На околу 350 километри од копното на Јемен, постои остров кој се чини дека паднал од друга планета - Сокотра.
Сокотра е еден од најважните светски центри за биолошка разновидност, комбинирајќи елементи од Африка, Азија и Европа на начин што сè уште ги збунува биолозите. Островот е многу изолиран и преку процесот на видообразба една третина од растителниот живот на него не се наоѓа на ниедно друго место на планетата. Многупати е опишуван како највонземјанското место на Земјата.
Симболот на овој необичен остров е дрвото змеј -- своето име го добива од неговата уникатна црвена смола
Од прекрасни диви плажи, до песочни дини и планини. Сокотра го нуди вистинскиот начин да и се предадете на незаборавна авантура во природата...