Уживаме во традиционалното pho, се возиме на Меконг (Maekong), правиме обиколка на тунелите Ку Чи, но, исто така, ги истражуваме и оддалечените плажи на островите на Јужен Виетнам, сместени во Тајландскиот залив, додека на север ја впиваме целата традиција на Виетнам, шетајќи низ тивки селски патишта, каде ќе наидеме на богати локални овоштарници, јадеме вкусно и свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика.
Градот Хо Ши Мин (Ho Chi Minh), стар нешто повеќе од 300 години, е центар на културата, образованието и туризмот и е најголемиот град во Виетнам кој комбинира западна култура со допир на ориентот, од каде ќе ја посетиме револуционерната база на таканареченото “подземно село“ со тунели што достигнуваат вкупна должина од 200км. кои ги изградиле комунистичките герилци од Виетнам.
Островите на Виетнам се познати по своите песочни плажи, планини и густи тропски шуми полни со пријателски мештани кои својата трговија ја базираат на риболов и трговија со морски краставици.
Деновите ги поминуваме на прекрасните плажи на островот Phu Quoc, во сенка на палмите, со овошни коктели и авантури во внатрешноста на островот.
Додека пловиме по заливот Халонг Беј (Ha Long Bay), еден од најубавите заливи на светот, пред нас се појавуваат карпи и острови со различна големина, додека во далечината низ магла се наѕираат уште стотина. Еден писател ги опишал како „чудесен камен на небото“, а нам ни останува да го запознаеме мистичниот Виетнам, неговите традиции, култура и плажи во авантурата на животот.
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Виетнам
1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗЕМЈАТА
Виетнам е земја во Југоисточна Азија. Сместена е на брегот на Јужното Кинеско Море и Тајландскиот Залив. На север се граничи со Кина, на запад со Лаос и на југо-запад со Камбоџа. Престорна површина: 331.210 км2, 66-та по големина во светот;
Население: 94,34 милиони жители
Главен град: Ханој (3,29 милиони жители)
Националност: виетнамци (85,7%), други етнички групи (14,3%)
Официјален јазик: виетнамски; се користат уште и англиски и француски;
Виетнам: Што се однесува до визата за Виетнам, ќе ви биде издадена еднократна виза за Виетнам и ќе ја добиете на аеродромот со авионскиот билет. Цената на визата е 20УСД (кои ги уплаќате во агенцијата) + 25УСД кои ги плаќате на аеродромот кога ќе слетате. За виза во Виетнам, треба да имате две фотографии со вас, а кога ќе слетате, одете на пултот на кој пишува LANDING VISA, каде визата ќе Ви биде залепена на вашиот пасош.
3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Временската зона е UTC +7, што значи 6 часа пред С. Македонија.
4. КЛИМА
Тропската монсунска клима е распространета во областа Индокина. Сезоната на дождови трае од средината на мај до октомври, додека сушната сезона е од ноември до април. Поради високата влажност, и пониските температури тешко се толерираат. На северот влажноста е многу пониска, а климата е поблага. Ноември и декември означуваат пристигнување на сувата сезона и ноќните температури на големи височини може повремено да се спуштаат до ниво на благ мраз. Температурите започнуваат да се искачуваат во јануари, кога достигнуваат и до 40°С.
Во Виетнам, климата е тропска, обележана со чести монсуни. На северот забележан е пад на температурата помеѓу ноември и април. Температурите се движат помеѓу 5°C и 37°C.
5. ХРАНА И ПИЈАЛОК
Храната е многу разновидна, таканаречено типично азиска. Има многу ориз, риба, тестенини, пилешко, овошје и зеленчук.
Виетнам има обилна трпеза и разработена техника за подготовка на храна. Подготовката на храна станала уметност кај виетнамскиот народ, така што некои виетнамски јадења станале светски познати. Во Виетнам, имате можност да пробате многу вкусни јадења што не можете да ги најдете на кое било друго место во светот. Некои јадења се подготвени од морска храна, како што се јастог, риба, рак и лигњи... кои се релативно ретки и скапи во некои западни земји, но неверојатно евтини во Виетнам. Покрај уживањето во традиционалните јадења како супа од тестенини (Pho), свински колбас (Gio lua), пролетно пециво (Nem ran), рибни кугли (Cha ca) и др… Виетнам го прифатил начинот за подготовка на некои јадења од земји што се познати по нивната добра подготовка на храна и добрите кулинарски техники, како што се Тајланд, Кина, итн...
6. ЗДРАВЈЕ
Вакцинацијата е по избор. Нашите патници одлучуваат индивидуално дали сакаат да бидат вакцинирани или не. Најдобро е да се јавите во Институтот за јавно здравје и да проверите. Препорачливо е да земете абдоминални лекови (пробиотик), треска или некои лекови за болка и покачена телесна температура, за секој случај. Ако не го земете тоа, не е страшно, сè може да се купи во аптеките таму. Исто така, има комарци таму, па можеби ќе сакате да донесете и Аутан, и таму може да земете репеленти против комарци, од искуство, нивните средства се посилни.
7. ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурувањето е незадолжително, но секако го препорачуваме за далечни дестинации. Можете да го платите во која било осигурителна компанија и да го понесете на патувањето, или можете да го уплатите кај нас во агенцијата најдоцна 5 дена пред патувањето.
8. СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
На сите посетители им се советува да бидат внимателни. Се препорачува внимателно чување лични документи и пари заради ризик од грабеж и џепароши. Движењето по улица навечер се препорачува само доколку не сте сами. Дрогата е нелегална, и како таква е казнива со закон и затвор.
9. ОБЛЕКА
Пакувајте што е можно помалку облека! Насекаде можете да ги исперете алиштата. Оваа услуга е многу поволна, околу 1 евро по килограм, алиштата брзо се завршени, убаво испрани и здиплени. Со оглед на високите температури, понесете лесна гардероба. Задолжително понесете дуксер или некоја лесна јакна и некои долги панталони за возењето со автобуси (кои се климатизирани). Кога посетувате културни и историски места, поточно храмови, имајте во предвид дека е задолжително да ги покривате нозете и рамената, затоа при пакување внимавајте на ова.
10. ЛОКАЛНА ВАЛУТА
Валутата во Виетнам е виетнамски донг, а девизниот курс е 1 УСД = 23.365 VND.
Исто така, не препорачуваме да се потпрете на плаќање со платежни картички, па затоа е подобро да носите пари во готово.
11. ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ И БАНКОМАТИ
Банкарскиот систем е високо развиен, така што ќе најдете бројни банки и банкомати на секој чекор од патот. Треба да проверите кај матичната банка за точниот износ на провизијата. Наша препорака е да понесете пари во готово.
Може да се користат кредитни картички, но претходно мора да ја известите вашата банка за да немате проблеми со блокирање на картичката. Исто така имате менувачници на секој чекор, достапни во текот на целиот ден.
12. КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи во Виетнам работат, но најлесно ќе ви биде да си купите локална SIM картичка. Исто така, насекаде има интернет кафулиња, а сместувањата се опремени со wireless интернет.