Италија е земја со богата историја, култура, најдобар сладолед, пица, лазањи, вино и совршени брегови.
Кога ќе се одлучите за патување во Италија, тешко е да одберете дестинација, затоа што сите се во конкуренција.
Калабрија - брегот на Тиренското Море познат како брег на боговите, идеален за одмор во прекрасна природна средина.
Сицилија - највкусната морска храна и сладолед (gelato) додека слушате приказни за мафијата и уживате во деновите на најубавите плажи.
Рим – главниот град на Италија познат како „Вечниот град“, исполнети денови полни со историја и неверојатни градби како Колосеум, Пантеон, Систинската капела, Шпанските скали и Фонтаната Треви.
Лигурија - регион кој се протега веднаш по француската ривиера, гордо стои со Џенова и градовите како Савона, Ла Специја и Санремо.
Тоскана - регион во кој се пијат најдобрите италијански вина и град кој не смее да се пропушти при посета на Италија.
Сардинија - остров познат по прекрасните плажи и кристално чистото море.
Брегот на Амалфи - брег познат како брег на лимон ќе го натера секој да ги направи најубавите фотографии од патувањето бидејќи градовите Амалфи и Позитано се совршени за тоа.
Тежок избор, нели?
Никако не треба да прескокнете да ги видите петте села со шарена фасада Cinque Terre, да ја „придржите“ кулата во Пиза, да застанете покрај некое уметничко катче во Фиренца, да ја доживеете единствената глетка на единствениот активен вулкан - Етна...
Летување во Италија е вистинскиот избор за оние кои сакаат да уживаат во врелиот дух на Јадранот или Медитеранот, највкусните морски плодови и сладолед, како и прошетки низ шармантните градчиња покрај море.
Патувањето во Италија ќе ви помогне да сфатите зошто на многумина е омилена земја.
Тргнете да истражувате со нас!