Виетнам и Камбоџа

Виетнам и Камбоџа

цена од
1.899
EUR ,00
сега од
1.749
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

НАЈНОВАТА JUNGLE АВАНТУРА. Незаборавно патување, каде се запознаваме со двата скапоцени камења од Југоисточна Азија. Не чекаат Виетнам и Камбоџа! 

Авантурата започнува во динамичниот Хо Ши Мин Сити (Ho Chi Minh City), каде минатото и иднината се среќаваат на улици исполнети со арома на традиционални специјалитети, како што е познатата фо супа. Пловиме по Меконг (Mekong), ќе ги истражиме легендарните тунели Чу Чи и ќе го искусиме Виетнам од прва рака со запознавање со локациите кои се важни за виетнамската историја, традиција и култура. Го продолжуваме нашето патување до срцето на Камбоџа. Врвот на авантурата е во Сием Рип (Siem Reap), каде што нè чека Ангкор Ват, прекрасен храмски комплекс што сведочи за минатото на оваа единствена земја. Подгответе се за искуство кое ве води во светот на егзотичните пејзажи, необични јадења, топли насмевки и богати традиции. 


Рута
Скопје
Софија
Доха
Хо Ши Мин
Сием Рип
Ханои
Доха
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Виетнам, Камбоџа
Видови патувања
Експедиции
Код на патување
VK3
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Се состануваме попладне кај спортскиот центар Борис Трајковски и се упатуваме кон аеродромот во Софија. Лет од аеродромот во Софија за Доха каде преседнуваме лет за Хо ши мин. Нашата незаборавна експедиција може да започне!

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија
  • Авиобилет со сите такси на релација Софија – Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Хо Ши Мин (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Доха

Слетуваме во меѓународниот аеродром во Хо Ши Мин во раните утрински часови. Вршиме check-in и се сместуваме во хотелот.  Дојдовме во Хо Ши Мин, град кој има само повеќе од 300 години, центар на културата, образованието и туризмот. Ова е всушност најголемиот град во Виетнам кој ја комбинира западната култура со ориенталната, град познат како скапоцен камен на Далечниот исток. По наштео сместување време е детално да го истражиме градот што никогаш не спие -- Сајгон, или попознат како Хо Ши Мин. Започнуваме со Сајгонската опера, па продолжуваме со катедралата Нотр Дам, зградата на поштата и најголемиот пазар во градот -- Ben Тhanh. Продолжуваме со симболот на поранешната влада на Сајгон -- Палатата на обединување, учиме повеќе за суробата историја на Виетнамската војна која траела скоро 20 години.

Сместување

Liberty Hotel Saigon Greenview 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Храна

  • Континентален појадок × 0

Факултативни излети

По поајдокот се упатуваме кон тунелите Чу Чи, сместени под Хо Ши Мин, кои биле база за револуционери помеѓу двете светски војни. Чу Чи за време на Виетнамската војната биле „подземно село” со тунели, кои заедно достигнуваат должина од 200 км и кои ги изградиле комунистичките герили на Виетнам, а денес претставуваат место кое не смее да се пропушти во Хо Ши Мин. Место каде што навистина ќе ја осетите големината на нивната борба. Имаме слободно време за релаксација, масажи и уживање во ноќниот живот на најголемиот град во Виетнам. Ноќевање.

Сместување

Liberty Hotel Saigon Greenview 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден ја посетуваме најпознатата река во Азија -- реката Меконг. Се возиме со традиционални чамци низ густа вегетација и околу островчиња кои ја формираат делтата Меконг. Самата делта е една од најплодните региони на светот. Ќе видиме бескрајни оризови полиња, цитруси, тропско овошје и неверојатна природа. Попатно застануваме во занаетчиски села каде што се запознаваме со локалниот живот. Шетајќи по тивките селски патишта, ќе наидеме на богати локални овоштарници, каде имаме шанса да пробаме од вкусното тропско овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика. Се враќаме во нашето сместување, а вечерта имаме слободно време да посетиме некои од локалните барови и ресторани. Ноќевање.

Сместување

Liberty Hotel Saigon Greenview 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Утрото го напуштаме сместувањето и се упатуваме кон нашата следна неверојатна дестинација, Камбоџа! Пристигнуваме во вториот најголем град во Камбоџа, Сием Рип. Сместен во срцето на Камбоџа, Сием Рип е магична комбинација од античка историја, култура и модерна енергија. Град најпознат како домот на Ангор Ват, град кој нѐ фасцинира со неговите живописни пазари, превкусна храна и лудиот ноќен живот на Pub Street. Имаме слободно време да го истражиме овој древен град и да се спремиме за незаборавната авантура која не пречекува. Ноќевање

Превоз

  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хо Ши Мин- Сием Рип, во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето во Сием Рип

Сместување

Blanc Smith Residence 1 ноќ

Место

  • Хо Ши Мин
  • Сием Рип

Храна

  • Континентален појадок × 1

Нѐ очекува будистичка авантура во еден од најфасцинантните храмови на #целсвет. Го посетуваме древниот Анкор Ват -- најголемиот манастирски комплекс на светот, кој вклучува повеќе од 1.000 религиозни објекти, храмови и скулптури. Комплекс кој дефинтивно го имаме видено на некој холивудски блокбастер, a претставува бисер на древната историја на Камбоџа. Овој познат комплекс е под заштита на УНЕСКО и се смета за најважниот археолошки локалитет во Југоисточна Азија. Храм кој има повеќе од 1000 различни скулптури и објекти, изградени од различни кмерски кралови. Посетуваме неколку помали храмови кои се во склоп на овој комплекс, а јаготката на шлагот е главниот храм Анкор Ват. По нашата целодневна авантура се враќаме во нашето сместување во Сием Рип. Ноќевање

Сместување

Blanc Smith Residence 1 ноќ

Место

  • Сием Рип

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Во утринските часови тргнуваме кон пловечкото село Кампонг Плук. Едно од најуникатните и најавтентичните исксутва во Камбоџа. Мало село каде сите куќи се изградени на стапови кои се 7-8 метри над вода. Селото се наоѓа на езерото Тонле Сап (Tonlé Sap), најголемото слатководно езеро во Југоисточна Азија. Во ова село живеат околу 3000 жители, кои генерално живеат од риболов (во врнежлива сезона) или агрикултура (во сува сезона). Се дружиме со локалното население и се запознаваме со нивниот начин на живот и обичаи. Во попладневните часови се враќаме во Сием Рип. Имаме слободно време да излеземе во некои од локалните ресторани. Ноќевање. 

Сместување

Blanc Smith Residence 1 ноќ

Место

  • Сием Рип

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Правиме check-out од нашето сместувањето во Сием Рип. Имаме трансфер до аеродром и локален лет до Ханои. Пристигнуваме во Ханои и правиме check-in во нашето ново сместување. Добредојдовте во главниот и најголемиот град на Виетнам. Слободното време што ни преостаува го користиме за одмор и уживање во мирисите и боите на Азија. Ноќевање.

Превоз

  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сием Рип - Ханои, во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето во Ханои

Сместување

Bonne Nuit Hotel & Spa Hanoi 1 ноќ

Место

  • Сием Рип
  • Ханои

Храна

  • Континентален појадок × 1

Појадуваме и се впуштаме во нова авантура во Ханои! Почнуваме со езерото Хоан Кием (Hoan Kiem) и храмот Нгок Сон (Ngoc Son) – храмот на хероите кој е изграден на мало островче сред езерото. Продолжуваме со посета на Кулата Пен (Pen Tower) каде што ќе дознаеме повеќе за виетнамски легенди кои потекнуваат од VII век. Оттука продолжуваме до мавзолејот на Хо Ши Мин -- мавзолеј посветен на првиот претседател на независен Виетнам. Го посетуваме и најголемиот плоштад во Виетнам -- Ба Динх (Ba Đình). Исто така, ја посетуваме и пагодата Транквок (Trấn Quốc) и храмот Куан Тан (Quán Thánh), Храмот на литературата, Конфучијанскиот храм и првиот универзитет во Виетнам. Во попладневните часови се враќаме во нашето сместување. Во вечерните часови има можност за посета на традиционална претстава со кукли во договор со претставникот од агенција. По оваа незаборавна авантура се враќаме во нашето сместување. Вечерта ви препорачуваме да го посетите Thang Long Water Puppet Theatre - претстава каде куклите се наоѓаат во вода, додека уметниците кои ги управуваат се на неколку метри зад нив и не се гледаат. Целиот спектакл се изведува со оркестар кој свири автентична музика. Претставата обработува тематики кои на многу интересен начин ни ја доловуваат виетнамската култура, историја, обичаи и уметност. Ноќевање.
 

Сместување

Bonne Nuit Hotel & Spa Hanoi 1 ноќ

Место

  • Ханои

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Халонг Беј (Halong Bay) се наоѓа источно од Ханој. Тоа е речиси скриен залив во кој се наоѓаат околу 2000 мали острови, односно, повеќето од овие острови се всушност карпести формации кои изникнуваат од кристално зелената вода на повеќе од 1500 км². Од 1994 година, овој залив се наоѓа на листата на природно наследство под заштита на УНЕСКО. Неговите 2000 зелени острови формираат бариера, која го штити заливот од силни ветрови и не дозволуваат тие да ја нарушат мирнотијата/чистотата на водата. Се качуваме на брод и пловиме по овој необичен залив. Со бродот пристигнуваме до пештера, каде се капеме во кристално чистите води на овој залив. Нашата авантура продолжува до видиковец од каде имаме незаборавни панорамски слики над заливот. По нашата авантура имаме трансфер до нашето сместување. Ноќевање. 

Сместување

Bonne Nuit Hotel & Spa Hanoi 1 ноќ

Место

  • Ханои

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето и се поздравуваме со овој неверојатен дел од светот.  Имаме трансфер до аеродромот во Ханои од каде летаме кон Доха. Преседнуваме за лет до аеродромот во Софија.

Превоз

  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Ханои – Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Ханои
  • Доха

Храна

  • Континентален појадок × 1

Утрински лет од Доха за Софија. Пристигнуваме во Софија од каде имаме трансфер за назад во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродромот во Софија до Скопје

Место

  • Доха
  • Софија
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Liberty Hotel Saigon Greenview Пример 3 ноќи
Blanc Smith Residence Пример 3 ноќи
Bonne Nuit Hotel & Spa Hanoi Пример 3 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија
  • Авиобилет со сите такси на релација Софија – Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Хо Ши Мин (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хо Ши Мин- Сием Рип, во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето во Сием Рип
  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сием Рип - Ханои, во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето во Ханои
  • Локален трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Ханои – Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродромот во Софија до Скопје

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Виетнам
  • Виза за Камбоџа

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Ho Chi Minh City Tour

Ho Chi Minh City Tour
Цена: 35,00 USD

Авантура во најголемиот град на Виетнам! Одиме да се запознаеме со градот кој никогаш не спие и кој има 3.5 милиони регистрирани мотори на 9 милиони жители. Авантурата започнува во центарот на градот и улицата Буи Виен, која дише со метежот и вревата кои се симбол на овој град. Го посетуваме најпознатиот пазар Бен Тан, на кој ќе најдеме апсолутно сé - од традиционална виетнамска супа Фо, до најубавите сувенири. На плоштадот Хо Ши Мин се наоѓа споменик на единствениот Хо Ши Мин, човек чие што име го носи и самиот град. Ќе ја видиме Градската куќа, операта Саигон и хотелот Рекс. Во градот има многу остатоци од колонијалниот период, како што се катедралата Нотр Дам, поштата Саигон, старата амбасада на САД... Се упатуваме кон до палатата на обединувањето и воениот Музеј и учиме нешто ново за историјата на овој дел од светот. За крај уживаме на кејот на реката Саигон и ја впиваме магиајта на овој величествен град.

Чу Чи тунелите

Чу Чи тунелите
Цена: 45,00 USD

Ги истражуваме тунелите Ку Чи! Базата на револуционерите за време војната во Виетнам. Денес дел од нив се наоѓаат под градот Хо Ши Мин. Тунелите за време на војната биле „подземно село“ во должина од неверојатни 200км!!! Целиот овој комплекс е изграден од страна комунистичките герилци на Виетнам кои воделе титанска борба против окупаторот. Тие денес претставуваат главна туристичка атракција на Јужен Виетнам. Герилците на Ку Чи, кои во своите редови имале жени и малолетни лица, со години живееле во тесните, темни и загушливи тунели низ кои можеле да се пробијат исклучиво со лазење на колена. Изградиле мрежа на подземни премини и простории кои содржеле спални соби, кујни, простории за состаноци и планирање, складишта за храна и муниција. Герилците изградиле и краци што имале за цел да го измамат непријателот доколку тој успее да навлезе во тунелите. Покрај тоа што тунелите биле безбедно место за борците, тие исто така биле и отпорни на воздушно бомбардирање. Ова неверојатно инфраструктурно чудо е една од главните причини за победата на виетнамците над америчката инвазија. За време на посетата ќе можеме да видиме дел од асортиманот на маскирни стапици, оружје и опрема која ја користеле борците за време на војната. 

Mekong Delta

Mekong Delta
Цена: 55,00 USD

Дали сте спремни да влезете во ремек делото на природата, Меконг Делтата. Место со најголем биодиверзитет на #ЦелСвет! Реката Меконг е најголемата река во Индокина која извира во Тибет, тече низ Бурма и Лаос, а се влева во Јужното кинеско море, во Виетнам. Реката, пред да се влее во морето, прави огромна делта со 9 краци, наречени и „Куу Лонг“ или „Девет ламји“. Делтата Меконг изобилува со густа џунгла и неверојатен биодиверзитет а плодната почва овозможува огромни плантажи со ориз, агруми и тропско овошје. Селата кои се наоѓаат по течението на реката практично живеат заедно со реката. При нивната посета ќе видиме дел од нивниот секојдневен живот и каде ќе најдеме секакви сувенири за дома изработени од кокосово дрво. Одејќи низ тивките селски патишта, наидуваме на богати локални овоштарници, каде јадеме вкусно свежо егзотично овошје, пиеме топол чај со мед и уживаме во локалната музика. Почнуваме незаборавна авантура низ самите речни краци. Пред нас е сцена од која нема да не остави рамнодушни. Мирот и тишината кои ги доживуваме тука ќе ги памтиме долго после нашето враќање. Одиме во традиционално виетнамско село за ручек, а по ручекот имаме можност да се дружиме со змии, крокодили и мајмуни. Кој сака, може да пешачи или да изнајми велосипед за да се вози низ селото. 

Angkor Wat

Angkor Wat
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 110,00 USD

Нѐ очекува будистичка авантура во еден од најфасцинантните храмови на #целсвет. Го посетуваме древниот Анкор Ват -- најголемиот манастирски комплекс на светот, кој вклучува повеќе од 1.000 религиозни објекти, храмови и скулптури. Комплекс кој дефинтивно го имаме видено на некој холивудски блокбастер, a претставува бисер на древната историја на Камбоџа. Овој познат комплекс е под заштита на УНЕСКО и се смета за најважниот археолошки локалитет во Југоисточна Азија. Храм кој има повеќе од 1000 различни скулптури и објекти, изградени од различни кмерски кралови. Посетуваме неколку помали храмови кои се во склоп на овој комплекс, а јаготката на шлагот е главниот храм Анкор Ват. Овој светски познат храм некогаш би духовниот центар на многуте кралства кои се простирале на овие простори. Кралствата доаѓале и заминувале но храмот останал. Денес е најважниот симбол на државата Камбоџа. 

Кампонг Плук

Кампонг Плук
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 55,00 USD

Тргнуваме кон традиционалното плутачко камбоџанско село Кампонг Плук (Kampong Phluk). Името на селото во превод значи „Пристаниште на слоновите китови“, бидејќи во минатото се трговало со слонови на тоа место. Во селото живеат локалци од кмерско потекло, кои ги изградиле своите сојници на 10 метри височина над езерото Тонле Сап, кое е опкружено со шума. Езерото е  најголемото слатководно езеро во Југоисточна Азија додека неговата хидрологија им овозможува на локалците мошне карактеристичен начин на живот. Тоа значи дека зависно од сезоната се менува начинот на животот на селаните. Жителите за време на врнежливата сезона живеат од риболов додека за време на сувата сезона се симнуваат доле во пољаните и се занимаваат со земјоделије. Се дружиме со локалното население и се запознаваме со нивниот начин на живот и обичаи. Ќе разговараме со мештаните на ова село и ќе уживаме во неверојатниот залез на сонцето. Навистина едно од најуникатните и најавтентичните исксутва во Камбоџа. 

Hanoi City Tour

Hanoi City Tour
Цена: 45,00 USD

Се запознаваме со престолнината на Виетнам, градот Ханои. Културниот и економскиот центар на северен Виетнам и воедно најпосетениот град во државата. Дали сте спремни за авантура во главниот град на една од најразвиените држави во Азија? Се запознаваме со обичаите на луѓето во овој дел од светот, го посетуваме стариот град и уживаме во боите и мирисите на Азија . Ханои како еден од најстарите градови во Југоисточна Азија, основан во 1010 година под името Tang Long. Низ долгата историја, градот секогаш бил културен центар на Виетнам. Во градот сега има повеќе од 600 пагоди и храмови, правејќи го своевиден духовен центар на Виетнам. Во оваа обиколка ќе ги видиме најважните обележја од виетнамската историја како и обележја кои ја трансформирале оваа држава во тоа што е денс. Почнуваме со градините покрај езерото Хоан Кием па се упатуваме кон храмот на хероите Нгок Соен, Бут Куле каде ќе се фасцинираме од легендите кои датираат од 7-миот век. Не смееме да ги пропуштиме палатите Чаитман, мавзолејот на виетнамскиот лидер Хо Ши Мин, градскиот плоштад Ба Динх, пагодата Тран Квок, храмот Кван Тхан и храмот на литературата. Ќе доживееме неверојатен сплет на историјата и модерното време и се тоа само во еден град, Ханои.

Ha Long Bay

 Ha Long Bay
Цена: 75,00 USD

Одиме на место кое може да се најде единствено во фатастичните светови на приказните и Виетнам. Станува збор за Халонг Беј (Halong Bay) кој се наоѓа источно од градот Ханој. Тоа е речиси скриен залив во кој се наоѓаат околу 2000 мали острови, односно, повеќето од овие острови се всушност карпести формации кои изникнуваат од кристално зелената вода на повеќе од 1500 км². Од 1994 година, овој залив се наоѓа на листата на природно наследство под заштита на УНЕСКО. Неговите 2000 зелени острови формираат бариера, која го штити заливот од силни ветрови и не дозволуваат тие да ја нарушат мирнотијата/чистотата на водата. Се качуваме на брод и пловиме по овој необичен залив. Со бродот пристигнуваме до пештера, каде што се бањаме во кристално чистите води на овој залив. Доколку сте расположени за истражување на островите имате и можност со кајак да го истражите ова мистично место. 

Сместување

Liberty Hotel Saigon Greenview

Liberty Hotel Saigon Greenview
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Liberty Hotel Saigon Greenview е хотелско сместување со 3 ѕвезди по локална категоризација. Сместувањето се наоѓа во центарот на градот блиску до Палатата на независноста од каде и самиот хотел го добива своето име. Се сместуваме во двокреветни соби со брачен кревет, сопствено купатило, клима уред, телевизор со сателитски канали и бесплатен WIFI интернет. 

Вебсајт https://www.libertysaigongreenview.com/en/

Адреса 187 Đ. Phạm Ngũ Lão
Phường Phạm Ngũ Lão
Quận 1
Hồ Chí Minh
Vietnam

Blanc Smith Residence

Blanc Smith Residence
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Blanc Smith Residence е хотелско сместување со 4 ѕвезди по локална категоризација. Сместен во Сием Реп, на 200 метри од King's Road Angkor, Blanc Smith Residence нуди сместување со надворешен базен, бесплатен приватен паркинг и заедничка надворешна тераса. Гостите имаат на располагање 24-часовна рецепција, трансфер до аеродромот, room service и бесплатен WiFi низ целиот објект. Собите на хотелот располагаат со климатизација, гардеробер, електричен чајник, фрижидер, сеф, сателитска телевизија и двокреветни соби со сопствен тоалет.

Вебсајт https://www.blancsmithresidence.com/

Адреса 7 Makara Street Sala Kamreuk Road Krong Siem
Reap 17254
Cambodia

Bonne Nuit Hotel & Spa Hanoi

Bonne Nuit Hotel & Spa Hanoi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Bonne Nuit Hotel & Spa Hanoi е модерно хотелско сместување со 4 ѕвезди по локална категоризација. Сместен во центарот на градот Ханои, хотелот е само на неколку улици од најважните градски знаменитости. Во непосредна близина на хотелот е познатиот Thang Long Water Puppet Theater и старата градска порта на Ханои. Се сместуваме во двокреветни соби со брачен кревет, сопствено купатило, клима уред, телевизор со сателитски канали и бесплатен WIFI интернет. 

Вебсајт https://bonnenuithanoi.com/

Адреса 26 P. Cửa Đông
Hàng Mã
Hoàn Kiếm
Hà Nội
Vietnam

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за дестинацијата, како и неколку совети за ова патување.

 

Виетнам

1.  ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗЕМЈАТА


Држава во Југоисточна Азија. Сместена е на брегот на Јужното кинеско море и Тајландскиот залив. На север граничи со Кина, на запад со Лаос, а на југозапад со Камбоџа.
Површина на земјата: 331.210 км², 66. по големина во светот
Број на жители: 94,34 милиони жители
Главен град: Ханои (3,29 милиони жители)
Националност: Виетнамци (85,7%), други етнички групи (14,3%)
Службен јазик: Виетнамски; англиски и француски често се користат
Религија: Неопределени (80,8%), Будисти (9,3%)

 

2.  ВИЗИ


За државјаните на Р.С. Македонија потребна е виза за посета и престој во Виетнам. Визи за Виетнам се изработуваат онлајн преку линкот: https://evisa.xuatnhapcanh.gov.vn/

Агенцијата може да посредува во изработка на туристичка виза или да обезбеди информации потребни за самостојно аплицирање за виза. Ако визата ја изработувате преку агенцијата, ќе треба да ни испратите целокупната документација потребна за аплицирање. Сите информации поврзани со изработка на визата ќе ги добиете навремено од агенцијата.

Цената на визата е 25€ (еднократен влез) или 50€ (влез со повеќе влезови).

Затоа што ќе имаме неколку влезови во Виетнам во текот на патувањето, обврзани сте да аплицирате за виза со повеќе влезови. Истата ќе чини 50€.

Патниците кои не се државјани на Македонија се должни самостојно да се информираат за визниот режим на државата во која патуваат.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC +7, што значи 6 часа напред во однос на Македонија.

4.  КЛИМА
Во областа Индокина преовладува тропска монсунска клима. Дождливата сезона трае од средината на мај до октомври, додека сувата сезона е во периодот од ноември до април. На север влажноста на воздухот е значително помала, а климата е поблага. Ноември и декември означуваат почеток на сувата сезона и ноќните температури во високи области понекогаш може да паднат до ниво на лесен мраз. Температурите почнуваат да се зголемуваат во јануари, кога може да достигнат и 40°C. Во Виетнам климата е тропска, со честите монсуни. На север се забележува пад на температурата помеѓу ноември и април. Температурите се движат помеѓу 5°C и 37°C.

5. ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ
Храната е многу разноврсна, типична за Азија. Има многу ориз, риба, тестенини, пиле, овошје и зеленчук. Виетнам има богат мени и развиени техники за подготовка на храна. Подготвувањето храна стана уметност меѓу виетнамскиот народ, па некои виетнамски јадења станаа светски познати. Во Виетнам можете да пробате некои многу вкусни јадења кои не можете да ги најдете нигде другаде во светот. Некои јадења се подготвени од морски плодови како што се ракчиња, риба, ракчиња и калмари… кои се релативно ретки и скапи во некои западни земји, но неверојатно евтини во Виетнам. Освен што можете да уживате во традиционални јадења како супа од тестенини (Pho), свински колбаси (Gio Lua), пролетно печиво (Nem Ran), рибни топчиња (Cha Ca) и др.

ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА
Вакцинацијата не е задолжителна. Нашите патници индивидуално одлучуваат дали ќе се вакцинираат или не. Препорачливо е да носите лекови за стомак (пробиотици) или некои лекови за болка и температура, за секој случај. Ако не ги носите, не е страшно, сè може да се купи и во аптеки во Виетнам. Исто така, таму има комарци, па би било добро да носите Аутан, а можете да купите средства против комарци и во Виетнам, од искуство, нивните средства се посилни.

ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурувањето не е задолжително, но дефинитивно го препорачуваме за далечни дестинации. Можете да го платите во која било осигурителна куќа и да го понесете на патување, или можете да го платите кај нас во канцеларијата до 5 дена пред патувањето.

СИГУРНОСТ И ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ
Сите посетители се советуваат да бидат многу внимателни. Препорачливо е внимателно да ги чувате личните документи и парите поради ризикот од кражба. Шетањето по улиците во доцните вечерни часови е препорачливо само ако не сте сами. Дрогата е нелегална и како таква казнива со закон и затвор.

ОБЛЕКА
Со оглед на пријатните температури, носете лесна гардероба. Треба да имате облека со качулка или некоја лесна јакна и некои долги панталони за возење во автобусите/авиони (кои се климатизирани). Кога ќе ги посетувате културно-историските знаменитости, конкретно храмовите, напоменуваме дека е задолжително покривање на нозете и рамената, така што обрнете внимание на тоа при пакувањето. Ако заборавите нешто, од облека, козметика, обувки, без паника, сè можете да купите таму.

КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ И БАНКОМАТИ
Банкарскиот систем е многу развиен, така што на секој чекор ќе најдете бројни банки и банкомати. За точната висина на провизијата треба да проверите со матичната банка. Нашата препорака е да носите готовина. Користењето на кредитни картички е можно, но тоа треба претходно да го најавите во вашата банка, за да немате проблеми со блокирање на картичката. Менувачниците исто така се наоѓаат на секој чекор и има и менувачници кои се достапни 24/7.

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат во Виетнам, а најлесно ќе биде ако земете локална SIM картичка/или E-SIM картичка. Исто така, интернет кафулиња се присутни секаде, а wireless е достапен во сместувањата.

Камбоџа

ВИЗА

За државјаните на Р.С. Македонија потребна е виза за посета и престој во Камбоџа.

eVisa (онлајн виза): Можете да аплицирате за eVisa преку официјалната веб страница на Камбоџа. Оваа виза е наменета за туристички цели и ви дозволува да останете до 30 дена во државата. 

Цена: 36 USD, вклучувајќи такса за обработка. Процесот на апликација трае обично околу 3 работни дена. 

 

ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗЕМЈАТА


Камбоџа е земја во југоисточна Азија. На југозапад се влива во Тајландскиот залив (јужниот дел на Кина). Граничи на запад и север со Тајланд, на север со Лаос и на исток и југ со Виетнам.
Површина на земјата: 181.035 км², 90. по големина во светот;
Становништво: 15,7 милиони жители
Главен град: Пном Пен (1,7 милиони жители)
Националност: Камбоџански - Кмери (90%), други: виетнамски, кинески;
Официјален јазик: кмерски;
Религија: будизам (будисти 96,9%);

 

ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Временската зона е UTC +7, што значи 6 часа напред во однос на Македонија.

 

КЛИМА
Во областа Индокина преовладува тропска монсунска клима. Дождливата сезона трае од средината на мај до октомври, а сувата сезона од ноември до април. Поради висока влажност, пониските температури е тешко да се поднесат. На северот влажноста на воздухот е значително пониска, а климата е поблага. Ноември и декември ја најавуваат сувата сезона, а ноќните температури во областите со висока надморска височина понекогаш може да паднат на ниво на блага есен. Температурите се зголемуваат во јануари, кога може да достигнат до 40°C.
Во Виетнам климата е тропска, со чести монсуни. На северот температурата паѓа помеѓу ноември и април. Температурите се движат помеѓу 5°C и 37°C.
Во Камбоџа климата е монсунска. Од декември до април преовладува суво период кога преовладува сувиот североисточен монсун. Просечните температури се движат помеѓу 21°C и 35°C.
Во Тајланд температурата е летна (висока) цела година. Регистрираните температури се движат помеѓу најниската 20°C и највисоката 38°C.

 

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ
Храната е многу разновидна, типична азиска. Има многу ориз, риба, тестенини, пиле, овошје и зеленчук.
Камбоџанската кујна се одликува со честа употреба на билки, треви и зеленчук. Камбоџанската кујна има репутација на една од најстарите и најздравите во светот. Најважниот додаток на сите јадења е ориз и тестенини различни видови и облици. Од месо се јадат пиле, патка, свинско и телешко месо. Се консумираат бројни видови овошје и зеленчук. Специјалитет на камбоџанската кујна е Амок - паста за кари со кокосово млеко и бројни додатоци, спакувана во лист од банана. Тука се и супи со тестенини, роштиљ, салата од манго и разни други слатко-лути-кисели комбинации.

 

ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА
Вакцинацијата не е задолжителна. Нашите патници индивидуално одлучуваат дали сакаат да се вакцинираат или не. Најдобро е да се консултирате со Институтот за тропски болести и да проверите. Препорачливо е да понесете лекови за стомак (пробиотици), Нефен или некои лекови за болки и температура, за секој случај. Ако не понесете, не е страшно, може да се купат во аптеките таму. Исто така, таму има комарци, па би било добро да понесете и Автан, а можете и таму да купите средства против комарци, по искуство, нивните средства се појаки.

 

ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурувањето не е задолжително, но се препорачува за далечни дестинации. 
 

ПОАЃАЊЕ
Со оглед на пријатните температури, носете лесна гардероба. Треба да имате облека со качулка или некоја лесна јакна и некои долги панталони за возење во автобусите/авиони (кои се климатизирани). Кога ќе ги посетувате културно-историските знаменитости, конкретно храмовите, напоменуваме дека е задолжително покривање на нозете и рамената, така што обрнете внимание на тоа при пакувањето. Ако заборавите нешто, од облека, козметика, обувки, без паника, сè можете да купите таму.

 

КРЕДИТНИ КАРТИЧИ И БАНКОМАТИ
Банкарскиот систем е многу развиен, така што на секој чекор ќе најдете бројни банки и банкомати. Проверете со вашата банка точен износ на провизија. Нашата препорака е да понесете готовина.
Користењето кредитни картички е можно, но мора да ја известите вашата банка однапред за да не се соочите со проблеми со блокирање на картичката. Исто така има менувачници на секој чекор, достапни преку ден.

 

КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи работат во Камбоџа, а најлесен начин е да купите локална СИМ картичка. Исто така, интернет кафичи има насекаде, а Wi-Fi е достапен во сместувањето.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.