Исланд Експедиција

Исланд Експедиција

цена од
1.399
EUR ,00
сега од
1.249
EUR ,00
траење
8 дена
Пријави се Барање
Барање

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за сите љубители на природата, трагачи по авантури и бестрашни патници: ОВАА ГОДИНА ГО ОСВОЈУВАМЕ МАГИЧНИОТ ИСЛАНД!!!

Ја истражуваме земјата на прекрасните бои: ги истражуваме нијансите на азурната боја во Сината лагуна и ледениот Јокулсарлон (Jokulsarlon), зеленилото на ридовите на познатиот водопад Скогафос (Skógafoss) и впечатливите плажи со црн песок што го прегрнуваат брегот на овој фасцинантен остров. А се разбира не смее да се пропушти магичната глетка на поларната светлина која танцува низ небото на овој остров!!! Дали знаевте дека во 2024 има најголема шанса да се види мистичната Aurora Borealis!! 

Секој ден исполнет со нова незаборавна авантура!! Топографијата на островот се состои од планини, активни и изумрени вулкани, глечери, реки, езера, пештери, гејзери и други видови суров терени кои чекаат да бидат истражени и доживеани.  Планинариме, истражуваме скиени пештери, пливаме во геотермални базени, искачуваме ледени глечери, одиме на сафари -- крстариме по фјордови и се дружиме со китови!!

Од откривање викиншки приказни и капење во парни бањи до крстарење покрај санта мраз и истражување на уникатни формации!!

Исланд е експедиција како ниедена друга!!

 

ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА САМО ОВОЈ ОКТОМВРИ!!!


Рута
Скопје
Рејкјавик
Виена
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Европа, Исланд
Видови патувања
Експедиции
Код на патување
IS5
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанокот на патниците на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Austrian Airlines, со преседнување во Виена. Пристигнување во Рејкјавик. Трансфер до сместувањето. Добредојдовте на Исланд! Нашата авантура започнува во Рејкјавик, најсеверната престолнина на светот и место полно со шарм. Ноќевање

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Рејкјавик (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hotel Cabin Iceland 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Рејкјавик

Слободно време за истражување на Рејкјавик. Ја впиваме културата и разнобојноста на цивилизацијата на далечниот север, потомците на Викинзите, учиме за нивната култура, се дружиме со локалците, го пиеме познатото домашно исландско пиво и пробуваме локални специјалитети. Вистинските авантуристи имаат можност да пробаат маринирано месо од ајкула, закиселени "бели бубрези" од овен и месо од кит. Ноќевање.

Сместување

Hotel Cabin Iceland 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет во Snaefellsnes националниот парк. Место кое го инспирирало Жил Верн да го напише своето дело "Пат до центарот на земјата". Уживаме во природата која ја опкружува Kirkjufell планината и Snaefellsjokull  глечерот, поминуваме низ типичните рибарски села Hellnar и Arnastapi, се дружиме со локално население, јадеме локална храна и го набљудуваме моќниот Snaefellsjokul вулкан. Враќање во сместувањето. Ноќевање

Сместување

Hotel Cabin Iceland 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет на самиот југ на Исланд. Ги посетуваме Seljandsfoss и Skógafoss водопадите, формацијата на некогашните морски карпи одзема здив додека во далечина ги гледаме Eyjafjallajokul и Hekla активните вулкани, но и Sólheimajökull глечерот. Ја посетуваме познатата црна плажа -- Reynisfjara, за која легендата вели дека настанала со скаменување на нескротливите тролови. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Hotel Cabin Iceland 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет на познатата сина лагуна. Една од најубавите термални бањи на #целсвет, температурите на оваа бања се движат од 37-39C степени. Се капеме во топли извори и уживаме во нереална средина со пејзаж покриен во снег, мраз, карпи. Искуство кое ќе го паметиме цел живот. По уживањето во топла вода и пијалок, се враќаме во нашето сместување. Ноќевање

Сместување

Hotel Cabin Iceland 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет во таканаречениот Golden circle кој е дел од Thingvellir националниот парк - геолошка подлога на која се одвојуваат масивните тектонски плочи на Европа и Америка и гејзерот, кои се наоѓаат на листата на УНЕСКО како заштитени природни добра. Гејзерот се наоѓа во долината, заедно со уште педесеттина врели извори чие клокотење може да се чуе под земјата. На секои осум минути ќе имаме прилика да се воодушевуваме на ерупцијата, чиј млаз оди цели 30 метри во височина! Исланд заради тектонските пореметувања и вулканските активности има уште 3000 врели извори, места каде избива земен гас, бањи со лековита кал и гејзери. Вистински мал рај за вулканолозите и геолозите! Исто така го посетуваме и величенствениот "Златен водопад" Gullfoss, сместен на глечерската река Hvitá. Се запознаваме со природата на оваа фасцинантна земја обилкувана од вулкански ерупции. Враќање во сместувањето. Ноќевање

Сместување

Hotel Cabin Iceland 1 ноќ

Место

  • Рејкјавик

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Купуваме сувенири, уживаме и се збогуваме со оваа фасцинантна земја. Вечерен трансфер до аеродром. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром

Храна

  • Континентален појадок × 1

Вечерен лет за Скопје, со преседнување во Виена. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рејкјавик- Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Скопје (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж.

Место

  • Рејкјавик
  • Виена
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Cabin Iceland Пример 6 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Рејкјавик (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рејкјавик- Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Скопје (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж.

Храна

6 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Полуостровот Snaefellsnes

Полуостровот Snaefellsnes
Цена: 130,00 EUR

Полуостровот Snaefellsnes: Gerduberg карпите – Hellnar Djupalonssndur Hellissandur – Место кое го инсприрало Жил Верн да го напише своето дело "Пат до центарот на земјата". Уживаме во природата која ја опкружува Kirkjufell планината и Snaefellsjokull глечерот, поминуваме низ типичните рибарски села Hellnar и Arnastapi, му се восхитуваме на моќниот Snaefellsjokul вулкан. Ја посетуваме и Djupalonssndur плажата и Hellissandur, едно од главните рибарски места во западен Исланд. (времетраење на излетот од поаѓање до враќање во сместувањето - 13 часа. Поаѓање околу 7-8 часот наутро)

Јужен Исланд

Јужен Исланд
Цена: 130,00 EUR

Јужен Исланд: Водопадот Seljalandsfoss, Skogafoss, Reynisfjara црната базалтна плажа и Вик. Го посетуваме водопадот Seljalandsfoss и Skogafoss - формација на некогашен морски гребен кој го одзема здивот, додека во далечината ги гледаме Eyjafjallajokul и Hekla - активни вулкани кои сеуште повремено исфрлаат дим, но и глечерот Solheimajokull. Ја посетуваме базалтната плажа Reynisfjara чија легенда вели дека настанала со скаменување на злобни тролови. Излетот трае околу 11 часа, а се поаѓа околу 8-9 часот наутро.

Сината лагуна

Сината лагуна
Цена: 150,00 EUR

Сината лагуна: По високите планини, пешачење и планинарење овој ден го посветуваме на душата и телото во оаза каде температурата на водата се движи од 36-39 целзиусови степени и велат дека има магични, подмладувачки својства. Уживаме во пејсажот одмарајќи се во изворите на топла вода. (Во цената е вклучена влезница во Сината лагуна и разгледување на полуостровот Reykjanes).

Golden Circle

Golden Circle
Цена: 130,00 EUR

Golden Circle: Националниот Парк Thingvellir, гејзерот и водопадот Gulfos – геолошка подлога на која се одвојуваат масивните тектонски плочи на Америка и Европа и гејзeр, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО на заштитени природни богатства. Ќе имаме прилика да сведочиме на ерупцијата на врел млаз вода на еден од најпознатите и најимпозантните гејзери на Исланд, но и во светот. Го посетуваме и Златниот водопад Гулфос, сместен на глацијалната река Хвита (времетраењето на излетот од поаѓањето до враќањето е 8 часа. Поаѓањето е околу 8 часот наутро).

Сместување

Hotel Cabin Iceland

Hotel Cabin Iceland
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Cabin e сместувачки објект со 2* (по локална категоризација) во Рејкјавик, Исланд. Хотелот се наоѓа на само неколку чекори од шеталиштето покрај Исландското море. Хотелот располага со сопствен ресторан и бар. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствено купатило, телевизор, и електричен kettle.

Услугата е на база ноќевање со појадок!

Вебсајт https://hotelcabin.is/en/

Адреса Borgartún 32
105 Reykjavík
Iceland

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.