Град на совршенство и утопија на 21-от век - Сингапур!
Одиме на патување во градот-држава на самиот југ на Мајалскиот полуостров кој е и второ најголемо пристаниште во светот и кој е апсолутен парадокс на турбулентната и хаотична Азија.
“Лавовскиот град“ или “Азиски Гибралтар“ од 1819 година бил мајалско рибарско село на устието на сингапурската река внимателно стациониран долж патот на зачините. Денес е еден од четирите високо модернизирани градови на светот познат по брзата изградба, високо развиена економија и бесцаринска трговија и е еден од четирите азиски “тигри“ покрај Хонг Конг, Јужна Кореја и Тајван.
Ги посетуваме архитектонските градби кои се познати единствено од научно фантастичните филмови како Аватар - Gardens by the Bay - популарната шума која се состои од паметни (smart) дрва на соларен погон кои навечер приредуваат незаборавно шоу. Се наоѓа веднаш позади хотелот Marina Sand Bay и покрива земјиште од повеќе од 100 хеткари во централниот дел на Сингапур и претставува обид на владата да го трансформира Сингапур од поимот “Градска градина“ до “Град во средина на градина“, а се тоа поради подобрување на квалитетот на живот.
Иднината никогаш не ни била поблиску на дофат на рака отколку сега.
Поаѓања
Патувања
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.