Узбекистан -- Патот на Свилата

Узбекистан -- Патот на Свилата

цена од
1.699
EUR ,00
траење
9 дена
Пријави се Барање
Барање

Дали сте посакале да одите по стапките на Марко Поло и да го истражувате Патот на свилата?  Тогаш патувањето во Узбекистан е совршен избор за вас.

Се прашувате зошто? Затоа што Узбекистан се наоѓа во самото срце на некогашната рута, која важела за најважниот трговски трансконтинентален пат што ја поврзувал Кина со Блискиот Исток и Рим. Всушност, дури три од најважните градови на караванската рута се наоѓаат во Узбекистан – Хива, Бухара и Самарканд, а на нашата експедиција ќе ги посетиме некои од нив, како и главниот град Ташкент.

Узбекистан е фасцинантна земја која нуди еден раскошен поглед во светот на турбулентната историја, мистичните древни градови и разновидната култура. Многу патници Узбекистан го сметаат за енигма на Централна Азија, земја која ги изненадила, но и ги шармирала.

На ова патување се запознаваме локалното население, ја пробуваме традиционалната храна – манти, пилав, ковурма лагман, леб кулча… Ќе имаме можност да уживаме во дивата и автентична природа и да го искусиме номадскиот стил на живод во шаторите т.н. јурти. И секако, кога сме веќе на патот на свилата, обавезно со ценкаме на пазарите и се шетаме по сокаците.

Секојдневниот и автентичен живот во најинтензивното издание ќе го видите на шарените и бучни пијаци, каде ќе имате можност да купите интересни ракотворби на убаво облечени жени, да пробате козјо млеко или сирење од камила, заедно со динстана овчетина или коњски колбаси. По одморот ќе ги посетите значајните џамии, но и цркви, антички локалитети и модерни згради, ќе спиете во природата во јурти, ќе готвите со локалците, ќе јавате коњи и уште многу повеќе! А самиот факт што Узбекистан сè уште не е откриен ниту масовно посетен од туристи е посебна мамка за сите кои бараат едно интимно патување кое се памети.

НАПОМЕНА: Ова патување се реализира преку Белград


Рута
Белград
Истанбул
Ташкент
Бухара
Самарканд
Истанбул
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер, Воз
Сместување
Хотел, Камп
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Азија, Узбекистан
Видови патувања
Експедиции
Код на патување
UZ6
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Собирање на групата на аеродромот „Никола Тесла“ два и пол часа пред летот. Лет од Белград за Истанбул во 15:50 часот (TK1080). Пристигнување во Истанбул во 18:45 часот и конекција за летот до Ташкент. Лет за Ташкент во 22:05 часот (TK 364).

Превоз

  • Авио-карта со сите такси на релација Белград–Истанбул, во економска класа со 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж.

Место

  • Белград
  • Истанбул

Пристигнување во Ташкент во 04:50 часот и трансфер до хотелот. Прошетка – Стариот дел на градот, верскиот комплекс Хасти Имам, кој се состои од мавзолејот Каффал Шаши (XVI век), медресата Барак Хан (XVI век), џамијата Муј-Мубарак – складиште на добро познатиот Куран на халифот Осман и златната коса на пророкот Мухамед, џамијата Џума Хоџа Ахрар Вали, медресата Кукелдаш (XVI век), медресата Абдулкасим (XIX век). Продолжуваме кон Државниот музеј на применета уметност на Узбекистан, го посетуваме Плоштадот на независноста, по што продолжуваме кон Плоштадот на театарот Навои и Плоштадот Амир Темур. Ноќевање.

Превоз

  • Авио-карта со сите такси на релација Истанбул–Ташкент, во економска класа со 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел со 3* во Ташкент 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Ташкент

Напуштање на хотелот во претпладневните часови. Слободен ден во Ташкент до заминувањето со брзиот воз за Бухара во 18:45 часот, пристигнување во Бухара во 22:36 часот. Трансфер до хотелот. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер со брз воз од Ташкент до Букара

Сместување

Хотел со 3* во Ташкент 1 ноќ

Место

  • Ташкент
  • Бухара

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го истражуваме Бухара! Ќе ги истражиме некои од преку 100те историски локации распоредени низ Бухара, древен град кој е вклучен во каталогот на градови на Светското наследство на УНЕСКО (World Heritage Site). Во текот на обиколката на градот ќе биде обезбеден еден оброк: ручек или вечера. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 3* во Букара 1 ноќ

Место

  • Бухара

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Ручек или вечера × 1

По доручек, заминуваме во кампот на пустински јурти кој се наоѓа во близина на градот Нурата. Оазниот град Нурата е оддалечен околу 200 км и од Самарканд и од Бухара, што ја прави оваа турнеја изводлива од било кој од овие градови. Престојот во традиционалниот номадски камп за јурти ќе ви го прикаже традиционалниот Узбекистан преку природата, вистинската култура и автентичната храна. Наутро, заминуваме од хотелот и ќе започнуваме со номадската авантура на кампот Јурти. На патот кон кампот Јурти, ќе застанете во оазниот град Нурата, каде што ќе ручаме и ќе ги посетиме урнатините на цитаделата на Александар Македонски и комплексот Чашма. Во приквечерните часови, пристигнуваме во кампот со пустински јурти (Kizilkum Safari, Aidar Yurt Camp или Sputnik). По пристигнувањето, ќе ви биде понуден чај со суво овошје. По чајот за добредојде, ни останува малку слободно време да влежеме во нашиот јурт (шатор) и областа околу кампот. Вечерната програма вклучува јавање на бактриски камили низ кампот (20 минути), типична вечера и номадска музика околу логорскиот оган. Ноќевање во јурт. 

Превоз

  • Трансфер од Бухара до Јурта

Сместување

Гер (јурта) 1 ноќ

Место

  • Бухара

Храна

  • Континентален појадок × 1

По богат доручек во кампот за јурти, можете да отидете да го видите најголемото езеро во земјата, кое се наоѓа во срцето на пустината (5-7 км од вашиот камп). Потоа, заминуваме кон Самарканд. Пристигнување во Самарканд и слободно време. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Јурте до Самарканд

Сместување

Хотелско со 3* во Самарканд 1 ноќ

Место

  • Самарканд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го истражуваме Самарканд! Ќе го посетиме мавзолејот Хоџа Донијар – за време на походот на Иран во 14-15 век, Амир Темур не можел да ја освои Суза. Духот на старозаветниот пророк Даниел го бранел малиот град. Моќната војска на Амир Темур поставила опсада со големи загуби. Амир Темур го посетил гробот на светецот и веднаш ги испратил неговите останки во Самарканд. Според легендата, останките на светецот растат, а расте и неговиот саркофаг. Во текот на обиколката на градот ќе биде обезбеден еден оброк: ручек или вечера. Ноќевање.

Сместување

Хотелско со 3* во Самарканд 1 ноќ

Место

  • Самарканд

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Ручек или вечера × 1

Слободен ден за ужување во Самарканд, купуваме сувенири и се збогуваме со прекрасниот Узбекистан. Ноќевање. 

Сместување

Хотелско со 3* во Самарканд 1 ноќ

Место

  • Самарканд

Храна

  • Континентален појадок × 1

Утрински трансфер до аеродромот за летот кон Истанбул во 04:50 часот (TK373). Пристигнување во Истанбул во 08:55 часот и конекција за летот кон Белград во 14:10 часот (TK1079). Пристигнување во Белград во 14:55 часот. Крај на патувањето.

Превоз

  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Авио-карта со сите такси на релација Самарканд–Истанбул, во економска класа со 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж.
  • Авио-карта со сите такси на релација Истанбул–Белград, во економска класа со 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж.

Место

  • Самарканд
  • Истанбул
  • Белград

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

Хотел со 3 во Ташкент Пример 2 ноќи
Хотел со 3 во Букара Пример 1 ноќ
Гер (јурта) Пример 1 ноќ
Хотелско со 3 во Самарканд Пример 3 ноќи

Превоз

  • Авио-карта со сите такси на релација Белград–Истанбул, во економска класа со 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж.
  • Авио-карта со сите такси на релација Истанбул–Ташкент, во економска класа со 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер со брз воз од Ташкент до Букара
  • Трансфер од Бухара до Јурта
  • Трансфер од Јурте до Самарканд
  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Авио-карта со сите такси на релација Самарканд–Истанбул, во економска класа со 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж.
  • Авио-карта со сите такси на релација Истанбул–Белград, во економска класа со 20 кг чекиран и 8 кг рачен багаж.

Храна

6 × Континентален појадок , 2 × Ручек или вечера

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Узбекистан

Сместување

Хотел со 3* во Ташкент

Хотел со 3* во Ташкент
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелско сместување со 3* во Ташкент по локална категоризација. 

Хотел со 3* во Букара

Хотел со 3* во Букара
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелско сместување со 3* во Букара по локална категоризација.

Гер (јурта)

Гер (јурта)
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Гер или јурта е номадски шатор кој е специфичен сместувачки објект за Монголија поради брзината на составување и селидбата на номадските народи. Гер е обично повеќекреветно сместување (1/4, 1/6 кревети). Тоалетите обично се наоѓаат надвор од самиот гер но во оквир на гер кампот, оддалечени неколку метри. Услугата е на база ноќевање.

Хотелско со 3* во Самарканд

Хотелско со 3* во Самарканд
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелско сместување со 3* во Самарканд по локална категоризација.

Останати поаѓања за Азија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)