Сингапур, Малезија, Индонезија Нова Година

Сингапур, Малезија, Индонезија Нова Година

цена од
1.690
EUR ,00
траење
15 дена
Пријави се Барање
Барање

Патување во три прекрасни земји во Азија - модерната утопија Сингапур, неверојатните храмови на Јава и плажите на магичниот Бали, до посебната Малезија, односно нејзиниот главен град Куала Лумпур.

Необично патување кое е комбинација на посети на модерните архитектонски достигнувања на Сингапур и Малезија, со посета на културниот центар Јава, односно Индонезија - посета на Борободур и Прамбанан, а потоа магични денови на магичен остров - плажи, бранови, сурфање, морски специјалитети, традиционални храмови, чил и одмор...


Рута
Белград
Доха
Сингапур
Џогџакарта (Yogyakarta)
Денпасар
Кута
Денпасар
Куала Лумпур
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Бали, Малезија, Сингапур
Видови патувања
Нова година 2024
Код на патување
SIM2
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на групата на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград два часа пред летот. Приказни за егзотичните краеви и смешкање додека го чекаме нашиот лет. Одиме на Исток во пресрет на Сонцето. Лет до Сингапур со конекција.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Сингапур, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Пристигнување во Сингапур во 09:05h, чудна утопија на 21. век и второ најголемо пристаниште на светот. Се е средено до најситните можни детаљи. Џвакање на гуми за џвакање е забрането и казниво со закон. Градот е доведен до совршенство, па во целиот тој совршено чист амбиент луѓето пронаоѓаат убавина, и секако восхит и чудење за овој контраст на гужва и хаотичност на Азија. Трансфер до сместувањето и време за обиколка на градот.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hotel Fort Canning Lodge 2 ноќи

Место

  • Сингапур

Слободно време за посета на Ботаничките градини и уживање во храната и вкусовите на Кинеските и Индијските квартови.

Сместување

Hotel Fort Canning Lodge 1 ноќ

Место

  • Сингапур

Трансфер до аеродром и лет за Џогџакарта, некогашна престолнина, град на султани, кој ќе ни биде прва средба со Јава, нејзината култура, традиција, а ќе имаме време и да видиме колку е жив и возбудлив овој град. Трансфер до сместувањето. Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Сингапур - Џогџакарта, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел Whiz Prime Malioboro *** 1 ноќ

Место

  • Сингапур
  • Џогџакарта (Yogyakarta)

Се будиме рано и тргнуваме на факултативен излет - Боробудур, прекрасен храм изграден во текот на VIII и IX, дури 300 години пред храмот Ангкор Ват во Камбоџа. Бил напуштен од X век, за да биде повторно откриен во текот на XIX век на сред џунглата. Го красат дури 504 статуи на Буда и 73 ступи. Тука се наоѓа и најголемиот исклесан релјеф на светот, со должина од 6 километри. Се наоѓа на листата на УНЕСКО на Светско наследство како еден од најголемите будистички споменици на светот. Денес претставува една од најголемите атракции на Јава, но и место за поклоништво за многубројни будисти од Кина, Индија, Тибет и Камбоџа. Продолжуваме со излетот за Прамбанан и најпознатото хинду светилиште во централна Јава и највисокиот храм во Индонезија. Во склоп на храмот се наоѓаат храмови посветени на Шива, Брама, Вишна, пред кои се поставени нивните животни заштитници - бикот Нанди, лебед и орел. На враќање застануваме и во фабрика во која се запознаваме со традиционалниот начин на украсување на ткаенини - батик. Враќање во сместувањето. 

Сместување

Хотел Whiz Prime Malioboro *** 1 ноќ

Место

  • Џогџакарта (Yogyakarta)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Трансфер до аеродром и лет за Денпасар. Трансфер до сместувањето во Кута. Бали - остров на насмевките, нереална природа, богати оризови полиња, хинду храмови, кралски базени, овошје, цвеќе, плажи, вулкани и фантастичен подводен свет. Слободно време. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Џогџакарта - Денпасар, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Zia Hotel Kuta *** 1 ноќ

Место

  • Џогџакарта (Yogyakarta)
  • Денпасар
  • Кута

Храна

  • Континентален појадок × 1

Целодневен факултативен излет во Кута. Ден резервиран за авантура! Денот го започнуваме со симнување по речиси 300 скали до река, а потоа се возиме со чамци низ брзаците, уживајќи во неверојатната природа и зеленило. А потоа одиме на нишање на една од најголемите нишалки на светот каде ќе имате впечаток како да летате над прашумата на Бали. Фотографирање и уживање во лежалки до ручек. После тоа, последната станица е Паркот на птиците каде има голем број на шарени и необични видови од целиот свет. Дружење со пердувестите жители на Бали и уживање во нивната претстава. Враќање во сместувањето. Ноќевање. 

Сместување

Zia Hotel Kuta *** 1 ноќ

Место

  • Кута

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден. Уживаме на некоја од плажите во близина. Ноќевање. 

Сместување

Zia Hotel Kuta *** 1 ноќ

Место

  • Кута

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет за Убуд, уметничка колонија и преубаво место кое е полно со уметнички дела и неверојатни слики на балинезиската култура. Убуд отсекогаш бил познат како сликарско село, но всушност е еден поголем регион, заедница од 14 села. Некогаш Убуд бил и медицински центар, за што сведочи и неговото име кое на старо-балинезиски значи медицина. Сепак, Убуд е најпознат по уметничките работилници кои ги има на сите улици, како и на големиот пазар - Ubud Market, кадед ќе се опремиме со сувенири :) Ќе ја посетиме Кралската палата, која се наоѓа во срцето на Убуд, веднаш покрај големиот пазар и датира уште од 1890. година, од времето на династијата Sukawati. Палатата ги отворила вратите на својот павиљон за посетители, но таа и понатаму се користи за потребите на кралското семејство. Недалеку од центарот на Убуд се наоѓа голем природен резерват на долгоопашести макаки! Неверојатна, голема шума, обрасната со мов, во себе крие преку 600 мајмуни и околу 150 видови на дрва. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Zia Hotel Kuta *** 1 ноќ

Место

  • Кута

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време или поаѓање на факултативен излет на кој се посетуваат важни храмови, но и се ужива на една од најубавите затскриени и помирни плажи на Бали. Храмот Бесаки се наѓа во подножјето на вулканот Агунг кој последен пат еруптирање во ноември 2017. година. Уште го нарекуваат и „храм на сите храмови“. Се наоѓа под заштита на УНЕСКО и е најсветото место за целото хиндуистичко население на Бали. Тиртиганг или „Водената палата“ воодушевува со своите градини и базенот по кој може да се шета по камена патека и да се хранат портокаловите шарани. Оваа вода се смета за света, па кој сака може и да влезе во неа на капење. Враќање во сместувањето. Ноќевање. 

Сместување

Zia Hotel Kuta *** 1 ноќ

Место

  • Кута

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден за запознавање на Бали. Факултативен излет за храмот Tanah Lot, симбол на Бали! Еден од најубавите и дефинитивно најпрепознатливиот храм на Бали, сместен на само 100m од брегот на островот. Како што кажува и самото име, храмот е сместен на место на кое се спојуваат земјата и морето - tanah во превод значи земја, а lot - море. Слушаме интересни приказни и уживаме во прекрасниот поглед. Патот го продолжуваме кон оризовите полиња, опуштање во зеленилото на терасите и неверојатни пејзажи. Го посетуваме и храмот Ulun Danu Bratan, храм во внатрешноста на островот на височина од 1.000 метри! Преубавиот храм кој своето место го нашол и на банкнота, е сместен на брегот на езеро за кое се верува дека има света вода. Враќање во сместувањето. Ноќевање. 

Сместување

Zia Hotel Kuta *** 1 ноќ

Место

  • Кута

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето, трансфер до аеродром и лет за Куала Лумпур. Трансфер до сместувањето и слободно време за обиколка на кинескиот кварт и познатите кули Petronas Tower, највисоките згради близначки на светот. Куала Лумпур е град кој во претходната деценија прераснал од мал и неразвиен јужноазиски град во џунгла до метропола од незамисливи размери. Град во кој подеднакво се мешаат културите, религиите и влијанието на Кинезите, Хиндусите и Малезијците. Слободна вечер за истражување на ночните маркети и неверојатни ресторани во кои се мешаат вкусовите на Индија, Кина, Тајланд и самите Малејзици. Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Денпасар - Куала Лумпур, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Holiday Inn Express City Center *** 1 ноќ

Место

  • Кута
  • Денпасар
  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Авантурата започнува со пештерите Бату, големо хинду светилиште сместено во пештера, а потоа продолжуваме до Националната Палата, Споменикот на Независноста, Плоштадот Мердекa на кој се наоѓа едно од најголемите знамиња на светот, место на кое за прв пат било развиорено знамето на независна Малезија, Кинескиот кварт, Кулата КЛ и ги посетуваме кулите Петронас - славните кули близначки, познати ширум светот. 

Сместување

Holiday Inn Express City Center *** 1 ноќ

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето наутро и имаме слободно време за разгледување и истражување на овој модерен град до вечерното поаѓање за аеродром.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Белград. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Белград, во економска класа

Место

  • Доха
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено


Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Сингапур, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Сингапур - Џогџакарта, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Џогџакарта - Денпасар, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Денпасар - Куала Лумпур, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Белград, во економска класа

Храна

10 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Трошоци за виза за Малезија (не е потребна за носители на македонски пасош)
  • Излезна такса од Малезија 20 MYR – 5 ЕУР (се плаќа на аеродром)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Боробудур и Прамбанан (Џогџакарта)

Боробудур и Прамбанан (Џогџакарта)
Цена: 90,00 EUR

Целодневен излет на кој го посетуваме најголемиот будистички храм во светот и еден од најзначајните хиндуистички храмови во оваа област. Бородубур е едно од најпознатите и најфотографирани места во Индонезија, будистички храм заштитен од УНЕСКО. Брегот на Боговите, како што инаку се нарекува, најверојатно потекнува од VIII век и го посетуваат до 2,5 милиони посетители годишно! Турата низ храмот ве запознава со основните учења на будизмот и животот на Буда. По ручекот, придружуван од локален водич, продолжувавме до храмот Прамбанан, кој исто така се наоѓа на листата на УНЕСКО. Хиндуистичкиот храм од 9 век најдобро ќе ве запознае со оваа религија и спецификите на јаванскиот хиндуизам. 

Во цената на излетот е вклучено: 

  • организиран превоз според планот и програмата
  • сите билети за наведените локалитети
  • ручек без конзумација на пијалоци
  • професионален локален водич на англиски јазик.

Рафтинг, Бали Swing и Паркот на Птиците

Рафтинг, Бали Swing и Паркот на Птиците
Цена: 80,00 USD

Целодневен излет и ден за авантура! Со целосна опрема, денот го започнуваме со спуштање низ скоро 300 скали до реката. Влегуваме во нашите чамци за рафтинг и се впуштаме во авантура, уживаме во прекрасната природа, зеленило и дивите брзаци. Забавата продолжува со лулање на една од најголемите лулашки на светот, каде добивате впечаток дека летате над прашумите на Бали. Се фотографираме и се опуштаме на лежалките, се до ручекот. Нашата последна станица за овој ден е паркот на птиците каде што се наоѓаат голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет! Се дружиме и уживаме со пердувестите жители на Бали! Цената на излетот вклучува: организиран превоз по предвидениот план и програма, сите влезници во наведените локалитети, рафтинг со целата неопходна опрема, ручек (без пијалок) и стручен локален водич на англиски јазик.

Убуд, Шума со мајмуни, Elephant Cave, Плантажа на зачини

Убуд, Шума со мајмуни, Elephant Cave, Плантажа на зачини
Цена: 40,00 USD

Целодневен излет и ден посветен на природата! Мајмуни, уметност, вулкан, зачини и храмови... За почеток, предвидено е дружење со разгираните и весели мајмуни во нивното природно опкружување – голема шума со остатоци од стари храмови. Следна дестинација: Elephant Cave (Goa Gajah), храм на чиj влез се изрезбани глави со заканувачки изглед, а главната резба се смета дека е глава на слон – од каде и потекнува називот на местото. Почетоците датираат од 11-от век, а посветен е на божицата, заштитничка на децата, раѓањето и “исцелувачка на жените”. На овој излет имате и единствена прилика да го пробате најнеобичното и најскапото кафе на светот, Kopi Luwak! Шетајќи низ градините со зачини, запознаваме бројни билки и зачини, но и животинчињата кои се заслужни за производство на гореспоменатото кафе. За крај, после паузата и уживање во близина на најактивниот вулкан на Бали – Batur и истоименото езеро (кое е најголемо на островот), пристигнуваме во Убуд – град на уметноста и неверојатни галерии, пазари, луѓе и енергија. Совршен ден на Бали!

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезеници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach
Цена: 40,00 USD

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin Beach – Целодневен излет на кој се посетуваат храмови, но и се ужива на една од најубавите, прикриени и мирни плажи на Бали. Бесаки храмот се наоѓа подножјето на вулканот Agung кој последен пат еруптирал во Ноември 2017 година. Се вика и “храмот на сите храмови” или “мајката на храмовите”. Се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсветото место за целокупната хиндуистичка популација на Бали. Тиртаганга, или “водена палата” – воодушевува со своите градини и базен, низ кој има камена стаза, по која може да се шета. Во водата живеат портокалови шарани кои можете да ги храните. Оваа вода се смета за света, па кој сака, може и да се избања во неа. 

Во цената на излетот е вклучено: 

  • Организиран превоз по предвидениот план и програма
  • Сите влезници во наведените локалитети
  • Стручен локален водич на англиски јазик.

Храмот Tanah Lot, Оризови полиња и Храмот Ulun Danu Bratan

Храмот Tanah Lot, Оризови полиња и Храмот Ulun Danu Bratan
Цена: 63,00 USD

Целодневен излет. Посета на необични локалитети, уште понеобични храмови и опуштање во зеленилото на оризовите полиња. Tanah Lot –највпечатливата атракција на Бали, храм на вода кој датира од 16-тиот век. Поточно, храмот се наоѓа на карпа во сред море (100 метри од копно). Излетот продолжува со посета на типичните за Бали - оризови полиња. Опуштање на зелените тераси и неверојатните пејсажи. Се посетува и храмот Ulun Danu Bratan, лоциран во внатрешноста на островот, на висина од 1000 метри! Преубав храм кој своето место го наоѓа и на една од локалните банкноти. Храмот е сместен на брегот на езеро, за кое се верува дека има света вода.

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Куала Лумпур - City Tour

Куала Лумпур - City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 35,00 USD

Ги посетуваме најзначајните локалитети во Куала Лумпур. 

Нашата авантура ја започнуваме со Бату пештерите, пештери кои се стари 400 милиони години, а во нив се наоѓаат 6 будистички храмови. За да стигнеме до нив треба да искачиме 272 скали обоени во боите на виножитото. Продолжуваме кон центарот на градот и се упатуваме кон Кинескиот кварт -- еден од нашите омилени квартови во Куала Лумпур. Поминуваме низ раздвижени пазари, улични кујни и се восхитуваме на традиционалната архитектура на овој предел. Преку ден во овој кварт посетуваме традиционални храмови, додека преку ноќ улиците живнуваат со ноќни пазари и забави. Потоа продолжуваме до плоштадот на Независноста -- Мердека, каде е сместено највиското знаме на светот и каде што за првпат е провеано и знамето на независна Малезија. Ја посетуваме и познатата Султан Палата -- која била седиштето на британската колонијална администрација во Малезија. За крај, продолжуваме кон скапоцениот камен на Куала Лумпур -- кулите близначки Петронас. Високи се 451.9 метри и имаат 81 спрат. Кулите ја симболизираат храброста, генијалноста, самодоверба и оптимизмот на Малезиците. 

Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенција, организиран превоз според предвидениот план и програма и стручен локален водич (на англиски јазик).

Сместување

Hotel Fort Canning Lodge

Hotel Fort Canning Lodge

Hotel Fort Canning Lodge се наоѓа покрај паркот Fort Kaning во Сингапур. Гостите имаат на располагање отворен базен и климатизирани соби со TV со кабловски канали. 

Хотел Whiz Prime Malioboro ***

Хотел Whiz Prime Malioboro ***

Хотелот Whiz Prime 3* се наоѓа во Џокџакарта на неколку чекори од улицата Малиоборо. Хотелот поседува ресторан. Сите соби се со сопствено купатило. Услугата е на база на ноќевање со доручек.

Zia Hotel Kuta ***

Zia Hotel Kuta ***

Zia Hotel Kuta 3* сe наоѓа во местото Кута на Бали. Оддалечен е на 10 минути пеш од плажа. Хотелот поседува отворен базен. Сите соби се климатизирани, со TV и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://hotelszia.com/bali

Holiday Inn Express City Center ***

Holiday Inn Express City Center ***
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Holiday Inn Express City Center 3* се наоѓа во централниот дел на Куала Лумпур. Хотелот поседува фитнес центар, ресторан и сала за конференции. Сите соби се климатизирани и со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.ihg.com/holidayinnexpress/hotels/us/en/kuala-lumpur/kulcc/hoteldetail

Останати поаѓања за Сингапур

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)