Тајланд Бангкок и Пукет

Тајланд Бангкок и Пукет

цена од
1.799
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Одиме во „земјата на насмевките“, во скапоцениот камен на Југоисточна Азија! Авантурата ја започнуваме од една од највозбудливите престолнини на светот - Бангкок (Bangkok) па ја продолжуваме со забава и уживање на плажа на еден од најегзотичните острови на светот, Пукет (Phuket)!  

Има едно правило: Можеби прв пат си тука но сигурно не и последен, кој еднаш дојде во урбаната џунгла, се враќа сигурно повторно, без исклучок зошто тоа е Бангкок! Неопислив, луд, брз и привлекува како магнет, колку повеќе му се приближуваш толку потешко ќе се отргнеш. А на магијата не и се одолева...

Магијата на “Градот на ангелите”, како што Тајланѓаните го нарекуваат својот главен град, е полна со екстреми, освојувајќи го секој што ќе дојде пред се поради егзотичната мешавина на традиционалната опуштеност, гостопримливоста на Истокот и огромната гужва од повеќе од 11 милиони луѓе кои живеат во него.

Ако постои нешто што не смеете да го пропуштите при посетата на Бангкок, тоа се спектакуларните храмови, заслепувачки од злато и без никаква дилема највпечатливите симболи на градот. Преставуваат доказ за креативноста, имагинацијата, уметноста и духовни центри на кралството! Бангкок, не го чинат само храмовите, невозможно е овој џиновски циркус да се поврзе само со една работа како негов симбол. Тој е еден бескраен мозаик на облакодери, гужва, бучава.. Недалеку од Бангкок се наоѓа и пловечкиот пазар каде пазариме во духот на старите тајландски земјоделци со чамци низ зеленкастата вода..

Оттаму одиме на најголемиот остров на Тајланд - Пукет! Овој остров кој никогаш не спие е идеален за спектакуларен ноќен живот и забава до зори. Прекрасни бели песочни плажи, острови и живописна природа и едно од најегзотичните места на светот!

Тајланд е земја на контрасти, земја без граници.. Земја на бои каде дури и ветерот дува во посебна нијанса. Добредојдовте во царството на зачинета и вкусна храна. Земја со најубавите плажи на светот, топли и насмеани луѓе, чии насмевки зрачат со некоја добрина, спокојство. Земја во која ноќта и денот мирисаат на живот, вистински, а на моменти и филмски :). Егзотични дождовни шуми, тиркизно сино море, урбани градови и пусти острови, племиња и модерно население…

Самото име на земјата зборува за нејзината уникатност - „thai“ на тајландски значи слобода!

Тајланд со причина е една од најпопуларните дестинации во светот за патување и „патување кое не треба да го пропуштите во текот на животот“!

Хедонистички рај, земјата на насмевките и вечната слобода.. Спремни за Jungle Thai Авантура?


Рута
Скопје
Истанбул
Бангкок
Пукет
Бангкок
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Зимски поаѓања 2024
Дестинации
Тајланд
Код на патување
TH26
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 6. 12. 2024

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines (ТК1006), со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Бангкок (Bangkok). Пристигнување во Бангкок (Bangkok) во попладневните часови. Трансфер до сместувањето. Авантурата започнува! Се запознаваме со урбаната џунгла. Бангкок или „Градот на ангелите“ кој нуди сосема нова димензија на постоење, нешто сосема различно од сè што сте доживеале досега. Град налик на Њујорк, спакуван во источна филозофија, мирис на зачини и различна атмосфера. Вечерта ја поминуваме во еден од најпознатите облакодери со поглед на бескрајните светла на Бангкок. Забава и насмевки до раните утрински часови.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул- Бангкок (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Asai Bangkok 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Бангкок

Се будиме и по појдокот започнуваме со факултативен излет и истражување на оваа фасцинантна престолнина. Ја посетуваме Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда која е врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во Нирвана.

Сместување

Asai Bangkok 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Трансфер до аеродромот и лет за Пукет (Phuket). По пристигнувањето, трансфер до сместувањето. Пукет е најголемиот и најпознат тајландски остров. Капењето, масажите, преубавите плажи, белиот песок, тиркизното топло море, феноменалните зајдисонца и островите кои се во непосредна близина, ќе направат да се чувствувате како во рајот. Време резервирано исклучиво за уживање! Несекојдневен ноќен живот и сцени како од најлудите филмови! 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Пукет, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Sawaddi Patong Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Бангкок
  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет на островот Пи Пи (Koh Phi Phi) каде е сниман филмот “The Beach”. Егзотични пејсажи кои потполно ќе ве остават без здив.

Сместување

Sawaddi Patong Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за факултативен излет и посета на Големиот Буда и будистичкиот храм Чалонг (Wat Chalong). Одиме на лесен трекинг низ бујната вегетација каде се запознаваме со преубавата природа на овој остров. Кај Големиот Буда слушаме приказни за будизмот и културното наследство на Тајланд. Уживаме во најубавиот поглед на островот! Потоа го посетуваме будистичкиот храм Чалонг каде ќе имаме можност да видиме будистички монаси кои се заштитен знак на секој храм. Доколку имаме време може да застанеме попатно на некоја од плажите за краток одмор.

Сместување

Sawaddi Patong Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет на Џејмс Бонд островот (James Bond Island). Ова островче е дел од архипелагот на помали варовнички острови – карпи, кои се издигнуваат од морето и во кои се скриени пештери богати со сталактити и сталагмити.

Сместување

Sawaddi Patong Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за уживање на чудесниот архипелаг во Андаманското Море, кој е вистински егзотичен рај! Одиме да ги посетиме Тајландските Сејшели :)! Денот е резервиран за нуркање, прекрасни пејсажи и уживање во прекрасниот поглед, капење и уживање.

Сместување

Sawaddi Patong Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за авантура! Едно од најубавите и најзабавните искуства во животот! Се капеме, уживаме и си играме со слончињата. Ќе поминеме време со слоновите во вода или на плажа или и двете. Тоа е прекрасно искуство за создавање спомени кои никогаш нема да ги заборавите! Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на Пукет – Naiharn!

Сместување

Sawaddi Patong Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до Бангкок. Во попладневните часови факултативен излет Маеклонг пазарот на железничка пруга (Maeklong Train Market) и Пловечкиот пазар (Floating market). Го посетуваме Маеклонг пазарот токму на време да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите брзо ги подигаат тезгите и тргаат сè што спречува да помине возот. Потоа возот заминува, а ние разгледуваме и купуваме најразлични овошја, зеленчук, цвеќиња… Зад не толку познатото име Дамноен Садуак стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. Околу 100 километри југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место низ кое поминуваат канали изградени уште во XVIII-тиот век. Во духот на старите тајландски земјоделци, бродчињата се движат низ зеленкастата вода и полека се приближуваат со своите разнолики понуди. Бабички со сламени шешири со широка насмевка нудат најразлични јадења, слатки и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотици години. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пукет - Бангкок, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Asai Bangkok 1 ноќ

Место

  • Пукет
  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во попладневните часови. Последен ден во главниот град на Тајланд. Купуваме сувенири, пиеме кафе, пиеме уште по некој Chang или Singhа, ја чуствуваме лутината на на tom yum супата, грицкаме pad thai на улица и се збогуваме со земјата на насмевки. Трансфер до аеродром. Лет до Истанбул. 

Превоз

  • Tрансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Бангкок
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул- Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Asai Bangkok Пример 3 ноќи
Sawaddi Patong Resort & Spa Пример 6 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул- Бангкок (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Пукет, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пукет - Бангкок, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Tрансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул- Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд со еден влез и услуга за визирање

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Bangkok City tour

Bangkok City tour
Цена: 75,00 EUR

На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок и да се запознаете со оваа фасцинантна престолнина! Поаѓаме од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет - Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
  • Влезница за Wat Pho
  • Влезница за Wat Arun
  • Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
  • Организиран превоз по предвидениот план и програма

*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.

Островите Пи Пи (Koh Phi Phi), Maya Bay и Коh Khai

Островите Пи Пи (Koh Phi Phi), Maya Bay и Коh Khai
Цена: 50,00 EUR

Поаѓање во утринските часови и трасфер до пристаништето. Пристигнуваме на архипелагот на островот Пи Пи, каде е сниман филмот “The Beach”. Го посетуваме заливот Маја (Maya bay), дијамант и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Пилеј лагуната (Pileh lagoon). Уживаме во капењето и тиркизното море. Поминуваме покрај Викингшката пештера (Viking cave) и слушаме приказни за древните пирати. Пристигнуваме на плажата на мајмуните (Monkey beach) каде постои можност да храниме мајмуни. Слободното време го користиме за нуркање во прекрасната тиркизна вода и пливање со рипчињата со необични бои. Пауза за ручек на Пи Пи Дон (Phi Phi Don). За крај го оставаме островот Каи (Koh Khai), хипи оаза, каде ќе се опуштиме со освежителни коктели и звукови на реге музика. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено: повратен трансфер до пристаништето, возење со брод, ручек без конзумација на пијалок, маска за нуркање, влезница за национален парк Maya bay, претставник од агенцијата, локален водич.

Храмот на Големиот Буда и Будистичкиот Храм Чалонг

Храмот на Големиот Буда и Будистичкиот Храм Чалонг
Цена: 45,00 EUR

Ден резервиран за посета на Големиот Буда и будистичкиот храм Чалонг (Wat Chalong). Го разгледуваме Големиот Буда слушаме приказни за будизмот и културното наследство на Тајланд. Уживаме во најубавиот поглед од островот! Потоа го посетуваме будистичкиот храм Чалонг, каде ќе имаме можност да видиме будистички монаси, кои се заштитен знак на секој храм. Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на островот Karon.

James Bond островот и Нака Јаи

James Bond островот и Нака Јаи
Цена: 55,00 EUR

Поаѓање во утринските часови и трансфер до пристаништето. Закуска и кафе додека добиваме вовед за претстојниот ден од локалниот водич. Одиме на Џејмс Бонд авантура со брод! Најпрво го посетуваме островот Панак (Panak), каде што со кану ќе започнеме да ја истражувате пештерата и ќе уживаме во убавината на заливот!

Продолжуваме до островот Џејмс Бонд или Као Тапу и Као Финг Кан. Овој мал остров т.е. карпа, станал популарен во 1974 година кога е снимен филмот ,,Човекот со златниот пиштол’’ James Bond 007.

Оттаму одиме на островот Панје (Koh Panyee) каде одмораме и ручаме, а по ручекот го истражуваме селото (Panyee Floating Village), традиционално пловечко село каде ќе прошетаме и ќе видиме како живеат локалците среде море.

Го посетуваме и островот Нака познат по својата прекрасна плажа со бел песок каде совршено ќе ни заврши оваа авантура. Од островот Нака, се враќаме во пристаништето во Пукет и трансфер назад до хотелот.

Во цената на излетот е вклучено: трансфер од хотелот до пристаништето и назад, возење со speed boat, возење со кану, ручек без вклучени пијалоци, преставник од агенцијата, локален водич.

Similan Islands

Similan Islands
Цена: 90,00 EUR

 Similan Islands се можеби најимпресивната група на острови што можете да ја посетите од Пукет! Одиме на целодневна авантура на чудесниот архипелаг во Андаманското Море.. Главниот дел од архипелагот се состои од 9 острови, а ние ќе посетиме 2 или 3. Островот 1, Кох Ху Јонг, е познат по своите неверојатни карпести формации кои се протегаат од врвот на ридот до плажата и морето. Често Симилските острови се споредуваат со Сејшели заради ови карпи и чиста тиркизна вода. Погледот од карпите е прекрасен - кристално чиста тиркизна вода во необично убав залив. Пред нас е ден исполнет со прекрасни корали, корални гребени каде што ќе нуркаме, а околу нас често пливаат желки. Во цената е вклучено: превоз, ручек, опрема за нуркање. 

Капење со слонови и плажата Naiharn

Капење со слонови и плажата Naiharn
Цена: 60,00 EUR

Едно од најзабавните и најинтерактивните искуства поминати со овие нежни џинови! Авантура која никогаш нема да ја заборавиме! Си играме со слончињата, ги галиме, ги бањаме и уживаме во прекрасната плажа и живописна природа! Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на Пукет – Naiharn!

Пловечки пазар и Train Market

Пловечки пазар и Train Market
Цена: 45,00 EUR

Поаѓање во утринските часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Сите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, го разгледуваме пазарот и купуваме!

Потоа одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои еден од најпознатите обележја на Тајланд - пловечкиот пазар! На околу 100 км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање назад во сместувањето во попладневните часови.

Во цената на излетот е вклучено: преставник од агенцијата, локален водич, организиран превоз по предвидената агенда, возење со чамец, влезници за сите локалитети.

Сместување

Asai Bangkok

Asai Bangkok
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Asai Bangkok е хотел со 3* (по локална категоризација) сместен во срцето на Chinatown во Бангкок, во близина на Yaowarat Road. Asai Bangkok by Burasari е лоциран на еден од најинтересните и најдинамичните делови на Бангкок со прекрасни пазари и неверојатна улична храна. Asai е во непосредна близина до Soi Nana, познат по својот ноќен живот со забавни хипи барови, ресторани, кафулиња. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сеф, клима уред, телевизор, интернет и сопствен тоалет. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.asaihotels.com/locations/bangkok-chinatown/?utm_source=GMB&utm_medium=GoogleBusinessProfil&utm_campaign=ABCT-Website

Адреса 531 Charoen Krung Road
Khwaeng Pom Prap
Pom Prap Sattru Phai
Bangkok 10100
Thailand

Sawaddi Patong Resort & Spa

Sawaddi Patong Resort & Spa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот располага со отворен базен, бар и ресторан, а покрај тоа располага и со фитнес центар, спа, центар за деца и дури и сопствена библиотека.

Сите соби се пространи и имаат телевизор, сеф, сопствено купатило, бесплатен WIFI интернет и минибар. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт http://www.patongsawaddi.com/

Адреса 21 Sainamyen Rd
Pa Tong
Kathu District
Phuket 83150
Thailand

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

ВИЗИ
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во земјата. Одговорна амбасада за државјани на Р.С Македонија е амбасадата на Кралството Тајланд во Анкара (Турција). Лично присуство на подносителот на документите не е задолжително. Нашата агенција има посредничка и консултативна улога во процесот на визирање и може да извади виза во име на патникот.

За сите погоренаведени информации како и за условите за добивање на Тајландска виза, најдобро е уште еднаш да се потврдите со информациите објавени на вебсајтот на Амбасадата: https://ankara.thaiembassy.org/en/publicservice/tourist-visa-general-nationalities-2?page=5d7717d815e39c2f34004f91&menu=5fe9be9918ae6d2115217f92

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.