Исланд

Исланд

Од Жил Верн до светски познатиот серијал „Игра на тронови“, Исланд со својата фасцинантно сурова природа успеал да послужу како инспирација за бројни книжевни и научни потфати. Земјата на Викинзите е последната држава во Европа која ја населиле емигранти од Скандинавија и Велика Британија. Таа и понатаму е една од најненаселените држави на светот, со само 3 жители по квадратен километар. Активни вулкани, јарко зелени долини, глечери и фјордови, црни песошни плажи и заглушувачки реки го прават Исланд свој, карактерен и авантуристички.

Исткаена со нишките на непредвидливата природа, судир на мраз, оган, вода и воздух, овој вулкански остров претставува и „најзелената“ земја на светот со недопрена природа и тенденција за намалување на употребата на фосилни горива и мотори со внатрешно согорување. Од Рејкјавик, престолнинатана на земјата со полноќно сонце, преку величествените гејзери и „златниот водопад „Gullfoss“, природата на оваа фасцинантна земја обликувана од вулкански ерупции, потоа славните Сини лагуни, па сѐ до Reynisfjara плажата со црн песок - сето ова подеднакво ги остава без зборови оние кои ќе го посетат Исланд. 

Патувања