Пакистан Експедиција

Пакистан Експедиција

цена од
1.949
EUR ,00
траење
13 дена
Пријави се Барање
Барање

Започнуваме со незаборавно патување во Пакистан – земја во јужна Азија за која не може да се каже дека е типична дестинација за патување. Ве носиме на авантура која ќе ве остави да посакувате да останете уште некој ден.

Почнуваме со Исламабад, модерна престолнина со бројни музеи и културни споменици, место на многу важни историски настани и центар на културните случувања во оваа голема држава. Овој град е совршен почеток за нашата авантура, каде што ќе се запознаеме со богатото наследство и современата динамика на Пакистан. Ќе имаме шанса да се запознаеме со животите на локалното население, нивното секојдневие и традиции. Овој дел од патувањето ќе не отвори кон подлабоко разбирање на културата и начинот на живот во Пакистан.

Потоа, продолжуваме кон Чилас град во долината на реката Инд и една од клучните точки низ кои поминувал древниот Пат на свилата. Овој регион е познат по своите природни убавини и историската важност, што го прави идеален за истражување.

Се сспуштаме по долината Хунза, каде што ќе ја видиме легендарната тврдина Алти, која сведочи за богатата историја на регионот. Не очекуваат живописни пејзажи и традиционални села, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со локалната култура и начин на живот.

Следната точка на нашето патување е езерото Атабад, позната по својата тиркизна боја и впечатливите природни предели. Ова езеро е совршено место за одмор и уживање во природата.

На крај, патувањето го завршуваме во Лахор, еден од најзначајните градови на Пакистан познат по својата, импресивна архитектура и жива културна сцена. Низ улиците на градот се соочуваме со големата историја на Пакистан и ја пробуваме автентичната храна на Пакистан.

Ова патување е вистинска авантура која ќе ве остави со незаборавни спомени и желба да се вратите за уште една посета на оваа неверојатна земја. 

НАПОМЕНА: Ова патување се реализира преку Белград


Рута
Белград
Истанбул
Исламабад
Чилас
Долината Хунза
Бешам
Долината Хунза
Исламабад
Лахор (Lahore)
Исламабад
Истанбул
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Азија, Пакистан
Видови патувања
Експедиции
Код на патување
PK12
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците на аеродромот Никола Тесла во Белград два саати пред летот. Лет од Белград во попладневните часови со преседнување во Истанбул. Пристигнување на аеродромот во Истанбул во вечерните часови и се префрламе на лет за Иламабад. 

Превоз

  • Авио карта со сите такси, со преседнување, на релација Белград – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Авио карта со сите такси, со преседнување, на релација Истанбул-Исламабад (Turkish Airlines), во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж.

Место

  • Белград
  • Истанбул

Пристигнување во Исламабад во 3:40/3:55 часот по локално време. Трансфер до хотелот. Слободно време за запознавање со главниот град на Пакистан, кој е познат по тоа што е чист, модерен и релативно млад град со многу музеи, споменици и еден од најдобрите ресторани во светот. Денот е резервиран за истражување на Исламабад. Ги посетуваме најзначајните туристички атракции и се запознаваме со културата на Пакистан – ја посетуваме Фајсал џамијата, селото Саидпур, Националниот споменик и многу други знаменитости. Слободно време а потоа вечераме во сместувањето. Ноќевање.

Превоз

  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Grand Islamabad Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Исламабад

По доручек го напуштаме сместувањето и тргнуваме на утрински трансфер до Чилас – главниот град на округот Диамер, кој се наоѓа на реката Инд. Тој претставува една од точките на Патот на свилата, а на неговата територија се наоѓа и седмиот највисок врв на светот. Правиме пауза за ручек и продолжуваме понатаму. По пат уживаме во неверојатните погледи и врвови над 8000м. Вечераме во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Chilas Shangrila Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Чилас

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

Го напуштаме сместувањето и тргнуваме кон долината Хунза. Пристигнуваме во попладневните часови, планинска долина помеѓу Каракорум и Хималаите, на крајниот север на земјата, во близина на границата со Авганистан и Кина. Одиме до видиковец од каде ни се отвара поглед на Нанга Парбат, деветтиот највисок врв на светот. Правиме пауза за ручек. Ги посетуваме тврдината Балтит, античко воено утврдување, сместено помеѓу остри планински врвови. Потоа го посетуваме базарот Каримабад, совршено место за купување сувенири, ткаенини, зачини, традиционална облека од оваа неверојатна земја. Враќање во сместување, слободно време. Вечераме во сместувањето. Ноќевање.

Превоз

  • Локален трансфер од Чилас до Хунза

Сместување

Mulberry Hotel Hunza 3* 1 ноќ

Место

  • Долината Хунза

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

По појадотот одиме во посета на езерото Атабад, кое е познато како најубавиот бисер на Пакистан. Тиркизната боја на езерото во подножјето на импресивните планини е едно од најубавите природни споменици во овој регион. Правиме пауза за ручек и продолжуваме кон Гулмит, традиционално село, каде се запознаваме со локалниот живот и ги пробуваме најдобрите колачи со кајсии на светот, бидејќи оваа долина е позната по одгледување на истите. Се вели дека народот Хунза е еден од најдолговечните народи на светот токму поради нивната исхрана која е базирана на јаткасти плодови, органско и сушено овошје. Потоа, продолжуваме кон адреналиснка авантура - висечкиот мост Хусеин, еден од најопасните мостови на светот! Враќање во сместување и вечераме. Ноќевање.

Сместување

Park Hotel Gilgit 3* 1 ноќ

Место

  • Долината Хунза

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

Појадуваме и го напуштаме сместувањето. Ја посетуваме долината Хупер, позната по глечерите Спатник и Хупер. Се качуваме на глечерот со поглед кој никогаш нема да го заборавиме, и уживаме во неверојатното превивање на боите и светлината во ова време од годината. Правиме пауза за ручек близу глечерот и продолжуваме кон нашата следна локација, Гилгит, каде ќе преспиеме. Вечераме. Ноќевање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Долината Хунза

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

Се пакуваме и го напуштање на сместувањето. Се возиме до местото познато како Fairy Medows. За почеток ќе се возиме по редовни патишта, потоа нè очекува авантура со џипови, а на крај тричасовен трекинг до самото место. Ден за авантура! Попат правиме пауза за ручек. Совршено место за да се почувствува духот на Пакистан и неговата пребогата природа. Ноќевање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Долината Хунза

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

Доручек и слободно време во Fairy Medows со опција за посета на Бајал кампот преку двoчасовен трекинг, каде нè очекуваат неверојатни погледи на преубавата природа. Ручаме на патот кон кампот. Вечера. Ноќевање.

Сместување

Guest house 1 ноќ

Место

  • Долината Хунза

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

Доручкуваме и го напуштаме сместувањето. Тргнуваме на нов трекинг на патот кон долината Бешам. Правиме пауза за ручек. Подоцна нè очекува повторно возење со џипови. Вечера. Ноќевање.

Сместување

Besham Hilton Hotel, by LMC 1 ноќ

Место

  • Бешам

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

Го напуштаме Бешам по појадокот и тргнуваме кон Пешавар. Го посетуваме локалниот базар по кој градот е познат, го запознаваме духот на Паштуните и јадеме најдобар бирјани на локалниот пазар. По прошетката во Пешавар, продолжуваме кон Исламабад каде што вечераме. Ноќевање.

Превоз

  • Локален трансфер од Бешам до Пешарава
  • Локален трансфер од Пешарава до Исламабад

Сместување

Grand Islamabad Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Бешам
  • Долината Хунза
  • Исламабад

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

Доручкуваме и го напуштаме сместувањето. Тргнуваме кон еден од најпознатите градови на Пакистан, на самата граница со Индија - Лахор! По пристигнувањето, правиме пауза за ручек. Го посетуваме Вага Бордер, познатата индиско-пакистанска граница, и ја гледаме церемонијата на смена на стражата, придружена со забавен програм и атмосфера како на фудбалски натпревар - луѓе во дресови, обоени со знамиња, навиваат и скандираат секој на своја страна и за својата земја. Неверојатна атмосфера која може да се доживее само овде! Трансфер до сместувањето. Вечера. Ноќевање.

Превоз

  • Локален трансфер од Исламабад до Лахор

Сместување

Luxus Lahore Hotel 5 1 ноќ

Место

  • Исламабад
  • Лахор (Lahore)

Храна

  • Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) × 1

По доручекот, тргнуваме да го откриеме неверојатниот Лахор. Ги посетуваме Црвената џамија, тврдината Лахор и ги истражуваме локалните базари. Правиме пауза за ручек во еден од локалните ресторани и продолжуваме со шопинг на локалните базари. По вечерата, тргнуваме назад кон Исламабад и аеродромот. 

Превоз

  • Локален трансфер од Лахор до аеродромот во Исламабад

Место

  • Лахор (Lahore)
  • Исламабад

Храна

  • Доручек и Ручек × 1

Трансфер до аеродромот во Исламабад. Лет од Исламабад во раните утрински часови со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Истанбул истото утро. Конекција на лет за Белград попладне. Пристигнување во Белград истиот ден. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авио карта со сите такси на релација Исламабад–Истанбул, во економска класа со преседнување, со 20kg проверен и 7kg рачен багаж.
  • Авио карта со сите такси на релација Истанбул–Белград, во економска класа со преседнување, со 20kg проверен и 7kg рачен багаж.

Место

  • Исламабад
  • Истанбул
  • Белград

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Grand Islamabad Hotel 3 Пример 2 ноќи
Chilas Shangrila Hotel 3 Пример 1 ноќ
Mulberry Hotel Hunza 3 Пример 1 ноќ
Park Hotel Gilgit 3 Пример 1 ноќ
Guest house Пример 3 ноќи
Besham Hilton Hotel, by LMC Пример 1 ноќ
Luxus Lahore Hotel 5 Пример 1 ноќ

Превоз

  • Авио карта со сите такси, со преседнување, на релација Белград – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Авио карта со сите такси, со преседнување, на релација Истанбул-Исламабад (Turkish Airlines), во економска класа, со 25kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален трансфер од Чилас до Хунза
  • Локален трансфер од Бешам до Пешарава
  • Локален трансфер од Пешарава до Исламабад
  • Локален трансфер од Исламабад до Лахор
  • Локален трансфер од Лахор до аеродромот во Исламабад
  • Авио карта со сите такси на релација Исламабад–Истанбул, во економска класа со преседнување, со 20kg проверен и 7kg рачен багаж.
  • Авио карта со сите такси на релација Истанбул–Белград, во економска класа со преседнување, со 20kg проверен и 7kg рачен багаж.

Храна

9 × Полн Пансион (Појадок, ручек, вечера) , 1 × Доручек и Ручек

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Сместување

Grand Islamabad Hotel 3*

Grand Islamabad Hotel 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Grand Islamabad Hotel нуди сместување со градина, бесплатен приватни паркинг, тераса и ресторан.

Ова хотелско сместување нуди Wi-Fi, room service и рецепција отворена 24 часа.

Парк Лејк Виу е оддалечен 22 км од хотелот, додека Националниот парк Ајуб е оддалечен 25 км од хотелот. Најблискиот аеродром е Меѓународниот аеродром Исламабад, оддалечен 28 км од хотелот.

Хотелот располага со следниве типови на соби: стандард, делукс, семејни и executive соби. Квадратурата на собите е од 23м2 до 35м2. Во стандардните соби, распоредот на креветите може да биде: два одвоени кревети или француски кревет.

Во хотелот, сите соби имаат работна маса, сопствен тоалет, flat-screen TV и клима уред, а некои соби имаат и балкон. Во сместувањето, сите соби вклучуваат постелнина и крпи.

Адреса Street 1 E-11/1 MPCHS E-11 Sector 44000 Islamabad Pakistan

Chilas Shangrila Hotel 3*

Chilas Shangrila Hotel 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Чилас Шангрила е основан во 1983 година, како прв отворен резорт хотел во Скарду, Балтистан.

Хотелот го носи името на истоимениот регион кој ја опфаќа северната област на Пакистан. Овој регион има некои од најдобрите туристички атракции во светот, како што се К2 (8611 м), вториот највисок врв на Земјата, Деосај рамницата - најдолгата, најшироката и највисоката висорамнина во светот, реката Инд која започнува од Ладак и се протега низ Каракорум и Хималајските плаини, покрај сликовитите долини, глечерите, природната флора и фауна, шумите и историските споменици кои датираат од пред илјадници години, и се протегаат низ целата земја сè до Арапското Море.

Хотелот располага со три типа сместувачки капацитети. Собите се опремени во карактеристичен стил на ова поднебје. Традиционален и автохтонен ентериер. Собите можат да бидат двокреветни или трокреветни. Распоредот на креветите може да биде дупли кревет или одвоени кревети. Некои од собите имаат и директен поглед на реката.

Вебсајт https://www.shangrilahotels.pk/

Адреса Karakoram Hwy Chilās Gilgit-Baltistan 14100

Mulberry Hotel Hunza 3*

Mulberry Hotel Hunza 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Малбери Хунза се наоѓа во Балтит. Хотелот го носи името на истоимената регија - Долината Хунза, сместена во северниот дел на Пакистан, која е популарна туристичка дестинација позната по својата спектакуларна природна убавина и богато културно наследство. Една од главните атракции на долината е реката Хунза, која тече низ долината и е опкружена со бујни зелени долини, сликовити села и терасести полиња.

Хотел е од локална категоризација со 3 ѕвезди. На гостите на хотелот им се на располагање градина, тераса и ресторан.

Објектот нуди room service и рецепција отворена 24 часа за гостите.

Секоја соба има клима уред и flat-screen TV, а одредени единици во хотелот имаат балкон. Собите се двокреветни, опремени со француски кревет или со два одвоени кревета.

Вебсајт https://hunzamulberryhotel.com/

Адреса Near Mir Palace Karimabad Gilgit-Baltistan Hunza Karimabad Gilgit-Baltistan 15700 Baltit Pakistan

Park Hotel Gilgit 3*

Park Hotel Gilgit 3*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Park Hotel Gilgit се наоѓа во самото срце на градот Гилгит, многу блиску до аеродромот. Сместување од локална категоризација со 3 ѕвезди, со градина, тераса и ресторан.  

Објектот нуди услуга на соба, рецепција отворена 24 часа, менувачница, како и бесплатен паркинг.  

На гостите на хотелот им се на располагање простории за забави и семинари.  

Хотелот располага со 50 соби, вклучувајќи executive, deluxe и Стандард соби, опремени со најсовремени содржини, вклучувајќи сателитски канали, бесплатен WiFi, телефон, TV, клима уред, топла и ладна вода. 

Вебсајт https://parkhotel.pk/about-us

Адреса Airport Road 15100 Gilgit Pakistan

Guest house

Guest house
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект типичен за подрачјето на Азија. Собите се едноставни, во главно малку пространи, со два или три кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Besham Hilton Hotel, by LMC

Besham Hilton Hotel, by LMC
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Бешам Хилтон од LMC се наоѓа во Калам.  

Хотел од локална категоризација со 2 ѕвезди, со градина, тераса и ресторан. Бесплатен приватни паркинг е достапен, а хотелот исто така нуди услуга на изнајмување автомобили за гости кои сакаат да ја истражат околината.  

Хотелот располага со следниве типови на сместувачки единици: стандард, делукс, делукс тројна, делукс семејна, делукс апартман, апартман со две спални соби. Собите се комфорни, со поголема квадратура. Креветите во собите можат да бидат одвоени или голем француски кревет во комбинација со одвоени кревети.  

Сите соби во хотелот се опремени со простор за седење и flat-screen TV, сопствен тоалет, бесплатен WiFi, додека некои соби имаат поглед на планините. Во сместувањето, сите соби се опремени со постелнина и крпи.

Адреса Main Mall Road 19011 Kalām Pakistan

Luxus Lahore Hotel 5

Luxus Lahore Hotel 5
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Luxus Lahore Hotel се наоѓа во Лахор. Уметничкиот центар Алхамра е оддалечен 400 метри од хотелот. Хотелот редовно организира тури до границата Вага и културно-историските локации на Лахор.  

Хотелот нуди бесплатен пристап до WiFi мрежа и бесплатен приватни паркинг. Гостите можат да уживаат во повеќе видови кујни во ресторанот на местото, теретана и базен. На располагање е рецепција отворена 24 часа дневно и услуга на соба 24 часа. Хотелот исто така нуди услуга на изнајмување автомобили.  

На располагање на гостите се и 3 банкетни сали / конференциски сали и 4 соби за состаноци.  

Луксус Гранд Хотелот е објект со 100 соби: 55 делукс соби, 20 егзекјутив соби, 5 супер егзекјутив соби, 16 семејни соби и 2 кралски суити. Секоја соба е опремена со flat-screen TV со сателитски канали. Одредени соби вклучуваат дневен простор. Во собата ќе најдете чајник со бесплатни кесички за чај и кафе. Собите имаат просторни приватни бањи со бадемантили, крпи, папучи и бесплатни тоалетни принадлежности и содржини.  

Собите се опремени со клима уред со ниска бучава и двојни стакла. Распоредот на креветите во собите може да биде во вид на француски кревет, два одвоени кревети или комбинација на француски кревет и одвоен кревет.

Вебсајт https://luxusgrandhotel.com/

Адреса 4-Egerton Road Opposite Aiwan-e-Iqbal Lahore. 54000 Lahore Pakistan

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)