Необично патување низ бујни џунгли, посета на бројни будистички храмови, локалитети под заштита на УНЕСКО, осми светски чуда, берење и дегустација на чај, хранење на слонови, масажи на плажа, незаборавни зајдисонца, нуркање на шарени корални гребени и одмарање на најдобрите плажи на #целсвет!!!
Нашата авантура ја започнуваме на Шри Ланка, во Негомбо во хотел на самата плажа. Следниот ден продолжуваме кон Пинавала -- во резерват за слонови каде имаме ретка прилика да се "дружиме" со овие прекрасни суштества. Па продолжуваме кон Сигирија -- каде ја посетуваме познатата лавовска карпа и тврдина до која треба да искачиме 1202 скали. Авантурата не носи и во Дамбула каде ги посетуваме 5-те храма со стотици статуи кои го разкажуваат неговиот живот. Продолжуваме во Кенди, а попатно правиме тура низ плантажи со зачини и билки -- купуваме превкусно Шри Ланканско чили, куркума, цимет, бибер и учиме за лековитата моќ на билките. Ја посетуваме и најубавата ботаничка градина на Шри Ланка и една од најубавите на #целсвет -- Пераденија. Го бараме дрвото кое го има посадено Тито, се сликаме на познатата Coconut Avenue и уживаме во градина со илјадници шарени орхидеии. Продолжуваме во фабрика за обработка на скапоцени и полу-скапоцени камења. Па се искачуваме на една од најуникатните градби на цел свет -- кулата Амбулувава, го посетуваме и храмот на Светиот Заб на Буда -- едно од најсветите места на Будистите на #целсвет! Во овој храм одредени денови се одржува традиционална церемонија во која учестуваат будисти од #целсвет! Следниот ден ја посетуваме и најпознатата плантажа за чај, каде пробуваме и оригинален Ceylon чај. Дали сте спремни за најуникатното возење со воз на #целсвет! Продолжуваме со воз до Ела низ бујни џунгли и планини, животно искуство за сите светски патници и дефинитивно highlight на вашата авантура на Шри Ланка!! Пристигнуваме во Ела, планинско градче лоцирано на 1000 метри надморска висина кое е опколено со живописни џунгли, водопади и карпести формации. Ела го нарекуваат и планинскиот Тулум, гратче со прекрасни барови и ресторани во бохо стил -- едно од најживите места на Шри Ланка! По нашата планинска авантура, продолжуваме на најубавите плажи во Шри Ланка, го посетуваме и познатото рибарско село Велигама и градот Гал -- град со стотици кафулиња и уметнички галерии.
Нашата авантура ја завршуваме на рајот на земјата Малдиви! Се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви - Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да нуркаме со ајкули, подводни желки, делфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!
Совршена комбинација на авантура, хедонизам и одмор!
Планот и програмата важи за следните поаѓања 9. 4. 202522. 4. 2025
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines (ТК1004), со преседнување во Истанбул. Пристигнуваме во Истанбул. Преседнување на лет за Коломбо. Започнува нашата незаборавна авантура на еден од најживописните и весели острови во Индискиот Океан.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Скопје
Истанбул
Пристигнуваме во Коломбо во утринските часови. Добредојдовте во земјата на вкусови, бивши Сејлон, денешна Шри Ланка, земјата на чаеви, скапоцени камења, насмеани луѓе и неверојатна природа, Будизам, слонови, уникатни места заштитени од УНЕСКО, свила итн. Нашиот прв ден го започнуваме со дружење со најпознатите жители на овој магичен остров. Посетуваме резерват за слонови каде уживаме во дружењето со овие препаметни животни. Посетителите на ова село најчесто имаат прилика да ги хранат слоновите и да ги набљудуваат додека се капат во локалната река. Специфично за ова село е што слоновите се движат и по самите улици -- навистина магично искуство. Во Пинавала, постои можност, Вие самите да капете слон – прилика да направите неверојатни фотографии и спомени. Трансфер од Пинавала до Сигирија. Се сместуваме во нашиот хотел и имаме слободно време. Вечерта одиме во пре-кул ресторан и бар кој го чуваме како тајна уште од 2021 година, кога го откривме... :) Ноќевање.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Коломбо (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
По појадокот се упатуваме кон Сигирија – лавовската карпа, камена тврдина со неверојатно културно наследство од античкиот период која е под заштита на УНЕСКО, еден од highlight-ите на Шри Ланка и едно од најуникатните места на #ЦелСвет кои го одземаат здивот. Правиме одлични фотографии под карпата, а потоа, се качуваме на врвот на истата. Од доле до врвот има 1200 скали, а качувањето трае околу 2 часа, во зависност од вашата кондиција, возраст и гужва на самиот локалитет. Од Сигирија, продолжуваме за Дамбула, каде ги посетуваме 5-те храма во пештера и Златниот Храм. Авантурата продолжува до Кенди. На пат до Кенди, правиме тура низ плантажа (градина) со зачини и билки. Пристигнуваме во Кенди и се сместуваме во хотел. Вечерта, заедно со нашиот претставник правиме прошетка низ Кенди и седнуваме во некое ресторанче на вечера. Ноќевање.
Потенцијално се будиме од звуци на мајмуни кои се шеткаат на нашите тераси :) Кенди е град во самото срце на островот, опколен со џунгла, а еден од неговите главни жители се макаки мајмуните. Со овие познати “палавковци“ се дружиме скоро секој ден. По појадокот, одиме на обиколка низ Кенди – локалниот пазар, градскиот плоштад, прошетка околу езерото итн. По прошетката во градот, одиме во посета на ботаничката градина Пераденија која е впрочем и најубавата ботаничка градина во Шри Ланка. Посетуваме и фабрика (и музеј) за обработка на скапоцени и полу-скапоцени камења. Денот го продолжуваме кон кулата Амбулувава – уште еден highlight на Шри Ланка, каде правиме неверојатни спомени и фотографии. Oд билетарницата, до самата кула се возиме со тук-тукови, кои за време на експедицијата низ Шри Ланка ни станува регуларно превозно средство. Качување на кулата не се препорачува на луѓе кои се плашат од висина :) Се враќаме во Кенди. Вечерта го посетуваме Храмот на Светиот Заб на Буда – едно од најсветите места на Будистите во #ЦелСвет. Ноќевање.
По појадокот имаме трансфер од Кенди до Нувара Елија. По пат, застануваме и посетуваме плантажа и фабрика за чај – Damro Labookellie Tea Plantation. Неверојатни глетки. Во Нувара Елија ја посетуваме розевата пошта, која е заштитен знак на ова мало градче. Од Нувара Елија, се качуваме на воз и се упатуваме за Ела. Ова е една од најживописните линии со воз на #ЦелСвет која трае од 3.5 до 4 часа. Плантажи со чаеви, мали селца, џунгла, живописни мостови и тунели, водопади, планини... Авантура која никогаш нема да ја заборавите. Пристигнуваме во Ела. Градче лоцирано на 1000 метри надморска височина, опколено со планини, џунгла и водопади. Се сместуваме во нашиот хотел. Вечерта се симнуваме во центарот на градчето каде има неколку кул кафичи, а еден од нив, никогаш не затвара – работи 24/7.
По појадок одиме да планинариме до Малиот Адамов врв. Патеката воопшто не е тешка, а не води низ плантажи со чај, џунгла и преубава природа. Потоа, се спуштаме до мостот со 9 сводови – еден од најфотографираните местови на светот и нешто што може да се види на повеќето разгледници од Шри Ланка. Доколку стигнеме на време, ќе имаме шанса да го фотографираме мостот додека воз поминува по него. Патот го продолжуваме до водопадот Равана – преубав водопад кој го носи името по лошиот демон Равана кој по Рамајаната, во пештерата позади овој водопад демонот ја криел саканата кралицата Сита. Ноќевање.
Од Ела се упатуваме кон плажата Унаватуна, еднa од најубавите плажи на Шри Ланка. Златен песок, стотици палми, претоплиот индиски океан и превкусни коктели! Попатно застануваме за photo-op на “Coconut Tree Hill” – уште еден highlight на Шри Ланка кој може да се види на многу разгледници од оваа држава. Патот го продолжуваме кон заштитниот знак на Шри Ланка – рибарите во селото Велигама, кои ловат риби седејќи на стапови, сред море. Стигнуваме до плажата Унаватуна и се стационираме во Angels Beach Club, еден од најубавите beach барови во Шри Ланка, со прекрасна лулашка со ангелски крилја која дефинитивно ја имате видено на слики на социјалните медиуми. На само 5 минути по плажа се наоѓа и познатата Unawatuna Rope Swing, адреналинско искуство од кое ќе направиме стотици незаборавни фотографии! По плажирањето продолжуваме до градот Гaл (Galle), кој го краси Холандска архитектура и безброј мали уметнички галерии и тивки кафичи. Нашата целодневна авантура ја завршуваме во Хикадува (Hikkaduwa), се сместуваме и имаме слободно време да посетиме некој од beach баровите или да го пробаме највкусното роти (Шри Ланкански street food) на цел остров!!
По појадок имаме трансфер од Хикадува до Коломбо. Лет Коломбо - Мале. Пристигнуваме во Мале попладне. Трансфер со брод до нашиот остров на Малдиви – Мафуши. Имаме организиран Traditional Tea Ceremony за добредојде на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед и прекрасното зајдисонце. Check-in во собите. Островот Мафуши е еден од поголемите населени острови на Малдиви со околу 2.500 жители. Мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Коломбо - Мале, во економска класа со вклучен багаж
Првиот дел од денот е слободен за уживање на плажа, шетање по нашиот остров, играње одбојка на плажа, серва и слично. Вториот дел од денот е планиран за Факултативниот излет - Sunset Fishing. Време е за дружење со Jungle екипата на зајдисонце опкружени со сината боја на Индискиот океан. По зајдисонцето искусете ноќен рибилов во малдивски стил, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви. А потоа нашиот кувар ни го спрема се тоа што сме уловиле за време на излетот, незаборавна вечера на плажа!!
По појадокот земаме пешкири и опрема за нуркање од рецепција и одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Нè чека speed boat на локалното пристаниште и заминуваме на една вистинска тиркизна авантура! Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце.
Овој ден е можеби највозбудливиот, најочекуваниот и омилениот ден на повеќето наши патници! Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Но, и покрај тоа што не се опасни, адреналинот кој се чувствува додека влегуваме во вода само се зголемува кога се нурнуваме да пливаме меѓу нив. Буквално соочување со ајкула очи во очи. Веруваме дека тоа ќе биде најчесто прераскажувано искуство кое сте го доживеале. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Овој пат одиме на уште помал песочен насип кој изгледа буквално како нафрлен куп песок од неколку метри во ширина и должина сред отворен океан. Враќање во сместувањето на Мафуши.
Напуштање на сместувањето, а потоа следи уште еден ден за интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во слатното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга - вклучен ручек и пијачки за време на престојот. Се збогуваме со магичниот остров и слободно време до поаѓање. Трансфер со брод до аеродромот во Мале. Вечерен лет од Мале за Скопје, со преседнување во Истанбул.
Напомена: Услугата (All Inclusive) во различните ресорти кои може да се посетат е секогаш различна. Истата ќе биде искомуницирана од водичот на лице место, кога ќе го знаеме името на ресортот кој би можеле да го посетиме како "day visitors". Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.
Превоз
Трансфер со брз брод од сместувањето до аеродромот
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 60 дена пред поаѓање.
Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализација на патувањето (пр. Малдиви - Шри Ланка). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противвредност) се нерефундабилни!
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.
Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Виза за Шри Ланка која изнесува 50$
Опционална доплата од 50 ЕУР по лице за SEAVIEW ROOM – соби од повисока категорија со поглед на океан.
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Шри Ланка Пакет Излети
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
220,00 USD
Пакетот излети ги вклучува следните активности/излети:
Посета на Пинавала – резерватот (сиропиталиште) за слонови.
Посета на Сигирија – комплексот кај лавовската карпа (со локален водич)
Посета на 5-те пештерски храмови и златниот храм во Дамбула (со локален водич)
Посета на градина со зачини
Тура низ градот Кенди
Посета на Ботаничката градина Пераденија
Посета на кулата Амбулувава во Гампола (вклучено и возење со тук-тукови од/до влезот)
Посета на Храмот на Светиот Заб на Буда во Кенди, со локален водич
Посета на плантажи и фабрика за чај – Damro Labookellie Tea Plantations
Посета на розевата пошта во Нувара Елија
Воз од Нувара Елија до Ела
Качување на Малиот Адамов Врв
Посета на мостот со 9 сводови
Посета на Равана водопадите
Посета на Coconut Tree Hill
Посета на плажата Унаватуна
Посета на рибарското село Велигама
Во цената е вклучено: Сите трансфери, влезници, претставник од нашата агенција, локален и лиценциран водич на локалитетите
Во цената не е вклучено: Бакшиш, храна и пијалоци и останати лични трошоци
Sunset Fishing
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
40,00 USD
Искусете ноќен рибилов во малдивски стил, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви.
Во цената на излетот е вклучено: претставник на агенцијата, организиран превоз по предвидениот план и програма, опрема за ловење, вечера од тоа што сме го уловиле послужена со ориз и салата.
Тиркизна Авантура!
Цена:
35,00 USD
Време е за незаборавна тиркизна авантура! Факултативен излет каде што одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај!
Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
60,00 USD
За многумина ова е омилениот и најубав излет на Малдиви, па никако не треба да се пропушти. Oдиме да се дружиме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме ги видиме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз според предвидената програма, овошје, опрема за нуркање, локален водич и претставник од агенцијата.
Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort)
Цена:
од
100,00 USD
до
120,00 USD
Еднодневна посета на еден од најубавите приватни острови на Малдиви каде ќе уживате на белата песочна плажа опкружена со кристално чистата тиркизна вода и богата зелена вегетација. Ќе ја почувствувате магијата која овој прекрасен ресорт ја нуди на своите гости. Во цената на излетот е вклучено: oрганизиран превоз по предвидениот план и програма, влез на островот, лежалка, ручек (шведска маса) и безалкохолни и алкохолни пијалоци.
Напомена: Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.
Сместување
Flower Garden Eco Village
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Flower Garden Eco Village е хотел со 3* (по локална категоризација). Хотелот е опкружен со егзотични и живописни шуми и пејсажи. Лоциран е на само 20 минути од познатата лавја карпа Сигирија. Хотелот располага со двокреветни соби со приватен тоалет, минибар и телевизор. Како и ресторан, бар, базен и бесплатен интернет.
Адреса
201/D
Thalkote Road
Ehelagala
Sigiriya
Sri Lanka
21120 Sigiriya
Sri Lanka
Blinkbonnie Inn
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Blinkbornnie Inn е сместувачки објект во Канди (Kandy) со ***(по локална категоризација). Хотелот располага со двокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, балкон, фрижидер и клима уред/вентилатор. Собите се чисти и едноставно уредени. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).
Адреса
69 Rajapihilla Mawatha
20000 Kandy
Sri Lanka
Ella Gap Panorama
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Rawan Face Hotel е хотел со 3* (по локална категоризација). Хотелот е опкржен со живописни шуми и пејсажи, а собите има поглед кон Ella Gap. Се наоѓа на само неколку минути пешки од најпознатите кафулиња и барови во Ела. Хотелот располага со двокреветни соби со приватен тоалет, електричен kettle, сеф и балкон. Хотелот има и сопствен ресторан, кој служи разновидна храна, бар, и бесплатен интернет!!
Адреса
Kithalella Road
Ella 90090
Sri Lanka
Arena Beach Hotel, Maafushi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Arena Beach е дефинитивно најдобриот хотел на Мафуши, Малдиви. Сместувачки објект кој располага со двокреветни и трокреветни соби. Хотелот се наоѓа на прекрасна плажа со бел песок и тиркизна вода на океанот, сопствени лежалки - бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот нуди и бесплатна опрема за нуркање и пешкири за плажа, достапни секој ден, за секој гостин на хотелот. На кровот на хотелот има и infinity pool достапен за гостите. Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок или појадок и вечера (полупансион).
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Royal Beach Hotel 3* е сместувачки објект, лоциран на самата плажа во Хикадува. Располага со двокреветни соби со сопствено купатило, клима или вентиилалатор, минибар. Хотелот располага и со приватна плажа со сопствени лежалки, ресторан и бар. Услугата е на база ноќевање со појадок.
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Корисни информации за патување на Шри Ланка и Малдиви.
Шри Ланка
За македонски државјани виза за Шри Ланка е задолжителна. Цената на визата е 75 УСД по лице + 18,5 Service fee + 7,27% Convenience fee, или вкупно 100,77 УСД. Плаќањето за виза се врши онлајн со дебитна картичка. Пасошот за време на патувањето мора да важи уште минимум 6 месеци, а визата се одобрува во рок од 24 часа од поднесување на барањето. Затоа, за вадење на виза се доволни 2 седмици пред поаѓање, а сите потребни информации и инструкции како да аплицирате ќе ги добиете од агенцијата.
Сите патници мораат да пополнат и Health Travel Authorization форма на https://imuga.immigration.gov.mv/. Оваа форма се принта и се носи со Вас на аеродром.
Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.