Европа

Европа

Европа, вториот најмал континент на светот, претставува рај за туристите. Се чини дека е најтежок изборот која земја прва да ја посетите - затоа што стариот континент крие мноштво несекојдневни убави дестинации.
Медитеранот привлекува на бројните плажи во Грција, Италија, Шпанија и Франција. Истите земји се и асоцијација за прочуената храна - сладолед, пица, вино, гиро, шунка, вкусни благи... Но и прочуените туристички симболи - Ајфелова кула, Партенон, Колосеум, Саграда Фамилија и многу други.
Средна Европа пак ги воодушевува љубителите на историјата, а островската култура на Велика Британија ги оживува сцените за кои читаме во книгите и кои ги гледаме во филмовите.
Уметниците од овој континент оставиле длабог печат во историјата на светот - Леонардо Да Винчи, Климт, Ван Гог, Гауди, Рембрант и многу други. Нивното творештво се чува во славните европски музеи или пак ги краси улиците на бројните европски градови.
Европскиот дух е секогаш урбан - за тоа најмногу сведочат Амстердам и Берлин.
Најдобрата забава и доживување на новите дестинации се речиси неизбежни на веќе традиционалните патувања на кампување за Први мај, потоа Трансилванија за ноќ на вештерките, летните патувања и секако најдобриот дочек на Нова година ширум континентот.
Изборот каде да појдете со нас во Европа навистина не е лесен - но за каде и да се одлучите да одите можете да бидете убедени дека нема да погрешите, затоа што со Jungle Tribe се најавтентичните и најдобрите европски патувања!

Поаѓања

Патувања

Дестинации