Виетнам Акција

Виетнам Акција

цена од
1.390
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Ве водиме на патување во Виетнам. Поаѓаме од Хо Ши Мин - уживаме во традиционално "pho", се возиме по Меконг, ги посетуваме познатите "Cu Chi" тунели... Сајгон или Хо Ши Мин, стар преку 300 години, културен центар, образование и туризам, најголем град во Виетнам кој е комбинација од западната култура и ориентот, град познат како бисер на далечниот исток. Остатоци од колонијалниот период, како што се Нотр Дам катедралата, поштата Сајгон, старата Американска амбасада... 

Факултативен излет во "Cu Chi" тунелите, сместени под Хо Ши Мин, кои биле база за револуционерите меѓу двете војни. "Cu Chi" за време на војната бил подземно село со тунели кои заедно достигнуваат должина од 200км и кои ги изградила комунистичката герила на Виетнам, а денес претставуваат главна туристичка атракција на Јужен Виетнам. 

Делтата на Меконг е многу плодна со ориз, аргуми и тропско овошје. Посетуваме интересни занаетчиски села каде можете да да најдете се за опремување на домот, но од кокосово дрво. Шетајќи се по тивките селски патчиња, наидуваме на богати локални овоштарници, каде јадеме вкусно свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика.

Островот "Phu Quoc" - сместен во Тајландскиот залив, јужно од брегот на Камбоџа. Островот е познат по долгите песочни плажи, а повеќе од половина од островот е Национален парк, кој има планини, пешаки патеки и густа тропска шума. Тропски рај кој се наоѓа само 50 километри од брегот на копнениот дел на Виетнам, а е преполн со дружељубиви локалци кои својата индустрија ја базираат на риболов и трговија со морски краставици кои ги извезуваат во Кина уште од времето на древните кралеви. Деновите ги поминуваме на преубави плажи, во сенки од палма, со овошни коктели и авантури во внатрешноста на островот. 

Внатрешноста на островот крие Национални паркови со бујна природа, мали водопади, стази за трекинг и истражување. Овие национални паркови се омилено место за локалните фамилии за пикник, за време на празниците. "Suoi Tran" водопадите се една од атракциите во овој предел, опкружени со бујна шума, природни пештери, плитки камени базени.

Phu Quoc е рај за сите кои сакаат да уживаат во долгите плажи, плави лагуни, трошска шума во внатрешноста на островот, да истражуваат, опуштаат и добро да се забавуваат!


Рута
Белград
Доха
Хо Ши Мин
Phu Quoc
Хо Ши Мин
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Виетнам
Код на патување
VN7
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок со групата на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, два часа пред летот. Лет од Белград за Доха во 11:40 часот –  (QR 232). Пристигнување во Доха во 18:00 часот по локално време. Конекција за лет до Хо Ши Мин.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа

Место

  • Белград
  • Доха

Лет QR970 за Хо Ши Мин во 01:55 часот и пристигнување во 13:30 часот во Хо Ши Мин или Сајгон, град стар повеќе од 300 години и центар на културата, образованието и туризамот. Ова е всушност најголемиот град во Виетнам кој ја комбинира западната култура со ориентот, град познат како скапоцениот камен на Далечниот исток. Во градот има многу остатоци од колонијалниот период, како што се Катедралата Нотр Дам, поштата  Сајгон, старата американска амбасада итн. Факултативен излет: Посета на Палатата на Обединувањето - симбол на поранешната влада на Сајгонпред 1975 година, за да дознаеме нешто повеќе од суровата историја на Виетнамската Војна која траела од 1954 до 1975 година. Враќање назад во хотел. Вечерта организираме факултативно ноќно крстарење по реката Сајгон и уживање во шаренилата и преубавата глетка. Трансфер до сместувањето и слободно време за одмор и слободни активности. 

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Хо Ши Мин, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до сместувањето

Сместување

Saigon Odyssey Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Факултативна целодневна екскурзија до реката Меконг и пловење со традиционални бротчиња низ густата вегетација и околу островчињата кои ја прават делтата на реката. Делтата Меконг е многу плодна со ориз, аргуми и тропско овошје. Посетуваме интересни занаетчиски села каде можете да најдете сè за опремување на домот, но направено од кокосово дрво. Шетајќи низ тивките селски патишта, наидуваме на богати локални овоштарници, каде јадеме вкусно свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика. Враќање во градот Хо Ши Мин и време за масажи и уживање во магијата на ноќниот живот.

Сместување

Saigon Odyssey Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Факултативни излети

Факултативен излет во Ку Чи тунелите, кои се сместени под Хо Ши Мин и биле база на револуционерите помеѓу двете војни. Ку Чи за време на војната било „подземно село“ со тунели кои заедно достигнуваат должина од 200 км, а го изградиле комунистичките герилци на Виетнам. Денес Ку Чи претставува главна туристичка атракција во Јужен Виетнам. Слободно време.

Сместување

Saigon Odyssey Hotel 3* 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Факултативни излети

Трансфер до аеродром и лет за островите Phu Quoc. Трансфер до сместувањето и слободно време.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Хо Ши Мин - Phu Quoc, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Ola Hotel 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Факултатицен излет - разгледување на  јужниот дел на остривите Phu Quoc. Ден посветен за посета на југот на островите Phu Quoc. Поминуваме покрај  Sim Son винаријата, една од многубројните локални винарии познати по локалните сорти на вино и специјалитети. Ја рагледуваме фабриката за бисери и стар затвор, исто така и фабриката за производство на рибино масло. Целиот регион на југот на Виетнам е специјално познат по производството и извоз на рибино масло на светскиот пазар. Имаме прилика  да ги истражуваме локалните пазари каде се продава свежа морска храна, но и да ја посетиме фармата за бибер, една од најпознатите на островот каде ќе имаме можност да се запознаеме одблиску со оваа билка и зачин. Турата ја завршуваме со капење на плажата Сао, една од најпознатите плажи во сметот.

Сместување

Ola Hotel 1 ноќ

Место

  • Phu Quoc

Факултативни излети

Фу Квок– сместен во Тајландскиот залив, јужно од брегот на Камбоџа. Островот е познат по долгите песочни плажи, а повеќе од половина остров е Национален Парк каде има планини, патеки за пешачење и густи тропски шуми. Деновите ги поминуваме на преубавите плажи пиејќи овошни коктели, под природната сенка од палмите, и уживајќи во авантурите во внатрешноста на островот.

Сместување

Ola Hotel 4 ноќи

Место

  • Phu Quoc

Трансфер до аеродромот и лет за Хо Ши Мин. Преседнување на лет за Доха. Лет од Хо Ши Мин (QR 971) во 19:15 часаот за Доха.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Phu Quoc - Хо Ши Мин, во економска класа
  • Авионски биле со сите такси на релација Хо Ши Мин - Доха, во економска класа

Место

  • Хо Ши Мин
  • Доха

Пристигнување во Доха во 00:20 часот и конекција за лет до Белград во 06:45 часот (QR 231). Пристигнување во Белград во 10:35 часот. Крај на патувањето 

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа

Место

  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Saigon Odyssey Hotel 3 Пример 3 ноќи
Ola Hotel Пример 6 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Хо Ши Мин, во економска класа
  • Трансфер од аеродромот до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Хо Ши Мин - Phu Quoc, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Phu Quoc - Хо Ши Мин, во економска класа
  • Авионски биле со сите такси на релација Хо Ши Мин - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Белград, во економска класа

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Виетнам

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Mekong Delta

Mekong Delta
Цена: 60,00 EUR

Дали сте спремни да влезете во ремек делото на природата, Меконг Делтата. Место со најголем биодиверзитет на #ЦелСвет! Реката Меконг е најголемата река во Индокина која извира во Тибет, тече низ Бурма и Лаос, а се влева во Јужното кинеско море, во Виетнам. Реката, пред да се влее во морето, прави огромна делта со 9 краци, наречени и „Куу Лонг“ или „Девет ламји“. Делтата Меконг изобилува со густа џунгла и неверојатен биодиверзитет а плодната почва овозможува огромни плантажи со ориз, агруми и тропско овошје. Селата кои се наоѓаат по течението на реката практично живеат заедно со реката. При нивната посета ќе видиме дел од нивниот секојдневен живот и каде ќе најдеме секакви сувенири за дома изработени од кокосово дрво. Одејќи низ тивките селски патишта, наидуваме на богати локални овоштарници, каде јадеме вкусно свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика. Почнуваме незаборавна авантура низ самите речни краци. Пред нас е сцена од која нема да не остави рамнодушни. Мирот и тишината кои ги доживуваме тука ќе ги памтиме долго после нашето враќање. Одиме во традиционално виетнамско село за ручек, а по ручекот имаме можност да се дружиме со змии, крокодили и мајмуни. Кој сака, може да пешачи или да изнајми велосипед за да се вози низ селото. 

Ку Чи тунелите

Ку Чи тунелите
Цена: 25,00 EUR

Ги истражуваме тунелите Ку Чи! Базата на револуционерите за време војната во Виетнам. Денес дел од нив се наоѓаат под градот Хо Ши Мин. Тунелите за време на војната биле „подземно село“ во должина од неверојатни 200км!!! Целиот овој комплекс е изграден од страна комунистичките герилци на Виетнам кои воделе титанска борба против окупаторот. Тие денес претставуваат главна туристичка атракција на Јужен Виетнам. Герилците на Ку Чи, кои во своите редови имале жени и малолетни лица, со години живееле во тесните, темни и загушливи тунели низ кои можеле да се пробијат исклучиво со лазење на колена. Изградиле мрежа на подземни премини и простории кои содржеле спални соби, кујни, простории за состаноци и планирање, складишта за храна и муниција. Герилците изградиле и краци што имале за цел да го измамат непријателот доколку тој успее да навлезе во тунелите. Покрај тоа што тунелите биле безбедно место за борците, тие исто така биле и отпорни на воздушно бомбардирање. Ова неверојатно инфраструктурно чудо е една од главните причини за победата на виетнамците над америчката инвазија. За време на посетата ќе можеме да видиме дел од асортиманот на маскирни стапици, оружје и опрема која ја користеле борците за време на војната. 

Посета на островот Фу Квок и капење на плажата Баи Сао

Посета на островот Фу Квок и капење на плажата Баи Сао
Цена: 25,00 USD

Денот го поминуваме на факултативен излет далеку на југот, на островот Фу Квок. Поминуваме покрај винаријата “Sim Son Winery”, една од многуте локални винарии познати по локални сорти на  вино и специјалитети. Ја посетуваме фабриката за бисери и стариот затвор, како и фабриката за рибино масло – Фу Квок. Југот на Виетнам е познат по извоз на рибино масло во светот. Имаме можност да ги истражиме локалните пазари каде се продава свежа морска храна и да се запознаеме со биберот, како билка и како зачин. Го завршуваме излетот со капење на плажата Баи Сао, една од најпознатите плажи на островот. 

Во цената на излетот е вклучено: професионален лиценциран водич на англиски јазик, билет за горенаведените локалитети и организиран превоз според планот и програмата.

Сместување

Saigon Odyssey Hotel 3*

Saigon Odyssey Hotel 3*
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Saigon Odyssey Hotel 3* се наоѓа во срцето на Хо Ши Мин. Одлично е позициониран во однос на поголемиот број на туристички знаменитости на овој град. Сите соби се климатизирани со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Ola Hotel

Ola Hotel
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Ola Hotel е хотел со 3*, лоциран на 400м од плкажа. Сите соби поседуваат мини бар и тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт http://olahotel.vn//en

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)