Сицилија Авантура - пакет излети
.png)
1. Етна и Таормина Tour
По појадок тргнуваме на екскурзија низ Таормина, волшебниот бисер на Јонското Море. Заедно, ќе ги истражуваме иконите на градот, вклучувајќи ги катедралата и грчкиот театар, додека откриваме фасцинантни детали и приказни за овие прекрасни споменици! Таормина е посебна приказна. Секоја улица, секој камен, се во Таормина е направено со душа. Додека се движиме низ Таормина, ќе имаме можност да видиме разновидни архитектонски стилови кои ги рефлектираат различните цивилизации кои оставиле свои отпечатоци, од Грците и Римјаните до Арапите и Норманите. Цвеќиња што ги красат малите балкони, прекрасен поглед на морскиот хоризонт, тесни скали, статуи, фонтани и вкусни каноли од ванила. Каноли доаѓа од зборот каноло што значи „мала цевка“ и токму така изгледаат. Маскарпоне со екстракт од ванила посипана со ф'стаци. Совршено! Ќе започнеме од Порта Месина, бисерот на Јонското Море, потоа ќе прошетаме по Корсо Умберто пешачка зона во срцето на Таормина каде буквално можете да уживате во секој чекор. Потоа ќе ги видиме порта Катанија, Плоштадот на Катедралата Св. Никола, Плоштадот IX април и терасата од Таормина која го има најубавиот панорамски поглед. Ќе се восхитуваме и на античките средновековни резиденции како што е палатата Корваја, црквата Санта Каталина, улицата на Артистите и Општинската градина. Ќе ја истражиме историјата на градот и неговите најистакнати споменици!
После Таормина ќе имаме единствена можност да го видиме највисокиот вулкан во Европа и најактивниот во светот, Вулканот Етна. Ќе застанеме на некои панорамски точки на патот нагоре. Ќе ги посетиме местата на последните важни активности и ќе се искачиме до висина од 1890 метри и да ги видиме познатите кратери Силвестри. Во поладневните часови се враќаме во Катаниа.
Вклучено е: локален водич на македонски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 80 EUR
_____________________________________________________________________________________________________________
2. Ното и Сиракуза City Tour
Третиот ден од нашата авантура ќе откриеме два од најубавите градови на Сицилија, Сиракуза и Ното. Сиракуза е светско наследство на УНЕСКО додека Ното се смета за најубав град на сицилијанскиот барок. Област богата со археолошки наоди кои припаѓаат на неколку периоди од историјата на Сиракуза, улички стари преку 2000 години, полни со историја на кои не поминуваат автомобили. Нашата авантура ќе ја почнеме на прекрасниот остров Ортигиџа, историскиот центар на Сиракуза, кој е поврзан со градот со краток мост. Овде ќе прошетаме низ уличките и плоштадите на стариот град откривајќи ги неговите знаменитости, почнувајќи од урнатините на храмот на Аполон, до катедралата и фонтаната Аретуса. Потоа ќе продолжиме кон Плоштадот Панкали со Храмот на Аполон еден од најзначајните антички грчки знаменитости на градот, кој датира од 6 п.н.е.. Продолжуваме кон Плоштадот Архимед со фонтаната на Дијана, Фонтаната на Аретуза и Плоштадот на Катедралата Сиракуза со црквите посветени на Богородица и Св. Луција чии останки лежат токму на ова место и била инспирација на познатиот италијански сликар Караваџо.
По разгледувањеро на Сиракуза се упатуваме кон Ното, мал град на Сицилија кој ќе ве изненади многу бидејќи е како скриен скапоцен камен. Како цел град да е направен од песок. Неговите тесни камени улички се атракција сами по себе. Градот живее и дише сицилијански барок. Градската порта на Ното - Порта Реале - е главниот влез во градот Ното. На самиот врв на портата има симболи кои ги означуваат карактеристиките на луѓето од овој град: кулата како сила, кучето како лојалност и пеликанот како саможртва. Последново е малку чудно, но пеликаните научиле да ги хранат своите младенчиња со сопствената крв кога нема друга храна на располагање. Затоа луѓето и атмосферата на градот се нешто посебно овде. Дефинитивно ќе го паметите Ното по неговата едноставност и богата, буквално прекрасна архитектура. Ќе почнеме од Портата од Фердинанд, катедрала Св. Николас, Плоштадот Св. Франческо, ќе продолжиме кон Плоштадот на Катедралата со Палатата на Дучецио, ќе ги видиме барокната улица Николачи, Плоштадот 16 мај каде што ќе ја видиме црквата Сан Доменико и фонтаната Херкулес. Откако ќе ја научиме културата и историјата на овие два прекрасни сицилијански града, време е за последно уживање, вкусно и кул типично сицилијанско слатко во Caffe Sicilia, кое им служи на локалното население од 1892 година! Нашата целодневна авантура ја завршуваме со трансфер до Палермо, правиме check-in во нашиот хотел и имаме слободно време за вечерно истражување на овој град!!
Вклучено е: локален водич на македонски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 75 EUR
_____________________________________________________________________________________________________________
3. Palermo City Tour
Палермо, главниот град на Сицилија, е еден од оние градови со многу изразена, речиси опиплива атмосфера, место со мистерија, каде реалноста често ја надминува имагинацијата на патникот и однапред смислените стереотипи. Тоа е бучен медитерански центар со коктел од 1 милион жители. Историјата на Палермо е сè само не стабилна, а градот преминува од една доминантна сила во друга со извонредна фреквенција. Стратешка позиција во срцето на Медитеранот носел бран по бран на освојувачи, како Картагинци, Грците, Римјаните, Арапите, Норманите, Французи и други. Резултатот од оваа историја е евидентен денес во огромниот опсег на архитектонски стилови, интригантниот спој на состојки што се користат во многу локални јадења и во многуте имиња на места чија етимологија ги заобиколува италијанските лингвистички традиции.
После појадокот започнуваме со Порта Нова, Плоштадот и градината на Кралската палата (факулатативен влез во палатата се плаќа 19 евра) и Катедралата, поминуваме низ улицата Викторија Емануел и продолжуваме кон Плоштадот Болоњи и Плоштадот 4 Канти во самото срце на градот и со најфотографираната глетка во Палермо. Продолжуваме кон Плоштадот Преторија и неговата спектакуларна фонтаната и црквата Св. Катерина кои даваат слика за тоа како изгледал Палермо во своето време на најголем раскош. Ќе ги видиме градината од монахињите, Плоштадот Белини со црквите Марторана и Св. Каталдо и улица Македа. При самиот крај ќе го видиме Театарот Масимо најголемиот оперски театар во Италија и трет по големина во Европа и пазарот Капо. По нашата авантура се враќаме во нашето сместување.
Вклучено е: локален водич на македонски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 30 EUR
_____________________________________________________________________________________________________________
4. Mondello Beach Day
Мондело може да се пофали со плажа со прекрасен бел песок долг 1,5 километри, тиркизно сини води, архитектонско богатство на вили во Liberty Style, одлични ресторани за морска храна, бројни барови и енергична летна атмосфера. Плажата на Мондело ги привлекува сите, од локалното население до туристите од целиот свет. Иако плажата е преполна во јули и август, има неколку добро организирани лидо каде може да се избега од гужвите. Во текот на остатокот од годината - барем од април до крајот на јуни и од почетокот на септември до крајот на ноември - ќе имате многу простор за себе. Утрото на плажа, проследено со прошетка по лунгомарот до главниот плоштад и ручек покрај морето на сонце, е одличен начин за поминување на претпоследниот ден од нашата авантура. Широката разновидност на ресторани е голема и вклучува продавачи на улична храна, одлични сладоледи, морска храна и ресторан со Мишелин ѕвезда. На северната страна на Мондело, се наоѓа планинскиот природен резерват Капо Гало, чии вертикални карпи нагло се фрлаат во морето. Тоа е прекрасно место за кајак или за прошетка на брегот. Уживаme во магијата на најубавите плажи! Се препуштаме на локалниот начин на живот, уживаме во најубавата храна, сладолед, овошје и морски плодови, пиеме коктели и одмараме под медитеранското сонце.
Вклучено е: организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 40 EUR
_____________________________________________________________________________________________________________
5. Cefalu Tour + Beach
Kефалу e едно од најубавите села во Италија кое се наоѓа на северниот брег на Сицилија, околу еден час од Палермо. Во градот доминира монументална карпа која се издигнува до височина од 270 метри, која на Феникијците веќе им е позната како подножјето на Херкулес, на кое се наоѓа Храмот на Дијана, мегалитска зграда поврзана со култот на водата. Историскиот кварт лежи во сенката на овој бастион и се собира околу неговото срце кое чука. Има многу за што да му се восхитуваме на Cefalu. Нашата аватура почнува од Палатата Марија на Плоштадот Дуомо, ќе прошетаме по Јудејската улица, ќе ги видиме старите ѕидини покрај море, Бастионот Маркјафава и старото пристаниште. Ќе се восхитуваме на Катедралата од самиот плоштад во италијански стил со еспресо и корнето. Потоа ќе ја видиме средновековната перална (The Medieval wash house) целосно вкопана во карпа, каде што луѓето переле алишта во река, наводно формирана од солзите на жалосната нимфа.. По ова интересно потопување во уметноста и културата, останува само да најдеме добро место на плажа пред прекрасното море и да нарачаме свежа риба додека го чекаме зајдисонцето. Во попладневните часови се враќаме во нашето сместување во Палермо.
Вклучено е: локален водич, организиран превоз по предвидениот план и програма и претставник од агенцијата.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 65 EUR
_____________________________________________________________________________________________________________
6. Corleone Tour
Корлеоне, живописен сицилијански град познат како „град на црквите и водопадите“, им нуди на посетителите богат спој на историја, култура и природна убавина. Сместено во срцето на Сицилија, на околу 35 километри од Палермо, ова античко градче може да се пофали со тесни кривулести улички кои водат до архитектонски богатства како што се Chiesa Madre од 14 век и Santuario della Madonna del Rosario. Вљубениците во природата можат да уживаат во Ficuzza, огромен природен резерват дом на разновидна флора и фауна. За оние кои се заинтересирани за комплексната историја на градот, CIDMA (Центар за документација против мафијата) обезбедува информативна перспектива за минатото на Корлеоне.
Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 55 EUR
*Во цената на излетот не е вклучена влезница за музејот во Корлеоне кој е посветен на борбата против организираниот криминал (Museo Antimafia). Истата чини 10 EUR и може да се обезбеди преку нашиот претставник на дестинацијата.
____________________________________________________________________________________________________________
Спремни за незаборавна авантура?