени улици, декорирани со мозаици и мурали, пробуваме локални деликатеси и ја посетуваме славната Султан Џамија која е изградена во 1975 и е една од највпечатливите џамии во Сингапур. 

Продолжуваме кон Кинескиот кварт, каде што ќе го посетиме Buddha Tooth Relic Temple, уникатен храм дизајниран во архитектонскиот стил на кинеската династија Танг, а потоа го посетуваме и кинескиот културен центар. 
Денот го продолжуваме во квартот Little India, каде што продавачите на традиционална индиска облека, зачини и гатачи ни создаваат уникатна атмосфера која не транспортира во Индија. Шетаме низ впечатливите улици на оваа област се до една од најубавите џамии на цел свет - џамијата Abdul Gafoor.

Во цената е вклучено: претставник од агенција, стручен локален водич (на англиски јазик) и превоз по предвидениот план и програма.

Куала Лумпур - City Tour

Куала Лумпур - City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 35,00 USD

Ги посетуваме најзначајните локалитети во Куала Лумпур. 

Нашата авантура ја започнуваме со Бату пештерите, пештери кои се стари 400 милиони години, а во нив се наоѓаат 6 будистички храмови. За да стигнеме до нив треба да искачиме 272 скали обоени во боите на виножитото. Продолжуваме кон центарот на градот и се упатуваме кон Кинескиот кварт -- еден од нашите омилени квартови во Куала Лумпур. Поминуваме низ раздвижени пазари, улични кујни и се восхитуваме на традиционалната архитектура на овој предел. Преку ден во овој кварт посетуваме традиционални храмови, додека преку ноќ улиците живнуваат со ноќни пазари и забави. Потоа продолжуваме до плоштадот на Независноста -- Мердека, каде е сместено највиското знаме на светот и каде што за првпат е провеано и знамето на независна Малезија. Ја посетуваме и познатата Султан Палата -- која била седиштето на британската колонијална администрација во Малезија. За крај, продолжуваме кон скапоцениот камен на Куала Лумпур -- кулите близначки Петронас. Високи се 451.9 метри и имаат 81 спрат. Кулите ја симболизираат храброста, генијалноста, самодоверба и оптимизмот на Малезиците. 

Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенција, организиран превоз според предвидениот план и програма и стручен локален водич (на англиски јазик).

Сместување

BENCOOLEN Hotel, Singapore 3

BENCOOLEN Hotel, Singapore
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

BENCOOLEN Hotel 3*, сместен на најдобрата локација во Сингапур, нуди одлична пристапност за сите туристи кои го истражуваат овој град-држава. Удобната и стратешка локација на хотелот го прави идеално место за да започнете да го истражувате Сингапур - местата за пазарење, јадење и разгледување се оддалечени на само кратка прошетка од хотелот. Гостите на хотелот може да го користат базенот во текот на својот престој, a собите се опремени со бесплатен интернет, бања.

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.hotelbencoolen.com/

Адреса 47 Bencoolen St
#01-02 Hotel Bencoolen
Singapore 189626

Tuna Bay Island Resort

Tuna Bay Island Resort
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Плажи со бел прашкаст песок и тиркизни води на Јужното Кинеско Море, ресортот Туна Беј е идеална дестинација и совршено бегство.

Исклучете се од метежот и вревата на секојдневниот живот и изгубете се во лежерната возбуда на островскиот рај. Со оглед на тоа што ресортот се наоѓа на недопрен, тивок дел од Пулау Перхентиан Бесар во комбинација со позадина на бујна тропска прашума, создава мирна и егзотична атмосфера што овозможува целосна релаксација и спокојство. 

Ресортот е со пространи дрвени вили, засенчени со палми од кокос и убава градина. Дрвените вили имаат климатизација и покриени тераси, опремени со тропски ратан и дрвен мебел.

Сместено среде тропска џунгла, Tunabay Island Resort нуди климатизирани соби и вили со приватен балкон. Овој имот располага со ресторан и на гостите им нуди различни рекреативни активности.

Гостите можат да одат нуркање, нуркање или риба. Релаксирањето на плажа и уживањето на скара е уште еден добар избор за рекреација.

Вебсајт https://www.tunabay.com.my/

Адреса Tuna Bay Resorts Kampung Pulau Perhentian
Kuala
22300 Besut
Terengganu
Malaysia

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Централно лоциран веднаш до раздвижениот Chinatown, Pudu Sentral и Plaza Rakyat LRT Station, AnCasa Hotel & Spa е елегантен и модерен современ хотел во Куала Лумпур.

Лоциран во историскиот кварт, хотелот е лесно достапен од станицата Plaza Rakyat LRT и Центарот за урбана трансформација (UTC), порано познат како автобуска станица Пудураја. 

Собите се опремени со фрижидер и сателитска ТВ и сопствена бања.

За погодност, персоналот обезбедува 24-часовна рецепција.

Вебсајт https://www.ancasahotels.com.my/

Адреса Jalan Tun Tan Cheng Lock
50500
Kuala Lumpur.

Останати поаѓања за Малезија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.