Сицилија Авантура

Сицилија Авантура

цена од
999
EUR ,00
сега од
749
EUR ,00
траење
7 дена
Пријави се Барање
Барање

Сицилија, позната во антиката како Тринакриа, е најголемиот остров на Медитеранот, домот на најголемиот вулкан во Европа Етна како и на 400 изгасени и неколку активни кратери. Неговата важност била голема низ историјата, а неговата мистика никогаш не ја напуштила. Според грчката митологија, Сицилија е домот на предците на Киклопот Полифем, кој бил заслепен од Одисеј.

Тука многу работи се вртат околу бројот три, три вери и култури, три мориња, три ʽрта... Сицилијанскиот јазик е комбинација на три јазици - италијански, арапски и шпански, и основни производи се виното, житото и цвеќињата.

Острови познати по Семејството Корлеоне и некогашната лулка на мафијата, денес мирна оаза со прекрасни плажи, специјалитети од риба и неверојатни приказни.

Сицилија е остров надвор од секоја категорија. Тешко е да се опише со зборови. Секој треба да го посети и запознае овој недопрен бисер на Медитеранот. Остров кој има карактер и има душа. Место каде што ќе најдете живи улици, мешавина на култури кои оставиле трага од недовршени приказни, градови кои се исткаени со длабока желба да останат единствени, да се зачува секој значаен камен што зборува за бурното минато. 

На природните убавини овде им нема крај, од ридските предели кои кријат прекрасни панорамски погледи, до низините кои се исполнети со миризливи насади со лимони, портокали и мандарини. Во секоја долина се крие живописен град кој е тешко да се пропушти, а сето тоа е проследено со будно око од зовриената крв на вулканот Етна, кој одвреме-навреме ја покажува својата моќ со подригнување чад високо во облаците.

Jungle авантура на најшармантниот остров на медитеранот -- остров каде што повторно ќе се заљубите во италјанската кујна! Што ако ви кажеме дека сицилијанската кујна е една од најдобрите кујни во Европа. Острови исполнети со шарени италјански градови, но и некои од најубавите плажи во Европа -- острови со тиркизно море, бел песок и совршени beach барови. Подгответе ги вашите сетила и научете од Италијанците како да живеете живот каде сè е „Va Bene“.

Се гледаме на најновата Jungle авантура, освојуваме уште еден дел на Европа и се разбира на наш начин!!

Сицилијанците, велат дека Сицилија нема потреба да се споредува со други места, таа е автентична. Затоа не се вели дека Сицилија е како нешто, туку дека нештото Ве потсетува на Сицилија.


Рута
Скопје
Тирана
Катанија
Палермо
Катанија
Тирана
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Европа, Италија
Код на патување
IT21
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Лет од Тирана и пристигнување во Катанија во попладневните часови. Трансфер до сместувањето во Катанија. Нашата авантура ја започнуваме во Катанија со патување низ боите, мирисите и музиката на единствениот град кои бил 9 пати уништен и секој пат повторно изграден уште поубав. Го посетуваме главниот плоштад Дуомо, каде доминираат катедралата Св. Агатa и фонтаната на слоновите. Продолжуваме кон Плоштадот на Универзитетот, го посетуваме Театарот Белини, потоа ги посетуваме црквите Виа Кроцифери и улицата Етнеа. Завршуваме во срцето на историскиот центар каде се наоѓа и Римскиот Театар. Продолжуваме на рибниот пазар каде имаме шанса да ја пробаме највкусната улична храна подготвена со најсвежата риба на островот. Воодушевени од сицилијанската кујна, го завршуваме денот на плажа, порачуваме digestivo и уживаме! Потоа се враќаме во нашето сместување, имаме слободна вечер. 

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Катаниа, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Катаниа до сместувањето во Катаниа

Сместување

Hotel Villa Cibele 4* 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Тирана
  • Катанија

Факултативни излети

Започнуваме со нашата авантура во Таормина, волшебниот бисер на Јонското Море. Зaпочнуваме со катедралата и грчкиот театар. Пешачиме по главната улица -- Корсо Умберто, ги посетуваме најважните места во градот: Плоштадот на Катедралата Св. Никола, Плоштадот IX април, Стариот театар и Саат-кулата. Продолжуваме кон најубавиот видиковец на островот -- терасата на Белведере ди Таормина. Ги посетуваме некои од најпознатите места од серијата White Lotus. Како што се движиме низ Таормина, ќе имаме можност да видиме разновидни архитектонски стилови кои ги рефлектираат различните цивилизации кои оставиле свои отпечатоци во овој град. Се разбира како секоја Jungle авантура дел од денот мораме да го поминеме во некој од локалните beach барови, порачуваме Аперол и уживаме! Време е за последната авантура на нашиот ден го посетуваме највисокиот вулкан во Европа и најактивниот во светот -- Вулканот Етна. Се искачуваме на висина од 1890 метри и ги посетуваме познатите кратери -- Силвестри. Потоа се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време.

Превоз

  • Трансфер од Катаниа до Таормина

Сместување

Hotel Villa Cibele 4* 1 ноќ

Место

  • Катанија

Активности

  • Ден 3: Факултативен излет - Етна и Таормина Tour

Факултативни излети

Се одјавуваме од хотелот и одиме во посета на двата најубави градови на Сицилија -- Сиракуза и Ното. Сиракуза е светско наследство на УНЕСКО, додека Ното се смета за најубавиот град на сицилијанскиот барок. Започнуваме со Сиракуза -- област богата со археолошки наоди кои припаѓаат на неколку периоди од историјата, шетаме по улички стари преку 2000 години, полни со историја на кои не поминуваат автомобили. Нашата авантура ќе ја почнеме на прекрасниот остров Ортигиџа, историскиот центар на Сиракуза, кој е поврзан со градот само преку мост. Шетаме низ уличките и плоштадите на стариот град, почнувајќи од урнатините на храмот на Аполон, до катедралата и фонтаната Аретуса. По Сиракуза се упатуваме кон Ното, мал град на Сицилија кој ќе ве изненади бидејќи е како скриен скапоцен камен. Неговите тесни камени улички се атракција сами по себе. Градот живее и дише сицилијански барок. Започнуваме со Портата на Фердинанд, продолжуваме со катедрала Св. Николас и Плоштадот Св. Франческо. По нашата авантура во овие два прекрасни сицилијански града, имаме можност за уживање во најпознатото Caffe Sicilia -- каде пробуваме вкусно и типично сицилијанско слатко! Дали знаевте дека покрај прекрасните барокни згради -- во близина на Ното се наоѓаат и некои од најпознатите плажи во Сицилија! Време е за уживање! Нашата целодневна авантура ја завршуваме со трансфер до Палермо, правиме check-in во нашиот хотел и имаме слободно време за вечерно истражување на овој град!!  

Превоз

  • Трансфер од Сиракуза до Палермо

Сместување

Palazzo De Gregorio 1 ноќ

Место

  • Палермо

Факултативни излети

Овој ден ја доживуваме магијата на Палермо, главниот град на Сицилија, место со мистерија, каде реалноста често ја надминува имагинацијата на патникот. После појадокот започнуваме со Порта Нова, Плоштадот и градината на Кралската палата (факулатативен влез во палатата се плаќа 19 евра) и Катедралата, поминуваме низ улицата Викторија Емануел и продолжуваме кон Плоштадот Болоњи и Плоштадот 4 Канти во самото срце на градот и со најфотографираната глетка во Палермо.  Продолжуваме кон Плоштадот Преторија и неговата спектакуларна фонтаната и црквата Св. Катерина кои даваат слика за тоа како изгледал Палермо во своето време на најголем раскош. Ќе ги видиме познатите ботанички градини, Плоштадот Белини со црквите Марторана и Св. Каталдо и улица Македа. Продолжуваме во Театарот Масимо -- најголемиот оперски театар во Италија и трет по големина во Европа и пазарот Капо. Како и секој ден претходно и овој го завршуваме на плажа -- се сончаме, бањаме и уживаме во се што има да нѝ понуди Сицилија. Во вечерните часови се враќаме во нашето сместување, имаме слободно време 

Сместување

Palazzo De Gregorio 1 ноќ

Место

  • Палермо

Факултативни излети

Денешниот ден ни е резервиран за уживање на плажа. Плажата Мондело е една од најпопуларните и најпосетуваните плажи во Сицилија. Мондело e место во близината на Палермо со прекрасна плажа со бел песок долга 1,5 километри, тиркизно сино море, прекрасни вили, одлични ресторани за морска храна, бројни барови и енергична летна атмосфера.  Уживање во магијата на најубавата плажа! Се препуштаме на локалниот начин на живот, уживаме во најубавата храна, gelato, овошје и морски плодови, пиеме коктели и одмараме под медитеранското сонце.

Сместување

Palazzo De Gregorio 1 ноќ

Место

  • Палермо

Факултативни излети

Кефалу e едно од најубавите села во Италија кое се наоѓа на северниот брег на Сицилија. Во градот доминира карпа која се издигнува до височина од 270 метри, на Феникијците им е позната како подножјето на Херкулес на кое се наоѓа Храмот на Дијана. Нашата авантура започнува од Палатата Марија на Плоштадот Дуомо, шетаме по Јудејската улица, каде го посетуваме Бастионот Маркјафава и старото пристаниште. Пристигнуваме до Катедралата на самиот плоштад. Потоа ја посетуваме и средновековната перална целосно вклесна во карпа, наводно формирана од солзите на жалосната нимфа. По ова интересно потопување во уметноста и културата, останува само да најдеме добро место на плажа и да нарачаме свежа риба и пијачка додека го чекаме зајдисонцето. Потоа се враќаме во нашето сместување во Палермо.

Сместување

Palazzo De Gregorio 1 ноќ

Место

  • Палермо

Факултативни излети

Се одјавуваме од хотелот во Палермо. Трансфер во утринските часови до аеродромот во Катанија. Попладневен лет од Катанија до Тирана. Пристигнување во Тирана во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето во Палермо до Катаниа
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Катаниа -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

Место

  • Палермо
  • Катанија
  • Тирана
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Villa Cibele 4 Пример 2 ноќи
Palazzo De Gregorio Пример 4 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Катаниа, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Катаниа до сместувањето во Катаниа
  • Трансфер од Катаниа до Таормина
  • Трансфер од Сиракуза до Палермо
  • Трансфер од сместувањето во Палермо до Катаниа
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Катаниа -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Задолжителна доплата за туристичка такса. Таксата се плаќа на рецепција во хотелот. Истата изнесува од 2-3,6 евра дневно по лице (околу 20€ за целото патување).

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Сицилија Авантура - пакет излети

Сицилија Авантура - пакет излети
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 270,00 EUR

1. Catania City Tour

Нашата авантура ја започнуваме во Катаниа со незаборавен излет низ градот на илјада лица, бесконечна историја и различни емоции. Место каде историјата, традицијата и културата се спојуваат во секој поглед. Емотивно патување низ боите, мирисите, музиката во најскриените места на градот 9 пати уништен и секој пат повторно граден се поубав. Ќе ги посетиме главниот плоштад Дуомо, на кој доминираат импозантната катедрала Св. Агатa и фонтаната за слон во нејзиниот центар. Катедралата Св. Агатa е прекрасна барокна катедрала со римски столбови, изградена на остатоци од црква од 11 век која била целосно уништена во ерупцијата на Етна. Во центарот на плоштадот стои фонтана за слон со акроним MSSHDEPL. Според некои, овој акроним значи „Умот на св. Агата е здрав , го почитува Бога и го ослободува градот“. За време на владеењето на Арапите, оваа фонтана за слон се сметала за еден вид талисман за заштита на градот од непријатели, болести, па дури и од чума. Ќе прошетаме по улицата Виа Кроцифери, опкружена со цркви и манастири, пример за единството на барокната архитектура. На простор од околу 410 метри може да се видат четири цркви. Продолжуваме кон Плоштадот на Универзитетот, ќе се восхитуваме на Театарот Белини изграден во француски стил, ќе прошетаме по улицата на црквите Виа Кроцифери и улицата Етнеа. Потоа одиме во срцето на историскиот центар да го видиме Римскиот Театар, кој претрпел огромни оштетувања со последователни ерупции и земјотреси. Откако ќе ја научиме бесконечната историја на градот, ќе одмориме на уличниот рибен пазар во кој мирисите и боите ќе ве пленат и на кој може да се проба највкусната улична храна подготвена со најсвежа риба.. Враќање во сместувањето во попладневните часови. Слободно време за посетување на некој ресторан, бар или вечерна прошетка низ Катаниа.

Вклучено е: локален водич на англиски јазик, претставник од агенцијата.

_____________________________________________________________________________________________________________

2. Етна и Таормина Tour

По појадок тргнуваме на екскурзија низ Таормина, волшебниот бисер на Јонското Море. Заедно, ќе ги истражуваме иконите на градот, вклучувајќи ги катедралата и грчкиот театар, додека откриваме фасцинантни детали и приказни за овие прекрасни споменици! Таормина е посебна приказна. Секоја улица, секој камен, се во Таормина е направено со душа. Додека се движиме низ Таормина, ќе имаме можност да видиме разновидни архитектонски стилови кои ги рефлектираат различните цивилизации кои оставиле свои отпечатоци, од Грците и Римјаните до Арапите и Норманите. Цвеќиња што ги красат малите балкони, прекрасен поглед на морскиот хоризонт, тесни скали, статуи, фонтани и вкусни каноли од ванила. Каноли доаѓа од зборот каноло што значи „мала цевка“ и токму така изгледаат. Маскарпоне со екстракт од ванила посипана со ф'стаци. Совршено! Ќе започнеме од Порта Месина, бисерот на Јонското Море, потоа ќе прошетаме по Корсо Умберто пешачка зона во срцето на Таормина каде буквално можете да уживате во секој чекор. Потоа ќе ги видиме порта Катанија, Плоштадот на Катедралата Св. Никола, Плоштадот IX април и терасата од Таормина која го има најубавиот панорамски поглед. Ќе се восхитуваме и на античките средновековни резиденции како што е палатата Корваја, црквата Санта Каталина, улицата на Артистите и Општинската градина. Ќе ја истражиме историјата на градот и неговите најистакнати споменици! 

После Таормина ќе имаме единствена можност да го видиме највисокиот вулкан во Европа и најактивниот во светот, Вулканот Етна. Ќе застанеме на некои панорамски точки на патот нагоре. Ќе ги посетиме местата на последните важни активности и ќе се искачиме до висина од 1890 метри и да ги видиме познатите кратери Силвестри. Во поладневните часови се враќаме во Катаниа.

Вклучено е: локален водич на македонски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.

_____________________________________________________________________________________________________________

3. Ното и Сиракуза City Tour

Третиот ден од нашата авантура ќе откриеме два од најубавите градови на Сицилија, Сиракуза и Ното. Сиракуза е светско наследство на УНЕСКО додека Ното се смета за најубав град на сицилијанскиот барок. Област богата со археолошки наоди кои припаѓаат на неколку периоди од историјата на Сиракуза, улички стари преку 2000 години, полни со историја на кои не поминуваат автомобили. Нашата авантура ќе ја почнеме на прекрасниот остров Ортигиџа, историскиот центар на Сиракуза, кој е поврзан со градот со краток мост. Овде ќе прошетаме низ уличките и плоштадите на стариот град откривајќи ги неговите знаменитости, почнувајќи од урнатините на храмот на Аполон, до катедралата и фонтаната Аретуса. Потоа ќе продолжиме кон Плоштадот Панкали со Храмот на Аполон еден од најзначајните антички грчки знаменитости на градот, кој датира од 6 п.н.е.. Продолжуваме кон Плоштадот Архимед со фонтаната на Дијана, Фонтаната на Аретуза и Плоштадот на Катедралата Сиракуза со црквите посветени на Богородица и Св. Луција чии останки лежат токму на ова место и била инспирација на познатиот италијански сликар Караваџо. 

По разгледувањеро на Сиракуза се упатуваме кон Ното, мал град на Сицилија кој ќе ве изненади многу бидејќи е како скриен скапоцен камен. Како цел град да е направен од песок. Неговите тесни камени улички се атракција сами по себе. Градот живее и дише сицилијански барок. Градската порта на Ното - Порта Реале - е главниот влез во градот Ното. На самиот врв на портата има симболи кои ги означуваат карактеристиките на луѓето од овој град: кулата како сила, кучето како лојалност и пеликанот како саможртва. Последново е малку чудно, но пеликаните научиле да ги хранат своите младенчиња со сопствената крв кога нема друга храна на располагање. Затоа луѓето и атмосферата на градот се нешто посебно овде. Дефинитивно ќе го паметите Ното по неговата едноставност и богата, буквално прекрасна архитектура. Ќе почнеме од Портата од Фердинанд, катедрала Св. Николас, Плоштадот Св. Франческо, ќе продолжиме кон Плоштадот на Катедралата со Палатата на Дучецио, ќе ги видиме барокната улица Николачи, Плоштадот 16 мај каде што ќе ја видиме црквата Сан Доменико и фонтаната Херкулес. Откако ќе ја научиме културата и историјата на овие два прекрасни сицилијански града, време е за последно уживање, вкусно и кул типично сицилијанско слатко во Caffe Sicilia, кое им служи на локалното население од 1892 година! Нашата целодневна авантура ја завршуваме со трансфер до Палермо, правиме check-in во нашиот хотел и имаме слободно време за вечерно истражување на овој град!! 

Вклучено е: локален водич на македонски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.

_____________________________________________________________________________________________________________

4. Palermo City Tour

Палермо, главниот град на Сицилија, е еден од оние градови со многу изразена, речиси опиплива атмосфера, место со мистерија, каде реалноста често ја надминува имагинацијата на патникот и однапред смислените стереотипи. Тоа е бучен медитерански центар со коктел од 1 милион жители. Историјата на Палермо е сè само не стабилна, а градот преминува од една доминантна сила во друга со извонредна фреквенција. Стратешка позиција во срцето на Медитеранот носел бран по бран на освојувачи, како Картагинци, Грците, Римјаните, Арапите, Норманите, Французи и други. Резултатот од оваа историја е евидентен денес во огромниот опсег на архитектонски стилови, интригантниот спој на состојки што се користат во многу локални јадења и во многуте имиња на места чија етимологија ги заобиколува италијанските лингвистички традиции.

После појадокот започнуваме со Порта Нова, Плоштадот и градината на Кралската палата (факулатативен влез во палатата се плаќа 19 евра) и Катедралата, поминуваме низ улицата Викторија Емануел и продолжуваме кон Плоштадот Болоњи и Плоштадот 4 Канти во самото срце на градот и со најфотографираната глетка во Палермо. Продолжуваме кон Плоштадот Преторија и неговата спектакуларна фонтаната и црквата Св. Катерина кои даваат слика за тоа како изгледал Палермо во своето време на најголем раскош. Ќе ги видиме градината од монахињите, Плоштадот Белини со црквите Марторана и Св. Каталдо и улица Македа. При самиот крај ќе го видиме Театарот Масимо најголемиот оперски театар во Италија и трет по големина во Европа и пазарот Капо. По нашата авантура се враќаме во нашето сместување. 

Вклучено е: локален водич на македонски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.

_____________________________________________________________________________________________________________

5. Mondello Beach Day

Мондело може да се пофали со плажа со прекрасен бел песок долг 1,5 километри, тиркизно сини води, архитектонско богатство на вили во Liberty Style, одлични ресторани за морска храна, бројни барови и енергична летна атмосфера. Плажата на Мондело ги привлекува сите, од локалното население до туристите од целиот свет. Иако плажата е преполна во јули и август, има неколку добро организирани лидо каде може да се избега од гужвите. Во текот на остатокот од годината - барем од април до крајот на јуни и од почетокот на септември до крајот на ноември - ќе имате многу простор за себе. Утрото на плажа, проследено со прошетка по лунгомарот до главниот плоштад и ручек покрај морето на сонце, е одличен начин за поминување на претпоследниот ден од нашата авантура. Широката разновидност на ресторани е голема и вклучува продавачи на улична храна, одлични сладоледи, морска храна и ресторан со Мишелин ѕвезда. На северната страна на Мондело, се наоѓа планинскиот природен резерват Капо Гало, чии вертикални карпи нагло се фрлаат во морето. Тоа е прекрасно место за кајак или за прошетка на брегот. Уживаme во магијата на најубавите плажи! Се препуштаме на локалниот начин на живот, уживаме во најубавата храна, сладолед, овошје и морски плодови, пиеме коктели и одмараме под медитеранското сонце.

Вклучено е: организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.

_____________________________________________________________________________________________________________

6. Cefalu Tour + Beach

Kефалу e едно од најубавите села во Италија кое се наоѓа на северниот брег на Сицилија, околу еден час од Палермо. Во градот доминира монументална карпа која се издигнува до височина од 270 метри, која на Феникијците веќе им е позната како подножјето на Херкулес, на кое се наоѓа Храмот на Дијана, мегалитска зграда поврзана со култот на водата. Историскиот кварт лежи во сенката на овој бастион и се собира околу неговото срце кое чука. Има многу за што да му се восхитуваме на Cefalu. Нашата аватура почнува од Палатата Марија на Плоштадот Дуомо, ќе прошетаме по Јудејската улица, ќе ги видиме старите ѕидини покрај море, Бастионот Маркјафава и старото пристаниште. Ќе се восхитуваме на Катедралата од самиот плоштад во италијански стил со еспресо и корнето. Потоа ќе ја видиме средновековната перална (The Medieval wash house) целосно вкопана во карпа, каде што луѓето переле алишта во река, наводно формирана од солзите на жалосната нимфа.. По ова интересно потопување во уметноста и културата, останува само да најдеме добро место на плажа пред прекрасното море и да нарачаме свежа риба додека го чекаме зајдисонцето. Во попладневните часови се враќаме во нашето сместување во Палермо.

Вклучено е: локален водич на македонски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.

_____________________________________________________________________________________________________________

Спремни за незаборавна авантура?

Сместување

Hotel Villa Cibele 4*

Hotel Villa Cibele 4*
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Villa Cibele e сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) во Катанија. Хотелот се наоѓа во авентична италјанска зграда и има сопствен ресторан и кафуле. Хотелот располага со дво-креветни cоби. Секоја соба има сопствен тоалет, сателитска ТВ, бесплатен WiFI и клима уред. 

Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт https://www.villacibele.it/

Адреса Via Francesco Marletta
17b
95124 Catania CT
Italy

Palazzo De Gregorio Boutique Hotel

Palazzo De Gregorio
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Palazzo De Gregorio се наоѓа во близина на центарот на Палермо. Хотелот располага со двокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, клима уред, телефон, мини бар, сеф. 

Услугата е на база ноќевање.

Адреса Vicolo dell'Arsenale
132
90142 Palermo
Italy

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

ВИЗА
За државјаните на Македонија не е потребна виза.

ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување во Италија не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани.

ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден во Септември се движи помеѓу 24-30 степени, а навечер се симнува до 18 степени. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци. 

БЕЗБЕДНОСТ
Краткиот одговор е да, Сицилија е безбедна. Всушност, стапката на криминал е во опаѓање и е помала во споредба со некои други делови на Италија. Сепак, тоа не значи дека не постои. Како и секоја друга дестинација, има работи на кои треба да внимавате. Mоже да се случат ситни злосторства како џебни кражби или грабнување торби.

Сицилија, исто така, може да има репутација на мафијашка точка, но во реалноста, ова е далеку од вистината, благодарение на италијанската влада која го сузбива организираниот криминал во последните години. 

ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Додека италијанската кујна е бескрајно променлива, сицилијанската храна нуди уште поголем пресврт благодарение на нејзините африкански и арапски влијанија. Во западните градови на земјата, рестораните за кускус се пријатни покрај местата за пица на улиците поплочени со мермер. Талкајќи по богатото со историја Centro Storico на Палермо, ќе наидете на улична храна со линк до старите Грци. Сицилијанската храна, исто така, во голема мера црпи од богатството на Средоземното Море, како и од плодната внатрешност на островот. Изберете помеѓу парчиња свежа сабјарка или пржени модар патлиџан во садот со сицилијански тестенини.

ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат во Италија. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Интернет и WIFI конекција е достапна во скоро сите ресторани, барови и јавни површини.

СТРУЈА
Во Италија се користиат три поврзани типови на приклучоци, типови C, F и L. Тип на приклучок C е приклучок што има два кружни иглички, приклучок тип F е приклучок што има два тркалезни иглички со две заземјувачи на страна како секаде во Европа и приклучок тип L кој има три кружни пинови. 

ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Италија е еврото. 

ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Временската зона во Италија е Средно Европско Време и е исто како нашето сметање на времето.

 

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.