Одиме во „земјата на насмевките“, во скапоцениот камен на Југоисточна Азија! Авантурата ја започнуваме од една од највозбудливите престолнини на светот - Бангкок (Bangkok) па ја продолжуваме со забава и уживање на плажа на еден од најегзотичните острови на светот, Пукет (Phuket)!
Има едно правило: Можеби прв пат си тука но сигурно не и последен, кој еднаш дојде во урбаната џунгла, се враќа сигурно повторно, без исклучок зошто тоа е Бангкок! Неопислив, луд, брз и привлекува како магнет, колку повеќе му се приближуваш толку потешко ќе се отргнеш. А на магијата не и се одолева...
Магијата на “Градот на ангелите”, како што Тајланѓаните го нарекуваат својот главен град, е полна со екстреми, освојувајќи го секој што ќе дојде пред се поради егзотичната мешавина на традиционалната опуштеност, гостопримливоста на Истокот и огромната гужва од повеќе од 11 милиони луѓе кои живеат во него.
Ако постои нешто што не смеете да го пропуштите при посетата на Бангкок, тоа се спектакуларните храмови, заслепувачки од злато и без никаква дилема највпечатливите симболи на градот. Преставуваат доказ за креативноста, имагинацијата, уметноста и духовни центри на кралството! Бангкок, не го чинат само храмовите, невозможно е овој џиновски циркус да се поврзе само со една работа како негов симбол. Тој е еден бескраен мозаик на облакодери, гужва, бучава.. Недалеку од Бангкок се наоѓа и пловечкиот пазар каде пазариме во духот на старите тајландски земјоделци со чамци низ зеленкастата вода..
Оттаму одиме на најголемиот остров на Тајланд - Пукет! Овој остров кој никогаш не спие е идеален за спектакуларен ноќен живот и забава до зори. Прекрасни бели песочни плажи, острови и живописна природа и едно од најегзотичните места на светот!
Тајланд е земја на контрасти, земја без граници.. Земја на бои каде дури и ветерот дува во посебна нијанса. Добредојдовте во царството на зачинета и вкусна храна. Земја со најубавите плажи на светот, топли и насмеани луѓе, чии насмевки зрачат со некоја добрина, спокојство. Земја во која ноќта и денот мирисаат на живот, вистински, а на моменти и филмски :). Егзотични дождовни шуми, тиркизно сино море, урбани градови и пусти острови, племиња и модерно население…
Самото име на земјата зборува за нејзината уникатност - „thai“ на тајландски значи слобода!
Тајланд со причина е една од најпопуларните дестинации во светот за патување и „патување кое не треба да го пропуштите во текот на животот“!
Хедонистички рај, земјата на насмевките и вечната слобода.. Спремни за Jungle Thai Авантура?
Рута
Скопје
Истанбул
Пукет
Бангкок
Истанбул
Скопје
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер
- Сместување
-
Хотел,
Guesthouse
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје,
Македонија
- Дестинации
-
Тајланд
- Код на патување
- TH26
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Да