Рим, вечниот град, е место каде што минатото и сегашноста се спојуваат во една долга приказна која трае векови. Овој град не е само главен град на Италија, туку е и душата на Западната цивилизација. Секој камен, секоја улица, секоја зграда зборува за една историја која никогаш нема да биде заборавена. Рим е како жив музеј, каде што не е потребно да се стои пред експонатите – туку само да се прошетате и да почувствувате како историјата ве опкружува.
Од Колосеумот, величествениот амфитеатар кој бил арената на најголемите борби во античкиот Рим, до Римскиот форум кој е сведок на појавата на еден од најмоќните империуми во историјата. Рим ви ги дава сите приказни кои и денес не престануваат да ве фасцинираат. Кога ќе ги погледнете овие величествени градби, ќе почувствувате како во вас се буди духот на римските гладијатори, сенаторите и императорите.
Тука, во Рим, ќе се изгубите во уличките на Trastevere и ќе се најдете пред Пантеонот – храмот што римјаните го изграделе за боговите, а кој денес ја фасцинира целата планета со својата безвременска убавина. И не треба да заборавиме на Ватикан – духовниот центар на католичката црква и дом на Папата. Ватикан не е само дом на светските духовни лидери, туку и дом на уметничките дела кои го слават создавањето на човекот во Систинската капела и Рафаеловите соби.
Но Рим не е само историски и уметнички простор. Тоа е и град кој живее со полно срце, со живи плоштади, како Piazza Navona и Шпанијалските скали, каде што секој чекор е потопен во светот на модата, храната и неверојатната италијанска култура. Piazza di Sapgna е местото каде што младите и туристите од целиот свет се собираат за да уживаат во атмосферата на Рим.
И, како што е својствено за вечниот град, Рим има своја душа која го прегрнува секој агол. Тоа е место каде што времето се прелива од улица во улица. Тука, минатото е живо, и секој ден е нов почеток за некоја нова историја.
Рим не треба да се споредува со ништо. Тоа е единствено место во светот кое никогаш нема да ја изгуби својата магија. Сите кои ќе го посетат ќе почувствуваат дека тој град е нешто што мора да се доживее, да се запознае и да се почувствува. Рим е историја, уметност, живот – и сè што треба да направите е да се препуштите на неговата магија. Рим не повикува, наше е да се спакуваме и да полетаме кон него!
Состанок на патниците во вечерните часови и трансфер до Аеродромот во Тирана, Албанија. Авантурата може да започне!
Превоз
Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана
Место
Скопје
Тирана
После краткиот лет, во раните утрински часови пристигнуваме во вечниот град Рим! Се впуштаме во неверојатните пејзажи и барокна архитектура. Во првото истражување на градот Рим ќе го посетиме Piazza Navona, плоштад кој што постои од времето на старите римјани и до ден денес го краси центарот на Рим. Продолжуваме кон Пантеон (The Pantheon), црква која што во времето на големиот Цезар служела како храм за боговите на тогашните римјани. Преоѓаме од антиката во барокот. Се упатуваме кон Fontana di Trevi, најважната и најолемата барокна атракција во Рим. Нејзината големина и навистина детална конструкција ја прави оваа фонтана една од најубавите на #ЦелСвет. Нашата авантура ја продолжуваме на познатите Шпански скали каде што одмараме, се сликаме и уживаме во убавините на Рим. Завршуваме на Via del Corso -- главната шопинг улица во Рим, каде што има стотици ресторани, продавници и кафулиња. По нашиот целодневен излет се враќаме во нашето сместување. Ноќевање
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Рим, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
Продолжуваме со истражување на вечниот град. Започнуваме во срцето на Рим каде ги гледаме највпечатливите антички конструкции од времето на римските императори. Се упатуваме кон единственото светско чудо во Европа -- Колосеумот (Colloseum)! Нееговата големина и комплексна архитектонска конструкција не транспортира во времето на Спартак. Овој спектакуларен дом на гладијаторските борби нуди уникатен поглед во како старите римјани го поминувале своето слободно време. Продолжуваме кон Римскиот форум (Roman Forum), срцето на демократијата во стариот Рим каде што најголемите мислители на антиката ја обликувале оваа импозантна цивилизација. Чекориме по стапките на Цезар, Цицерон, Брутус и безброј други сенатори. На крајот се запознаваме со Палатинскиот рид (Palatine Hill), духовниот центар на старите римјани и центар на римската моќ -- еден од најстарите делови на Рим. Оттука потекнува и самата приказна за настанувањето на градот. Оваа прошетка низ градот не е само разгледување на споменмиците туку вистинска авантура низ историјата на една од најмоќните цивилизации на #ЦелСвет.
Овој ден го истражуваме единствениот Ватикан – духовниот центар на милијарди луѓе низ светот и дом на Папата. Не исчекуваат ремек-делата на најголемите уметници на светот. Нашето патување започнува со посета на Ватиканските музеи, еден од најпознатите и најважни музејски комплекси. Овде ќе ги истражите богатствата на ренесансната и античката уметност – од скулптури и слики, до древни артефакти. Но, најимпресивниот експонат на музеите е Систинската капела каде се наоѓа познатата фреска на Микеланџело -- Создавањето на Адам. Секој чекор ќе ве води низ уметност која е не само бесмртна, туку и духовно инспиративна. Следно на нашата рута е Базиликата Св. Петар, еден од најголемите и најимпресивни христијански храмови во светот. Архитектонските чуда создадени од Браманте, Рафаело и Микеланџело, а посебно ќе ве воодушеви огромната купола која нуди неверојатен поглед на целиот Ватикан и Рим. Нашата авантура продолжува со прошетка низ Плоштадот Св. Петар, каде ќе го почувствувате духовниот и историскиот тежина на ова место. Опкружени со величествени столбови, не заборавајте да се фотографирате со една од најголемите и најстари базилики на #ЦелСвет.
Се упатуваме кон омиленото место на римските императори, Тиволи. Тоа е градче кое се наоѓа на еден час од центарот на Рим. Во старите времиња римските императори оделе овде за да се одморат после нивните напорни денови во Римскиот Форум. Така и ние се упатуваме кон мирното градче Тиволи со цел да се одмориме од динамичниот Рим. Сместено на ридовите во близина на Рим, Тиволи има одличен поглед на римската провинција. Самото градче располага со неверојатно богата историја и архитектура која нуди прибежиште и раскош. Најголемите палати на римските императори се наоѓале токму тука и ќе имаме можност да ги посетиме. Интересно е тоа што во ова градче преовладува антиката, но и ренесансата. Ги посетуваме палатите на ренесансните грофови декорирани со најбогатите фонтани и ренесансна архитектура.
Се будиме наутро. Појадуваме и претпладне го напуштаме нашето сместување. Последниот ден имаме слободно време да се поздравиме со овој неверојатен град. Разгледуваме делови од градот кои не успеавме да ги видиме во текот на предходните денови. Во вечерните часови се упатуваме кон аеродромот.
Превоз
Локален трансфер од сместување до аеродром
Место
Рим
Пристигнување во Тирана по полноќ. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рим - Тирана, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
Локален трансфер од аеродромот во Тирана до Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.
Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestrо
Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Рим, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
Трансфер од аеродром до сместувањето
Локален трансфер од сместување до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рим - Тирана, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
Локален трансфер од аеродромот во Тирана до Скопје
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Туристичка такса која изнесува 6-7,50 ЕУР од ноќевање по лице и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Rome City Tour
ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ
Дали сте спремни за авантура во Рим, главниот град на Италија? Место кое го комбинира богатото римско минатото со модерната европска култура. Буквално секој агол е историски споменик, а секој чекор е прошетка низ времето. Со својата неверојатна архитектура, културно богатство и магичната атмосфера, Рим ја носи мистиката на своето античко наследство.
По појадокот започнуваме со Piazza Navona, еден од најпознатите плоштади во Рим, каде што ќе ја уживаме импозантната Барокна архитектура. Тука се наоѓа и Фонтаната на Четирите Реки (Fontana dei Quattro Fiumi), дело на познатиот скулптор Бернини. Се упатуваме кон следниот градски споменик а тоа е Pantheon, еден од најдобро зачуваните антички споменици во светот, кој впечатливо ги комбинира класичните и римските архитектонски стилови.
Продолжуваме со барокот и одиме кон Fontana di Trevi! Легендата налага дека, ако фрлите монета во водата, ќе се вратите еден ден повторно во Рим. Овој барокен споменик е еден од најпосетуваните во градот и претставува задоволство кое дефинитивно мора да се види. Кога првпат била изградена оваа фонтана, водата била толку чиста што локалците ја пиеле водата и верувале во нејзините лековити влијанија.
За крајот на оваа авантура се упатуваме кон Шпанските Скали, место каде што локалците и туристите се собираат за да уживаат во атмосферата на Рим. Одмараме со поглед на Piazza di Spagna или седнуваме во околните кафулиња кои создаваат совршена амбиентална атмосфера.
Веруваме дека оваа авантура во срцето на рим нема да не остави рамнодушни.
Антички рим -- Колосеум, Римскиот Форум и Палатинскиот Рид
Цена:
40,00 EUR
Дали сте спремни за Jungle авантура во античко време? Времето на гладиаторите, сенатори и на императорите. Започнуваме во срцето на Рим каде ги гледаме највпечатливите антички конструкции од времето на римските императори. Започнуваме со единственото светско чудо во Европа -- Колосеумот (Colloseum)! Се транспортираме во времето на Спартак. Овој спектакуларен дом на гладијаторските борби нуди уникатен поглед во како старите римјани го поминувале своето слободно време. Продолжуваме кон Римскиот форум (Roman Forum), срцето на демократијата во стариот Рим каде што најголемите мислители на антиката ја обликувале оваа импозантна цивилизација. Чекориме по стапките на Цезар, Цицерон, Брутус и безброј други сенатори. На крајот се запознаваме со Палатинскиот рид (Palatine Hill), духовниот центар на старите римјани и центар на римската моќ -- еден од најстарите делови на Рим. Оттука потекнува и самата приказна за настанувањето на градот. Оваа прошетка низ градот не е само разгледување на споменмиците туку вистинска авантура низ историјата на една од најмоќните цивилизации на #ЦелСвет.
Ватикан
Цена:
60,00 EUR
Дали сте спремни за духовно патување во центарот на христијанскиот свет? Ватикан, место полно со историја и уметничко богатство, е неповторливо искуство што ќе ви остави без здив.
Нашата тура започнува со посета на Ватиканските музеи, еден од најважните музејски комплекси во светот. Овде ќе се запознаете со неограниченото богатство на ренесансни и антички уметнички дела, од скулптури, картини, до древни артефакти. Но, најголемиот акцент на музеите е Систинската капела, со своите познати фрески на Микеланџело, каде што секој чекор ќе ве води низ уметност што е не само бесмртна, туку и духовно инспиративна.
Следно, ќе ја посетиме Базиликата Св. Петар, еден од најголемите и највпечатливи христијански храмови на светот. Ќе се восхитуваме на архитектонските чуда создадени од Браманте, Рафаело, и Микеланџело, а посебно ќе бидеме воодушевени од куполата која нуди неверојатен поглед на целиот Ватикан и Рим.
Турата продолжува со прошетка низ Плоштадот Св. Петар, каде што ќе ја почувствувате духовната и историската тежина на ова место. Овде, опкружени со монументалните столбови, едноставно мора да се фотографирате со една од најголемите и најстари базилики на #ЦелСвет.
За влез во Ватиканските музеи & Систинската капела купуваме Standard Entry Ticket. Влезот во Базиликата Св. Петар е бесплатен, но доколку сакате да влезете во St. Peter’s Basilica Dome тоа се доплаќа 10,00 EUR и не е вклучено во цената на излетот. Овој дел од базиликата е достапен по скали или скали + лифт.
Тиволи
Цена:
60,00 EUR
Одиме кон омиленото место на римските императори, Тиволи. Тоа е градече кое се наоѓа на еден час од центарот на Рим. Во старите времиња римските императори оделе овде за да се одморат после нивните напорни денови во Римскиот Форум. Така и ние се упатуваме кон мирното градче Тиволи со цел да се одморимеод динамичниот Рим.
Сместено во ридовите на римската околија, Тиволи има одличен поглед на римската провинција. Самото градче располага со неверојатно богата историја и архитектура која нуди прибежиште и раскош. Најголемите палати на римските императори се наоѓале токму тука и ќе имаме можност да ги посетиме. Интересно е тоа што во ова градче преовладува антиката но и ренесансата. Ќе ги видиме палатите на ренесансните грофови декорирани со најбогатите фонтани и ренесансна архитектура.
Факултативен излет ТИВОЛИ - во цената на овој излет вклучени се јавен превоз, локален водич, влезница во Villa d'Este и претставник од агенцијата.
Сместување
Хотел со 3* во Рим
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел 3* (по локална категоризација) на одлична локација во Рим. Сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање. Точното име на хотелот ќе биде потврдено најдоцна 4 недели пред поаѓање.
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
ВИЗА За државјаните на Македонија не е потребна виза.
ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ За патување во Италија не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.
ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ Температурата преку ден во Април се движи помеѓу 15-20 степени, а навечер се симнува до 10 степени. Од облека Ви е потребна пролетна гардероба. Понесете лесна облека за преку ден а воедно да имате гардероба за поладните пролетни вечери. Ве советуваме да бидете спремни за очекуваните пролетни дождови и затоа понесте си кабаница за дожд .
БЕЗБЕДНОСТ Краткиот одговор е да, Рим е безбеден. Всушност, стапката на криминал е во опаѓање и е помала во споредба со некои други делови на Италија. Сепак, тоа не значи дека не постои. Како и секоја друга дестинација, има работи на кои треба да внимавате. Mоже да се случат ситни злосторства како џебни кражби или грабнување торби. Држете ги вашите новчаници ичанти при себе.
ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА Познато е дека Рим е дом на некои од најпрестижните ресторани во светот. Ретко кој друг град во светот поседува таква гастрономската сцена како што има Рим. Некои од најпознатите јадења во светот потекнуваат токму од овој неверојатен град. Ќе имате можност да ги пробате, Карбонарата, Амбјолето али Римана, Качиопполи, Гуанчинале, Римска пица па и многу други специјалитети. Тука навистина се случува кулминација на легендарната италијанска кујна со светските рецепти и специјалитети. Во склоп на овие неверојатни јадења морате да ги пробате познатите италијански вина. Рим е место каде што винската култура е стара илјадници години и затоа не смее да се пропушти шансата да се биде дел од една историска приказна.
Водата од чешма е безбедна за пиење.
ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА Нашите мрежи функционираат во Италија. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.
СТРУЈА Во Италија се користиат три поврзани типови на приклучоци, типови C, F и L. Тип на приклучок C е приклучок што има два кружни иглички, приклучок тип F е приклучок што има два тркалезни иглички со две заземјувачи на страна како секаде во Европа и приклучок тип L кој има три кружни пинови.
ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ Официјалната и основна валута во Италија е еврото.
ВРЕМЕНСКА ЗОНА Временската зона во Италија е Средно Европско Време и е исто како нашето сметање на времето.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.